1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Веројатно е нормално ваквото чувство.
    Јас прошлиот викенд бев на свадба и толку бев со мисли дома, што кога дојдов дома и реков на беба дека следно ќе ја оставам кога ќе одам на работа.
    Мајка.
    И тогаш ќе биде од што морам, не од што сакам.
     
    На Sexybaby86, elcezelce, VedaG10 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.947
    Пол:
    Женски
    Леле уште тоа ако префати ќе си пукнам. Мало е 3 месеци, само вирус му треба веќе. :worried: Не ни знаев дека се и тие кај мајка ми инаку не го носев. Се надевам дека нема да му е ништо ама сепак да ја предупредам сестра ми.
    Фала за информациите, јас прв пат се среќавам со ова па ќе знам за друг пат не дај Боже ако има нешто.
     
    На elcezelce, gjoker4e, Vennera.aa и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Здраво срцли
    Ајде аирлија нека е ќофтево се превртува од грб на меше (5м)..
    Прееска ја соблакам да попрета гола на кревет она си ги фати ноџињата си се преврти на меше си направи еден круг влечејќи се и буткајќи ги нозете.од.наслонов на гарнитурата како стрелка од часовник се изврте во круг хахха. Ама не сака на стомак никогаш не ни сакала да лежи па кашла даа ја земам, пак.ке ја легнам она се свртела на меше ама одма се буни.да ја земам. Му викам на маж ми е тек сеа нема спиење навечер.
    Синоќа цела.вечер борби водевме а ја спуштам во креветче вришти и плаче со затворени очи не се буди, првпат вака страв не фати . Па таман ќе.ја подигнам во раце се смирува и се така во круг до сабајле. Спиење од 6 до 7 ч :) се чудам како изздржувам. Пред некој ден си поплаков така сама зашто некако ко 10 остарена се осеќам. Се ме боли, немам енергија, еден ден сум добро, другиот психички па.и физички паѓам и така.не мислев постов вака да ми заврши го пишав да се пофалам ххааха ама ете ги моментите. Во еден миг среќна, друг тажна :)
    Фак хормонс :)
    Вечерва сама, маж 3 та смена ама и јас ќе дежурам ризик ми е да ја оставам да не се преврти.да направиме белја.
    Ве гушнам.
    Пишувајте да ве читам дружете ме да.не заспијам :)
     
    На Coco31, Sexybaby86, girl-miri и 23 други им се допаѓа ова.
  4. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.699
    @emkaemka
    Среќен роденден на малиша голем да расти....здрав, жив,весел цел живот.:hug:
    Баш прееска седев и мислев како расне малава така расне мојата љубов кон неа.
    Уште малку и нашиот роденден...се разбира првин на @kukla21 :party:
    Испадна да го славиме дома.
    Ќе имаме 3дена гости,многу сме ама нека е здрава и жива.
    Уште не сум се одлучила за тортата,ќе си украсам иако е дома.
    Како помуна годинава јас само си знам.
    Кризи,депресија,па едно лошо што е тек сега почнав да уживам со неа малку од малку.
    Јас незнам како е да уживаш со бебе на прошетка,на гости,во количка....се со вриштење е....ама ќе мине...или ќе си остане лошка:devil:
    Читаќи е @gjoker4e си велам има надеж и за беба моја.
    Беба само еднаш ја имам оставено на 20мин.
    Никаде без лепенката моја.
    Освен добар шопинг ништо друго не ми недостига.
    Се мислам што со себе кога веќе нема да и требам како сега...
    Ми расне бејбичето.
    Внучка секој ден ни иде се гушкаат а малава моја само неа и се радува:inlove:
    Незнам што пишав од после ручек ми е полнат постов,ја заспав беба после 40мин.нишкање одам и јас на спиење.
    Мирна ноќ мамички.
     
    На ma4e1311, Coco31, Sexybaby86 и 27 други им се допаѓа ова.
  5. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    @Marmarin не верувам да фати штом е толку малечко, кај поголемите деца е полесно поради рацете пренесувањето на вирусот. Без гајле. :hug:
     
    На eli25, gjoker4e, Vennera.aa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    Ич да не се плашиш...сеа интересно ќе и е...нозете в уста па идемо лево па десно ...мозочето 100 на сат...тек сеа борби за памперс ставање, крем дур намачкаш избегала , па враќај ја назад.
    Моево исто пиштит во последно в креветче а ја легнам на грб корнит и ја вртам на стомаче ко топ спијат до сабајле...
     
    На elcezelce, 24.07, VedaG10 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    @Independiente се плашиш во спиење да не се преврти на меше? Не мора да дежураш, јас верувам одма ќе уклучи сирената :lol: Мојава откако се превртува не ме остава на раат ниту еееедна вечер! Почна да се превртува негде на 4 и пол, значи веќе цел месец во спиење-а се расони одма се превртува и почнува да кенка. Ја игнорирам додека може, некогаш знае да презаспие на меше :) Најчесто ќе ѝ го убутам ќебето покрај нејзе да неможе скроз да се сврти, па ќе ја најдам сред ноќ спие свртена на страна...сум ја зезнала:lol:

    @eli25 изгледа таа истата нѐ прошла сите сабајлево по врати :^) И јас не отворив. А мојава па се научила, очекувајќи ги баба ѝ и дедо ѝ што ни се во комшии, па вика "напрееед" (facepalm)

    @emkaemka Среќни и весели да сте сите заедно со него, да има среќно детство, опкружен со многу љубов!:party:
     
    На Coco31, Sexybaby86, girl-miri и 20 други им се допаѓа ова.
  8. Sandrin4

    Sandrin4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2018
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    6.196
    Пол:
    Женски
    @emkaemka Среќен да му е роденденот, само убајни да го пратет и да Ве прајт најсреќни...
    Денес пак тмурен денов па земав бебка в раце ја облеков и в такси и кј една другарка на кафенце во моето моминско маало :D
    Мене уште од сеа паники ме факет иако имаме пола год до роденденот на пуфка, што, како, каде...не сакам мн да се расфрлам само да си е чесно и без мн претервење. Мн не сум по тие слатки маси и 300 дрангулии. Колку толку би и украсила све сама, е заштеда ем барем ме биват.
    Свадбата моја сама си ја украсив дома :$
    Мн сакам да научам да плетам ама сите будала ме прает за шо ми било уш то во животов кога можело све да се купит на денешно време. Мајка ми кога ќе ми текне какви џемперчиња ни плетеше, сакам и јас да и плетам на пуфка.
    Имам една комшивка над мене мми рече ќе ме научела ако имам воља ама пусто сеа време немам. Да прфнит бебка и можит ќе се појдам со иглите на врата
    Имајте уба ноќ
     
    На ma4e1311, Coco31, Sexybaby86 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    @Independiente мене откако прв пат ми падна ноќе од кревет некаде 5+ до ден денес 18+ спиеме со се можно околу нас душеци, перници, пешкири, облека... Колку толку поболен да е падот бидејќи тогаш имаше модринки на колената. Моево може да се симне од кревет и во дневна да отиде па тек тогаш да почне да плаче. Кога се буди најтивка на цел свет е.
    Вториот пат кога падна на дневната дремка ептен зела залет ги промашила ќебињата и и течеше крв од уста па директ на педијатар кажа се поткасало кога паднало демек.
    Ми текнува првиот пат кога падна мм толку ми викаше ноќта ги разбуди и комшиите 'како дозволи да падне вика сите жени сте исти' викам па не можам и да спијам и да гледам. :rofl: Еее де. |(

    @emkaemka Најсреќен нека е! :l:

    @mal.ecka има надеж. :D Моево е најпослушно од сите фемински бебиња. :rofl:

    Прееска истури млеко, викам ајде сега најди ги влажните марамици, земи една и избриши, ги најде, зеде, избриша, одам в кујна да ја фрлам марамицата се враќам она пак истурила и вади друга марамица да брише. :rofl:

    @Shelea Преубаво сте ја доловиле сликата за првите четири месеци па и понатака. :hug:

    Којзнае дали сакав и друго нешто да напишам...

    Сакав за вчера цркнав од нервоза, малата ставила паричка во уста, кога слушам и лупка по забите крвта ми смрзна и средував и не мрдам гледам под око ја исплука се стрчав и ја зедов, ајде средуваме купатило се лизна на плочки (дека ја доле имав бришено со средство за прозори :@), ајде да подаваме топче под еден кревет сто пати ја лупна главата па и влезе под креветот кај и го собра газот уште се чудам па кревај кревет и гурај ја со нога среќа без последици...

    Па кај 20.00 кога седнав да плачам да рикам дека не можам да го дочувам, ми текна на @muchacha_a во моментот само ја на под ништо не ми се гледаше одоколу, малава пружа раце и клекна до мене ме гали по глава и прави ооо ооо.

    Уствари најмн се изнервирам немаше скоро ништо дома и се спремивме излеговме да купиме, излагаме и плаче, вришти викам што сакаш ако плачеш се враќаме одма дома разговарав смирено 5мин ама џабе и ја кренав и одма дома, а немавме ништо за јадење, зејтин. Па сабајле ја оставив со мм и кажав со неа во маркет никогаш и денеска пак отидовме. :D

    Добра ноќ :hug: не знам дали ми се спие или ми се плаче утре е недела денот што најмногу го мразам, едвај чекам да помине уф. Сакам да легнам и да се разбудам во понеделник. (wtf)
     
    На ma4e1311, Coco31, karibian и 26 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки
    Навратив да честитам роденден на лепотанот мал на @emkaemka
    Да ви е жив и здрав да ве прави најсреќни на свет.

    За мене не би многу да пишувам затоа и ме нема некое време.Бременоста ми е при крај влезена во деветти,ама дека вака маки и нервози ќе имам на крајот не ни помислував.
    За да не почнам со негатива ќе свратам друг ден во темава.Можеби кога ќе се породам :)
    Убава ноќ
     
    На ma4e1311, Coco31, karibian и 19 други им се допаѓа ова.
  11. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Демек толку од мене ама труднички несоница па ај да си пишам.

    Кај нас врне снег.Сега врне,не баш врне ама така убаво си провејува па се исповозбудив.Јас жива радосна а маж скиснат како ќе ме носел на пораѓај,инаку се плаши да вози на снег.Секој со своите маки.Му реков немај гајле ќе си викнам брза помош ќе ме однесат на пораѓај.
    Мари спомна кога китење елка...јас китам секогаш после први декември најкасно до десетти ми е накитена.Оваа година ќе се ориентираме по вториов син кога ќе сака он да излезе од меше па ќе китиме.Еднаш спомнав бебе сака манекен да биде ама сега ептен сериозно си ја сфатил работата,ситничок е само 2300 грама ама не зеза нешто со мешето уназад му било за две недели.Па ајде по испитувања болници и така до пораѓај ќе видиме како ќе е ќе пратиме ситуација.Само колку човек да се секира,да не е раат.Кога ќе се роди мама ќе го здебели.
    Другиов син нели големиов батко ич да не го коментирам.Умен е само навечер кога спие.Инаку сум ви љубоморна на сите мајки кои пишувате дека ви стануваат во 8/9 па дури и вие ги будите.Јас такво чудо еве немам доживеано,станува во 6 а се случува и во пет ипол.Е де да си го фати денот со ред,да не пропушти нешто.Па после може да ровари и до два на пладне без спиење.Е тоа е енергија а не мојава :)
    Јас цела си крцкам мислам ќе се распаднам при одење.Да се чуди човек дал карлица се шири или ми се откачиле коскиве.Буквално раштрафиле.Али нели трудна жена све е нормално.
    Ми се јави свекрвата да праша што да му купела за излегување од болница реков купивме се немај гајле.Ама не не како така нели како едниот внук така сите други.Она си гледала оние комплетите ама јас тие не ги сакам си купивме шпилхозни најпрактични ми се.Башка нели очекувам мало бебувче па уште ми фали дводелни работи да му облекувам.Ама јатрвата такви купила нели такви требале.Не не требале.Ако сакаш и фустан можеш да му облечеш нели.Она нека даде пари па ние на шпилхозните ќе пишеме од Свекрвата со големи букви да се знае де.
    И така незнам што се договоривме сврзавме пет-шесто реда муабет без врска.
    Друго нема што да кажам доктор рече без стрес и паника па демек така пробувам да терам :)
    Е сега ќе се одјавам од тука дека ене кај е пет саат :) :) :)
     
    На Coco31, VedaG10, karibian и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И јас да честитам роденден на дечкото на @emkaemka . Да е жив и здрав и среќен цел живот!!! :inlove: :^: :sun:
    На @Mari-Ja и @muchacha_a честитки и со среќа за новите работни места!

    Јас цела недела 3та и вечерва нормално не можам да спијам. |( Мм вети ќе ми прави друштво, ама заспа уште пред синко. Јас прикарав лаптопот, па грицки, па ми се пријаде благо, после имав грижа на совест и изедов 2 мандарини и сега ме скинаа киселини па зедов 1 чаша млеко да се напијам. (facepalm)
    Многу апетит имам оваа бременост, а богами и киселините почнаа многу рано, па цело време ми е никакво, ми гори на душата.
    Се спремам за 2риот роденден на синко, за 1 месец е, уште не знам што тема ќе биде, од цртаните омилени му се само Маша и Медо, па се мислам измеѓу тоа или некој зимски/новогодишен мотив.
    Друго што се нервирам е што ќе нема што да облечам, да беше лето има убави летни фустанчиња, ама зимни фустани како за трудници ни за лек. Гледав викендов во Сити Мол, ама ништо не бендисав, среќа барем јакна си најдов, тоа ми беше моментален приоритет, нема да мрзнам зимово, а за фустан ќе мора да одам уште еднаш.
    Синко решив ќе го дотерам во нешто полежерно, од лани кошулата и панталоните само на денот ги облече и толку, ама ајде 1ви роденден, но сега планирам во фармерчиња и некое џемперче за да може да си ги износи и подоцна.
    Практична станувам, ќе мора за второво - моме ? да почнам да купувам, мора малку поразумно со буџетот. (fingers)

    Поздрав мамички! Имајте убав неделен ден! :*
     
    На Coco31, VedaG10, karibian и 24 други им се допаѓа ова.
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.604
    Допаѓања:
    151.816
    Да не и треба на некоја мајка кафезот да си прашам само хахахах 46476201_2076753495721078_2747089888867254272_n.jpg
     
    На Coco31, mumy, girl-miri и 23 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Утро мајчички. Кафенце пивнавте? Јас да. Задолжив мм да нарани бебе (со готова кашичка) и пиев топло кафе. Ми фали едно излежавање во кревет со кафе и серија деновиве. Изгледа дека глупаво времево и само на легачење ме тера. Навечер рано си легнувам, утепана, а сонот ми е немирен. Немам мака, ама не можам мирно да спијам.

    Мајка ми се повеќе ме "нервира". Не дека ми се неочекувани нејзините коментари и постапки, ама ме погаѓаат. Децата од брат ми по 24х7 ги чува, а ноево 8ч и едвај чека да си отиде. Во петокот свратив до рамстор по пат и заглавив на искачање бидејќи ме фати гужвата и ме дочека со коментар кај сум до сега. И викам за 2 недели уште покасно ќе се враќам. Е ќе сум си искачала на време?! Не дека сакам да главам, ама HQ ни е во друга временска зона и некогаш за да завршам работа ми треба екстра време. Само ја зборам на мм. Безобразна е. Треба и јас ко брат ми. Децата се твоја обврска и да си свиркам. Колку повеќе гледаш да аи коректен, толку повеќе злоупотребуваат сите.
    Свеки друга приказна. Најново самобендисана сум за неа и се правам најдобра. Не дека не сум :emo: Не дека мене ми кажала, на мм на вибер ме "пофалила". Кој знае уште што се пишала бидејќи другите пораки ги избришала. Оваа и промакнала изгледа. А да ме прашаш зошто, појма немам. Нит доаѓа, нит бутур. Последно кога дојде јас си бркав работа и ја оставив да игра со бебе. Може очекувала со почести да ја пречекам :?: Нека и е. Нејзе никој не и е погоден. Една другарка нема за дружба. Не ќе да е до мене.

    Роденден на бебе во полн ек спремам. Возбудена сум ко будалетинка. Ова време лани бебе во меше тропаше, сега дома ровари :inlove: Каква љубов! И викам и на неа љубов моја! Се надевам знае и чувствува колку е сакана :l:

    Бебе тера прва дремка со татко и. Јас демек да пофатам работа, ама само машина пуштив за перење. Се потепав работејќи. Ја викнав жената за пеглање, па да исперам што повеќе може. Мразам кога ми се мотаат купишта непеглани по дома.

    Многу муабети се свртеле низ темава. Глупо е да се навраќам на сите. Среќни родендени, слави, имендени, годишници на сите! Дај Боже само убави поводи да имаме за спомнување!

    Поздрав до сите :*
     
    На Bozica1980, Coco31, karibian и 27 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.224
    Пол:
    Женски
    Од 7 сме станати, малата кај и да е ќе се разбуди од првата дремка па со тоа се надевам дека вечер порано ќе заспие и така пократок ќе ми се види денов. (waiting)

    Се така си чекам нешто јас, чекав да се породам, чекав градинка, чекам работа, чекам денов да помине... (waiting)

    Интернетов многу лошо ми влијае.

    Хормоните ми работат со полна пареа едвај чекам да добијам аман веќе далеку е 21ви. :D

    Ништо ново од синоќа до сега. (heidy)^_^
     
    На Coco31, karibian, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  16. Belabelinakinder

    Belabelinakinder Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2016
    Пораки:
    2.051
    Допаѓања:
    26.308
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене конечно може да се каже после два месеци конечно синко мој е подобро минатиот викенд па до два дена дете се раскина од кашлање ми се чинеше дека градите ќе му прснат секој втор ден бев на доктор ми беше страв да не фати бронхит појди кај еден нема ништо појди кај други нема ништо, подобро не му иди еден куп спрејови не можев ќе пукнев не знам како издржував секаде сама трчај на сите страни. И петокот сабајле појдовме кај една докторка за уво нос и грло го виде вика детево е затнато од слајмови зеде му го исчисти носето ми даде терапија еве го сега е подобар по цела ноќ си спие мирно.
    Сте зборувале за трошење ова година нз колку пари имаме истрошено за веселби само па може околу 10 000 евра. Таман реков овој месец ќе заштедиме пак трошкови родендени, за лекарства за малиот главата ме боли кога ќе почнам да набројувам колку сме потрошиле.
    Колку и да штедиме пак нешто ќе излезе а кога ќе се опуштиме помалку трошкови имаме. Конечно залади да се исчисти времево од бактерии и вируси денес ќе останиме дома планирав до битола да одиме до џамбо ама ќе одиме друг ден нека оздрави малиот целосно убав ден на сите
     
    На Coco31, karibian, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.154
    Добар ден мајки
    Пијам кафе и јадам чоколадо. Чекам да ми дојде па телово ми бара шеќер. Отиде линијава јабана, ама не дека немам други поголеми гајлиња:tmi:.

    Баш пред некој ден му викам на мм редовно купувам по едно чоколадо кога пазарувам а чоколадо немам видено во куќава со месеци. Ми вика што мислиш што правам кога ќе затворам вратата од кујна:P:rofl:.
    Не дека не ми текна кој е виновникот. Вчера требаше да одиме да пазаруваме. На работа замина наутро а си дојде 19.00. НА крај му пратив листа по вибер што да купи. Се врати со 4 пати повеќе работи од тие што сум ги пишала. Не знам колку милка, дупло, чоколадни јајца. Да надоместел за изедените чоколади.
    Среќа свекор ми и свекрва ми ја зедоа најголемата, да шетне со нив и да ја поиграат.
    ЈАс сама со три не можам да мрднам.
    Средното се отепа од плачење за да го зедат, ама многу им било :|.
    Со солзи ја прибрав од врата.

    Подобро што дома и си остана. Изгоре од тт цела вечер и цело утро. До 05 беше со тт. НА секои два часа качуваше по 40. Ниту сируп ниту чепчиња ништо не делуваше. НЕ знам колку пати веќе ја туширав и менував чорапите. Денес е добра. Каков е овој вирус не знам. Не кашла, не тече нос, нема пролив а наеднаш цел ден таква страшна тт.
    Последниот пат, кај 04, не сакаше веќе да се тушира, па седнав и јас во кадата, за да не плаче. ЈАс се тресам ми студи она пуста гори:(. Капак на се кај нас е страшно ако едно плаче, а средново е познато по висок тоналитет кога плаче, сите се будат. По кого попрво да трчаме. Кај 04, сменив постелнина во детската кај средното и го донесов најмалото таму, го презаспав со млекце, а ние во кревет со средната и големата.
    Спиени само еден час со мм. Он замина да монтира неговата соба биро и ја зеде големата со него, двеве ги успав, па тишина додека не стане прво најмалото па покасно и другово.
    И ручекот ќе го донесе на пат накај дома. Се почесто во недела купуваме риба. Преку недела, па и сабота некако, успевам да се пикнам во кујна и да зготвам, но недела ми е некако најтешко.
    Уште многу би да пишам, ама и така е доза хумор, најчесто црн и на своја сметка, доза умор, доза стрес....и надежта за подобро утре која се спровира низ задна врата
    @emkaemka најсреќен нека е роденденот на мажето.
    @Shelea добро ни дојде во катчево.
     
    На M&M, ma4e1311, Coco31 и 30 други им се допаѓа ова.
  18. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Нема ни еден часот, а веќе ми се чини дека денот поминал. И како не би, дете стана во 5и20 позитивно беше што имаше жар во каминот па само му пуштив воздух натупав дрва и вивна. Најмногу мразам одново да палам оган па тргнал не тргнал, зачадило:shake:
    Преоблеков дете со триста маневри станат на лева нога па и така го истуркавме цело сабајле, со плачки и се нешто кенкање и барање. (facepalm)
    Направив доручек не сакаше да јаде, исцедив сок од портокали сите цевки што можеше да ги стави во чашата ги стави и ни голтка не се напи. Ни јаде, ни пие решил изгледа манекен да буде:x
    Седнав да јадам ме влече од маса, кафе сварив се тегни по мене и плаче. Земав му го наполнив коритото и конечно земав здив. Кога му досади го избањав со надчовечки напори го извадив од вода, го стокмив и за огромна радост си дојде мм, па седнаа сложуваа сложувалки, коцки и мм ми вика на ова дете ли се жалиш, толку ми требаше па и со него ја спукав:@
    Синко спие за ручек ќе направам омлет со што ќе најдам во фрижидер, потоа да влезам да се средам и одам на преглед и цтг да видам во какво расположение е девојкава:D
    Имајте мирен ден, се надевам на помалку турбулентно попладне:hai:
     
    На ma4e1311, Coco31, Sexybaby86 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.252
    Допаѓања:
    124.699
    Добар ден..
    Му ја тупнав малата на мм да ја нарани...колку ми значи тоа ни тој не е свесен.
    Душата ми ја вади додека де најади.
    Сега тоа трае најмногу 10 мин.ги пуштаме Лола и Мила и јаде без прекин.Ужива додека ги гледа,омилени и се.
    Несакам со цртани да јаде ама немам избор.
    Две ноќи немирно спие,плачи и се буди на пола саат па изутрина стана во 9.30 и цел ред ми го изремети.
    ,@kukla21 и свеку за мене така вели ама нека и е...нит ја барам нит ништо.
    До нас е ама од што многу зборува салам бебе го нема видено.
    @emkaemka сликO чекаме и надолгооо да раскажиш како поминавте.
     
    На Coco31, Sexybaby86, Skorpija25 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Седам на работа и си размислувам за животот. Читав некои теми по форумов и многу се растажив. Ме потсетија на татко ми. Замина многу рано, замина пред да го види син ми ;(. Не виде ни еден ден од мојата среќа. А толку многу ќе се сакаа они двајца. Ќе му ги исполнуваше сите желби. Уфф зошто морало вака да биде...боли и никогаш нема да престане.

    Знам многу негативно почнав, ама ете така ми дојде. Јас неделно на работа. Уште малце ќе аи одам па се фрлам на работа дома. Да почнам со спремање, во среда ни е слава.

    Поздрав феминки :*
     
    На Belabelinakinder, ma4e1311, Coco31 и 21 други им се допаѓа ова.