Не оди толку брзо. Најрано ќе ги добие во мај. Ќе добие писмо од финанцамт со пресметка и потоа ќе му префрлат пари.
Ау многу време бе . Знам кажуваше негов колега земал за 2 м повраток на данок. Ајде кога дојдат тогаш. Фала многу.
Само да прашам. Ја сменив општата докторка и се префрлив кај друга од Јануари годинава. Во меѓувреме не можам да ја најдам картичкава со вакцини. Не знам каде сум ја ставила .... Дали треба да се вратам кај старата докторка па таа да ми издаде нова картичка и да ми ги препише пак сите вакцини кои ги имав примено од претходно или овде со новата докторка нова да си земам картичка и така да продолжам ?
Еве ќе одам кај сметководител или кај овие што помагаат или во финанцам и што е најпрво? Од каде се почнува? Немам ни отприлика претстава што како. Кој е најпрв чекор, односно што треба да однесам за прв пат, само пасоши? @Herrera Најдобро старата докторка да ти даде ново да си имаш црно на бело во случајов црно на жолто. Ќе ти притреба некогаш.
@gjoker4e , фала од срце за советот. Баш ќе поминам утре после работа кај претходната докторка да ја замолам да ми даде нова картичка. Чекај ќе ти ги сликам документите од финанцамт што и стигнаа на другарка ми и ќе ти ги прикачам . момент @gjoker4e , еве срцко документите за данок
@Herrera како што кажа и џокерче оди кај старата ќе ти ги пише вакцините. @gjoker4e ако имаш сметководител периодот на поднесување ти е до крајот на годината.Има сметководителски здруженија(повеќе сметководители на едно место) за поефрини пари од Steuerberater-от ќе ти направат Steuererklärung. Износот е во зависност од приходите.Некои имаат и ценовник на веб сајтовите. @TutiFuti зависи од финацамт.Кај нас во нашиот град се многу ажурни од поднесувањето може да трае максимум 4 недели.Прво стига Bescheid ама некогаш парите се веќе легнати на сметка ако има повраток.Ама има и такви финанцамт што чекаш и по пола година, па се јавуваш и прашуваш ги тераш да работат
Нас на пример еднаш многу брзо ни префрлија пари за месец, а еднаш чекавме 3-4 месеци. Мислам све зависи колку се оптоварени во моментот. Ако треба да враќате тогаш стигнува писмо дека на тој и тој датум ќе ви повлечат пари од сметка. @gjoker4e ние правиме кај бератер, жената доаѓа дома бара документи што и се потребни и за недела дена ни стигнува пресметката и кога ќе и платиме она го предава во финансамт. Обично и ни дава совети за иднина ма пример како да ги прилагодиме штоер класите и слично.
Вас што ве читав одма му се пуштив на мм дали сме предале и ние. Рече веќе ги дал дел од документите кај бератерот(леле македонско/германскиов), па сега остатокот го спремал. Градинката до 2/3 враќаат прочитав некаде. Му вратиле на некој? Штета за играчки што не враќаат.
Да враќаат ама за тие што плаќат за тие како нас што ни се бесплатни т.е 42 € нема што да вратат.Маж ти има фирма па не се сеќирај сигурно и бератерот ќе го потсети со давање на јарес абшлус се дава и ајнкомен стојер
@Herrera јас си ја зедов листата од нашиот диспанзер, односно мајка ми ја зеде и ми ја донесе. Со превод, латински називи, датуми... и отидов кај тогашниот матичен да ми ги препише, ми рече не мора(го мрзеше изгледа). Сега чувам само листот што мајка ми го донесе а немам книшка. Од каде ја купи оваа? Или докторот ја дава? Бтв. Некогашни колешки сме, само за други авиопревозници.
Сакам да ве прашам како го научивте германскиот јазик? Јас знам англиски, тоа и студирав, ама германски само некои основни работи. Овде каде што сум сега, има курс, ама тој трае цела календарска година. Значи, ќе морам да чекам до јануари догодина за да се запишам. Во меѓувреме да ми предложите нешто? Штом веќе сум дошла да живеам овде, сакам и да си го научам јазикот
Mи треба услуга @fairy88 , @FreeMind , @Mari* , @Chantal , @Mariangel , @Ava.84 @promeneta ..било кој кој би можел да се јави на еден тел.број. Не зборувам германски, па ми е проблем да се објаснам.