@Kaetana јас таа земја не ја плукам цел мој живот за џабе. Од таа администрација првенствено заминав не можев душевно да ги поднесам тие врати (за било што). Нема едно ебано правило што важи насекаде низ земјата, од една до друга врата е се различно. Мутершутц ти се 8 недели платени 100% по породување и после мутершутц почнува елтернцајт имаш 12 месеци платени елтерн гелд. Јас 10 месеци + 2 месеци сопруг 65%.
Да ама Елтернцајт почнува нели паралелно со Мутершутц. Ама парите се отпосле? А зошто сте 10+2? Нели ако користите комбинирано имате право на платени 14 месеци? Или пак јас нешто не разбирам.
@Kaetana за во мк и документи ти е невозможна мисија.Уште сега го терам мм да оди да откаже државјанство(он има полни 7 години, а јас имам 6 затоа).За второ дете не сакам ни да помислам пак низ истите нервози да минам. Ние изводот дадовме преку амбасада да го правиме на крајот не го добивме изгледа.Па отидовме во мк .Да извадиме пасош мораше на три јазика да го вадиме за да го добиеме нејзиното име .Мк, латиница и турски Не ни бараа превод.Само пола мвр се собра за едно име Па моравме во матично име да мениме па чекај плус еден ден.Да не ти кажам како е на кирилица името Па почнаа да не разубедуваат да сме го смениле името во Германија.Мм кога рече не сите документи и се под тоа име немам намера да го смена и да искомплицирам се горе.Јас си го одбрав името и така ќе го напишете како што се пишува Земи си нешто за смирување , врска од некој .За пасош кога бевме во април требаше да закажеш термин .Па да си закажете уште одма. Ние одевме преку брза постапка последниот пат и го добивме за 3-4 дена во нашиот град не одевме во ск.А кога вадевме првпат таеше нормална процедура 2 недели. Секогаш кога ќе излезам од некоја административна зграда викам дека заради моите родители се враќам инаку не би се вратила пак.Сега лесно споредувам колку е некултурата долу голема .Најмногу избегав баш од тие земање редови во банка, на доктор оти ти си магаре што чекаш ред, за да завршиш нешто треба да го знаеш директорот, а стражарот ти прави понашање итн.Ако си културен и фин си глуп.Во продавници нема добар ден нема п,ријато нема повели фала. Мислам гледаш и ти сама. Туку гушка те прочитав во мајчините.Дај му ад на мали и одмори малку не е адто отров.Секое второ дете е на ад Ништо не му е на детето сигурна сум опушти се не си прави стресови одејќи од др на др
Ако ги земаш само тие 300 евра ако немаш претходно работено можеш да работиш, ако си работела и примањата се поголеми не ти се исплати зашто ти се крати од парите. Ама во секој случај треба да ги информираш Elterngeldstelle .
Мене во матично на шалтер во цело не знаење ми рече дека сум брза кучка што слепи кучиња раѓа алудирајќи дека во ценетата земја на светот ќерка ми ќе се вика Емилу. Требало да размислам како господата ќе ја викаат и ќе ја запишат. Тој човек доби претставка јас добив нервно растројство од бес со кое право државата да ми го коментира името на детето. Сепак таа проста вмровска душа со четврто одделение е претставник на системот на државата. Ова беше ништо за делот во полиција каде ја заведоа на три јазици како Ава бидејќи само на албански искочи правилно. Се разбира два саати пробуваа на сите јазици да ја внесат и да ме убедат дека во ред е и Emilu да и стои во пасош! Во пасош грешно име се подобни да внесат од толку што се неписмени. Се разбира тука веќе откачив скроз. Ова се во еден ден се дешава при тоа малата беше неполни три месеци и цицаше на саат време и беше сезона на морбили каде не можев да ја носам со мене. Се враќав дома на секој саат па повторно ред чекање. И навистина не ја сакам таа земја. Ама не одсега, од никогаш. Додека бев доле нон стоп бев на улици за протести од средна школа до 30 години. И на крјот сфатив дека е џабе таму никогаш ништо нема да се смени, па кој сака нека дојде на власт. Се мисли и на парите од мутер шутц така искачаат 14 месеци вкупно. Два се мутершутц гелд и 12 елтерн гелд. Од 12 елтерн гелд 10 твои два на сопруг. Така искачаат на крај парите. Малку им е нејасно напишано ова е едноставна математика. Прашај си повторно ти во амт како оди.
Кога ќе се сетам низ што се минав во Мк за обичен имотен лист, што тоа беше работа на адвокатот а не моја, извадил нов имотен лист со моето старо презиме а отишол да вади имотен лист со мојата нова лична карта. Побрзо стан ќе купев отколку да ја завршив таа работа, за на крај да се качам кај одговорниот да ми завршат работа. Јас многу си ја сакам Македонија, ама ме вадат од кожа некои работи.
Денеска бевме да ја земаме картичката за престој за мајка ми. Го утнале името. После пола час дискусија ми рекоа не мора да посетува интеграцион курс, ослободена е. Потпишавме документ поради кои причини, она рече дека е согласна со тоа, дека имало сива зона во законот...и наеднаш од мора не мора. Сега ќе чекаме новата картичка, со вистинското име, да стаса.
Супер! Стварно нема логика да ја гњават жената "успешно" да се интегрира, синкир сама доаѓа тука па допрва ќе гради професионална кариера. Жената доаѓа кај семејство и убаво е што има некаква сива зона во законот за да не ја малтретираат со сертификати и сл.
Она секако ќе запише А1, но да не е толку интензивен како интеграциониот и без притисок/стрес. Како и за се друго, треба човек на глава да им се донесе и железни живци да има.
Еј супер сте завршиле работа за пола саат. Требало да те извреѓаат, да ти се изнавикаат на цел глас за да може до ходникот до надвор да ти го слушнат проблемот и на крај да те пратат дома со грешно име на личен документ бидејќи ти уствари не знаеш како се викаш, а онаа колешката што знае и ти го правела документот е на одмор, но тебе ти фали еден документ кој го немаш за да ти ја среди работата. За да те потсетат како е дома
Тоа што без издеравање се обраќаат, и обавезно со Фрау XXXX не значи дека се многу арни, како дома се чуствувавме цело време За да мерам арни, паорни, најарни...тоа не знам, а и немам намера. Знам дека мајка ми плачеше од нив, иако не разбира германски за да разбере што дискутиравме иксте пати кога не враќаа со изговор не може/нема шанси/одете си, ваљда страшно и делувале и без дерењето. Од македонски институции колку и да не се цвеќе за мирисање фала богу солза не пуштила барем она И на телефон не влечеа со месеци, покрај класичното откачување во живо со што сте дошле пак, одете си дома. Со месеци имавме и ситуации со колега на одмор а баш кај него е случајот и папката, па после како ние не знаеме што документ имаме, па не знаеме каде она уствари живее и е пријавена... они да ни кажат. Ваљда адвокатот е лекот. Па одма други правила и не станува да. Пред пола саатот имаше долга приказна. Се надевам после тој пола саат само дека истата ќе биде завршена. А жал ми е и за тие кои немаат адвокат па за нив се очигледно други правила и закони.
Еднаш барем само еднаш било каде во овие 6 години влагам во седма да имам доживеано нешто слично овде ќе ти кажев. Најискрено од срце ти го велам ова не глумам. Или имаме ние среќа имам и другарки дојдено овде или ние многу гаден однос сме доживеале доле па тука ни е коректен однос насекаде. Ама пак си велам ниту еднаш да не ни се деси нешто налик македонско сценарио? Може карма ми отворила пат овде за се што најгадно доживеав по тие врати доле. Сигурно е кармата Ти верувам дека минете низ драми не ти фаќам сеир во никој случај. Само ете во моите очи е несфатливо. И со Каетана муабетев долго на темава. Имам јас и замерки али тие се толку ситни и небитни мислам не им се ни до глуждеви на македонска администрација ( и јавна и државна).
За мене ни јас сум немала исто искуство со овие институции. И да, гледаат која возраст си, како си облечен, дали имаат ќар/корист од тебе, што образование или професија имаш. Искуството е за мајка ми, јасно беше дека не сакаа да зеде виза оти државата нема ќар од неа(иако нејзината издршка не е на терет на истата) па одеа на тактика да се откажеме сами и правеа се за да ни отежнат. За другите искуства, посебно од областа на здравството, имам кажано. Не дај боже човек да има голем здравствен проблем, се ќе види одејќи на 100 врати, и убаво и неубаво.
Инфо: конзулат во Минхен од сега само со термини! А на муабетот со @FreeMind еве нешто ново: првиот гинеколог кој ме водеше и кој го сменив во трето тромесечие ми направи ехо награди и ми наплати приватно. Ми најде циста и ја остави така работата. Вчера со новиот гинеколог го правам муабетот - вика циста или не, дијагностика на радиологија, не на гинекологија. Си добив упат за преглед. Јас мислам дека им врска кај си во Германија. Ете исто од искуство лично и на пријатели. Јас кај што сум важат за доста препотентни. И да - во нашата служба за странци се ужас за разлика пример во северна Германија. Ете од лично искуство - се акав џабе да поднесувам документи за кои сум немала право а ми пишаа дека сум имала. Па меилот го покажував. Џабе. Згрешиле. Ни извинете ни ништо. Сепак, денови се акав за документите, излегував од работа и после морав да седам подолго.. ама тоа е. Дрски и безобразни. Не се сите такви, фала богу. Ама дека сите се љубезноќа и култура на претек... Ноу.
Кај нас во фирма, работници од иста држава, исти документи и работен договор а различни места на живеење. Поднесоа барање за продолжување во различни општини. На едните им одобрија на другите не, бараа дополнителна документавија. Друг случај. После проблем и недоразбирања со позајмување на работници на работа во друга фирма(еднаш смее еднаш не смее, а не смеело) едните добија казна и веднаш нова виза другите, во другата општина не им одобрија па со адвокати се тераше работата.
Majki kakvi se osiguruvanja dodatni imate , se i sesto razgleduvam vo posledno vreme pa me intersira ako mozete da spodelite isklustvo i kolku plakate za istite
На темава уште имам кошмари кога ќе се сетам што поминав за ауфентхалт. Брак со еу државјанин мм работа пристојна плата мене ме враќаат дека на мм му фалат 100 евра да може да ме издржува кој патем сами кажуваат ќе ги има во следната платна листа заради промена на штоер класата ( те враќаме зошто ни се може го сватив ова). Во исто време братучетка на мм доаѓа со мажот и кој што добива ауфентхалт без она да има било каков договор за работа ( друга држава). По неколку месеци на другарка маж и добива без никаков проблем во истата институција кај што бев јас ( најверојатно истата службеничка зошто на иста буква ни е презимето) иако она работи само тајлцајт и има значително помала плата од мм тогаш. Заклучив дека зависи од денот каков им е. Јас секако добив што ми следуваше ама стресот уште го памтам.
Ние плаќаме осигурување за колата во пакет со животно осигурување за маж ми. Имало некој попуст така, поисплатлива варијанта било него само за колата да плаќаме. И башка осигурување за децата во случај да направат некаква материјална штета дома и надвор од дома.
Имаме хафтфлихт и хаусрад за дома плаќаме околу 50-60 годишно од осигурување ги најдов на 24check.Имаме и раизе ферзихерунг и халбкаско за колата.
Hhhh kaj mene se poveke od smesni tukasnive primer koga sreduvame dok za mali za viza idam so nego nemase mislam 2 meseca mi nabrojuva koi dokumenti se potrebni tipot i vika a1. Go poglednav i samo prasav Bitte on pak a1 i gleda vo nas ne ne moja greska. Bidna baranjeto podneseno po nedela dena odam po vizata na 1 god ja napravile go prasuvam zosto ni se razlicni mojata na 5 na deteto na edna. Ajde pa cekaj da se konsultira so koleskata koga mu otvori priracnik da si procita toa sto go propustil pa se pa nanovo. I ne e samo ova ima uste ehee....