Повеќе ви се исплати и на вас приватно да одите некаде во меѓувреме, многу е година за дете. Австрија да видиш?
За ова нема тука на приватно. Во хаос ми е веќе главата, не знам што ќе правиме. Разочарани сме до максимум од цел систем.
А што значи на приватно? Демек сам да си платиш, да не оди преку осигурителната? Теоретски со ЕХИК картата можеш да се лечиш било каде во ЕУ ама практично не знам
Термин се чека секако. Од страна ако си може само последен на листата да дојдеш. Посебни клиники, само приватни, од сите сфери, со помалку гужва оти се плаќа од џеб, нема.
@danichap А не може во Германија во некое помалку населено место? Можеби би можела да прашам кога би можело да се добие термин тука.
Има само неколку такви клиники во германија. И оваа ни е на неколку часа од дома. Не верувам во другите да биде побрзо...
Бараат полномоштво за дете на аеродромите во Германија? Ќе патувам сама со синко прв пат па не знам дали да вадам или? И каде се вади? Имам јас од мк ама не ми е преведено на Германски плус доле ми е оставено заборавено.
Јас првиот пат кога патував бев и прашав на царина на аеродром( блиску ми беше многу на можев да појдам). Одговорот беше Сами да испринтаме документ на кој пишува дека јас ( име и презиме) на тој ден ќе патувам со нашето дете ( има презиме) и дека мм( име и презиме ) е согласен со тоа. На крај негов потпис и копија од неговиот пасош. Сум патувала повеќе пати не ми побарале никогаш па веќе и не носам
Јас пред 2 месеци патував сама со син ми за Мк, никој ништо не ми побара. А инаку имав извадено полномошно од Ратхаус, 5 евра се плаќа.
Фала ви ќе извадам тогаш и јас тука за секој случај. Секако тој доле во мк што ми е со стариот пасош на малиот полномоштвото. Мош па и затоа да ми прават проблем.
Во август кога одевме за Мк, на аеродром ми рекоа дека по ново мора (треба) полномоштво за Македонија и Србија.
Заедно бевме тројцата и ни рекоа ако патува само едниот родител мора полномоштво по ново да сме знаеле
Да ве прашам мм минатиот петок не отиде на работа бидејќи јас бев ноќта на клиника и не ми беше добро цела ноќ, дали акоотиде денес или утре и побара болување од неговиот матичен доктор демек настинат бил дали ќе му даде отпосле од тој ден или тешко? Сака и за во петок сега и понеделник да земе исто болување мора однапред да го земе или може и после тие денови да му дадат?
Ме насмеа. Ми текна во МКД како вадев боледување после пијана ноќ Само во ист ден може да добие. Ако отиде во петок и глуми болен ќе добие за петок. Не верувам дека со глума ќе добие и понеделник. Плус странец.
Нема. Јас неделата вечер завршив на итна, ми правеа мал зафат, боловањето понеделникот ми го даде матичниот.
Матичниот му е Хрват така да . Не е на одмет ако се проба. Фала ти а пример да му напишат демек има вирус (негов колега недела дена демек крајници воспалени си седел дома ) или слично ?
Секако дека не е на одмет да се проба. Плус тој Хрват ќе знае дека глуми уште од врата ќе го сети Сепак исти народи сме добро се познаваме. Мојот матичен е асли германец па никогаш до сега не ме одбил за ништо. Поприступачен матичен нема во цел Свет. Ама за било што. Бремена кога бев гинекологот не ми даваше боледување повеќе од четири дена, а се движев со патерици. Затоа мојот матичен од врата веднаш две недели за бремени. Чисто за иднина да знаеш ако неколку пати се повтори да не е на работа петок со понеделник и со боледување во рака ќе го викнат на разговор. Алергични се на спојување викенди.
Добар е овај Хрват, ќе види денес после работа што ќе направи бар еден ден ако не нек си користи денови од одмор. Тој до сега ниту еднаш нема отсуствувано од работа освен сега петокот поради мене.
Јас со стомачен вирус два дена пред одмор неможев да стојам го молев мм да земе ден да не останам сама со детето ама не зема баш ради тоа да не речат дека си го продолжил одморот и дека тие боледување секогаш со резерва ги гледаат. Мое искуство знам доста луѓе тука и Германци кога има умбефристет договор намерно бираат доктори што лесно даваат боледување. Мое искуство е све зависи од докторот.