@FreeMind кога тргна моето во градинка имаше 13 месеци и беше февруари. Ние ѝ земавме од мк од оние како чорапи ама со кожно долу. Ги имаше и во h&m памтам. Сакавме да биде одењето во нешто меко бидејќи ни беше кажано дека за оформување на стапалата најубаво е одење бос. Е сега во февруари нема бос, нели..па затоа овие. Еве ги на слика да знаеш на што мислам ако не се објаснив убаво.
Ние плаќаме ѓубретарина еднаш во годината и толку. Една недела ја празнат рест, другата био и цело време така. Жолти ќеси земаме од општина и само тие не ги плаќаме, а ги собираат еднаш во месецот. Ќеси за био и рест си купуваме сами. Јас кантите секоја недела ги изнесувам, без оглед колку се полни и не доплаќам ништо екстра. Година и некој месец сум тука, маж ми две ипол и никој ништо не ни кажал. Во зградава сите така функционираме.
Здраво . Ќе ве замолам за некоја информација доколку знаете некој што издава соби или можеби стан во Duisburg . Пронајдов работа за мене и сум со бг пасош само проблем е со стан што работодавачот неможе да ми најде или несака ? колку што разбрав за да изнајмиш стан бараат три платни листи .
Имам едно прашање . Ке се селам во Германија (сопругот е веќе таму 4 години со бг пасош ) . Претходно кога одев туристички , таму на пасошка прашуваат нели колку време ке остануваш, бараат да им покажеш повратна карта, па колку пари носиш со тебе и исто да ги покажеш . Прашањево ми е кога ке им кажам таму на пасошка дека планирам да останам дали ке ми прават нешто проблем и дали бараат можда некој документ ?
Па нормално мораш да имаш виза.Сигурно имаш, а после одиш во аусленде бехјурде и треба да ти дадат престој за 5 години што мораш да го покажуваш на секоја пасошка контрола
Не знам како е правилно ама ние кога одевме ни рекоа да речеме дека одиме на гости некое време, да кажеме име и адреса кај одиме ако ни побараат и дека ни е фамилија и да не кажуваме дека ќе остануваме. Би требало да нема потреба да кажеш дека ќе останеш. За повратни карти не спомнаа ништо. Може да се враќаш ама повратната карта да ја купиш после. Може да купиш и повратна па да го откажеш летот. Што сфатив од постов мој? Ти секако одиш туристички, не кажувај дека ќе останеш. Откако ќе добиеш документи ќе покажуваш пасош и виза.
Нема да кажеш дека ќе остануваш , туку кога ќе можете закажете си термин за птијавување на адреса дирекно во Германија пријави се на адреса и после тоа за спојување на семејство ќе си закажете термин, ние во мај отидовме се пријавивме на адреса термин за спојување добивме во јули и земавме за 5г. Мм е со Бг документи тука веќе 7/8г. Не ни бараа малиот да има бг документи на некпо знам дека им бараат детето да има еу документи.
Пред неколку месеци доставив документи за во една болница, за преглед. Денес стаса потврдно писмо. Јуни 2020. Година чекање Барем на приватно да имаше, налет пари. Ама не, ќе си чекаш година за преглед кај специјалист. (недеканекојгоинтересирасамомрчамодочај)
Не можам да поверувам @danichap Тоа е успешниот германски здравствен систем? Сори на вмешување во ваша тема.
Кај нас ама ич не е успешен. Не дека нема милиони на кој им помогнал...Ама јас ич од таа нивна стручност и дијагностика немам видено. Почнувајќи од педијатар кој ми викаше со години да набјудувам состојба на дете одбивајќи да ми даде упути(зедов зад нејзин грб од матичен на маж) па до сите овие дијагностики во три клиники каде детето е пациент. Баш ништо. Со воздухот во шума си лечиме сеуште страшни состојби.
Мачно е така. Истово што го збориш скоро ми го кажуваше братучетка,во Берлин живее веќе 7 години,тотално незадоволна, девојчето има вроден проблем со слухот,редовни континуирани прегледи прават дома во Хрватска,поради недостапност во Германија.
Нема ли на приватно? Јас на твое место не би чекала година дена. Пребарај во други држави можеби има приватно некоја добра клиника.