1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.550
    Здраво мајки. Турбо викенди. Вчера средуввме двор, стававме ѓубриво на тревата, правев патека, пресадував цвеќиња. Дете цел ден у двор со нас, у двор ручаме, направив ќофтиња и салати. Скарата е наместена ама некако мрза ме фати за скара да ложам.
    До 7 бевме надвор, па вечера една брза со зеленчук ама ќерка уморна и не и стаса па јас лоша мајка прв пат и направив пудинг и и дадов. Вкусен упм, ама мора да проба некогаш.

    Па сите тројца на бањање, се средивме и у кревет... Дете спие ние евровизија гледаме и таман последните бодови да чуеме, дете падна од спална, у 3 чекори до горе стасавме. Си призаспа пак, пиевме антибиотик сите тројца и сабајле одвај очи отворивме. А Дет е у 7 стандард станата.

    Денеска на пазар купив кило цреши, малата пола кило ги изеде одма. Утре сме ан контрола се надевам ќе може у градинка.

    Јас чекам рез од хормони, да видиме дали сум дебела од нив или од што многу убаво готвам :)
     
    На elcezelce, Seline, Mari* и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.734
    Допаѓања:
    39.856
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки.

    Седам и шмркнувам попладневно кафе, додек бебо спие, а тато е на вежбање.

    Денеска е на мм 40 роденден. Торта е спремна, свеќи купени, чекаме внуци да дојдат и да дуваме:party::^:
    Еве и тука да почастам
    il_794xN.1639340492_t2xk.jpg

    Многу ми е криво патиките што ги меркаше некое време и сакав да му ги купам да го изненадам, ги снемало. Ни трага ни глас :@. А што убаво ќе го изненадев, дека малку посоленки па не се решаваше сам за да ги купи, вака нема да можеше да ги одбие:P Е ама немал среќа. Сега сум во потрага по друг соодветен подарок. Мажето ми е специфично во изборот па ќе мора да се потрудам повеќе.

    Дете помина и втора недела во градинка. Не е многу воодушевен (читај со плачки го оставам), ама ќе се навикне. Битно од вторникот наваму го оставам со доручек и ми велат дека јадел. Многу потешко ќе ми беше ако не јадеше, нема да можев да го оставам подолго. И замислете во петокот мајка кога отишла да го земе, се спремале за ручек, па ја прашале да остане:o. И дете ручало гравче:D. Е од утре нова недела. Ќе видиме како ќе биде:worried:

    Вчера истеравме ден на улица. Шетавме прво маалски, попладнето на роденден, потоа до неколку дуќани и вечерта кога се прибравме дете едвај издржа бањање. Се онесвести во 15 секунда:D. Мислев утрово ќе поспие дека 21 го фати, а тој во 6:45 се ококори и вика земе:o. И така денес втор ден терам.

    Битно сега додека спие, спремив ручек за нас, спремив ручек за дете па ќе ручаме и ќе се журкаме со детето.

    За мм не можам да се пожалам, ама ни посебно да го пофалам. Ова не дека не ми помага, ама некогаш е гурни ме да кинисам. Ако не го потсетам неколку пати, некои работи ќе си останат не завршени. За некои уште не ги средил - на пример да викне мајстор да ги наштелува балконските врати зошто заглавуваат на отворање/затворање :!: значи не да ги поправи. Ама реков веќе не го потсеќам, од понеделник јас ќе се јавам и ќе ги викнам од фирмата што ги местеше. Па ете тоа може и да му биде роденденски подарок:rofl:
    Генерално заедно правиме скоро се, само што јас прво гледам детето да е намирено, па дома, па јас. А он прво себе да се истинтри, па после детето и дома(facepalm). Незнам дали го потфаќа втор пубертет со годините или што е, ама порано поиновативен беше околу домот. Ама ќе го вратам јас на прав пат суптилно:D оти гледам со потсеќање не иде баш.

    Отидов мајки да уживам во кафето додека дете не станало. Имајте убав остаток од викенд.
     
    На elcezelce, kukla21, Seline и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.243
    Допаѓања:
    43.114
    Здраво мајки,

    Да си се пожалам дека денов ми е скроз преспан и мрзлив; ова не сум јас. Сите тројца си вртиме настинка. Маж ми ја донесе, малата лесно помина фала богу, јас го изедов стапот. Синоќа најомалаксувачка температура и сабајле жилети у грло. Се напив парацетамол, џвакам витамин Ц и пијам прегорен шеќер со млеко. Една машина пуштив и толку беше силата. Маж ми нарача риба и салата за ручек, ќерка ми си дојаде палента од доручек и некако не можев да мислам на ништо повеќе. 10 месеци полни денес дудинката, станува и фаќа се' од маса, сама зоби крекери и мафини, кажа Ајде дете пред некој ден и до солзи ме доведува секој пат кога сфаќам дека е наше, мое мало суштество што станува човек.

    Сите заспавме пладнево, ми дојде добро 1 час дремка и гушкање сите тројца. Сега ќе и спремам нешто лесно за вечера и ќе читаме книга за Бунтовни девојчиња. Пребрзо расте, а јас премногу сум ранлива и насекирана некогаш...
     
    На elcezelce, Sandrin4, Seline и 16 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    Хоља!

    Да ви кажам, едвај чекам да дојде утре сабајле, да одморам на работа, е до толку! Вчера генералка на 2/3 од куќава, денес ништо не се приметува. Пере втората машина, мислам дека нема фамилија што пере поише од нас. Маж со дете вчера, денес е ден за нас ама така силно се раздува што си останавме дома. Вчера си ја средив терасата, си наредив цвечки, си средив се, измив, сабајлево кафе се пиеше на тераса. Би и сега ама дува. Ќе си земам од Стокомак камчиња да си декорирам уште и ќе си земам уште цвечки.

    Дете кива и има мрсули, весел е, дури и многу весел, разигран, вчера со тетка му збеснаа, многу играа, баш беше забавно. Заспа дури у 12, мислев ќе поспие сабајле, како па да не, стана у 7. Ми се спие ми се плаче. Научи да го вози точачето трицикл, ама тешко му оди, викам да земеме некое мало сите запнале еве ќе се научи на ова, а од месечина се гледа дека му е тешко. Не разбирам, ние како деца ништо не сме имале, зошто да нема сега дете кога има да се купи и не е скапо. За 1000ка ќе си го мачам детето и ризикувам да се повреди недајбоже.

    Одам женски да ставам ручек, го чекам муж ама го нема, сама ќе си јадам ;)
     
    На Seline, Skorpija25, Marmarin и 11 други им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    IMG_20190317_125447_061.jpg
    Поздрав за денешните вредни мајчиња - женчиња. Среќа па утре втора сум,ќе послијам 2 саати плус - ради обврски инаку до 11 не би станала. Денес стандард генералка,ама ја правам на 2 недели,не можам не сум во состојба да се тегнам. Од утре 28 гестациска недела со Господ напред. Не знам дали одам или се тркалам.

    Туку сакав да раскажам една случка од петокот. Одам со синко на роденден кај една негова другарка од градинка. Ајде реков деца се нека играат ако ние не сме ептен блиски. И одиме даваме подарок синко ја гушна среќен роденден ја тргна за уши и заминаа да си играат. Едно време иде синко ми вика мамо мене ми дадоа покана за на роденденов викам да инаку како ќе знаевме кога е и каде е. И прашувам зошто ми вика девојчето ми рече дека мене не ми дало покана и дека не требало да дојдам. Викам зошто направи ли нешто да ја налутиш за да ти рече така ми вика не ама многу не се дружеле во градинка. Си викам девојчево или е нафурано или е збеснато. ги покануваат сите што ги познаваат,не ми е јасно зошто. Јас грдо се почуствував а не па детево. |(
     
    На elcezelce, Feodora, azelea и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Од сабајле редот да си го истерам, кафето е до мене, фемина брзински да читнам и да фаќам работа но што ќе фаќам кога си ги заборавив наочарите а без нив за никаде сум.
    Мојата госпожа вчера самата изрази желба дека не сака да носи пелена, фино лепо ја извадовме и си беше без пелена, дури и два саати дремка истера без пелена и не се измочка. Си стана се пазаривме да и дадам интернет за да поседи на нокшир, и оп се измочка во нокшир, надежна е се надевам сама ќе откаже љубов од пелени вика поубаво е без пелена, па ќе видиме колку долго ќе трае тој процес.

    Викендот помина, гости кај мајка истеравме, слушнав некои работи што им се случиле на луѓе што ги познавам и навистина жално, но тука е таа една секунда за да ти се закомплицира животот. Луѓе не се нервирајте и сакајте ги блиските и кажувајте им дека ги сакате, не знаеме кога што може да се случи.

    Се спремам за на свадба, и имам две опции за облекување, според првата и повеќе вероватна опција ништо не ми фали, се си имам, до ташна до чевли до се, но според втората ептен добро би ми дошло едно блузиче/кошулче што и да е. ММ стандард се си има, а малата она ке биде право бонбонче, срце мамино, само да и стокмам и втора опција хихи а ваљда и трета ќе ми треба кој знае.
    Сестра ми ќе дојдат за продолжениот викенд но ќе се разминеме нема да се видиме, ама тоа е и така се случува понекогаш.
    Тоа е мајки да дошмркам кафе и да ве оставам.
     
    На elcezelce, Marmarin, Feodora и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Добар ден мајки.

    Приметивте дека ме нема неколку дена? :D
    Загледав една серија, толку сум влезена во неа ни маж не приметувам :D Мене долги серии не ми се допаѓаат, оваа таман ми е, за ден два ќе ја завршам па почесто ќе бе дружам :)

    Овде времето права есен.
    Од една страна добро за варичелата што ја помина синко на вакви температури, од друга страна пак, ни здосади дома седејќи од дождови и ветрови.

    Денес ѕверот отиде во градинка.
    Не се ни познава дека имал сипаници, тоа дека за среќа на лицето имаше само 2,3. Среќна сум што помина така лесно.

    Одам да си почнам со домашните обврски, посао зове :D
    Поздрав жени :*
     
    На elcezelce, Marmarin, Feodora и 20 други им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    33.387
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Од сабајле како 3 дена да почнаа и да завршија скоро четврти ден врти.
    Со мали прошетани и се мислиме што да правиме сега.
    Ручекот готов за денес гравче сакал маж тоа и ќе добие, викендот прошетани бевме Франкфурт да го видиме убав град.
    На синко купивме количка пошто нашата не ја зедовме од МК и господинот не сака да оди една недела се изнамачивме само по раце носење де јас де маж.
    Кога ја видов оваа слика ми текна на @danichap
    Screenshot_20190520-110403_Facebook.jpg
    можам да те замислам вака, тука во комшии имам комшика со 4 мали близнаци две со две и ги вози во иста количка како твојата нова што ја имаше споделено во к
    Што последно купивме за децата.
    Синко малку штрајкува со јадење од сабајле маки водиме за да касне залак два.
    На игралиштето пред зграда има мајка русинка со две мали дечиња со неа збор два си разменуваме што англиски што германски нешто се разбереме нешто не, битно дечињата да ни се дружат да си има другарче некое синко не е лошо. Тоа е друго нема.
    Дур напишав мали направи триста глупости, машината изврте да хи закачам алиштата и да сработам нешто низ дома.
     
    На elcezelce, Marmarin, Ano и 18 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Наздравје кафето на сите кои пијат и на тие кои ќе го пијат второто :) денес наспана одморена кафе напиена и се спремам А на работа. Набрзина да читнам ама пустото многу има испипано не се дочитува :lol:
    Се надевав време ќе се оправи за малер денес заврна. Па ние што сме метеопати сме малку... Ко гром да не мавнал. :rofl: во градинка не бевме,на сите ни се спиеше,утре ги чекало предавање од стоматолог за забчињата.
     
    На elcezelce, 24.07, azelea и 14 други им се допаѓа ова.
  10. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајкички, како сте? :hai:
    Времето таман се оправи, малце сонце и таман ја извадивме беба надвор после 3 недели дека цело време врни, пак се влоши, по цели денови грми и врне.
    Моето бебе почна по малце да гука и почна да се смее, јас сум стопена нормално:l:
    Толку многу е сменета, си мислам дека од ден на ден се повеќе и повеќе расте, а ќе прави сега 2 месеца здравје.
    Кај мене ништо ново, го спремам мм за Мк, цела недела ми зборува дека ќе му фалиме, ама тоа е, документите мора да се средат.
    Здравје нареден месец братучедка од мм ќе прави матурска, планираме да одиме ако се биде ок, и да Ви кажам искрено едвај чекам да одам, да се прошетам и да се смешам со народ.
    Понекогаш ми е добро од една страна, се одмарам од луѓе, ама па ми фалат деновите во Мк кога излегував на кафе и бев со народ.
    На мм му велам едвај чекам да си одам здравје да се цевилизирам малце. :D
    Овде имаме еди пријатели Хрвати, сега и пријателката е бремена пред пораѓај е, и баш некни ни беа на гости, кажаа дека бебето ќе биде на платнени пелени, јас се зачудив дури и кажав и и ги покажав нашите пелени, а мм оти ич не си зборува им вели па добро на мене во 92 мама е користела такви, а за Нена во 97 веќе имаше пелени, и мажот и на таа пријателка вели па добро, таа смета дека така е поекономично.
    Баш си правев после муабет со мм, како може да водат сметка за едно бебе, тоа сака само млеко и памперс, можеби ако нема млеко, да не го стави бебето на кравјо нели за поевтина варијанта, а возат кола од 15000 евра.
    Катастрофа, ама нели до таму е и толку.
     
    На Chantal, elcezelce, Marmarin и 10 други им се допаѓа ова.
  11. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Здраво мајки,
    Пијам кафе на тераса, сонце пука време за мерак. Вчера ме извикаа во градинка малата кренала температура (facepalm) трчам од работа да ја земам мислам ќе биде подобра, таа цела ноќ изгоре. На работа се јавив дека нема да одам, приметувам губат трпение со моите отсуства, ама ете кај нас нема кој да чува дете. Не знам што е со детево, минатата недела беше болна сега пак нешто.
    Уплативме за одмор почеток на јуни, и се мислам како да поседи дете дома една недела да не го зезнеме одморот нешто пак да закачи од градинка. Никако! Како сум тргнала ќе ме избркаат. Маж е на 10 фронта, му викам сабајлево олабави малку ќе пукнеш од работа. Пак почнав со хроно диета, не можам никако да се вратам на стара килажа, и тоа се нервирам. Еден куп облека убава така ми стои во шкаф.
    Со куќава се гледа крајот, секој ден нешто пакувам пунам кутии и кеси. Сега барам убава постелнина, ама ништо не наоѓам, да е еднобојна и да можам да искомбинирам со два јоргани. Сите дупли се со еден голем јорган. Ако некој видел или знае кај има нека кажува.
    Убав ден мајки:)
     
    На Mari*, Ano, Chantal и 15 други им се допаѓа ова.
  12. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    Здраво мајки :hai:
    Јас денес станата сум од 5 часот, ептен ранобудна а заспав после 1. Се разбудив со силна болка во десен бубрег ми се темнеше пред очи :( се напив аналгин и лежев в дневна па маж стана во 6 замина на работа мене малку ми помина па си реков ај да го направам ручекот за да имам после време со дете и таман почнав слушнав нешто јако тресна тоа синко паднал од спална, поплачи малку и одма се заигра. Сега седиме јадиме чоко стоби флипс јас чај пијам и гледаме песнички на јутуб. Вчера не му пуштив па денес нека погледа, таман и јас да седнам малку. Одвај чекам да дојде 11 часот да си легниме пак си велам ќе можам да заспијам.
    Друго ново нема ништо, од понеделник до петок деновите ми се исти само викенд кога маж е дома е поразлично. Решивме јули месец да си одиме за МК. Се надевам ќе истераме убав одмор и плус имаме 2 свадби и 1 крштевка и тоа во еден викенд и план е да се оди и на сите 3 прослави.
    Сакаме и август да си одиме пак за роденденот од синко таму да го правиме па ќе видиме дали ќе излезе така.
    Имајте убав ден мајки, да одморам малку пак почнува да ме боли, се надевам нема да стасам до болница :worried:

    Чао :hai:
     
    На Mari*, Ano, flower30 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.494
    И мене ми се случува ова. Од влезната врата до улицата има неколку чекори, нема порта и дете си се научи сам по скали да слегува и јас додека слезам количка тој веќе трча накај улица. Му зборувам ама нема резултат не ме разбира или не сака да разбере. Кога одиме по тротоар тој се турка за да оди по улица и се лути и плачи. Застануваме клекнувам до него и му кажувам како поминуваат коли и дека улицата не е за деца ама како за инает пак таму сака да оди и плус удолница е. Рака никогаш не сака да ми даде кога одиме. Се само трча. Многу ми е страв. Секое излегување пеш со него ми е хорор незнам кога ќе разбере.

    Кои хормони ги испитуваше?
    И јас многу малку јадам а килажа иста си стои.
     
    На Chantal, elcezelce, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.335
    Добро утро мајки
    Го шкртнавме понеделникот, сега некако и вторников да се преживее :rofl:.

    Уморна сум.
    Од поодамна не сум чуствувала волкава исцрпеност. Хроничното неспиење си го прави своето. Најмалово вади заби изгледа, навечер се буди пред полноќ и едно добри 5-6 саати кенка и плаче. Заклучив дека нема потреба и двајцата со мм да расшетуваме натаму наваму по собите и на крај двајцата ненаспани, па синоќа прибрав перницата и јорганот на креветот во детска. Он барем да отспие, треба да мисли/работи...јас и како мува без глава да одам од соба во соба нема гршките поради умор да ме коштаат икс евра.

    Денеска ќе иде жената што чисти. Затоа јас вчера морав дете да пратам кај баба за едно добри 8 часа да пуштам 4 машини и спружирам, уште толку да испеглам, да раскренам алиштата по плакарите и нешто да преуредам, да раскренам хаосот кој остана од викендот во игротека и се од по собите да вратам на свое место. Денес ме чекаат уште три машини, вчера немаше веќе место како да спружирам (facepalm).

    Викендите се страшно напорни. Море од петок, порано кога ги земаме од градинка, па до недела вечер е турбо.
    Три дена нефатено ништо, само се трупаат алишта и се расфрла а никако да се раскрене, резултатот во понеделник е шок. Кај нас викендите се целосно псоветени на децата бидејќи со три не е ни изводливо да речам ај вие шетајте јас да чистам. Од една страна не сакам да ги пропуштам единствените моменти кога сме сите на купче, од друга и да сакам нема да се снајде сам со сите три, па и надвор.

    После неспиењето кое го имав предходната вечер, вчера рмбањето, синоќешното неспиење...сум буквално како да ме прегазил воз.
    А деца машала енергија за извоз. Влеваат низ врата од градинка и како на норма за олимпијада сме.:worried:.


    Доста кукав. Малку поведри теми. Да го избркаме дождов и лето иде :sun:

    @orhideea убав помин. Сигурна сум едвај чекате.

    ЈАс сонувам за едно селце во Аустрија. Случајно го најдов, може ништо посебно, ама ептен ми се допадна. Поради морбилине ми е страв да одиме МАкедонија, па на жалост ништо од одморот таму, но се надевам на една недела некаде во комшии да истераме одмор.

    За нареден голем одмор Малидиви е веќе одобрено од мм:tmi:. Само рече не годинава, доста ми било на Карибите, да не претерувам :rofl:.

    Вчера на интернет страна на Лидл нарачав слики од децава. Три на дрвена плоча(прв пат нарачувам, се надевам не ме прелажаа:tmi:), две како на платно, два постери и многу мали обични.
    Детската на големата ја преуредувам, ставивме масичка и столче, па сакам и нејзини слики да ставам на зидовите. Стасаа и сликите од фото сесијата со сите три заедно.

    Најубави на мајка:inlove::tmi::D

    @Nenna97 не е секогаш поради парите. Некои сакаат да влијаат позитивно на зачувување на животната средина на пример. Искрено тоа е сто пати понапорно. Алал нека им е како успеваат плус кон сета работа за и околу дете и со перење/спружирање/пеглање да се занимаваат. НАшево е практично, брзо, лесно, едноставно....а тоа богами не е.

    Дете се буни. Доста ми беше пауза.
    Убав ден на сите:coffee:
     
    На Mari*, marchi-cool, galapce и 23 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.550
    Еден куп, уште чекам резултати. Не ни знам кои, докторката знае тоа, видов само колу 10тина беа.
    Мое прво сеќавање од детство ми е како мајка ми ме тепа оти ќе ме згазеше кола. Имав 3 години. Она бесна на ситуацијата, јас си го обрав. Јас затоа на ќерка ми застанувањето да помине кола и пазењето да не оди на улица без мене и го направив игра. Кој прв ќе ја види колата да застане на страна. И засега е успешно.
    Си купувам постелнини 2 единечни, а башка долен чаршав голем, плус 2 навлаки други. Ние спиеме со башка јоргани и вака ми е најисплатливо. Серга пердиеа барам за спална.
    Наводно, поевтини се, ама ужасно непрактични. Нека се породи па ќе смени став за 2 дена. Треба да ги пере на 90ка - скапо е, треба да ги пегла - скапо е, и нема да има при рака секогаш. Плус рани од пелените па треба креми, скапо е.
     
    На Girl-Rabbit, Chantal, elcezelce и 7 други им се допаѓа ова.
  16. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден, јас веќе едвај чекам да заврши..Најубав дел ми е кога си легнуваме навечер со малата, се гушкаме на спална и заспиваме заедно :inlove: Јас додуша пред неа заспивам сега:D
    Чекам пауза, да одам да земам нешто за јадење, многу повеќе ми се лоши кога сум гладна, а и од помислата на храна ми се лоши, ела најди ми го крајот. Мм ми вели не можам да те гледам ваква безволна, а каква да бидам...
    Ручек немам направено од саботата во недела сме секогаш кај мајка, а од понеделник до петок за малата готви свеки ние двајца крпиме. Не бев ваква, ама стварно не можам откако ќе се вратам од работа да готвам, тогаш ми се најголеми мачнините и кулуминираат околу 9 саат кога легнувам и не можам да мрднам од што ми е лошо. Бројам денови, уби ме монотонија :tmi:
    Мм вика за продолжен викенд, сакам, ама страв ми е од патувањето.Најдобро е дома да си седам.
    Пелени за перење никако не можам да сфатам да користи некој освен некој на кој денот му трае 72 часа:^) Исклучок се оние деца на кои газето им се разранува од памперс. Гледам сега нешто актуелни се и на фб продаваат, доста скапи.
    Туку јас се спремам скроз да баталиме пелени, да се стопли за некој ден и ваѓам, се надевам ќе успееме!:)
    Поздрав, дојде пауза, одам по манџата:D
     
    На Mari*, Ano, Chantal и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Здраво, да запишам и јас денес некој ред.

    Ова мое дете во последно време ме полудува, но нели таа е детенце јас сум мајка и нормално е да е така.
    Вчера ја изнесов во повторен обид да купиме чевли за на свадба и замислете пак не купивме, со маж и дете се извозивме и до соседниот град и пак ништо. Растењето и осознавањето нови работи си го прави своето, а таа миленица галеница насекаде па и тоа си зема данок. Страшно се нервирам кога не ме слуша, посебно кога сме излезени. Вчера во еден дуќан на едни сандалки им ја извади машничката, во друг дуќан ги истурка споловина чевлички од рафтот и таа ќе ги редела, јас зборувам, смирено смирено море едно време како ме изнервира средив нередот и ја извадив од дуќан, малку ја искарав, па и објаснив дека такво однесување не во ред, она гајле нема, па ја молам ајде дојди да пробаш ајде ајде, па мм се изнервира и вика ајде правец дома! И така не купивме чевли, како ли ќе се оди на свадба кој знае. Планирам после една лекциичка да и одржам па да видиме, вечерта како попче си се качи во спална ни ош ни беш.
    Не сакам искрено на спиење да оди искарана и нервозна, но ете.
    Размислувам и понекогаш се доживувам како најлоша мајка, мајка која знае да подвикне, мајка која знае и да плесне по пелена, но ме нервира моментот кога она ме игнорира и не ме слуша воопшто што и зборувам, таа си се труди да го постигне тоа што таа намислила.
    Од друга страна јас сум пре пре напната, со мал милион проблеми, па стресот го рефлектирам на најслабата карика, скроз погрешно. Таа е само дете кое сака да си игра, кое не е свесно за ризици и што би било кога би било.
    Од друга страна нека е здрава и жива јас ќе се борам со себе си и прашањата дали правилно постапувам, дали сум погрешила и да по милионити пат навечер кога ќе заспиеш малечко ќе ти се извинам што сум те искарала и што сум била лоша мама.
     
    На Mari*, Ano, Chantal и 12 други им се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.737
    Пол:
    Женски
    Те читам и си мислам, јас сум значи најлошата мајка на свет, плескам и тоа ич не ми е мака. Некни кога ми избега на улица среде коли му оставив раче на образот, во моментот бев избезумена. Може не сум во право, ама кај мене воспитуваат многу луѓе, додека одеше по мое беше дете за пример, ама почна да станува галениче бабино, дедино, тетино, татино и одма смени, трча, се кара, се лути, на улица ми бега од рака... После неколку пати воспитна по газе и еднаш ете шамарче што лепнав, сега пак оди до мене за рака, не се пушта, паметно до бескрај. Верувам пак ќе смени, уште сто пати, ама кога само јас воспитувам немоќна сум многу пати. Сега веќе почнува да се разбира од збор па се помалку се плескаме по газе, од мене искрено има страв и повеќе пази, ама го гледам се повеќе без мене не мрда, се воспитуваме веќе, се учиме на навики, на правила и восприема, така да мислам дека се е дел од нивното растење. Така да Сарче ич не си лоша мајка, само му посакуваш на детето добро и не сакаш да е лошо воспитано.

    Немам време да пишувам многу, само да ве поздравам, капната сум. На работа со странки ден, главата ми чури, немам ручек, дома ми е хаос, сакам викендов кај мама... Тоа е тоа!
     
    На marchi-cool, sofi2107, Spidy и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.161
    Пол:
    Женски
    Јас еве скоро 4год ќе прави никогаш не сум ја удрила ни по газ плеснала,само карам.
    А мм знае да ја плесне по газ и мене тоа во моментот мн ме лути и знам да му се развикам.
    Далеку од тоа дека сум совршена или дека тие шо плескаат се лоши ама ете таква сум и како мала јас никогаш не сум била удрена од родител додека за брат ми памтам мајка ми со папуча како го има бркано.
     
    На Chantal, TutiFuti, Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Уклучив лап - топ, после долго време.
    Бебе денес умно, за разлика од вчера, кога за малце не легнав до нејзе и јас да си поплачам и покенкам.
    Не знам што и беше.
    Како да ми е лута што иде во градинка, после градинка дури не ме ни погледнува, не ми се ни радува кога ќе ја зимам.
    Мртва ладна е.
    Ама па поспана е многу.
    Ми заспива одма, како рефреш и е спиењето - 20 - 30 минути и оп старото бебе се враќа.
    Весељакот мој.
    Вчера додуше и јас бев вознемирена.
    Ми идеше да кренам раце од се, преморена сум, искилавена, гладна, жедна.
    Некогаш немам сила да си земам чаша вода/сок кога сум сама.
    Дур да решам, бебе станало и си седам жедна.
    Многу ми е напорно сама.
    Ама многу.
    Сфатив дека правам работи што некој да ми ги кажуваше дека сама ќе треба се ова да го поминувам, ќе речев „не можам тоа јас сама“.
    Ама ете, можело.
    И дете успано да го кренеш со се транспортер, и да возиш, и да пееш, и да дадеш да се напие вода, и да стасаш прва смена на доктор за да ти отвори боловање, работа од 2 минути, а да чекаш пола саат. Па на бебе, не му се чекало.
    Ахх...
    Супермен. Ма каков мен. Вомен.
    Маж ми би се срушил со ова темпо до 8 и 30 сабајле.
    А тек па цел ден, до 8 и 30 вечер.
    Рака на срце, прави се како мене кога ќе дојде од работа.
    Ама најчесто правиме заедно.
    Па неговите 3 - 4 саати дружба со бебе се весели и разиграни.
    Накај 16:30, 17:00 станува од спиење, тој тогаш доаѓа и го фаќа најубавото од бебка.
    За викенд кога шетаме, се жали колку е уморен уште во 15ч. и знам да му вратам дека мене секој ден ми е таков и дека преку недела се правам сама. И сама пакувам количка у гепек, и сама ја местам у транспортер, сама ја играм и и пеам додека возам, во кафич ако заплаче сама ја кревам и пијам кафе плус. А он се жали и кога тоа го правиме двајца.
    Сама правам ручек, доручек, сама мијам садови (едвај чекам да ми ја поврзат машината за садови, зашто се осеќам ко садоперачка). Сама успивам бебе.
    Значи ја можам и сама, он за викенди ми е гратис. И пак него му е тешко. Абе ај.
    Рамноправни - жими такво.
     
    На kukla21, Mari*, Milaаа991 и 24 други им се допаѓа ова.