1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Две години се разлика.
    Секое семејство е приказна за себе. Добронамерни ми беа советите. После некој период сите дома ќе се навикнете и ќе олесни верувај.
     
    На Girl-Rabbit, eli25, victoria и 2 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.549
    Допаѓања:
    72.391
    Пол:
    Женски
    Никако не го двои од активности и не му викај не. Мене малиот одлично ми ја прифати малата.. е до душа помала разлика се ама сепак за се и него го активирав, за да не се осеќа дека бебето е мое само, туку дека е и негово :) Не се притресував кога беше околу неа, пазев ама не му реков никогаш него лично: немој, тргни се или пази.. Дури и домашните ги опоменував зашто и они свесно и несвесно го двоеа и одма бурно реагираше. Напорен е периодот ама ке се навикнете за брзо. Како вчера да ми беше се, а малава 2г ке полни за брзо :)
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, Skorpija25 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Ролетни спуштени, шпагети готови, гравот се вари.
    Да биде и он готов па на работа.
    Баба и дете спијат.
    Многу ороблем со спиењево. Секоја ноќ односно утро со кавга и солзи заспуваме.
    Ништо од убедувањата не ми пали.
    Кој не спие нема да порасне.
    -Не мамо, кој не јаде нема да порасне, јас ручкум. :worried:
    Да спиеме побрзо да дојде денчето.
    -ама јас кога е денче не смеам да шетам.
    ...

    Вечерва планираме баба да ја однесеме на два дена кај дедо.
    Ке се врсти изморена ама ке одмори од нас.
    Да напишам пак.
    Не знам што би без неа.
    Денес здравје ваљда ке имаме рсзличен ден.

    Убав ден на сите :l:
     
    На Bupalu, ludoto19, Girl-Rabbit и 27 други им се допаѓа ова.
  4. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.620
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190820_170032_com.instagram.android.jpg
    Што мислите за ова? Стоите до крај со вашето размислување или попуштате? За жал се начекувам во многу вакви ситуации и некогаш знам да попуштам ама потоа го искористуваат тоа.
     
    На Bupalu, Watermelon96, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  5. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    33.236
    Пол:
    Женски
    Добар ден.

    Дете спие,јас се оптегнав на кревет па реков да пишам...Деновиве читам во +/- 40ка и секој ден правам пиши бриши,рано ми е сеуште во таа тема.А толку многу се соживувам со постовите на членките и секој ден си имаат неколку теми за муабети.Се гледа дека некои членки си заминаа во 40ка,барем шкртувајте и овде по збор два.

    Инаку кај нас ништо ново,дете како и секој месец така и овој со мрсули.Но не го однесов на доктор,веќе смачено ми е и амбуланти,доктори,болници...си се лечиме дома со повеќе овошје чајче,витамин ц, физиолошки и ацидосалус.
    Веќе почнаа да му се згуснуваат и на некое време дете ми ја носи пумпата да му ги извадам мруслчињата.

    Дете има лош период и предходно го поминавме ова еве го и сега, квачи за се.Не сака да се чешла,не сака да се мачка со кремче,не сака тие гаќи сака други исто прави и за облеката е не сакал сандали,сакал патики.Надвор + 40 тој квачи за чорапи да облечи ама затоа па зимо ќе ги слекува.

    Пак е стасан за стрижење ќе имаме дома големи драми.Да му ја скратиме сега таман за роденденот ќе му потпорасне косата.Мм го стриже инаку нигде не сака ниту на коњ ниту на магаре.

    Конечно дете прифати дека сега е "голем"....
    Еве недела дена навечер не сака ниту нишкање,ниту пеење песни,ниту приказни.
    Пија јогурт и се комора за две секунди,некогаш не стасува да го допие.
    Сам ми рече:
    -Мамо голем сум.нетам ниткање.
    А мене устата павлака ми фати пред да ги откажеме пелените.му кажував дека тој е голем и дека треба да носи гаќи,големите батковци носеле,само бебињата пелени.
    И на крај ми велеше јас сум бебе.
    Додуша и сега како му одговара така си кажува...

    Ама затоа ми наплаќа на дремката,се гледа дека му се спија ама никако да се предаде.Го фаќа 40 минути додека заспие се тегни низ кревет,клоца,се криви,тогаш почнува да зборува како навијан.се смеј...
    Ако го оставам да не дремне ќе го фатат кризи кај 7 сатот и не се трпи.Сакам барем летово да го истуркаме со дремка ,па зимо и да не преспива нема да биди проблем.Ќе си заспива порано и подобро за нас ќе имаме повеќе време со маже за нас.

    Пред некој ден дискутиравме со мм на тема градинка.Различни мислења имаме,јас сум за тој е против.Незнам како го сменил мислењето пред некое време и тој беше за дете да оди.Јас после роденденот од дете ќе барам работа,барем ќе излегувам од дома.А и парички повеќе ќе имаме.

    Се гледа дека ми е досадно,напишав цел реферат.
    Останете ми со здравје.
    Имајте убав остаток од денов.
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, hello-kitty.90 и 20 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Добар ден мајки
    После долга пауза, двете моми во градинка. На големата и се фати повеќе од месец дома, салам си заседна, не и се одеше. Јас дома, преку ден, само со најмалово. Едно како ниедно било:rofl:. Се приметува, одма повеќе и на Фемина:tmi:.

    Конечно ќе можам малку да почнам да читам за возачка. Помина задолжителниот теоретски дел, да седам на часевите(месеци фати и тоа) ама не беше изводливо со децава дома да фатам да читам. Навечер толку бев партал, немав концентрација за ништо.
    Годините се изгледа:tmi:.

    На мајка ми и дадоа виза. :party:
    Пишува за 3 месеци, за приклучување кон фамилија, familiennachzug, па претпоставувам тука ќе и ја продолжат. За 2 недели да стаса:sun:(poolparty).
    Деца растат ние старееме:d:

    Убав ден мајки
     
    На ludoto19, Makedonka007, Girl-Rabbit и 34 други им се допаѓа ова.
  7. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    :D Женче ме изнасмеа :rofl:
    Знам дека не ти е ич смешно, едно си планираш на крај сосема друго.
    За жал се почесто се случува во денешницата, очекувањата со реалноста и немаат баш врска.
    Убаво што си ги знаеш правилата па нема да можаат да ти зцнат ]:)Слушај, ако маж ти не ти збори (префрлува) ништо, стварно е многу фин човек, мојот да беше три лета по ред ќе ми спомнуваше ,, се сеќаваш на хотелот со мувла што го имаше најдено ти |(:D а ја одев да се срамам да ни дадат друга соба ,,:D
    Уживајте во одморот :* па којзнае може ќе се вратите со изненадување :angel:

    Од сабајле по шалтери.
    Сметки еден куп, од стар, од нов дом не можам да ги средам.
    Туку, сум станала како старите баби, дури не ми кажат точна цифра и не ми ја разјаснат од каде доаѓа истата не се мрдам од столчето :tmi:
    А, за сигурност три пати си препрашав колку струја плаќаме од киловат а колку плин од кубик :rofl:

    Дете стандард.
    Досадно му е, бара друштво за игра, сака за Мк, сака на вода, сака во парк, сака братче да има, со него да се бањал во туш кабината :D

    Кога сме кај братче, сабајле ми се јавија од болница за хистеро што требаше да правам ама пак ништо не потврдија, само матичен бр. ми побараа и кажаа пак ќе се јават.

    Одам да варам паста.
    Маж вечерва ќе работи до касно па нема да доаѓа на вечера.
    Јас и ѕверот да апнеме и паркот не ни бега, инаку намирени сме со паста и јајца домашни од комшиката, мисли таа за синко немам зборови.

    @girl-miri Среќен роденден, само убавини во животот!
    @danichap да живее градинката! :D Ќе бидам лоша ако кажам дека со душа чекам? Колку за мене, повеќе за него, дома подиве детево.

    Убав ден мајки :hug:
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, hello-kitty.90 и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    32.796
    Пол:
    Женски
    Како сте друшки?

    Јас работно, па ако од оттука не ви пишам, нема од каде.
    Дома нема време за форум.
    Уствари крадам некоја минутка некад да ѕирнам ама после ми е криво.. тие минутки на бебе можам да и ги посветам.
    Синоќа заседнав на лаптоп до 2 по полноќ, сабајлево со бебе станавме во 11:30 :D
    Спанковци невидени.
    И вчера си поспавме троа повеќе, ама денес ја претеравме. Малку фали да задоцнам за втора смена на работа :D

    На западу ништа ново.
    Чекаме понеделник, за да се спремаме за на одмор, и вторник да му ја летнеме..
    Со душа чекаме веќе.^_^
    Моренце,моренце..:sun:
    Бебе ќе се прерадува.
    По цел ден е во корито во двор, шлапа ли шлапа, се вежба за на плажа де :lol:

    Знаете што??
    Сакам второ бебе:$
    Ма мнооооогу сакам!
    После второто, ќе сакам и трето!
    Па и четврто!
    Знам оти со царскиов најмногу три можам да имам, и тоа ме малку депримира .. ама битно имам желба за многу дечиња.
    На големово бебе досадно нема да му биде, многу сака дечиња:inlove:
    Кога и да излеземе им се тупнува на сите, си стои и им го слуша муабетот, без разлика дали се деца или возрасни. Оди и зборува т.е вика на цел глас, ма нема шанса да не не примети некој, главни сме:D
    После ќе дојдат со татко и да ме земат од работа и ќе ја носиме на сладолед, можам да замислам што ќе биде.
    Синоќа ко прасенце се ушлака од сладоледот, ама оди измиј ја ако можеш:drunk:
    Ми фали.
    Не можам ни овие 7 саати да ги иседам без неа :(
     
    На Bupalu, ludoto19, Girl-Rabbit и 25 други им се допаѓа ова.
  9. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    33.129
    Пол:
    Женски
    :hai:.
    Како сте ?
    Ние добри.
    Со синко сме на ратна нога што инат од дете ќе.беше да се чудиш просто и да не веруваш дека во парче месо се собрала сета тврдоглавштина што може да постои.:x
    Полека се спремаме за некои 10на дена за на море (poolparty)(poolparty).
    После сите настани верувам дека ќе ни биде баш добар витамин.
    Плуси свадба на другарка ќе фатиме. :makeup:
    Убавина осеќам плус уште нешто убаво во септември ќе се случи(fingers)(fingers).
    За тоа повеќе тогаш :l:.
    Позздрав одиме да шетаме со мали.
    @Ava.84 :hug: не си сама иста сум и јаас:wasntme:.
     
    На ludoto19, minneymouse82, hello-kitty.90 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    Ај и од мене добар ден!

    Мене нема ама искрено и немам многу што да кажам. Нервози ме акаат уште за нејадењето на детево. Јаде само тоа што сака а тоа се глупости. Едвај чекам четврток за пак у градинка. Мислам таму ќе се врати на старо. Кс, асо и железо, топ! Чекаме брисеви. Ама мислам дека и тие ќе бидат ОК и на крај ќе ни препишат 3 пати на ден по малку ќутече. Уствари докторот даде рецепт за уште 10 дена одмор, ама...

    Јас успешно терам диета, ми се јаде, ама се снаоѓам. Мислам дека се гледа. Бар маж така реагира. А и денес облеков фустанче кое не можев на почеток на лето ни да го натнам.

    Убав ден!
     
    На Bupalu, Girl-Rabbit, minneymouse82 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    103.856
    Пол:
    Женски
    Добар ден мајки :hai:

    Стандардно ова време, бебе спие, а јас кулирам, одмарам и враќам душа на место, односно се спремам за нови попладневни авантури :rock:

    Непланирано вторникот почнав некоја генералка низ дома.
    Мм истурил цела чаша кафе на БЕЛАТА гарнитура и да е уште потрагично не ни исчистил нешто, ниту кажа :@
    Вторникот сабајле кога видов ми се стемни :@

    По 15години на гарнитурава сега открив дека се вадел штофот од душекот за седење. Па беше полн погодок, ама требаше да се одврзува еден дел, па едни дрвциња да се вадат.. :o:
    Бидна некако, тоа се испра, ама страниците :@ па го изнесовме делот на тераса и таму го перев, кој знае уште со што не го истрљав(facepalm)
    Катастрофа е исчистен тој дел, ама толку успеав! Секако периодов по маркети ќе барам некое сретство, па да поновам постапка :envy:
    Леле па кога требаше да навлечам пак навлаките на душекот абе ми се смачи :@ ама среќа брзо развив техника, едни врвки требаше да се протнат низ душекот, мислејќи со што и разгледувајќи што може да ми послужи за тоа, ми падна у очи едно како шило кое служи за острење на ножеви :tmi:
    Жена бе ако не се снајде кој :emo:

    Па непланирано перев и навлаките од јастуците.. цееееел ден се заебавав со гарнитурата, нели тоа све иде успорено со бебе кое се радува на вода, на сапуница, на пумпица, па и се изнарипа на креветот, он мокар и како бебе скока прска, а он се радува, мене ми се темни :smirk:

    Среда мина во средување на детската :whew:
    Купив од Базаро едно као комодиче за 1000че и решив да му ги распределам таму играчките. Склопување на истото беше прав хорор и мачење, а лесно е, ама со пргаво бебе е прав хорор |(
    Се пикаше во преградите и бараше да го затварам, па сакаше и да го барам.. :o:
    Бидна некако и за чудо дури редев играчките помагаше, додаваше и подредуваше :l:
    Фино дојде, бебе е задоволен, само отвара и вади-враќа по нешто, оно и како играчка му дојде комодичето :D

    У пола ноќ чистев вц (facepalm) немав друг избор, ама па како сум го светнала убавина на душа ми дојде у такво вц да мочам :angel:
    Вчера останатиот дел од домот само го раскренав и изџогирав, наредно здравје повеќе у септември кога ќе се чисти :D
    Толку успеав дури бебе спиеше, никако јас не кратам од игра со него, скраја да е да скратам од шетање :shake: а пак да се заебавам со чистачки кои испадна дека повеќе ми мачкаат и штети прават, не фала :@

    Треба прозори да се бришат и врати, ама за тоа имам карта повикај пријател, односно мајка (heidy)
    Собрав и теписите, кои чекаат ден да дојде чичкото да ги зеде да ги пере. Чудно ми е без нив и почисто ми стоеше кога беа наредени, сега секоја трошка се приметува, а онака ја впиваа, па исто како да ја нема (lalala)

    Сабајле ја убедив свеки да шетаат со светко до Струга, ама имам двоен план, мм ќе ги носи, со тоа што и ние ќе се тупнеме, па ќе се прошетаме и пробањаме на еден ден :rofl:
    Уште малку остана до бањкање у море, ама ако не ќе ни се слоши и од ден бањкање на езеро (poolparty)

    Читајќи ја Ава за хавариите во Шпанија ми текна и на нашите, слични, само ние поубав крај извлековме :whew:
    Изгледа на Шпанциве тоа им е рутина!
    Јас трудна и едвај чекам да фатиме соба и да се испружам, ама исто ни предложија првин да јадеме. Идеме долу у ресторанот јадење колку сакаш, од убаво поубаво, ама ништо за пиење, барот не работел толку касно, а ние немавме ниту вода со нас :|
    И да купиш немаш каде, се работеше до 22ч, а ова накај 01ч по полноќ :(

    Ајде бидна, ни даваат клуч и идеме у соба, влагаме и шлог не мавна :o
    Мала, тесна, стар намештај, без тераса, под неа беше кујната каде се готви, па на што ти не мирисаше :(
    И нормално го праќаам мм да иде да се жали :rofl: нормално и гледаме на транслејт како се треба да каже :rofl:

    Мм уште не се доизјасни одма рекоа сабајле у 11ч ќе ни дадат нова соба и со тераса, бидејќи таква и ни следува!

    Легнавме као да спиеме и кога рече пука нешто, трешти, огномет, врискање, извикување, петарди колку сакаш. До ниедно време имаше бучава, живи тажни бевме и се испотуфкавме како ние тука ќе спиеме :(
    (се испостави дека било некое славје, секој нареден ден глас можеше да се чуе до 22-22.30ч а куце тој час се е штама, па и светла се гаснат насекаде).

    Некаде кај 5-6ч не разбудија сирени, викотници, гледаме низ прозор изнаредено пожарни и полиција, луѓе збрано еден куп.
    Епа некој од куварите заборавил зејтин на шпорет, кој патем е на плин и дошло до пожар :worried:
    Брзо санираа, а ние кога свативме дека сме спасиле жива глава и нема да сме ќумци ни остана само мисла дали ќе има топол доручек :tmi:

    Едвај дочекавме 10 и 55ч да куцне и да се наредиме на рецепција со се куфери :tmi:
    Добивме соба на спрат, со поглед на море, тераса, голема, намештај стар ама поарен од ќумезот, сочуван и одморот можеше да започне :sun:

    Убав одмор, ама многу ветер имаше, па си настинав, бидејќи ми беше затнат носот од притисокот во авионот си ги сјебав ушите, па цела недела минав со чукање и зуење, си добив и антибиотик :doh:
    А еден чичко гинеколого не стави у топ како сме отишле на одмор, а јас трудна, скраја да е да му кажев дека сум инф па имаше тек тогаш да ми се изнавика :worried: а јас не можев да зборам иначе ќе му кажев убаво :devil:
    Шала на страна ама ме извади од памет, еден на ушно ме смируваше, господ здравје да му даде и број ми даде, а и сам на два пати ми се јавуваше :bow:
    Гордето кога чу лично отиде да го искара дека така со трудница не се постапува и она со потврда ме пуштила да шетам, ама ете не знаела дека кај ветерот ќе отидам :D

    Него у мисла сум да го качам бебе у авион, таман и до 2г не се плаќа :lol: некој краток лет да изберам, пример до Загреб, па и на мм породица ќе посетиме :mm:
    Ептен е фасциниран од авиони периодов, цело попладне преседува на скалички пред влез и чека авиони, кои патем ги вика авио и кога ќе прашаш како прават вика аууууууу :l: Ги лоцира и најдалечните и ги покажува со прстето, а вчера татко ми се почуди како можел да ги види, као мал бил (facepalm)

    Ептен се распишав од еден у друг крај заминав, а едвај куцам со канџиве, а тек наредна недела закажав да ми ги средат :smirk:
    Ајде да будам бебе, па да го наручам, ќе јаде зеко, тазе зеко вчера заклан :tmi:
    Леле да, мене ми го оставија да го раскомадам, свеки имала работа, мм не е дома и морав јас. Па како сум го искасапила :lol: ама се запрепастив колку слаби коски имал, ептен лесно се кршеа :^)
    Гадно ми падна, од жал не ни можам да го принесам до уста ама све за бебе нели, ако нема месо за ручек гладен ќе остане :smirk:
    Пред некој ден мерев колку месо јаде за оброк, јас мислев 100тина грама, а он испод 150г не е. Па ваљда не е многу а :wasntme: ама па и само и само месо руча..
    А вчера за вечера јадеше сув леб (facepalm)
    Што ќе се први со јадењево еве не знам, ни овошје, ни зеленчук јаде :doh:
    А пред некој ден ја откри Нутелата, јадев јас со бисквити и му давам на него само бисквит, почна да јаде ама гледа јас ставам нешто, па принесе и на него да му ставам. Проба недоверливо, ама кога откри дека е убаво се тресеше пред теглата :D

    Сабајле правев крофни и му давам да јаде, ја исполижа само одозгора кај шеќерот и ми ја врати :D ич не јадеше благо, што му би еве не знам..

    Леле ај доста, убав пеколен ден, Сахара уште трае :sun:
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, minneymouse82 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    33.236
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене.

    Многу ми е жешко и легнав долу на земја,а дете и мм на кревет.

    Си дојде маже рано од работа,доручкуваме заедно,незнам после колку време,не ни памтам.Легна малку да одмори,дете се капеше во када, а јас на вц школката си чучнав и со едно око посматрав.

    На врата тетин мој,арно што дојде.Дете го залажав со кучето нивно па така излезе со лесно од када.
    Мм го разбудив,поставив пиење,мезе му направив кафе и со дете се затворивме во соба.Но денеска со лесно се даде,заспа за 15 мин.

    Се радувам како мало дете дека мм е дома па можам да се пошлакам и јас во када подолго време.Имал само еден сат приватно да заврши па после можи да шетниме до некој парк,дете да се изнатрча.
     
    На ludoto19, emkaemka, hello-kitty.90 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.424
    Пол:
    Женски
    Здраво мами. Поднесовме барање за извод за новороденле во понеделникот и ни рекоа ќе е готов за 10 дена. Во вторник треба да одиме на контрола кај педијатар , а како би одела кога неможам да извадам книшка за малото без изводот и без да однесам документи на работа за да ми стават печат во книшката дека ќе биде осигуран преку мене. Дали педикатарот би ми направил проблем ако го однесам бебуш без книшка?
     
  14. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    900
    И ние бевме така, отидовме со картонот од болница, на следната контрола имавме книшка и ја дадовме за да не пишат за матичен.
     
    На Skorpija25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    Со картончето од болница, цел месец бевме така.
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    до картонот од болница што ви го дале. Ние досега 2 пати со него бевме.
    Мислам дека додека средиш документи маста ќе ти излезе. Едвај отпусно писмо извадив,а породена во друг град. Да беше овдр ок ама требаше некој (маж ми) да де ака по патишта за документи. После изводот книшка да се ваѓа да се носи барање за 2то дете,па и за породилното треба документи.... (facepalm) е тешко на маже,јас едвај појдов конци да ми извадат.
     
  17. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.979
    Уште од сеа мислам за работа. Не ми се враќа да го оставам малецко. Сакам да работам ама бар до годинка да го истуркам да го пркнам. Малецко ќе биде...
    Градинка само е опција. Чувачи немам.
     
    На elcezelce, Kaetana и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.484
    Допаѓања:
    32.510
    Пол:
    Женски
    Добро вечер:toivo:

    Емке ти нема рамен во постовите ми изнасмеа за шпанциве:D Абе и ние бевме кај ветерот вув каков ветер:doh:

    Ние конечно се вративме брзу ама толку една недела.Оф сега ќе си сонувам за одморот до наредниот|(
    Дете едвај успевавме да го извадиме од вода:sweat:Ама само на базен:!: од "гема вода" на нашки море се плашеше да се бања многу гласно и беше.Бранови големи.Па несакаше да влезе.По плажата што ви ја кажав отидовме на друга плажа со организиран превоз од хотелот пак огромни бранови влеговме со мм и малата во раце.Оди прв мм и нешто офка оно во водата камња како ножеви остри и огромни.Влеговме и одиме накаj длабокото , а малата плака цело време.Се сожали мм и рече ајде се враќаме доста е.Дали бевме 3минути.Се враќаме и осеќам силна боцка зад коленото.Се вртам да видам да не ме убодел некој, нема никој .Едни дечки имаше ама на 3 метра од мене.Му велам на мм нешто ме боцна.А тој ми вика се нешто те боцка тебе.Јас осеќам некоја тапа болка.Излаваме и гледам како почнува ногата да ми црвенее.Ме гледа мм и ми вели значи како ги привлекуваш ова морските животни како магнет(ова ради слично искуство од морско животно пак во Шпанија:tmi:)Се собравме.Превоз имаше на секој 15 мин.Мм упорен да отидеме да викнеме др .Добро.Отидовме на рецепција, рецепционерката, кога ме виде кажа медуза.Ние истото го мислевме ама не бевме сигурни.Викнавме др.Дојде во собата за 20мин.Потврди дека е џели фиш-медуза и ми шибна(во вистинска смисла) една инекција кортизон мислам кажа.Ми препиша апчиња и некоја маст.Апчињата 5 дена да ги пијам.Да не одам тој ден на сонце.Газот повеќе ме болеше од убодот :$ Црвенилото се повлече многу брзо.Остана само брумче ситно од убодот.Си велам среќа е што мене ме боцна , а не малата и среќа е што беше на ногата не на друг дел.Нормално не си купив апачиња и маст што ми кажа др пошто ми се повлече , а и не ме болеше.Аптеката немам поима каде беше.


    По случлата со медузата не пробавме пак да одиме на морето од страв од медузи , кои кажа докторот не се отровни.После тоа си одедевме на базен.Последните 3 дена имаше многу силен ветер. Па еден ден се возевме со возче да го разгледаме нашето градче.Па ако ме пушти некој од хилихоптер таму со врзани очи и каже ај погоди што има наоколу ќе кажам пустина , ама море никогаш:D
    Возачот на возчето беше постар човек што се замислуваше дека вози релекпстер.На едно удолничево со кривина толку залета што сите почнаа да пискаат.На ролекостерот сите се врзани, а тука со врати од ланец:wasntme:. Па кога дојдовме на станицата кај нашипт хотел на мм му кажав излавај одма.Имало уште станици.Ма ни сакам да четам ни има што да видам.Не издува само вететот и се надишавме на чур од ауспухот|(

    Да кажам и за малата нешто.Во базенот си најде една другарка и стално си ја бараше да трчаат наоколу.Ќе прашаше тате каде е другарче:rofl:Имаше гума тигар и штом некое дете ќе и се доближеше одма се бранеше со плакање левл најгласно и кога ќе прашав што и е ќе кажеше: мама дете сака земе тигар(facepalm) Многу скржаво дете:o Од базен не можевме да ја извадиме , а штом ќе видеше дека го затвараат базенот излаваше од базенот со страв да не ја затворат внатре.А затворен беше само ланец:mm:
    Навечер имаше редовно забави за деца ама се отпушти малата чак на последната престава.За играње не ја биваше баш ама ако требаше да скока беше прва:sun:

    Остана уште за гостите да ви кажам.Беа се енглези, шпанци,ретко некој германец, полјак и пред последниот ден видов македонци.Ама не се запознавме.А срби,хрвати немаше.
    Енглезите сите на десно они кип д лефт саид и ти се бутаа пред нози мислејќи ти си грешка|(Имаше еден пар маж и жена со дете не знам од каде ама јас ги прогласувам за најсекси пар.И давјцата излеани и исончани тела:inlove: со едно исто многу слатко прцле.Мажот ми беше на мене за плакнење очи, а жената со полутанга на муж ми.Сигурно вежбаат за такви тела.

    На враќање малата не сакше кога ја разбудивме да мочка.Па ја молев на секое веце во аеродормот. Хорор:tmi:Викање мислев пред едно веце дека и полиција ќе имам пред вратата.Не беше и баш расположена едвај стигнавме.Кога слетавме и кај нас пак ја однесов во wc :$Пак вриштење.За на крај чекајќи го бусот да ја прашам дали сака да пипич(мочка) во тревата.Ми лажа да.Отидов и велам ма ако сакаат и казна нека ми дадат.Од 22 до 13 не е нормално да се стега.Мочкаше конечно:whew:

    Сега ми качи тт дали од што е дехидрирана или сончаница или вирус ќе видиме .Ама денес си реков па она е бебе-дете кога ќе престане да плака ќе биде веќе возрасна и нема да и бидам потребна, нема веќе да се потресувам.Јас треба да сум тука сега и да и ги слушам нејзините плачки.Се си викам да им ја дадам на овие "мотивациските" говорници (воспитувачи) на 2-3 недели па да кажат како да се справам]:)
    Имаше една англичанка со 4 деца од кој 4тото па може и 1месечно бебе.Толку беше смирена си црташе со децата , бебечето плака ќе го затресе во количет па ако не престане за 10 мин стануваше и го земаше во раце.Ама и маж и беше многу ангажиран и смирн браво и респект за таквите јас цела се потресувам затоа за второ уште не размислувам:!:

    @Monella мм отиде без збор ама кажа дека нареден пат тој ќе организирал.Така кажа и пред 4 години кога бевме за Грција кога не можеа да не најдат во ниеден список на автобуси на крај како падобранци не ставија во еден и на крај му пукна осовината на автобусот и целиот се искриви на десно.Па дојде полиција и не тргна од автопатот.А шоферот вика еј грчиштата не мразат па не пријавија и сега мора да чекаме нов да дојде да не однесе до Ханиоти:^)|(
    Па од тогаш уште чекам да бухира одмор, ама ако чекам ќе треба дома да си седам:rofl:

    Од утре свеќи и свекор на гости ,тражите ме во тема свекрви и снаи(facepalm):lol:

    Попара ми е постот:rock:Ајте да лулам дете.Се буди кутрата често:drunk: Добра ноќ на сите|-)
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, minneymouse82 и 27 други им се допаѓа ова.
  19. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.313
    Здраво мамици! :)
    Седнав кафе да се напијам, секако со Фемина! ;)

    Малата едвај ја заспав:whew:... Се изнамачив, нишкав, пеев, затемнив убаво.. абре јок! А колку покасно е денската дремка толку покасно ќе биде и ноќнто заспивање:worried:. И онака касно заспиваат моите, па со ова денешно касно дремнување секако вечер полноќ ќе не фати!

    Големата до сега ја држев во скут, сака да се гали, ужива во времето кои го минеме заедно:inlove:. Прегеска заедно правевме ќофтенца, па ми помагаше околу средувањето низ дома (она собираше играчки), па ми ја чуваше малку беба за да доправам ручекот^_^. Кога сака знае да биде најумното дете на свет:angel:, ама знае да се претвори и во мало ѓаволче:devil: некогаш, за среќа се поретко!
    Пред некој ден зборевме за поаѓањето во градинка и ми вели - мамо, сакам пак двете заедно сами да се шеткаме после градинка, како тогаш кога бев мала! Ох душа моја, убави спомени има од времето кога можев да ја шеткам без да брзаме дома, да одиме каде и е желба, да јадеме сладолед, да си правиме шопинг. Овие прошетки ни се се поретки откога ја имаме беба, не можеме баш секаде и секогаш со малата!
    Ама разгваравме дека кога ќе порасне уште малку малата , тогаш заедно трите ќе се шеткаме секаде! Секако ветив дека наскоро ќе имаме денче само за нас, после градинка во парк, а беба ќе се чува со тато!

    Ручекот денес ми е ќофтенца со каша, едно од омилените јадења на дадушка! Ручавме пред малку двете, па ме фалеше како е највкусното јадење на свет направено од мама:wasntme:. Колку се невини тоа малите деца, безрезервно не сакаат и во обичните наши секојдневни обврски гледаат нешто гоолемо и најубаво. За мене обичен ручек спремен во брзање, за неа најслаткто јадење направено од мама! :l:

    ММ не е дома, почна пак да работи во викендите. Се опоравува со здравјето, ама сепак јас не сум му веќе подршка за толку многу да работи. Потајно го помислувам како е, да не пак му се слоши! Аман, мир да се нема! :(

    За вечер план немаме,а дома секако нема да се седи. Последни летни денови , максимално да ги искористиме!
    Убав ден, убав викенд! :sun::f:
     
    На ludoto19, minneymouse82, Ano и 23 други им се допаѓа ова.
  20. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки наминав да ве поздравам :) Надвор тешко времево не се дише .Ние дома сите настинати нешто ,синко добар беше ништо немаше ама завчера преку ноќ дете се разбуди во спиење се вртеше превртуваше се закашла и исповрати слајмови и тоа не баш малку:( Вчера цел ден кашла ноќта неможеше да спие од кашлање денес сабајле исто ,па ајде чаеви природни лекови ,го масирав малце па фала богу подобар е а кашлицата многу намалена се надевам дека утре уште подобар ќе биде(fingers) Јас пак денес одвај зборам грлово ми е партали не да ме боли незнам од кај ме најде ова сега .Дете збесна дома на жешково па дедо му го зема малце да прошетаат да здивнеме малце ние.Денес за прв пат морско сум спремала па како сум го погодила ептен ме пофалија сите дома :$ Незнам дали ви се пофалив брат ми ја побара девојката за жена имам снаа :party: Ќе се спремаме за свадба здравје другата година планираат :)
    Убава вечер одам малце да потсредам дур ми го нема индијанецот мој :D
     
    На ludoto19, Girl-Rabbit, minneymouse82 и 18 други им се допаѓа ова.