1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Nenna97

    Nenna97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Јас иста бев вчера, пиев далерон и аналгин, денеска сум како нова.
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Штом доиш, ништо освен парацетамол не смееш, ама тоа и ти треба за тт, ќе ти ја симне. Вит Ц, и евентуално електролити да земеш. Јас кога доев еднаш се разболев ептен, па пиев од Хип бебешките (ОРС) и многу добро ми делуваа. Ќе те освежат. Може и не е лошо да одиш на една вит.инфузија, добро ти вика матичната.
    Побрзо да помине :hug:
     
    На Chantal, Happyinlove, TarantulaA и 3 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :hai: мајкички
    Ние добри ,синко се заигра со хартиени чашки па украдов малце време да пишам :)
    Ме нема редовно ама добри сме се спремаме активно за роденден ми порасна детулето во понеделник 2 годинки полни :inlove: годинава ќе славиме роденден во двор кај моите ,изнајмив реквизити за играње и занимација на децата ,шведска маса за возрасни,слатка маса за дечиња тема ни е минионс па се надевам дека добро ќе излезе 8) ќе пуштам некое сликиче да се пофалам :D Се надевам само дека времево ќе биде океј викендов и нема да зафркне.Да се пофалам после 9 год. Сменив имиџ ишишав косата до над рамена кратко ,ми требаше промена ,а и ептен позитивни коментари добив за новата фризура :$ На работа турбо периодов тензично напнато некако.Почнав се посериозно да размислувам за бебе бр.2 искрено да ви кажам само со мм нешто неможеме да се погодиме вика рано било ама чим сум јас спремна се надевам ќе се спогодиме :D
    @TutiFuti најсреќен роденден на лепотанот :^:
    Убав ден :coffee:
     
    На orhideea, Mari*, minneymouse82 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    33.236
    Пол:
    Женски
    Додека мм чекам да се врати од терен да пишам.Од 7 утрово е излезе сеуште работеле,а ќе му останало и за утре уште малку.
    И тој мисли за дете на секој сат ми ѕвони да праша како е дете.Веќе почна и да ме нервира.....
    Ај да почнам од сношти.

    На секој сат дете се разбудуваше со кашлање и на крај исповрати,неспремна ме фати се јок направи.Па менував постелнина,го преслекував него му олесна и заспа. За два часа исто почна па кашла многу му дадов сокче се посмири и заспа до кај 7.Утрово дома циркузи,дури не сакаше ни да јади,со триста маки се спремивме и заминавме кај матичната. Си дошла од одмор...
    Грло чисто,гради стакло,к.с топ,урина исто а дете кашла.

    Мислев дека нема да сака да се измочаа во чашка но веднаш прифати,ама кога го боцкаа цела ординација ја крена.Едвај го држев Го лажеа дека ќе му дадат она за правење балони,тогаш не го сакаше,само што излеговме продолжи да плачи за тоа.Едвај го убедив дека тоа кај тетките е скршено и дека не чини дека ќе купиме ниво.

    Испазаривме зеленчук и овошје и си тргнавме накај дома.Го ѕирнам мм кај што монтираат на 10 мин и одма дете да се пожали дека тетката не му дала играчка,а му ветила..

    Дете заспа рано уште во количка,стигнавме дома го преместив на кревет и убаво потера 2 часа.Се разбуди некако топол мерам тт 37.7 ај да руча не сака.Некако со сила цртани песнички изеде пола.Излеговме во двор да поигра,се пожали на стомачето се закашла и пак исповрати.
    Вечерва ме го нудев со јадење сам побара супа касна пет-шест лајчиња со соленки и толку.
    И јас немам апетит,залак во уста денеска немам ставено.

    Дали можи к с да се смени за рок од 4 часа?
    Значи во 10 :30 топ к.с а после 4 часа да крени тт.и се жалеше неколку пати на стомачето.
    Дали и вирус закачи???

    Пред да заспие дете мерев тт 38.1 и да ви кажам му дадов далерон.Ќе го следам вечерва како ќе биде.

    @TutiFuti среќен роденден на дечкото!
    За другиот роденден да му купите една дада.

    @danichap Дани како сте? И вие се изнамачивте.Побрзо да помине.
    Јас со едно неможам на крај да излезам кога е болен,се возбудувам паничам и за најмала ситница.Јака ти душа дани.


    Се надевам ќе имаме мирна ноќ без журки.
    Одам во вц да направам една цигара.
    Имајте и вие мирна ноќ со вашите сакани!
     
    На Mari*, minneymouse82, Monella и 14 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Веројатно е вирус, кашла од што е надразнето грлцето. Кај нас беше таква ситуација.

    Алелуја се врати убавото временце, алелуја! Денес имам доста работа, ќе се работи па ќе трчам дома да пречекам една феминка драга со девојките и мажето, ама она одамна не пишува веќе. Тоа е моето прво најсикрено другарство од форумов, таа ми е да речам најдобра другарка ќе згрешам, по три години да не се гледаме кога ќе се видиме како да не постоел тој јаз, ја сакам ептен.

    Си ги гледам ноктите и си плачам, што ми беа убави со гелот, што ми текна вака не знам. Ама ми се излупија сами, па почнаа да се кршат, да се двојат, да се праат за никаде и сама ги крцнав. Сега не можам да ги опоравам малку за да одам да ми ги средат за одмор. Другите некако ќе се закрпат ама маливе прстиња, сатар, и само ги корнам. Да одам на пауза да земам некое за побрзо растење да ги средам, не се трпи веќе. Навика е ама ми беше раат скоро цел месец не ги мислиш ич, стално се средени. Ама ќе ја сменам девојката што ми ги прави, мислам дека не ја бива, ќе одам кај друга па ќе видиме.

    Си видов еден преубав фустан во Стружанка, памучен ама паметот таму ми остана, ма ќе му одам утре ич не го мислам, многу е убав а 490ден. Имам останато 500ден од што работев нешто и ќе си го купам за на одмор, треба да земам и пешкирче за на плажа за дете а и за нас некое, ни се излитија веќе пешкирите, мора да ги обновам. Викендов ќе правам чистка на гардероба, ќе фрлам и ќе средувам, таа соба со плакарите ми остана несредена па викендов тоа ќе правам. Ама стварно многу имам алишта кои не ги носам, зошто да стојат. Ќе ги спакувам и на една женичка што ја знам што нема да се налути ќе ги дадам па нека им бара чарето. Или ќе офајдам некој контењер на Црвен крст.

    Вчера немир ми створи хороскопот на Фемина, демек ситница, демек не верувам ама така сум се вознемирила, чудо некое. Језивко. Да му ја стрепиш цело време што ли имаше значење, многу се вознемирив. Верувате во хороскоп? Ви влијае на расположение?

    Ајде да се фатам за работа, имам нов компјутер па да го оправдам редно е.
     
    На minneymouse82, Monella, karibian и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.694
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Здраво женски.

    Расположението полека почна да ми се поправа кога го гледам синко како живнува. Се враќа стариот жар во неговите очиња:inlove:. Добро малку е распекмезен зошто добиваше се што ќе посакаше периодов, ама се обидувам да го вратам во она што смеаам дека е нормала. Уште спиењето во креветче ми остана да го вратам во ред, ама не се брзам ќе биде и тоа.
    Инаку синко има нова фризура, шишан е од пред два дена и како одеднаш да ми порасна детето. Не е веќе она бебе со локна на главчето, туку голем батко со фЛизура:lol:.
    Последнава недела цело време вика куна - да го носам во кујна и веќе научив дека штом побара кујна нешто му се јаде, па обавезно се сервира нешто - овошје, грицки и слично. Мислам постојано да има нешто под нос, постојано ќе јаде:D. Пу пу да не го урочам, нека потрае :)
    Сеуште се дружиме по дома, уште овие неколку дена и од понеделник решив да го прекинам боледувањето и да се вратам на работа. Веќе нема поента да седам дома, а и насобрано е еден куп обврски што сакам да ги потсредам пред да одам на одмор, за да сум раат.
    А дете ќе се чува со баба, па ќе оди во Ох кај другите баба и дедо, па после на одмор. Уште сега ме фаќа паника како он без мене и јас без него:worried:;(. Како ли ќе го чуаваат кога го немаат почувано повеќе од неколку саати, ќе сака ли да седи без нас воопшто?! Како ќе се снаоѓаат со ранење, спиење?! Не сакам да ми го распекмезат детето дополнотелно. Тамам фативме ред со јадење неблендирано и треба да јачаме имунитет. Ама па воздухот и климата таму сигурно повеќе ќе му пријаат од овдешните. Милион прашања и дилеми имам во главава, ама се надевам за две недели нема да е страшно, ако воопшто издржи толку. Се надевам нема да палиме кола сред ноќ за да го зимаме.

    Имам уште многу да пишам и кажам, ама и онака постот веќе е предолг.

    Да ви го кажа уште новиот хит. Му викам пред некој ден чао џаци, и ми се врти и повторува чао ѕаци, се пресмеав:rofl:

    Фала ви мајки за секој утешен збор и целата поддршка.

    @danichap мајче нека поминува веќе и нека бега се лошо од вас. Се изнамачивте сите.:hug::hug::hug:

    Имајте убав ден ве гушкам сите.
     
    На orhideea, Mari*, minneymouse82 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.777
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден. Ние пак болни, ексик веќе. Дете се дави во мрсули и шлајм од нигде никаде . Ќе полудам веќе, а одмор закажан, се надевам ќе оздрави до наредна недела. Многу е жална, се гледа дека е болна, на фаца се познава . А јас на работа, тркнав еден саат скришно, ум само таму ми беше да не качила тт. И среќа што отидов, на свеки не и јадеше, јас успеав да и тутнам 3 кајсии и 3 цреши. Се напи и млеко и заспа. Цела ноќ се жали во сон, не може да дише и не може да спие душа ;( Јас око не склопив ја пазев да не крени тт. Едно време беше топла, ама па потеше:^)
    Се надевам обичен настин е од ужасново време, дома и во кола топло надвор камен ладно.
    Друго што да кажам, сакам матична да менувам, 16 недела бремена, таа само еден преглед до сега. Европа ќе изиграваме, а толку далеку сме. Барем и го реков тоа:emo:
    Мм денес службено отсутен, ние имавме закажана дружба со другарки и нивните малечки, ама ќе си седиме дома ќе се лечиме со супи и чајче.
    @24.07 Со помин и вас, мислам ние најболни сме на форумов и без дијагноза секогаш :?: А двете деца дома чувани, што дополнително ме боли ...
     
    На Mari*, minneymouse82, Monella и 16 други им се допаѓа ова.
  8. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    33.236
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Се успиваме со дете па да искористам да пишам и да продолжам да работам низ дома.
    Не дека ми се работи,туку се најавија гости од друг град за пиво фест.
    Па од утрово направив една мини генералка низ дома,дете правеше бељи и бегаше.Но добро скоро се завршив благодарение на девер ми,го занимаваше дете в соба кај него со музика у излегоа во двор,јавачите бавчата.

    Дете моментално 37 тт се надевам нема да качи,Ноќеска добро помина ја преспа цела ноќ но јас не можев да заспијам.Го чекав мм си дојде кај 12 седевме заедно до 2 часот,разговаравме како поминал.Потоа неможев да заспијам,само што заспав алармот ѕвонеше за мм за на работа.И моментално сум како пијана.

    А свеки си оди аргат по ниви,два пати дневно и многу и е гајле дали гости ќе има или не.Сепак се нивни роднини.Сега и викам не направив ништо ручек ќе јадиме пиперки од вчера за нас,но за гости што да му дадеме.Ми вели јадени ќе дошле.
    Како не и е страм незнам,зедов одмрзнав мелено па си викам ако имам време едни човетиња да испржам со пире.

    Доста се жалев.
    Дете ако нема тт ќе го изнесам малку низ чаршија и таман мм е до 9 на работа па ќе си дојдиме заедно.

    Повелете на добра скара и на ладно пиво.
     
    На Mari*, mareane, minneymouse82 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    33.236
    Пол:
    Женски
    @BirMelek Со мм многу пати сме разговарале на оваа тема дете дома чувано и се нешто него го снаоѓа.На дувне на Плетвар него го фаќа.
    Ако дете тргне в градинка зар повеќе од сега ќе се разболува?Баш за тоа само ја одложуваме градинката,секогаш си викаме од пролет од есен ама еве веќе долго време помина.Дома седи и секој месец се нешто му се случува,настинка,вирус,бактерија алергија,трет крајник.Веќе смачено ми е од болести.

    Само побрзо нека оздравуваат сите дечињата.

    Дете сеуште спие некако како топличок ми е на чело,а на тело нормален.
    Па не сака ништо да јаде од утрово со две- три залачиња супа,чај не сака,само сок пие и пола праска.
    За ручек ќе му дадам оривче со јогурт многу така го јади па се надевам пола од ручекот ќе касне.Ај на лесна храна да биде, денеска се нема пожалено на мешето.

    Одам алишта да спружи на жица додека ѕверчево ми спие.
     
    На minneymouse82, fairy88, Lorins и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.161
    Пол:
    Женски
    Може на почетокот да ќе го префаќа од другите ама со текот на времето ќе стане имуно.
    Барем јас имам такво искуство од 10м оди во градинка сега ќе прави 4год.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.425
    Лежам на креветот уште од 6 станата.Синко до мене гледа цртани:).
    Секој во свој филм.Денес нема градинка.Реков ќе останеме дома и ќе си играме.Вчера седеше од 8 до 12 во градинка8)
    Па она гордо чус кинер чус.Дека прв го земав.Абе пет пати се поврати да им каже чус:rofl:
    Уште во понеделник лајунгот-одговорната на градинката ми ги крена нервите.
    Ја отпуштиле без отказен рок омилената воспитачка на синко:fubar:.
    Таков однос-диктатура спрема вработен мслам има само во Македонија,ама сум била грешка.Колешките нејзини исто тажни не можеле да се збогуваат со неа.Ни ние и децата.А,планирав да и земам нешто,оти од Септември ја мениме градинката.Беше пример за некој кој ја работи својата работа со љубов.Во повеќе наврати имам тука пишувано за неа.Ама го имав телефонскиот број од неа(недозволено) го разменивме и и пишав колку ќе ни недостасува:nod:
    Вчера полн програм 3 км возење со велосипед до еден парк,внатре седевме 3 часа и си играше дете.Со пријателката ние на клупа,деца си играт:emo:
    Дојде и живот за мене да не трчам само по дете.И назад пак 3 км велоситед.Како комирана набрзина избањав дете и јас и двајцата уште пред 9 во кревет.
    Денеска пак ми е паркот на мапа испланиран.
    Инаку во недела сме на роденден,братучедка на синко:$Порасна девојченцето и тоа 3 години полни.
    Денеска ќе излеземе да земеме ситна играчка.Другото пари оти се има.Родителите ќе купат што и треба.

    Нека оздрават побрзо сите болни дечиња:hug:

    Здравје сме добри,мислам синко да не му се уроци.Моето не е баш.Се одам по доктори.Се надевам ќе го средам брзо.
    Проблеми со бешиката,кичмата.Ама ми дојде.Да ми заврши треба конрола гениколог и за урина да испитам.Земав рецепт за физикална терапија и болничка гимнастика-ова директен превод.
    Другата недела треба да почнам.
     
    Последна измена: 19 јули 2019
    На Mari*, minneymouse82, Monella и 15 други им се допаѓа ова.
  12. АнеАце

    АнеАце Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Кој ги правеше коктелите
     
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.469
    :D:D:D:D:D:D:D:D
    Виртуелно частење. Сликите се од нет.
    @TutiFuti среќен роденден на малото :^: , сигурно убаво сте го прославиле роденденот. Мама,тато и торта со свеќички и сигурно е исполнета секоја желба на синчето.
     
    На АнеАце и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Те читам цело време како се потресуваш за домот и гостите на свекрва ти, и за ќотек си да знаеш, се трошиш беспотребно. Пушти ги малку сами да се грижат а ти гледај си го животот, детето и мажот, стварно ве доживувам како мало убаво семејство и покрај сите обврски што ги имаш на грб ти не се жалиш од ништо, само сакаш детето да ти е здраво, а не се гледаш самата дека се преморуваш. Биди себична малку, не викам да не чистиш, да не готвиш, ама ти секоја недела генералка правиш, се преморуваш. Извини ако навлегов премногу во интима, не ми е намера, не ми е ни работа тоа, само мака ми е да се трошиш толку.

    Имавме турбо недела мајки, ако прошлата траеше 3 недели, оваа траеше 3 дена мислам. Секој ден некоја агенда. Уште 2 до одмор а така ми се чинеше дека е уште 1. Дури се разочарав благо речено. Купено скоро се за на одмор, уште некој пешкир да доземам, некоја ситница и стартуваме со пакување на дел од работите, рано е ама ако ги заносам фустаните за на плажа и суќните, кој ќе пегла пак и ќе спрема пак, вака се да стои наместено. Веќе спакував дел, креми заштитни, средства за комарци, нешто од аптека што имам земено, ама ќе земам дополнително ќе ставам и тоа скроз ќе тргнам на страна.

    На ум ми стои еден фустан од Стружанка, ќе земам еден хонорар за фокус група сега, па ќе ми биде за тоа баш, за фустанот, плус ќе доземам и пешкири наеднаш од Стружанка. Уште некој купаќ на дете, некој шорц пошто не сакам гол да го бањам и ќе ја затвориме и августовската плата мислам. Не знам како успевам 2000ките да ги стопам во новчаник, вчера ја имав и сега веќе едвај уште 300ден останаа а тие ќе ги стопам после на кафе со пријателки. А си имав мала замисла да ги оставам на страна, ама... Од идеа до реализација тешко ми оди.

    Вчера заклучивме со мм дека дете има премногу играчки, следно купување за НГ ќе му нарачаме табла за цртање со такво за магнети и фломастери, плус она како трака што е хартиена, од Икеа, и нема до тогаш играчки. Ја претера детето со играчки, има еден тон а си игра со неколку само. Сега од сите нарачувам сликовници пошто ги сака и сака да си игра, кој како праша што да купиме одговарам сликовница. Ги сака да си смислува негови приказни. Во последно време учиме што е мое, што е негово, што е на татко му, да знае дека не може се да е негово и дека сите имаме сопствени работи и право над нив, некако мислам дека успевам да му направам паралела за тоа. Бар се надевам.

    Се гледам сабајле во огледало не ми е верно, се качувам на вага, уште 2 килца минус, јухууу, па маж среќен, задоволен, мислам дека до НГ ќе ја достигнам посакуваната цел и после ќе почнеме да реализираме планови. Јухууу...

    Убав ден и убав почеток на викендот мамаситас!
     
    На Coco31, minneymouse82, Monella и 8 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Добар ден мајки
    Д3нес божем поарно, последна тт на најмалата и најголемата беше синоќа. Се прошетаме пак до педијатар и остатокот од денот дома.
    Душа ми извадија, секаде се испентарија, триста игри поминавме, значи арни. Ме фати јака вртоглавица и некоја страшна мигрена. Почна вилица да ми се укочува. Седнав да не паднам. Заклучив вратите од дневниот престој оти немам сили да се бркаме низ куќа. Да видам до кога ќе седат на подот, додека не почнале да се задеваат.
    Не знам кафе дали на повраќање ќе ме тера или ќе ме крене (facepalm).
    Толку е страшна главобочкава дури ми смета и дневната светлина...
    Тешко дека во кафе е спасот.
    Белким вечер ќе бидат без тт па ќе можам да сврзан некој час сон и ќе пододморам.

    Убав ден:d:
     
    На galapce, Coco31, minneymouse82 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Денес е денот за надеж, за љубов, за нејзиното растење.
    20190719_093528.jpg
     
    На ines.h, Nine25, cinderella5 и 33 други им се допаѓа ова.
  17. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Ме разнежни :inlove:
    Жива,здрава најсреќна да е ! Среќен роденден Надја :^:
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Конечно врза бебе мое сон повејќе од 15мин,денес ден напорен бебе непогодено. Ми зуе во уши од што вика,вришти,кој знае што мака си има,а знае душа да биде прав ангел затоа викам кој знае што ли мака има.:|
    Се одлучив мајка ми утре да го чува,редно е после 3 месеци да излезам со мм па макар и свадба бил. Вчера размислував и да,јас сум таа што не се дели од бебе. Бебе е малечко на 3 месеци за да драми дали мене ќе ме има или не. А и ако не го научам сега да седи со бабите нема да го научам подоцна:?:.
    Ќе се дотерам утре:makeup:(hollest). Морам да излезам од "комфорт" зонава.
    Би ја седела цела свадба,но градиве ќе мр издадат:lol:.
    Викендот може да започне.:d:
    Добар одмор на сите :l:
     
    На Coco31, Mari*, minneymouse82 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Ме расплака..;(.ме разнежни..:l:
    Најсреќен роденден на Надја..цел живот да ве радува:inlove:
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Мајки замрела темата, се надевам сте фатиле по одмори и уживата на некои плажи.
    Еве пијачка :d::d::d: да се освежите малку :)

    Ај добар ден.
    Ви пишувам официјално од новиот дом.
    Трет ден како сме овде, да бидам искрена не очекував да се навикнеме вака брзо.
    Дете ептен ме изненади, овде почна сам да спие :o
    Уште првата вечер рече дека веќе е голем и ќе спие сам во неговата соба, не ми се веруваше баш ама реков ај да пробаме од старт може стварно ќе спие, така и беше, не дека не се будеше ама синоќа веќе не се разбуди, му објаснив дека големите деца сами спијат и може да дојдат кај мама само кога тато не е дома :D
    Јас бев бетер од дете.
    Првата вечер не сколопив око, не сум навикната без него до мене не пак во друга соба, издржав и јас јуначки не за друго да не ме зафркава мм.

    Преселбата била тешка работа :sweat:
    Не остана уште многу, некои минимални декорации ама маж ми ќе ја памети 2019 год. ослабна 7-8 кг
    Да бидам искрена и јас ќе ја паметам, не за друго ваков шланг којзнае кога пак ќе го видам :D
    Џабе беа диети, спорт.
    Мајката му било работа по 16 часа и потење како да си истрчал прв на маратон :D

    Оваа лето решивме да си останеме овде, мк ќе ја посетиме во некое друго време.
    Малку ми е жал ама вака мислам дека е најдобро во моментов.

    Среќни родендени на сите што славевте.
    Побрзо опоравување на болните дечиња.
    @danichap се измачивте мајка, да не се повтори :hug:

    Убав викенд жени. :d:
     
    На orhideea, emkaemka, hello-kitty.90 и 21 други им се допаѓа ова.