Здраво мамички Инспирирана од темата “Мајки Македонки во Германија” решив да ја отворам ова за нас кои живееме во Швајцарија. Ако е дупликат или во погрешна група модератор нека поправи. Јас сеуште не сум мама, ама сум 16 недела во исчекување на прво дете, па еве да почнам со прашање. Ме интересира околу менење на презиме во бг пасош и виза. Сега во јуни ќе вадам нови мк документи, и знае ли некои колку време имам рок за да сменам бг и виза или не е ограничено? Може овде да си комуницираме за се што не интересира, па и да е надвор од темата дете
@Anturium мислам дека нема кворум баш на мајки во Швајцарија,или пак јас не сум сретнала низ форумов,во Германија се повеќе па активна е темата. Јас сум овде но за жал не можам да ти одговорам на прашањето,имам Ц виза а маж ми е со швајцарски пасош. Ако си во германски кантон можам да ти побарам инфо онлајн.А на официјалната страна на Миграциско се наоѓаат упатства на повеќе јазици,меѓу кои и на српски и бугарски. Со лесно бременоста и ако било што ти е нејасно,стојам на располагање
Ти благодарам многу на одговорот Баш и тоа ми беше целта, да се сплотиме и да споделуваме искуства, се надевам ќе биде корисна темата. Ти благодарам ќе разгледам сега на страната на Миграционо, ако има нешто нејасно пак ќе прашам Во германскиот дел сум да, ама ќе пробам јас да најдам онлине. Ти благодарам многу
Јас имам Бг пасош, ама сменив презиме дури бев во постапка, со венчаницата. И сега мислам дека може да се смени, во Бг амбасада во Битола. Само шо малку подолг период ќе чекаш, 1-3 месеци Едит: ко ќе можиш пиши ми лп да те прашам нешто за Швајцарија
Здраво. Барав тема за преселба со деца во Швајцарија и ја најдов оваа тема . Ние сме фамилија со мали деца , живееме во една ЕУ земја, ама во последно време почнавме да размислуваме да се преселиме во Швајцарија. Главна причина ни се сигурноста и малку понормални семејни вредности . Во Швајцарија сум била туристички, ама не знам како функционира системот од внатре. Прочитав дека најтешко е наоѓање на стан и јазикот. Кога ќе имате време, би била благодарна ако ми дадете директна информации од терен .
Се зависи од тоа што очекувате. Сигурноста односно безбедноста е на највисоко ниво. Не знам на што точно мислите за понормални семејни вредности. Семејните вредности вие сами си ги одредувате каде и да сте. Од аспект на наоѓање на работа, доколку имате некое работно искуство во некоја држава во Еу или пак имате некое одредено занимање мислам дека лесно ќе најдете работа. Доколку јазикот ви претставува проблем најдобро е прво да научите малку па потоа да се преселите, со А2 ниво мислам нема да имате никаков проблем за наоѓање на работа. Во лагерите константно има побарувачка на работници, Мек Доналдс, Бургер Кинг и слично. Од аспект на заработка, добро се заработува но само доколку двајцата сопружници работат. Доколку работи само едниот, плус две деца, едвај ќе крпите крај со крај. Не знам која возраст ви се децата, но доколку се помали од 10,11 години, јас лично би почекала да потпораснат затоа што градинката е премногу скапа, а доколку одат во училиште во 12 часот си доаѓаат дома за време на ручек и мора некој да има дома да ги пречека. За наоѓање на стан исто е малку потешко, најдобро би било доколку имате некој да ви помогне. На крај, вреди да се обидете, ќе ви биде малку потешко на почеток но после тоа се ќе си дојде на свое место. Среќно.
Ти благодарам многу за опширниот одговор. Ова за школото не го знаев дека децата се враќаат до 12. Тука каде што сме, децата се на целодневна настава . Тогаш ако и двајцата родители работат , каде одат децата после 12?. Кои се трошоците за школо? ( Школарина, кујна, осигурување, книги...) Кога зборувам за семејни вредности, мислам дека ќе ме разберат родителите кои имаат деца во некои земји (како нас) , каде школскиот систем уште во градинка им наметнува некои чудни ставови. Има родители кои немаат проблем со тоа и има родители како нас кои бараме побезгрижна средина за децата. Секој совет е добредојден.
Еве јас ќе ти одговорам. Тука задолжително и во училиште и на работа има митаг пауза (пауза за ручек). Во училиштата е од 12 до 2 и тогаш децата се дома. Постои т.н тагес шуле кој родителите го запишуваат приватно детето и тие го плаќат, ова е за во паузите да ти го зимат детето и доколку работите покасно од 4 може да го зимат таму и после школо. Се плаќа од саат зависно од вашата плата. На работа оваа митаг пауза е неплатена и не спаѓа во платените нето саати, зависно од фирмата најмалку е пола саат најмногу 2 саати. За другото прашање не можам точно да ти одговорам зашто моето дете е мало тек сега почна во градинка (кита) и до 4 години градинките ги плаќаме ние родителите и се прескапи. Пријатели со поголеми деца досега не се пожалиле на системот ама ако те интересира ќе се распрашам точно за ова. Можеш слободно да ми пишеш во лп, се што знам ќе ти одговорам. Само да знаете дека е тешко за виза, мораш да имаш склучен работен договор за да поднесеш барање. Од мене совет барајте уште веднаш на интернет зашто ретко некоја фирма да земе работник без виза. Најлесна варијанта е ако имате познаници да ве внесат на работа, па така да земете договор и да поднесете за виза во геменде
Здраво женски, ме интересира да ли некоја знае некој веродостоен од возачиве со комбиња кој што ќе оди од Берн за Скопје до крајот на месецов. Во прашање е една торбица со лична козметика и облеки. Секако ќе биде платено. Влагодарам однепред.
@Locuma инаку од кантон во кантон е различно. Францускиот дел колку што имам контакт со другарка од таму воопшто не е ист како овој германскиот дел и за школо и за све. Мој предлог доколку се преселувате да се преселите во кантон каде што се зборува германскиот јазик бидејќи тие од францускиот и италијанскиот дел воопшто не ни учат германски. Тука лугето немаат толеранција за ништо, многу се безчуствителни и ладни луге кој што доколку си нов знаат и на најнизок можен степен да те спуштат. Чисто како информација да го знаете ова. Швајцарците како швајцарци не мразат вака нас ауслендерите. Мене лично до ден денес иако сум веќе 3 ипол години тука со моите не ми се допага ништо нивно освен тоа како им функционира образованието и ситемот. Затоа сите тука и го бараме чарето за подобро утре нели? Во врска со основното училиште јас бев некоја година и школото како школо не е тешко бидејќи нема многу за учење скоро па ич нема. Домашната како домашна дечињата си ја завршуваат во училиште бидејќи се целодневна и смени нема. Од 12 до 13 имаат митаг (голема) пауза, да и доколку родителите не се дома детето може да се запише во таге шуле (во склоп на училиштето има просторија каде што децата можат да играат,читаат, комуницираат со други дечиња и да јадат храна која што се приготвува во училиштето. Секако тоа се плаќа мегутоа како што кажа @Anturium све во зависнист од вашата плата се одредува сумата. Исто така децата можат и после школо да седат во ова таге шуле и уште еднаш да јадат доколку родителите се сеуште на работа. Во моето школо таге шулето беше отворено до 6 часот на пладне. Повеќе можеш да се информираш во општината каде што ќе се преселите. Секоја населба има своја општина. Во врска со работата е доста тешко поготово доколку сакате некоја подобра работа од колку мек доналдс или чистачка бидејќи 90% од жените овде почнуваат со таа работа. Јас пред некое време најдов работа бидејќи сум во такво школо ( Berufschule) каде што е основано на подобрување на јазикот и барање на работа. Јас сум на ниво B1/ B2 и ме примија како асистентка за созијална и здравствена работа. Мој совет е да го научите прво германскиот јазик барем до А2/ B1 минимум. Јас имам комшика која што е исто од мк прво го научи јазикот за неколку месеци и еве моментално работи во Mango со сако и панталони. Додека пак имам друг пример каде што исто познаничка од мк одма кога имаат дојдено овде има почнато со работа без јазик како чистачка и веќе неколку години е на истото место за жал. Немој да се откажувате доколку вие ова целта. Имајте амбиции и не се задоволувајте со малку. На почетокот е претешко, додека се навикнете и сфатите како функционираат овде работите бидејќи не е ни слично како кај нас што е. Доколку имаш некое друго прашање, а сум информирана со задоволство би ти помогнала. Ви посакувам многу среќа.