А да побараш во групата на Фб што е Македонци во Германија оние таксистите што возат да ти донесат Дијазепам? Сигурно некој ќе се нафати да ти донесе. Ако не доаѓаш скоро за Мк. Јас сега ќе се качувам нагоре и земав цела аптека за сите по дома.
Фала ти многу, баш утре ќе побарам. И јас си земам лекови за по дома, ама ко за беља Дијазепамот го заборавив. Инаку не ми текнало преку некој, баш ќе се распрашам деновиве. Фала многу на советот.
Еј мајки ја знаете ли оваа страна https://www.au-schein.de/?gclid=Cj0...zg4BMsEP2rw16xxteKKmy7RH6_UiKm0AaAt_xEALw_wcB Од 2021 боловањата ќе биле дигитални и од доктор, а страната постои од порано како пробна верзија ама функционира уште сега.Инаку се плаќа од 8евра за по пошта до 14 евра по whatup.Многу практично
Пиши ми адреса во пп ќе ти пратам по пошта дијазепам една лента додека се снајдеш за од мкд. Се надевам само не ги пиеш секој ден. И смени работа. @TutiFuti така ли личи во продавница само со скинати лисја или? Немам видено вакво чудо.
Тие што сте пријавени за привремено иселени соодветно зошто нели читам казни ќе имало каде пополнивте изјава? Во локалната полициска еднаш ми рекоа оди во мтв таму ме шетаа и на крај не најдов каде, а денес ми рекоа нема ништо од тоа само зборат. Знам дека може да се пријавиш или тука се неинформирани или јас лошо прашувам. Барам совет каде и што да кажам за да ме разберат?
Ние се пријавивме во нашата мвр во нашиот град дека сме иселени од мк , Одиш прашуваш за пријавување на иселување или живеење во странство на подолг временски период и мора да ти дадат ливче да потполниш .
Ние лани завршивме работа во мтв, беше во некоја канцеларија десно од каде што се сликаат за пасоши и лични карти. На информации кај што даваат образци за пополнување нѐ упатија точно.
Мозочен удар нема да те удри од тикови. Ама тиковите се знак дека компензираш за некој проблем со нив. Џабе се клукаш со дијазепами и слични работи ако не поработиш да отсртанување на причините на проблемите. Ако ти е работата толку стресна менувај. Еден живот имаш, ниту една работа не вреди толку. Наместо да бараш лекови оди на лекар да ти препорача специјалистички третман (советување, психотерапија или нешто слично). Не сум во Германија и не знам таму како се бара тоа ама секој лекар би требало да може да ти помогне. Инаку на билна наза нешто од валеријана и/или мајчина душичка купи.
Не, чисто од стрес на работа ги иам, тоа е проблемот. За мењање работа не е толку лесно, но само уште малку и си одам. Ми требаше нешто итно шо ќе ми заврши работа, не за да ги пијам како бонбончиња. Сепак фала на советот, и ти си во право се што кажа. Сега за сега се снајдов. Фала.
ме интересира нешто околу додаток за дете, и самовработување во сопствена фирма ама регистрирана во германија....ако некоја знае нешто нека ми пиши лп
Смешно не смешно да си прашам што си е сигурно , оти не знам .Како се вика правилно Дедо Мраз на Германски?
Па затоа прашав дали е Nikolaus . Пошто ми стизат нотификации со тоа а на гугле вика не е така. Фала ти.