1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    20.854
    Пол:
    Женски
    добро утро,уживам во кафе на тераса а дете јаде леб и путер.Е тоа ни е менито за доручек/вечера.Ме разбуди уште од 5:30,сум заборавила ролетни да спуштам.
    За ручек кременадли+комир печен..Панирам да подфатам низ дома,после до пазар да претрчам сакам малини да купам за јадење а и замрзивач.И тиквици.Сум открила еден супер рецепт со тиквици што може и ладно да се јаде,ко за на работа.
    Една недела што скратив на чипс навечер,си се вратив стара килажа и даска стомак.Ама скратив и нетфликс,некако се засиитив.
    Вчера резервиравме одмор,Сабајлево коа станав се мислам да откажан,малце е глупава терасата.Заедничка е а на таа цена мислам подобро може.
    Тоа мајки,да видам што има по другиве теми;)
     
    На Kaetana, Seline, karibian и 14 други им се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    33.237
    Пол:
    Женски
    Кога работите течат како што треба,секогаш тука е Марфи да поремети се.Овие два дена мм си иди во 6 од работа а и денеска е( немало работници).
    Дете од вчера со болно грло , растечен нос,кашла и има некоја блага тт.Ама да не си рајат....

    Па и мм три дена навечер во исто време го боли желудникот и повраќа.Бетар од дете е...не сака да одиме на доктор.Да оздравел дете,па ќе одел.


    Вујко ми не викна на ручек,мислев да не одам заради дете дека е лигав сега, ама не можам веќе ќе експлодирам дома.

    Ништо не кажам,само се пожалив но ми олесна.

    Имајте убав викенд со вашите сакани.
     
    На Kaetana, Seline, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Женски не ми се ризикува со мало дете, а и не сме луѓе кои ќе одат на лице место да бараат, си сакаме сигурност. Не е Халкидики онде на 2 саата од граница па да се вратиме, далечку е. Најдовме пристоен ефтин престој, се надевам не е лош на лице место. Прв пат одиме.

    Денес имаме на план авантура, со синко и кума и кумче. Во моментов се спремам и тргаме. Ем деца ќе провозиме со автобус, ем ние ќе си завршиме работа, ем ќе прошетаме.

    Убав ден!
     
    На Kaetana, elcezelce, emkaemka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    и јас се укчучив да прочитам така набрзина што е како е си викам имало тука и тажни момети па така си се нажалив и јас си поплакав...
    така се нажалив на претходната страна сега да си поплачам и со коментаров на сара. Јас одсекогаш сум издржувала,ќе си поплачам колку да ми олесни на душа за да соберам сила и памет за решавање на маките ама одкако станав мајка.... Мислам дека поголема плачка и паничар од мене нема. Кога дете ќе паднело раскрвавено дали да останам смирена или од страв паника да се изнапиштам изнавикам... Поизраснав едно детр викам ах фала богу ама нема шанси за друго. Јас да не спијам со ноќи да се тресам тоа да е болно... НЕ! ама не било така. Што знам да можам уште 2 ќе родам. Да тешко е подигнувањето одгледувањето воспитувањето одржувањето ред... Ама дете си е дете а ние сме чуда од луѓе и невероватно е што се можеме да издржиме.
    немој женооо!!! Златна ли е таа книга од 1000 ден? Има апликација симни ја прашувај педијатри барај совети веќе ако немаш идеи околу бебешка храна. Јас за таква книга не би дала толку пари.

    Е сега јас за мене заборавив што сакав да кажам читајќи ве вас. (facepalm)
    Сакав денес да поспијам цела недела од 5 станувам за на работа,идам во 2ипол и веќе вчера во автобус сум задремала,кога стасав дома на синко само му реков седни сам да јадеш и ја допрев перницата и заспав. Толку,кома. реков вечер порано ќе легнам и сабајлево покасно ќе станам ама ништо,пак ранобудна од навика. Да издржам уште околу 2 недели на работа после земам одмор и отварам породилно и веќе конечно да се изнаспијам ако е можно и 10 месеци ќе одмарам" дома. Синко спие ли спие синојќа се каравме не сакаше компјутер да исклучи а седеше дури до после 00:00 сатот. Ама ајде ввикенд е ионака нека спие колку сака. Барем кафето раат си го испив. :lol: денес ќе средувам ќе чистам колку што се може. Преку недела тешко ми оди таа работа,само основното го работам,толку ми е силата.
     
    На minneymouse82, Kaetana, karibian и 8 други им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    Нема таму лош смештај се е нови вили
    Кој град?
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Ако денес од 10 до 12 сте биле на плоштад и сте виделе две разулавени дечиња и две очајни мајки да ги смират на потег Сакам книги книжарница - Краш - Фонтаната Ацо - Бела Виста ресторанот, јас бев во таа група, односно едната мајка бев јас а едното дете синко мајкин. Ми идеше да го спакувам во торба и дома да го однесам, да нема шанси повеќе будалаштини да ми направи. Ме сотре! Мислам дека во Бела Виста едвај чекаа да си одиме, столчињата ми е срам да кажам какви ги остаивме. Срамотилаци! Дур не наполни 18г не седнувам со него во ресторан! Па со на кумата тоа дабетер побесно до Холидеј ин шпринт фатија, трчаат, улавеат, што праи кумчево моето повторува. Ги жалам останатите гости, искрено се срамам! Реков ќе биде авантура и баш беше авантура, ама не забавна!

    Битно си ги купив книгите што ги сакав, си поминав едно сабајле малку поинакво од тоа дома кога сум седела цело време и не сум мрдала од дома, стигнав на време ручек да ставам и да средам кујна, остатокот може и утре. Може само уште купатило да зачистам оти ми мириса од на мм незгодата некни со цревото од машината, и после ќе се одмара ако остави синче, ако не стане веднаш. Маж е на работа, после ручек ќе одиме до кај сестра ми да го видиме кутрето ново, мада синче се плаши и не знам како ќе биде, ама ќе пробаме.

    Пмс ме дрма опасен, после ќе одам да земам некои витамиски за смирување, бедоксин не ми помага, нешто појако ама пак на природна база. Ненаспана, неодморена, напната, се мачи да пробие, се карам со сите, се си ставам на срце и само плачката ми е на нос... А може па и да не добијам, на маж ко да му се згреши еднаш ама нејќеше да признае :wasntme: Искрено дајбоже, ама тешко таа работа, ние без пазење едвај го напраивме првово, па за со пазење тешко второто. Да подослабев уште малкуцка, бар до 80 да дојдам па да не му ја мислам. Од утре ќе почнам поригорозно со исхраната, лебот го исфрлив ама и тој сладолед чат пат ќе го исфрлам.

    Уплативме одмор и бидејќи јас бирав се си мислам мана ќе ми најдат. Да не избрзав, се мислам. Ама па со цена е преефтино, ваљда не е некоја шупа. Многу сакав ваму да идеме, ама ептен, мислам дека ќе ни се погоди. Од неидење или размислување синоќа резервиравме :D Сега останува да почнеме да спремаме куферите. Мака ми е што нема да одам кј мајка малце ама па тоа е, ќе одам за мојот роденден можеби, ќе ги почастам некаде надвор јадење. Ќе видиме, здравје.

    Ајде дур не станал дрвен господ, така викаше баба ми за некој човек што е многу лош, да заврќам купатило па да се спружам со новата книга ;) Убав ден!
     
    На elcezelce, Coco31, minneymouse82 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Ксамил, на плажа ќе сме. Не е скапо стварно, рачунавме искача по 12ипол евра од ноќевање, што мислам не е воопшто скапо.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Добар ден мајки.

    Користам одмор додека деца одмараат.

    Што да кажам, глава не кренавме од средата. Операцијата помина добро, после два часа не пуштија дома, ама дома средното дома со 39.5 не чекаше.

    Ај она што цел ден и цела ноќ де качува де симнува од средата тт, и големата од четвртокот е со тт.
    Ни дење сме одморени ни ноќе наспани.
    Ќе дадам чепче, ќе падне после 1-2 часа, после лудуваат 2-3 часа, потоа ќе почне пак да се качува и за неколку часа пак 39.5, па пак чепче, па пак надоле, ќе се видат подобри лудуваат...се до наредно.
    Сега ја фати големата и пролив и грчеви во стомак. Се смири, се надевам дека нема да се повтори.
    Најмалото е по цел ден кај свекрва ми, страв ми е да не ја префати и и нејзе.
    Леле деца дофатиле некој кармин, како џокер се нашлакани:worried:
    Убав ден кај сите. Ја би коктел или вино. Цела флаша најарно:x:rofl:
     
    На galapce, Monella, friendy и 18 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    у Ксамил сместај на плажа не постое
    сето е улички
    може е близу плажа а на плажа нема такво е местото плажите идат како нанадоле
    како и да е убав помин
    спремај си парички за лежалки едино нешто што е скапо
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    12.948
    Пол:
    Женски
    Да ве поздравам дур не сум заспала, станати сме од 6:30. А колку покасно заспа од обично. Ништо ново, колку пати и во 5 е спремен за играње. ;(
    Некако слабо темава, сигурно сите фативте по одмори. :) Ако, само за убо да е, одмор секогаш треба.
    Нашиот одмор годинава помина. Море колку за 5 одмори испотрошивме, ама не се жалам, вредеа и парите и толкав пат. :)
    Да частам по некоја пијачка за новите пенџери. :beer::beer::d::d::coffee: А јас и дете цел ден кај мајка на поседок, пресреќни беа. :inlove:
    Уште тој трошок ни требаше покрај многуте периодов, ама маж запна и крај. Ај то, допрва уште колку имаме за средување, па молерај, па преместување по собите леле не сакам да мислам. (facepalm) Јас пак мислев готово до Илинден ќе сме средени тип-топ.:wasntme: Невозможна мисија е знам ама здравје сеа то е.
    Детево мое конечно прв пат заспа без цуцла. :party: Вчера му купив нови, исти ко тие шо ги имаше ама друга боја. Е ама не ги сака. Си викам ко така сега ми е шанса да ги откажиме, веќе мислам голем е 21 месец. Еднаш заспа, па се разбуди умот во нив му остана. Ми вика "мама кај се другите цуциња, оние не сакам". Си викам не попуштам сега решив да не му давам. Ај го излажав, заспа и сега држам среќа да не стане среде ноќ со драми за цуцлите. (fingers) Ам си викам поубо сега, дур се роди другово тамам има време ќе се одвикне, па ваљда нема да му ги зема. Се надевам. :wasntme: Ако не, и него не му давам и решен проблем. :lol:
    Денес излеговме со сестра ми, си седнавме на раат в ресторан, моево прво мирно и наеднаш почна да се глупира па внучево го гледа и запаѓа од смеење. Душа е најмила, секогаш насмеано детуле. Освен ко ќе не ја гледа мајка му. Е тогаш алармот го пушта. :rofl: Мислам дека мајка ми отсекогаш го чекала овој момент да и речи "е и ти иста вака беше да видиш како е" :rofl:
    Важно убо поминавме, не ме тераше да го носам в раце, примерно дете. :angel: Ама и јас го кревам жал ми е иако е претежок, умот не ми идат. И после ме болело стомакот, половината. Нормално, како сакам јас. Плус стомаков тежи, ова внатре тропа дека му тежиме и така во круг. :D
    Одам да се истуширам набрзина и да легнам зш 6:30 ене кај е, после ќе се жалам ненаспана. :wasntme:
    Ај добра ноќ :hug:
     
    На Makedonka007, Monella, elcezelce и 14 други им се допаѓа ова.
  11. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.247
    Допаѓања:
    7.976
    Пол:
    Женски
    Da te predupredam patot e mnogu los i opasen na mesta, posebno ako direkt vo Albanija idete ne preku Grcija.
     
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    Има нов автопат сега не е лош туку оно лошо возат
    Сепак со турците неможат:rofl:
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  13. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Уште неможам да сватам како издржа трудна девојка во автобусот кога бевме ние:wasntme:
    Па уште се расипа баш во пустелијата после тој ужасен дел,мислиш во авганистан возиш:D
    Два саати сме се печеле на сонце нит автобус работи нит сенка има:worried:
    Јас би додала само да не бања дете во плитко бидејки ние кога бевме имаше многу алергии од што има многу гужва од деца во плиткото.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    Жени ке не преместат ама ај
    Покрај брег ли возевте шо сте имале лош пат ?
     
  15. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Не тој лош пат што е покрај брег мислам дека е преку грција што се оди.
    Ова е кога се приклучува за до Саранда.
     
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.623
    Допаѓања:
    152.138
    Нема шанси преку грција ти е автопат нон стоп последните 50 км се од границата преку селца и на сплавот
    Значи преку грција е ок патот дирекно на Ксамил идиш фактички одоздоле идиш
     
  17. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Па за таму зборам дека зборат дека и таму бил лош патот дали пред сплавот или после.
    Ама за разлика од другата страна не бил лош.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.294
    Добар ден
    Деца одмараат демек, живи ненаспани сме, па да одморам и јас.
    Од сабајле се прошетаме до болница, колку да немам грижа на совест дека поголем доктор од докторите се правам.

    Како дојдовме така дојдовме. Да луфтираме и ибупрофен. Не ни очекував друго.
    Од четвртокот е со тт која оди и до 40, од вчера јаки грчеви во стомак и пролив.
    Може јас претерувам, ама една крвна слика барем да и направеа, исцрпена е, телото е исцрпено, сепак и оперативен зафат имаше цо средата ....

    Капак на се во ходникот и едно дете со некој осип дојде.
    Не можам да сфатам сеуште како ги пуштаат да шетаат помеѓу другите деца кога се знае дека осип може да биде нешто инфективно.

    Врвот беше, во ходник на две метра од нас го рассоблекоа да ги видат пликовите.
    Е не мора да сум доктор или да имам не знам какво искуство ама тоа е надвор од сите нормални граници.
    Секако потоа итно го однесоа во друга просторија, ние да се молиме дека не е нешто заразно.
    Кога ќе ми текне дека со најмалото, на 40 дена во ходникот го приклучија на едно апаратче За да видат дали доволно воздух зима за да ги издржи x саати чекање во ходник, не па ова.

    Секој пат сум се поразочарана и поразочарана од овие болници.
    Се надевам наредно одење ни е август-септември кај нејзините специјалисти за годишните контроли.
    Последно ни рекоа после 10 години, кога медицината ќе биде понапред, ќе направеле уште некое испитување.
    Сега се било супер. А не е. Само се потврдува дека они во погрешен правец бараат.
    Започнав со испитувања во друга болница, не донесе некои резултати.
    Сега сме во трета. Некако овој доктор ми влева највеќе доверба, посветен, па ќе видиме. На жалост морам и понатаму во првата, многу документи и градинката ни се поврзани со нивните проценки, без нив не може да добие некои поволности...и така.
    Да нема вистинска мака човек. Тогаш ќе види дека не е секаде се розе и дека никој систем не е совршен. Колку покомплициран случај толку повеќе те бутаат во некоја сива зона.

    Се тешам со има бетер.
    Болна реалност кога е здравјето на детето во прашање и си целосно немоќен и наместо она има бетер не можеп најдоброто да го пружиш.

    Да не се почнам со негативна енергија, доста тековни проблеми си имам.
    Средното е добро. Од вчера нема тт. Очекував да се подобри и кај големата, ама ете, организмот послаб и се влошува. Најмалото е кај свекрва ми по цел ден за да не го прифати.
    Фала и на жената. Сфатив дека многу свекрва се слични, не е само мојава арна. Ама за работите за кои некои се жалат јас едноставно викам фала.
    Некогаш и до нашата перцепција и очекувања е, бе до луѓето.
    Денес е на свекор ми роденден, ќе дојдат на кафе покасно.
    Нека мине денов...
     
    Последна измена: 14 јули 2019
    На galapce, Makedonka007, Monella и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Не дека му фалам на некој ама ете после долго време да пишам и јас.
    Ми се расипа лап топот, телефон кријам од дете и се поретко читам.
    А и пишувањето на телефон ми оди на нерви посебно кога имам нокти:D
    Ние сме ок фала му на Господ, има денови кога се оди по ѓаволите, има денови кога уживаме вистински. Тоа е животот секогаш нови предизвици.
    Дете како дете, расне и секој ден се поразлична и поголема е. Мудрува, итроштини смислува, само во игање и е паметот. Сега е на распуст од градинка па секој ден нова занимација смислуваме. За градинка не ми се зборува оти колку што неа и се оди, толку јас посакувам да ги пријавам некаде оти воопшто не внимаваат на децата. Тие никогаш не знаат што се случило, па каде сте ги прашувам, кој ги гледа децата кога сите се заедно. Секогаш имаат некој изговор.
    Се спремаме од среда натака на еден мини одмор па во август здравје турнеја до Мк.
    Тоа е тоа, поздрав и само убавини на сите.
     
    На Makedonka007, elcezelce, eli25 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.629
    Допаѓања:
    104.399
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки :hai:

    Сахара си замина, ама не знам кој дојде, сепак времево не е со сите ]:)
    Таман сковав план кај да шетаме на некој ден и да се пробањаме и се падна у вода :envy:
    Ај има уште време, па може ипак ќе пукне сонце и ќе опече 40ка па ќе пикнам алишта у куфери и на пат :sweat:
    Уствари мислам мм се спремаше со мотор да иде :wasntme:

    Пред некој ден само што запра дождот и ај као до продавница да идеме, ама јас викам со кола, мм вика не бе брзо ќе си дојдеме.
    И ме убеди, која грешка :@
    Бебе се фати сака сладолед и ај као ќе идеме и он ќе си зима сладолед од чашка, аха да.
    Искачаме врме, викам да преврне да причекаме, мм не ќе претрчаме.
    Пак ме убеди, која грешка :@
    До пола пат врнеше, ама од пола кофи вода истураа по нас, абе до гаќи бевме мокри :envy:
    Плус бебе рика, јас мислев од дождот, ама викам зошто би има он барем капче не му иде у очи, а тоа да ти било оти сме му го земале чашчето со сладолед, он ипак би си идел и јадел по дождот. Па стигаме на трем и он мафта со лажичката и рика :rofl:

    Мм е преразочаран со времево, неможе да вози моторот :smirk:
    Ама затоа еве се шуља со пушка у двор и лови врапци (facepalm) леле колку ми е срам од моментов, како нетокму ми изгледа, па му викам барем иди отпозади куќа, што се вртиш тука испред :smirk:
    Мислам некој си поминува по улицава, која патем е прометна и авробуси минуваат и све и здогледуваат маж со пушка у раце како шпарта :rock:
    Да бевме на запад ќе го пријавеа до сега 100пати, па и казна ќе си ,,јадеше,, ама.. :@
    Барем да пука бе, он па и повеќе се шуља и фали као види ме, него ли што има мети и пука :rofl:

    Неколку вечери по ред си гледаме филмови, епа вчера беше врвот, поглуп не можеше да биде, почна и заврши и ништо не се деси. Као бараа плави дијаманти и ни дијамант, ни брилијант се најде :smirk:
    Ама затоа прошла вечер гледавме еден со ајкули и Статам :inlove:

    Пред некој де се изненадив сама од себеси кое шофериште сум била :o
    Дека голема кола, па се мислам некој ќе акнам и негде нема да минам, па се си бирам големи паркинзи и улици.
    Е ама со бебе и проросува, па и касниме на термин, немав опција да оставам кола, па да идеме пешки или такси. Термин ми најдоа денес, за утре, па не идеше да каснам повеќе од 5минути :smirk:
    И ајде влегов по уличките, уствари и таму беше паркинг ама секој остава кола кај ќе стигне.
    За чудо најдов и место, малку тесно и збутано ама ОК, среќна, пресреќна дека нема да касниме :D
    Завршивме со терминот, се враќам и некој дотичен се паркирал на 2м зад мене, друг ме заградил за да можам рикверц па право да идам и се повртив и проценив дека рикверц до крај по цело уличе ќе можам некако да искочам :sweat:
    Мислам дека минував на 2см од колите паркирани лево-десно, па која повеќе штрчи, која помалку, ама успеав бе :party:
    Троа се препотив, но видов дека сум можела :rofl:
    Абе супер беше и дури работеа сензорите, но се распипаа и никако да се најде кандидат да ги смени (lalala)

    Ич нејќам да се ,,мачам,, дури возам, пре си бирам големи улици и паркинзи, ама ич не сум тип што сака да се замара со ,,кај да ја оставам колата,, или ,,дали од другата страна кола ќе ми искочи, па ќе треба да се враќам и бутам,, :emo:

    Погоре спомнавте и за барање смештај на лице место.
    Е не сум јас/ние тој тип, абе не ни сакам да се дискутира каде да барам, што да барам, а море е пред мене. Тоа се гледа од дома :D
    Нека е поевтино, бирам да платам плус ама да немам такви заебанции, па и мм колку е нерва.. аууу не можам јас тоа да поднесам и да ми расипе ден, а можеби и два :shake:
    Фино ни е и со резервирано се, па на навигација ќе пишеме хотелот и ќе не однесе до таму :D

    Туку вчера го продадов креветчето на бебе :party:
    Кое ослободување на простор у спална :rofl:
    А може и музичката вртелешка ќе им ја шитнам (fingers) уствари може и бебе ќе си добие имењак, не знаат како да го крстат бебето, а името на бебе мое им се бендиса, па им викам ете ви име :l:

    Со мм уште го врриме муабетот дека ние сме од групата ,,прости,, и се купуваат ново за бебе, а вистина по огласите има нови, ептен сочувани ствари. Што пари дадовме на сва и свашта, за да сега ги продадам по упола, па и минус цена.
    Вчера ме прашува и жената зошто толку евтино го давам, а е ново, викам зошто сакам да го продадам, не сакам да дреме, нека спие некое бебче внатре, не ми е за парите, ама решив не поклонувам.
    Оно се мислам да треба ние пак би купиле се ново :^) а еве продавам и очекувам да ми веруваат дека е чисто, сочувано, со мерак и убавина дадено :smirk:

    Еден маж, една недела ми скршна план пумпата да му ја продадам, мислам ќе идев накај Центар јас, но не со пумпа и да ,,губев,, 15минути :D Ми се јави кога го облакав бебе и да искачаме и само имав време да прегледам дали сите делови се во кутијата, не успеав ни пак да ја стерилизирам, се изедов :(
    А жена му имала мака со градите, бебче 3дена и зорт..
    Не беше ни нешто користена, под гаранција е и сеуште, но ипак нешто толку интимно не би можела јас да ставам на свои гради :^) не знам дали е до мене, ама не бре, не би можела шубе би ми било :wasntme:

    Секако го испратив со абер да ја измие со фрош за бебе и попарат со топла вода пред да употребуваат, стерилизатор рекоа немаат :smirk:

    Со парите од продажбиве со ниет бев трамболина на бебе да купам, ама ортопедот ме замисли :smirk:
    Она рече може, но со ограничување да скока, не повеќе од 1ч во денот и строго под надзор, а јас сакав у ходник или кај него у соба да ја ставам, као занимација за зима, ама не знам..
    Има време до есен, ќе размислам :o:

    Уствари уште од сега се чудам што ќе правиме кога ќе е лошо времето, нека е ладно, но со дожд и ветер нема играчка. Бебево си има ритуал на шетање и нема шанси да го додржиш у соба, ма ни со цртани и лижавчиња се лаже :smirk: иде и отвара врата, ако не успее рика, ми зима рака и ме носи до врата, море пробува и да се прекачи преку ограда :D
    Скраја да е да успее :x

    После ваљда ќе се шета, ваљда нема да врне |(

    Денес као на ручек, скара кај светковци, но они решиле да јадат у 15ч, а знаат дека тогаш бебе спие, па не знам како очекуваа да јадеме заедно..
    Може ќе добиеме ланч пакет, а може и ќе треба да спржам нешто, а опција е и надвор да се касне, у секој случај гладни не ќе останеме :D

    Убав ден, да будам бебе, да го наручам, па ќе се пуштаме у поход (poolparty)

    Гушкајте се :hug:
     
    На orhideea, Lolipop23, elcezelce и 16 други им се допаѓа ова.