@KidA рецепта ти треба заедно со фискалната. Во аптека најчесто те прашуваат дали ти треба рецептата.
јасно, значи мора и рецепт.. а такви скоро немам - се на своја рака се лечиме претежно ) а за детето секако е бесплатно.. ама ќе знам за друг пат и ќе ги чувам.
Јас приметив дека е полно домашни “лекари” меѓу нашинциве овде, ама ај да не ви се мешам. Она што можеш сам да си препишеш како парацетомол и витамини зошто да не. Патем ве читав на темава дека барате крвна слика пред вакцинација во Германија. Параметрите на крвна слика немаат врска со вакцината затоа не ви прават крвна слика, а не оти ги мрзи. И во Македонија оние педијатри кои се апдејтувани ќе ви го кажат истото. И таму има педијатри кои не ви бараат крвна слика, оти нема потреба да го боцкаш малото кога резултатите не ти ни требаат. Така да не бидете загрижени без потреба.
Има ли некој нарачувано од aliexpress? Треба на нешто да се пази, поради zoll? Јас верна сум на amazon, ама сакав да видам дали се исплати од тука.
Нејќам да ви го реметам муабетот, ама сакав да прашам, какви ви се искуствата со Икеа мебел во последно време?Знам @danichap се селеше сега брзо, купуваа мебел. Конкретно, околу нова година купивме stuva детска комода, ама мислам со квалитетот се паднати ептен, ме разочараа. Тој еден дел, како спојка за штраф кој обично е метален, го напраиле пластичен, картонска кутија би била постабилна. Или може кај вас држат станард ама ние сме им еу држава од втор ред? А ми треба да почнам да размислувам за кујна. Би размислувале за кујна од икеа?
@Biljarkata јас не би кујна од Икеа. Има мали фирмичиња или поединци кои можат десет пати подобра од Икеа да ти направат.
Јас зедов кујна од икеа, за под кирија додека сме, за период од некоја година. Не се ни сеќавам веќе колку точно ја платив, мислам 3.500 (без монтажа и без електрични апарати). За во своја куќа планирам поквалитетно, што би траело многу подолго и подобар квалитет, но за измеѓу ми беше ок. Платив многу повеќе за електрични апарати оти планирам подолго да ги користам, дрвото не ми беше приоритет. Во таа категорија на цена отприлика тој беше изборот. ПРесудно беше што можевме одма да ја зедеме па да најдеме друг да ни ја монтира. Требаше да се селиме за многу брз период, таму каде што одевме немаше кујна, кај останатите се чекаше и до два месеци а ми беше неприфатливо со мали деца...и направив компромис. Таа што ја избрав за во куќа е 40 000, оваа 3.500. Па квалитетот мислам е јасно кој е. За тие пари толку. Детските квалитетни се, но игралната ја опремував со калакс и масички/столчиња од икеа. Ефтини, заменливи, практични...повторно би ги зела истите бидејќи за таа намена не ни имам потреба за поквалитетни.
@danichap напрај фотка од новата кујна да ја видам Ние лани местевме кај нас кујна времето на чекање и доставата беше повеќе од три месеци. Среќа испадна како што ја замислив иначе ќе имаше кавги
Па не е веќе нова Овие ми се во тел. од тогаш кога ја монтиравме. Освен фолии врз плочките не е ништо сменето ниту сега. Еден долг дел од ололу 3м и две вакви ќошиња. Шпоретот и хаубата ни се во трпезаријата. Многу е голем, 110цм, па во ќошево предвидено за кујна цел простор ќе го зазедеше. Спојлер Па да. Баш чекањето ни беше најголем проблем и пресудно да се одлучиме за икеа. Тука седнавме, ја нацртавме, и можевме веднаш да си ја зедеме. После најдовме друг кој се занимава со тоа да ни ја монтира. Се прилагодивме и на просторот кој го имаме на располагање и на останатите фактори.
Го давала ли некоја овој спреј на дете, ни го препиша педијатар ама читам може да има многу лоши нус појави. Од друга страна на интернет има само позитивни оцени и дека е многу ефикасен. Спојлер
Ставам сличен спреј кај моиве, кога има потреба, не постојано, не секој ден, само навечер за да можат да спијат кога им е затнат носот. Не треба да се претерува со користењето, генерално ок е за употреба.
Majka probaj so luffa operculata kugelchen nas tie ni gi pisaa koga mu bese crveno grloto na moevo a po toa za kolku brO mu se odzatna i nos moram samo da kazam deka se super. Inaku se vo homöopathische Mittel na prirodna baza.
Здраво мајки и од мене, браво за темава! и јас сум тазе породена на 10.02, така да сите информации ќе ми се добредојдени Инаку мм е со бг пасош и јас врз основа на него добив офентал, живееме во Хамбург и така.
Не се плаши и јас го читав упатството и ми беше страв да дадам.После почнав и до втората година често стававме од нив.Сега ги немаме користено долго време.
Ti blagodaram @FreeMind sto me oznaci. Sigurno deka ke treba ovaa tema i ke ni bide od korist Eve prvo i osnovno ke kazam deka me izluduva edinstveno sto tuka u Dojcland gjubre se sobira na sekoi 2 nedeli !!!! I sto pravite so pampersite ?
Зависи во која општина си. Некаде даваат исправи со кои 2-3 термини неделно можеш да ги однесеш таму каде се собира ѓубрето. Кај нас даваа црвени вреќи. До 3 год. беше бесплатно, треба само сам да си ги однесеш.
Како на две недели? Кај нас се збира секоја недела , а на работа 2 пати неделно.Ова за куќа да не збориш? Се чуствувам како во друга држава да сум ништо не разбрав
Обичното ѓубре и кај нас е така. Една недела е био, друга рест, трета пластика и хартија, па пак одново. Среќа нарачавме многу големи канти, ама нема секоја недела. Кога имаме вишок го носиме во местата за исфрлање ѓубре и си плаќаме за да го фрлиме. Може оти сум во село е така, и куќа што викаш. Ама во една недела сите три врсти ѓубре нема.
За куќа знам дека не го чистат толку често. За пластиката знам преку една недела, ама црна и плава канта чистат секоја недела.Мислам се доплаќа за почесто да збираат исто ова е за една како приградска населба.