И Англија беа супер попустите што велат живо џабе по 2 евра работи до 5 евра макимум. Од 5 луѓе чекаа пред продавница беше буквален хаос внатре. Овде циркузи
Јас најчесто нарачувам од бенетон и заландо облека, а играчки има голема продавница кај нас и во неа има се. Гледам најчесто ми се на Фишер прајс веројатно и кај нив на страната може да нарачаш. Можеш на babymarkt и babywalz да најдеш доста убави и квалитетни ствари.
Играчки купувам, а облека земав од Х&М ама не сум најнајзадоволна, особено од квалитетот на бодиња и сл. Ми се допаѓаат на лупилу на Лидл работите. Квалитетот е добар. Памучни а добра цена држат. Од дм земам некогаш, од примарк има исто фини работи. Зависи за што. Играчки обично директ од продавница купувам. Иако ќерката не сака многу играчки, туку навлечена е на слагалици и книги.
Дали некој од вас патувал со дете 2+ години со wizz и носел количка? Дали и колку се наплаќа истата? Реално не ми треба многу за таму си оди он ама на аеродром сама со него ќе се мрднам без количка.
Не се плаќа ништо ние бевме пред два месеци со количка а синко е 3+, сега дур стасавме дур се свестивме на аеродром врмето поминало сами бевме инаку , не се плаши се ќе биде супер , ти кажува човек паничар.
Во еден трговски центар спремно е за сликање со Дедо Мраз, и лани имаше. Лани имаше во една зоолошка во Швајцарија. Ама тоа некако за 2-3 слики е дека ред се чека. За повеќе и подобро фото студио.
Минатиот пат и јас и обезбедувањето трчаме по него два пати, еднаш додека миев раце кога менував пелена вториот пат пред да влеземе во авион На крај го седнав во количка на сила и му дадов лижавче за да седи во спротивно само трча, на аеродром редовно е посебно збеснат. Сега се мислам дали да одам без количка, зошто мислев дека над 2 години не следува.
И мојот трчаше после контролата дур стигне авионот па му извадив играчки и се договоривме дека ќе купиме у авион нршто и се смири. За следување следува слободно земи си ја.
Од Заландо производите за колку време стигнуваат на домашна адреса? Пикирав нешто за подарок, па да знам дали ќе пристигне на време.
Брзи се за два дена три го имаш продуктот со дхл се. Јас во принцип ако видам лиферунг со хермес не нарачувам ми одат на нерви.
Добра вечер. Ја не сум мајка, али со дужно поштовање, дали има некој лек за смирување, да не речам Дијазепам у Германијава што не се продава со рецепт. Може и на природна база, секако. Фала многу.
@danichap @TutiFuti Оф, тоа и онака пијам секој ден како додаток во исхраната. Од многу стресна работа имам очни и фацијални тикови понекогаш, страв ми е мозочен да не ме удри. Ми треба нешто итно за кога ќе згусне... Ќе си купам Дијазепам од Мк. кога ќе одам. Фала сепак на помошта.