Морам да ги пофалам сите околу, откако сум породена, скоро месец, еден не рекол, вака или онака. Доаѓаат сите на пола саат, ќе го подржат, и по дома. Ние се сами. Бањање, цицање на раат и галење, спиење навечер. Бебе е умен и кроток, освен грчевите, ама ставаме топло термофорче и дуваме со фен во мешето инстант се смирува. Сака гости и луѓе гласно да зборуваат одма заспива. И сите го држат. Обожава, посебно кај дедовците. Јас штом имам време да се издепилирам, налакирам, да одам веѓи да направам и секој ден по половина час да се луфтирам сама до маркет, значи умен е. Сега си имам друштво секогаш, си седнувам на кафе, бебо спие, јас само дома да не сум. Уште со килажава да средиме, добро ќе биде. Многу алишта ќе ми останат необлечени Мислам дека се поправам. Дојам и гладна сум и жедна. Не се гордеам со апетитот ама ми е на ниво-хамбургер од 7-ца + сладолед и таман да бидам.
Zdravo majki Eve sme doma so Cerki, mm otide do trgovski da zema podarok za svekor utre ima rodenden. Malata ne è bas dobra posle nedela Dena od vakcina I nerva I se caki Mala tt, nisto ne saka edvaj sede edvaj leze Vcera mal Krug do trgovski oti vrnese pa Demek da se setnat malce ama malata ne bese bas dobra I si dojdovme doma. Gi ima Dosta popusti pa se nadevam naredna nedela ke idam da Vidam nesto da se podnovam 3 nedeli do idejne za Mak a nie PolaPlata ja potrosivme, mleko pampers pa za jadejne pienje zdravje prvin neli Tuku 2 meseci kako ocite me bolat, przat, crveni,mi Dade edni kapki maticnata ama ne Pomina da idam ke treba pak da vidime sto dali e I alergija oti I nosov mi rece dali sto Otidov da spremam nekoi knigi guski do site
дете најадено,ама и јас.После пладневна дремка,го изнесов во паркчево па до тинекс.Од тинекс обавезно си зима лижавче.Ич ме ми е мерак,ама се додека го држи само во рака и се радува имам лижавче ок е Дома коа доаѓаме,го заборава.Маж во меѓувреме палачинки направил.Па тоа и му беше вечера на дете со какао. А за стварите на дете,и мене мн ми остана неискористени реквизити,од типот креветче,џампер само месец користевме,кенгур,оградица...А се на ново си купив.Многу ми беше мерак. И сега алишта се си му купувам,мерак ми е. И се си чувам,со надеж дека ке си добие братче или сестеиче еден ден.А ако не,тогаш ке ги оставам во наследство на брат ми.Он има предност,иако има веќе бебиња на поидок. @emkaemka коа спомна дека све продаваш,помислив на свадбарите,може па ке донесат некое бејби од ханимунот,што не чуваш нешто за нив... Ова само идеја,да не бидам сфатена погрешно дека солам памет. Одам да бањам дете и полека на спиење. Лесен понеделник утре!
Сум пишала, ништо лично за никого, најмалку за сестра, но одлучивме да продадеме, а не поклониме Гледавме филм, за нијанса поарен од тој вчера, барем заврши и свативме нешто Сега се мислиме дали втор да се пушти, утре мм нема да иде рано на работа Изедов полно чинивче пудинг и сега ми е тешко Бебе уште реди коцки и шутира со топка Уствари моментално едно топче му пика на мм под маица, па бар од напред труден да го праеше, он од зад грб му го става Го фати склет, стомаче мислам го болеше, наполни и неколку пелени, ама мислам се е у реду сега па ќе се предаде Како за недела ептен легачиски ден, не ни шетавме некаде, не мрзеше, низ двор само роваревме. Ама и роварењево ни преседна, меѓу другото бебе брцна рака у кофа со масло за мотор Миј, триј, едвај престана да му ,,лизга,, рачето, ама уште смрди
Добро вечер мајки Денес малку по напорен ден, малку чистење па прошетка. Барем ручекот беше од маже, супер беше со оглед на тоа дека многу ме готви, но барем и тоа малку со мерак го прави. Бебе е во некој си скок. Никако оставање, стално во раце и за играње и за спање, а да биде полошо си превртев жила на ногата. Кажав ја прошетавме малата, ама во количка никако, она во раце, количка празна. Сакав со кенгурот, но дуваше доста ветер и пак исто ми дојде. Сега стигнавме малку да седнеме со маже и да одмориме и да се разладиме со лубеница. Бујрум кој е за. Август ќе биде голем месец за нас, ќе правиме крштенка, а потоа на одмор. Убаво ќе го олесниме џебот за 1000е, али тоа што е, со мерак ќе бидат дадени. Само се да биде во ред. Се надевам дека веќе нема да има невреме во Грција,да се одмориме убаво после 3г. седење дома.
Утро. Обожавам кога вака наутро ќе се напијам кафе сама во тишина, непроценлив ми е овој мир ваков. Мали спие за два дена ќе порасне дечкото мајкин 3 години колку брзо си летнаа. А тој абер нема да се смири се само нешто бара да му се докупи тоа го немал тоа го немал. Е неќе да може веќе. Торта решив готова ќе земам тука има убава турска шрпдавноца плус слаткарница прашавме мала тортичка околу 20€ а што ќе ми е поголема? Кога ќе сме само ние тројца барем да ја изедеме. Маж доби унапредување на работа а со тоа и кола му дадоа, ама на синко не смееме да му кажеме кој ќе го слуша дека сака да се вози , ипак тоа е службена кола не приватна. Ама затоа маж рече ќе ми купи тука друга за мене и синко, а нашата доле у Мк ќе ја продал, а колку бевме заљубени со синко што би гп рекол Ацеј има жото(пежо). Викендот ни помина дури да трепнеш, понеделник демек грав ќе варев маж вчера го збореше цел ден ама сум заборавила во вода да го оставам ноќеска да кисне и затоа денеска боранија има да јаде кога ќе дојде. Пошто не ме потсети да ставам вчера или можеше и самиот да го стави . Тоа е до болните дечиња брзо оздравување.
Отишла темава на втората страна Ние се прибравме дома и дождот го донесовме Убаво време поминавме викендов, исполнето и брзо пројде. Од вчера повторно на стари обврски иако мене не ми мења кој ден е, секако сум дома со деца Сакам да си купам од оние сламените ташни ама секаде од 1600-2000 вреди ли? Вие како го поминавте викендов?
Добар ден мајки кралици. Ова времево лудо... ладно како есен да е,си облеков боди и чорапи ми студи.И седам покриена со едно кебенце. Дете уште се мрсулај и кашла,а исто и јас,веќе знајте дека ние одиме во пакет заедно.Овој пат најлесно поминав,еден ден грло ме болеше и сега чат- пат ми протекува носот. Утрово кога станав ми дојде и почна и стомакот и главата да ме боли.Се напив еден магнезиум и еден аналгин,ќе помини.Само .дете нека оздрави што побрзо не можам да го слушам кај што бувта. Сега со мм убаво ќе се видиме дури понеделник,не дека ми дојде,туку ќе биде скапан од работа.Почнаа да монтираат за пиво фест,и секако едно дежурство ќе има,ако не и две. Годинава ќе имало помалку штандови со скара и пиво од минатите год.Му велам подобро за вас помалку работа ќе имате,ама и ова времево ич не му се погоди,се слушнавме сега работеле со кабаници... колку ќе му бидат од корист незнам само да не настине па и дете да го повтори. Прво фест не е тоа што беше пред неколку години,дали дека нас ни е изживеан незнам.Ако времево се опорави ќе излеземе еднаш со дете,ќе оздрави си викам до тогаш.
@Bella* среќна крштевка Резервиравме роденден Сега мислиме аутфит и секако тема Маж се врати на работа,јас уште два дена. Ми здосади без малото,ептен се успа (3 и пол саати веќе ) па варев второ кафе, грицкав сончоглед па и му украдов киндер јајце Ме мачи една работа,се надевам на арно ќе е Времево права есен, синко сабајле го шетав по маичка и тенки пантолончиња, бабите на пазар ми навалија дека ќе го разболам па се изнервирав и отидов во кам испазарував ! Немам батерија инаку уште ќе пишував Убаво попладне
Само да со ги кажам маките. Многу време поминувам со детево,не сум единствена само на форумов не има многу не е тоа причина што бебево е захефтано за мене. Као ќе почнам антицелулитни да правам ајдеее секое врајќање ги наојѓав бебево жар црвено од вриштење,ајде грчевите се,ајде гладно да не е, ајде му недостигав 1 час... и ги прекинав не дека има фајде ама ајде. Му купив количка убава,релаксатор на струја,подлоги,тропалки...џабе ајде малечок е 3 месеци као не разбитал жими тасе,на цимерката што бевме во болница врсници бре да ти е ќејф бебе и во количка си седи и во транспортер и во релаксатор... бебево или спие или вришти како во транс. Дали 1 саат во ден он е расположен,еве до аптека бев иста слика начекав. Муабетов ми е повејќе за мене како јас да се ослободам и да го оставам без грижа на совест,он и со мене си плачи не дека е јагне со мене па на мм,мајка ми и остали му јача но ете како да излезам на свадба макар на 2 саати а да бидам раат?. Па мислам ни на мм не му посветувам внимание буквално ништо. Тотално му сум посветена на син ми и што е најтрагично ни резултати нема барем еве да речам кај мене е мирен...
Ајјјј тенкс мајка,а убаво ја прашав и и кажав дојам ааа нема да користиме лосиони него со уље само бебешко ќе те мачкам. Толку знаат... и онака ги завршив 5 само... си знаел син ми
Добра вечер Падар изигравам и чекам да падне тт кај големата. Јас стварно не знам што вирус ќе беше. Средата до петокот го држеше средното, четвртокот до неделата најголемата. Вчера и денес демек подобра она. Синоќа качи најмалото тт, денес ок цел ден. Вечерва пак и они 39.5 тт. Сега, да легнуваме, најголемата се разбудила, се исповратено околу нејзе, она 40 на рамно. Немам ни алхохол. Маж извади некоја флаша вујче што ни даде, ама вињак да ти било. Ракијата ја измачкавме веќе цела, нема. Маж очаен, вика дај вотка да ставаме . Сакав оцет на стапалата, ама тие ладни. Грб, гради и глава гори. Ќе и поврати сируп, па ставив чепче. А таман си реков добра е, втор ден Без тт, ја повтори. Туширање не иде во комбинација оти на тоа вриштење ќе се разбудат и другите две, а и толку е исцрпена...нема да можеме да ја изнесеме од соба, ќе зајде од плачење. Денес ем и беше контролата кај ушниот. Се добро. За право јас се закарав со тие таму, непрофесионалност на ниво. Страшно. Маж требаше да има заедно со нас термин. Да му дадат некоја справа за да ја приклучува кога спие. После еден час чекање, од вкупно 1 и 45 минути на закажан термин, кажаа дека сме згрешиле, утре му е терминот. А добро го паметам цел муабет. После му се пожалив на докторот и одма ја викна таа. Во очи не гледа и лаже. Кога реков го имам ливчето за терминот, дека не е вистина дека ни е кажано за среда, докторот рече дај да го видам. Му го покажав, он три пати се извини, таа да ја нема, магла фати. После колешката нејзина продолжи да објаснува како така сме се договориле ние уствари, мм денес онака да дошол, утре друг термин за справата. Лом ги направив. Докторот пак се извинува овие две бегаат. И него му реков, човечки е да се греши, сите сме грешеле, ама толку е непрофесионо и неетички наместо да кажеш едно извини да пробуваш на пациентот да ја префрлаш топка и да го правиш будала. Не ме изиритира нивната грешка, но она правење наудрено и лажење е неприфатливо. А знам дека имаат заборавено дека него треба да му го дадат апаратот бидејќи неговиот термин беше заеднички со овој на ќерката, па кога листале само ллнтрола прочитале, не и деталите за што е и кн таму, па го дале веќе на друг. И кога се освестија што направиле пробаа да не смотаат. Една недела веќе без сон и константно со едно или две деца по 40. Немам сили веќе... Белким ќе падне од чепчево, за да ми кажат луфтирање не ми се оди пак до болница
Да ве почастам денес моето бебе наполни три годинки Си летна времето декорацијата низ дома се е спремно само се чека малиот господин да стане и забавата може да започне . Еј се чувствувам како мене да ми е роденден, еве ја вистинската тпрта, демек јас да ја правам дрн дрн вчера цел ден дома не се прибравме па моравме да земеме готова таман мала како за нас и онака сме сами тука повеќе не ни треба. Спојлер: Торта Поздрав и убав ден. @danichap .
Мајка сенф намачкај на нозе и чорапи. Ние бевме оцет генерација денешниве сенф. Прочитав во тие групите на фб и навистина има ефект. Во дефицит на ракија чувајте вотката
@TutiFuti сваќе чекам да почастеш па да честитам.Среќен роденден на зетко да биде жив и здрав и да ги слуша мама и тато Многу убава тортата со мотори сигурно се радува мнпгу @danichap Побрзу да оздравее големата ,стварно се изнамачи детето
Здравејтеее! Какво става мајки! Да го искористам моментото бесценет, двете деци заиграни во купот играчки, дадата упорно пробува да си ја тера играта, малата упорно растура сЕ! Ем смешно, ем нервно да гледаш од страна како едно мало детуле знае да ремети се што дадата си реди! Слатки ми се, вака заедно во еден кадар ми будат некоја посебна емоција, ме разнежнуваат, ме насмејуваат... Некогаш ми минува мисла низ главата дали ќе се сакат и дали ќе се блиски кога ќе пораснат, оти јас познавам сестри што нејќат да се видат, што зло си прават... Далеку да е од нас! Јас некако ненаспиена, цела вечер покривам, дека залади нели! Искрено, ми зафали жешково , раат си спиев без да ги покривам! Ама синоќа баш студенко, и морав да дежурам! Беба па како осеќа кога тенкото ќебенце ќе и го ставам на нозе, одма со нозете го бутка ! Ќе мине некако денот! Дадата изразува интерес за читање, за букви... а баш нејсакам да се замара со тоа пред да тргне во школо. Има 5 години! Ама ете дете прашува, се инетересира... Па вчера од приказната што ја читавме пред спиење успеваме да ги кажеме буквите и стварно ги знае сите (од градинка ваљда), па напишавме некои едноставни зборови (мама, баба, маса, небо) и успеа да ги прочита! Колку само беше пресреќна Договорени сме за вечер пак да пишуваме и читаме! Тоа ќе е занимацијата периодов! Се осеќам малку лоша, ептен слабо ја занимавам дадата! некако не успевам со двете деца да постигнам многу обврски, па го изоставам делот- игри на дадата! Нешто боење, цртење и толку! Едно време и со водени бои играше, па со пластелин, па заедно готвевме, па заедно средувавме алишта, редевме коцки, игравме игри со улоги... Сега веќе јок! До мене е! Не наоѓам време и простор само за дадата... освен навечер! Добро е што и сама зане да се занимава, и најмногу ме радува што со деците од маала игра надвор! Толку од мене... пристигна беба до мене и не дава да седам! Одам! Убав ви ден!
Добар ден мајки На временска стои дека Сахара се враќа Богами се прерадував, нека продолжи да пече, ми преседна јули да се понаша како октомври Вчера по долги шетавме, со маички одоздола, со чорапи, а денес распиштолени Денес е и голем ден, бебе прави 20месеци Нооооо и голем е бидејќи решив денес да е денот Д и да нема веќе цице. Престанавме да уживаме во моментот, а вчера беше врвот со еден момент на бебе кој ме запрепасти, срам ми е да кажам што направи Па пресеков и реков сега и тоа е од млекарата Емка! Како ќе не биде ноќва не знам, уствари он најчесто цица само за успивање, наредно бара понекогаш кај 6-7ч, но оддамна не давам тогаш, па или вода нудам или ќе погалам и гушнам, секогаш презаспива, не му се станува толку рано Но знае и барем 1-2пати неделно и кај 3-4ри да побара и тогаш најчесто давав да цица, ама отсега ако бара водата, галење, нишкање што год, на млекара има катанче Така да може ноќва ќе си поиграме Оно се ми стои дека он и брзо ќе заборави, ич не е приврзан за цице, он бара само за да се освежи и згаси жед, ај ќе видиме Сенадевам ќе немам мака со градиве, не ми ни стои ни дека имам нешто млеко.. Сабајле решивме и да си го земеме пилето назад, па што убаво цел ден ми пее и ми зборува Надвор е и пресреќен е што е таму Бебе конечно му удри рецка, не го перцепираше, но денес цело сабајле преседи покрај кафез, ај пола сабајле, другата половина преседе кај зајчиња Жал ми е што и порано не го качивме, затупаве долу, а демек го однесовме да не се чувствува запоставен Свеки ми е тип што многу сака животни, но од далеку, 1год е долу и ниту еднаш не го пушти надвор, оно ниту му посвети било какво внимание, кафезот 1прст прашина А дури беше горе спешл се качуваше да го видела и да се подружела, па прва беше да се фали колку Коко нејзе најмногу ја сакал.. Ај да не зборам сум отрпнала, китка на десно, добро е и што имаше кај некој да поседи, сега пак си имам обврска плус Кога сме кај животни на комшиката мачето и е смачно, па ми понуди маче, ама мачево е за у соба, сијамка е, а јас мачка шанса нема внатре да чувам, па ќе морам да одбијам. А криво ми е, бебе ептен е по животинки, па баш ќе си беа другарчиња, ај ќе најдам друга за по надвор Ама какви другарчиња, бебе ќе си имаше нова играчка Дојде мм па сака да пиеме кафе, а бебе уште спие, па направи план да мати несот во спална Ќе го шмркнам и дури не стане бебе пошто ќе морам да му дадам да пивне Во фаза е кога се бара да проба, не дека ќе пие/јаде, ама да му дадеш, ако не дадеш ќе ти се одмили што и да пиеш/јадеш Вчера проба Кока кола и првин се побуни, па се поврати уште на два пати да лизне Тоа е мајки, ајде да пијам кафето, па да будам бејби и денот да продолжи
Здраво женски, како сте? Јас лошо, ич не ми е добро од синоќа. Матичната ми вели да одам да ми стави инфузија со витамини да ме освежи малку барем. Таква треска ме тресеше синоќа, прв пат ми се случува. А немав температура. Еве сега пак ме тресе, ама качувам, мерев. Цел ден сум на парацетамоли, супа, сокови и ептен сум омалаксана. Немам сила за ништо, едвај бебо го држам и дојам. Кажете што можам да се напијам за побрзо да се опоравам?