Дали и колку често јадете мајонез? Јас многу јадам мајонез. Го јадам скоро секој ден. Најчесто во тост, со помфрит, печени компири, и сл. Со се што може да се јаде, го јадам. Купувам мајонез Дијамант, во тегла.
Многу сакам мајонез. Обожавам. Но избегнувам да јадам заради големата масленост и живите јајца. Кога го јадам, го јадам во салати, со пица или тост, или пак со помфрит. Омилен ми е Tоми.
Ретко јадам мајонез, а во лето никако. Така некогаш кога ми текне со помфрит го јадам, претежно Витанез.
Мајонез почнав да јадам по малку последниов месец, а инаку не јадев околу 5 години бидејќи претходно се предозирав, јадев секој ден и ми се смачи.
да сакам да јадам мајонез ама кога ке почнам да јадам неможам да се сопрам и се здебелувам,летно време го избегнувам
Кога бев на целосен преглед на телото скоро сите доктори ми кажаа дека не е убав,јас јадам многу ретко во школо најчесто.
Дали знаете што се случи со некогаш насекаде достпаниот Hellman's мајонез? Некаде 2009 или 2010 го снема од скопските супермаркети... а мене ми се допаѓаше многу.
Јас сум периодичен обожавател на мајонез - кога како ќе ми се сони работава. Го избегнував многу затоа што приметив дека ептен се нафрлам откако убаво ќе се изнајадам и може да се случи да не ми текне за мајонез или да ми се гади од него доооолго време. Лошото е кога ќе ме фати криза и кога го јадам со секакво јадење, фали уште кога мачкам крем на лепче наместо белиот дел да ставам мајонез. Одамна немав пробано заради честата појава на акни нели, ама неодамна момчето мое ми направи помфрит и едноставно не можев да му одолеам на мајонезот и во последно време речиси секој ден го вметнувам низ јадењата иако од петни жили се трудам да не претерам.
Имам забележано дека веќе го нема по маркетиве. Не знам зошто. Го избегнував мајонезот додека бев бремена. Тогаш не можев ни да го помирисам.
Hello, my name is Dzigi and I am a mayo addict. Сфатив дека е сериозно во моментот кога почнав да го јадам мајонезот со јајца. Чиста сум скоро 4 месеца и не ме прашувајте како престанав, не знам. Дали би ми бил гнасен ако го пробам сега? Не. Дали би сакала да пробам пак? Јес, афкорз. Чекам само празници да дојдат, и да паднам во искушение со мајонез салатите. At the end of the day пробувам да ја извлечам позитивната работа од целата ситуација. Томи и не е толку лошо име доколку решам да си го крстам синот така.