Да,имаше бронхит и ми го препиша Исто и црева и маски редовно ми препишува... И секогаш кога одам ме прашува да не ми треба нов,да не е расипан Тој и сам вели колку не му е јасно што педијатрите го штедат здраството а не мораат Макар за ова да го исфалам чоекот
@FreeMind јас го купив првен овој И во болница кога лежевме со ваков имаат инхалирано. Рекоа дека е многу добар. Покасно, од амазон, го купив ова Двата се одлични, топло ги препорачувам, но второво е далеку попрактично. Многу е тивко и побргу се раствара течноста за и инхалирање. Ги имам користено од сам старт од 1-2 месеци.
Јас купив сличен на вториов, не сме го користеле го земав да имам за секој случај, делува практично и е исто многу тивок.
Адаптацијата во градинка се плаќа цела сума или? За тагесмутер првиот месец плативме пола од цената, па дали ќе е и во градинка така?
@danichap се одлучив за Пари компакт џуниор има најдобри оценки, фала ти. Уште која течност за со него да ја порачам ќе ве замолам линк.
Јас цели плаќав, но може секаде да е различно. Фримајнд, ПАРИ имаат и свои капсули за инхалирање, во секоја аптека ги има. Исто, со најдобри отцени се. https://www.shop-apotheke.com/arzneimittel/3109789/pari-naci-inhalationsloesung.htm
Супер тема, баш мислам на Дани и зборував кога се запознавме дали има ваква тема само за нас германките @promeneta Инаку и ние сме со македонски пасоши, сопругот е со неограничена дозвола за престој, јас сеуште со ограничена. Дете тука се роди, така да за со бугарски пасош немам искуство. Инхалатор ни нас не ни препишаа, се мислам да го менувам педијатарот и да почнам да си ја носам кај мојот општ лекар па ако некој има такво искуство нека пише. Знам дека може ама незнам колку е препорачливо па се двоумам.
супер тема јас на моменти сум нс форумов ме има па ме снемува, ама да се пријавам од северот на Германија - ние сме во Берлин. со мк пасоши, јас сега поднесов за неограничено за мене, и од тука имам и диплома. имаме едно годишно девојче . чекаме уште за градинка .. на болница и јас им дадов едни чоколадца и пари за касата за кафе. А на бабицата што ми беше и vor, nachsorge и Beleghebamme и направив поголем подарок на крај зошто бев многу задоволна.. и јас мислам и тука се радуваат, иако е точно тоа со оценката, препораката за други, тоа е најважно. Инхалатор и нас не ни препишаа, го купив сама по препорака овој https://www.amazon.de/Medisana-5452...id=1552591847&s=gateway&sprefix=inhala&sr=8-4 и за возрасни и големи деца е. ние сега уште се занимаваме со ММР, никако убаво да оздравиме за да ја прими вакцината, сакам да ве прашам дали на некој ви успеало да направите крвна слика пред вакцинирање? може на приватно да ги натерам или како? од каде земаат? или да не се плашам чим нема температура? во Мкд ептен поинаку гледаат..
Убава ви е темата, дружете си се ќе си требате. За инхалаторот сакав да ви кажам да не го користите на своја рака. Мене педијатар ми рече дека доколку постои некоја инфекција на грлото, од инхалаторот може да се разнесе уште повеќе и да се спушти на гради и да направи дополнителни компликации.
@KidA Крв зема само доктор од вена ова мое искуство.Пред вакцина нема крвна , нема брис нема ништо, само диши диши, преглед на грло и уши. И јас чекам за ревакцина ММР ама се е болна мојава.
Не успевав да добијам крвна слика пред вакцина. Моето искуство е такво, може друг има поинакво. Не можело ни на приватно.
ќе видам што ќе направам и јас во вторник. ќе се вадам дека сакам да испитаат зошто малку јаде и не качува на тежина, цело време и настината, како и се состојбата барем да видев хемоглобин, железо.. и леукоцитите. тоа црп мрп не знам ни како се вика тука инаку @FreeMind да, бесплатни се градинките, само 23е доплаќа за храна и некогаш нешто за плус активности, ама проблемот е што ги нема.. :/ те преполни се. од април лани сме на листи на чекање, не знам колку време и живци потрошив на ова. чекаме сега од две во април што ќе одлучуваат. можам реферат на темава да напишам )
@KidA баш ви се чудев ( како покраина) како можеа да изгласаат бесплатни градинки токму од таа причина што сите ќе ги остават децата во градинка и ќе нема место. Тоа е голем град, си има предности, но и големи недостатоци.
да.. катастрофа. и јас сум повеќе за тоа да плаќам и до 500е ако треба, ама да не кинам живци и, да не одам на крај на светот да ја носам. А не само што сите ќе ги остават, туку специјално од Британија Холандија и не знам каде тука се селат, за да ги дадат децата во бесплатни градинки . И после се жалат сите на системот.. Имаше пред некоја недела протести, барем платите на воспитувачките ќе им ги покачат. Ни персонал нема доволно и квалитетот на крај е за никаде. Чуден е Берлин.. И не спремен за олкав дотур на луѓе. Ама пак го сакам и мислам во класичен германски град не би можела да живеам среќно.
Да се пријавам за крвната слика. Му реков на педијатарот дека кај нас пред секоја вакцина се прави крвна слика па дали може и тука. Без никакво противење или било што ми рече дека може и одма го исправи терминот напиша дека прво крвна слика па потоа вакцина. И ми рече дека крвната слика е за мене, за јас да се чувствувам сигурно. Покраина Баден Вуртенберг. Ние не дека сме правеле во Мк крвна слика ама ај, прв пат на фемина прочитав дека треба, педијатар не ми кажал такво нешто.
И јас го сакам, многу го сакам, Берлин е Љубов толку шарен мулти култи и вансериска енергија, како да не е во Германија. Секој со приоритетите. Јас посреќно живеам во помал каде имам се и никаква гужва. Во голем никад не би, сакам мир и тишина усвет негде во некоја планина најубаво.
Јас сум Австрија. Блиску до Германија де Читајќи ве вас што мака мачите да дојдете до крвна слика - не сум ја сменила матичната на синко. Воопшто не сум задоволна од неа, преглед трае не цели 5 мин, не можам ништо ни да ја прашам ни да се консултирам со неа ептен арогантна, се е нормално за неа, но кога ќе кажам дека синко имал температура веднаш прави брисеви од грло и нос, му зема крв и мокрача. Пред вакцина не прави к.с само кога имал температура. И така некогаш ја лажам колку да испита битно испитува. Секогаш му дава Проспан да пие. Само еднаш антибиотик кога имаше воспалено уше ( пред 3 недели) Термините ги закажува на 5 мин има премногу пациенти. А вакцините на 10 тина дена, ама јас не го носам на толку краток период, чекам барем месец да помине. Следна е ммр и страв ми е да го однесам само одложувам Инаку често одам Росенхајм и Минхен да не има некоја членка таму