@sanjaeva касно прочитав,но доколку ти треба нешто пиши Мада шо ја и германскиот не сме баш блиски Не знам дали знаете за данокот... Ги прифаќаат и фискалните од аптека Се што плаќате и купувате чувајте сметки и тие пари ви ги враќаат Кај нас од поднесувањето до исплаќање траеше некои 6 недели Мало место па брзи се...
А јас што немам сочувано ниту една било каква фискална бидејќи не сум знаела? Зарем народот со фискални од цела година оди? Не ми е јасно...
Шо е чудно јас ги чувам Само од нив некои 150 евра и повеќе зедов Ни кажа првата година вработена во финанцамт и од тогаш ги збирам цела година
Може ќе ми дадат 10 евра подарок за незнаење. Ај од сега натаму ќе знам. Кај шишиња, во жолти кеси ова, уште фискални ми фалеше да собирам ама само за убаво нека е.
И јас незнаев касно научив и покрај тоа се случува да заборавам да земам сметка или да ја фрлам, ама се трудам да ги чувам. Инаку кај нас стигаат парите за 4 недели од прилика, помало место предност има за некои работи, поточно за многу. Ние имаме членство направено во Steuerring тоа е здружение на сметководители ги има по сите градови со свои канцеларии. Се плаќа зависност од примањата, а инаку за таа година време што живеев јас во Мк а бевме во брак, земавме некаде 1800 евра, оти е бил друга даночна класа. Тогаш ни рекоа да сме чувале сметки од авионски билети оти јас бев два пати кај сопругот и тоа ќе ми признале, ама кој да ти знаел, плус ако сопругот ви праќал пари за издржување и имате доказ за тоа и тоа признаваат, јас за жал и тоа не искористив оти кога доаѓав тогаш ми даваше сопругот плус си имав свои пари така да ништо. Ова го кажувам за тие што прв пат прават може ќе ви се најде оваа информација. И јас сум тука на кој му треба помош за јавување.
Не ги носиш мила, ги чуваш како доказ дома во случај да ти ги побараат. Носиш само листа на плати, сите фискални ги чуваш дома ( три години) па потоа во ѓубре.
Како мислиш во случај да и ги побараат, ние ги носиме и таму ги преземаат ги хефтаат со другите документи заедно и ги праќаат во финансово па тие таму одлучуваат што прифаќаат што не. Сепак јас не носам многу дали десет фискални ќе ми се соберат се на се, оти пола ги фрлам не ми текнува дека треба да чувам секогаш.
Може и да се носат и да се чуваат во случај да ги побараат. Мм има завршео аусбилдунг за бератер, пред да се преквалифицира тоа го работел, па ми рече најдобро се да дадеме однапред, па така прави. Но може и како што вика Фримајнд.
Уште од првиот пат бератерот не советуваше да ги оставиме дома за да не се тегнеме со илјадници лисја. И денес кога сами ја правиме ги чуваме дома како доказ.
@danichap , мене бесплатно ми ја даде таа книшка општата докторка Инаку јас моментално не работам за една компанија, туку за повеќе истовремено. Баш ме радува што сме некогашни колешки. Да не си размислувала да се вратиш пак на истата работа ? @Ava.84 , фала на советот, се надевам нема да треба да доплатам нешто. @WomanInLove , јас додека студирав, учев и германски додатно се во склоп со Универзитетот тука во Германија. Не знам каде си ти, но тука секој месец има почетни курсеви и било кое ниво може да се запише човек и да си почне, Не треба да се чека од Јануари.
@Herrera не. Си ја сакав работата. Цела таа динамика и еуфорија, еден шалтер како прозорец кон нови земји, националности и култури... Сеедно на чек ин, гејт или тикет шалтер. Еден сосема друг ритам. Влеваш во машинеријата и доколку не те сомеле функционираш на сосема нова фреквенција. А и како не би кога прва смена ми почнувала од 04. Уште кога бев во врска, на далечина, видов дека не оди едно со друго. Празници, викенди па и термини кога сите кдат на одмор јас морав да работам. Како самец се радував. 50 или 100% бонус. Пресреќна да добијам смена. Платата и те како растеше од само неколку плус денови. Но вака трпеше врската. Дадов отказ, се преселив кај мм... останатото е историја. Сега, со три деца, воопшто не помислувам да се вратам во таа бранша. Како што кажав, на вагата привтните обврски а и желби наттежнуваат. Жртвата не ми е вредна...
@danichap Не, ова, како што разбрав е повеќе како курс за мигранти и за странци, бидејќи кога бев јас, ме праша од каде сум и со каков пасош. Кога и кажав дека сум со Бг пасош, ми вика, па ти не мораш да учиш германски. И кажав дека сепак сакам да научам, и тогаш ми кажа дека тој курс трае од јануари до декември и на крај се полагаат два теста. Е сеа не знам дали има некој друг начин
Слично како кај Херера и јас посетував во склоп на факултетот, но знам дека VHS нудат редовно курсеви а и многу приватни школи. Оние школи, односнк курсеви, кои се услов за добивање виза(за да може покасно да се студира) беа многу скапи, но другиве нес со нормални цени. VHS се со најприфатливи и нудат разнични степени и интензитет. Провери на нивната интернет страница.
Ова за што ти збореле е веројатно интеграционен курс кој е задолжителен за сите новодоселени нон еу. На крај полагаш б1 јазик и општо познавање за Германија. Врз база на положување се продолжува визата. Овој курс го плаќа државата, а ти плаќаш нешто симболично. И е задолжителен. Имаш и приватни школи каде се учи школски систем од 8-12 секој работен ден. Имаш и онлајн курсеви. А1 го положив со ваков курс каде си бараш проф по германски и на скајп имаш часеви. Јас учев јазик на курс во склоп на факултет во баерн. Разликата со интеграциониот курс во квалитет е огромна. Но исто и во парите. Приватниот курс беше 500 евра месечно. Vhs исто така али они се два пати неделно. Не е забрзан курс. Повеќе е за лабаво учење и финеси како деловен германски. Можеш и сама дома да учиш има апп кои се симнуваат. Зависи како учиш има сега можности за се.
да ви кажам за данокот само, негде прочитав дека без разлика кога ќе поднесеш најрано почнуваат со работа од средината на март (да ги обработуваат), обично и ние месец два сме чекале. кај нас јас сама поднесувам ) досега секогаш требало да ни вратат, иако немам поднесувано ништо друго од трошоци освен платите и толку. се ќе се расчистам и гледам вака требало така, и после си викам кој ќе се замара. а како знаеш дека од нив конкретно ти се вратените пари? тоа е една сума на крај.. сега баш се расчитав за лекарства, јас онлајн порачувам најчесто па си реков ќе ги имам автоматски сметките - ама на интернет вика освен нив мораш да покажеш и медицински дека ти било потребно тоа.. имате и тоа? пример зелен или црвен рецепт, или не знам што друго. Neben dem Zahlungsbeleg muss im Zweifel auch die medizinische Notwendigkeit nachgewiesen werden. инаку човек може да изнапишува се, па дури и неточно а они на крај па по свое си рачунаат. пример ми стигна отпосле еден документ од здравството, и се јавив да им кажам им викам грешна ми е таа бројка (за Muterschutz), дали да го донесам др документ или како. И ми рекоа не се секирај нас ни ги испраќаат документите они директно, се сами ќе си пресметаме . И за превоз знам за до работа многу внесуваат, ама тоа и др трошоци паушално по 1000е од работник секако ги пресметуваат. Програмер ако има некој можело лаптоп и сл да се поврати исто.. Е, и за чистење дома или бебиситер исто можело тоа ако го правам некогаш ќе го поднесам)) ама до сега сме немале такви услуги
Баш така како што напиша, само што јас не знаев да објаснам Многу ми е да чекам до нареден Јануари, ќе се заангажирам да почнам од нешто, да читкам по дома