1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Леле @Leo-nora ја читам цело време,цели 6месеци и си викам де жено јака ти душа. Јас да бев на нејзино место сигурно во лудница ќе завршев. Читав низ темава наназад имало плачливи дечиња дури до 3тата година (facepalm) ама ете такви децата и тоа е тоа. Викаат нервозна мајка - нервозно дете. Ама кога на бебе не му се погаѓа оди не биди нервозен да те видам.

    Јас деновиве повеќе читам и цитирам немам нешто асално пишано. Многу сум успана деновиве. Ми се случува неколку пати наутро око да не можам да отворам. Бебе будно до мене вртка претка јас сеќавам ама душата уште ми спие. Изгледа дека минатата цела година сон асално не видов па тоа ептен се собра и еве сега оди разбуди се. А навечер па за цицање кога ќе станува немам проблем. Е ама утрото за будење... |-)

    Некогаш ќе ми се случи да направам споредба меѓу децава. Првото различно 1000 % од второто. Повеќе плачко,лепенка за мене грчеви го скостија ама барем спиеше абер немав за да се жалам. Ова второво позаинтересорано помалку плаче, не е лепенка за мене (што најмногу ме радува :lol: :clap: :party:) кај татко му повеќе ужива кај мене знае да му се здосади.грчеви скоро и да немавме ама за спиење оф леле мајко. Ама нека се живи и здрави. Од дете поубаво нешто нема. Тоа дека се мачни е факт ама па општо животот е мачен така да.....

    Од вторник почнуваме со големиот на школо. Му недостигало. Да,дека прво одд понатака ќе молиш за да не одиш :rofl: јас се надевам дека нема да е така ама знаеме како е да си младо школско дете. Му одбравме и купивме нови кондурчиња. Т.е сам си одбра. Зимава ни се виде како пролет па не обрнувавме многу внимание на обувките бидејќи беше суво. Е сега ѓоа постудено па ајде да купиме. Остана уште тренерчиња. Чудо како одрастува.

    За крај да си кажам вчера како се изреволтирав. Малку, не многу. :lol: сестра на свекор ми е заминат Германија и се јавува на Вибер да се жали. Леле си викам де бе вие цела ли фамилија сте такви да се жалите. (facepalm) нејзе крива и била снаата. Па свекор ми и вика ти лошо си се поставила. Ти треба да си пред се мајка си тебе треба да те служат да ти оддаваат почит.... И веќе си викам да би бог чувал.

    Сакав уште нешто да кажам е ама заборавив. :$ па додека спие бебчо да си искористам да предремам една тура. :) па женички среќен нека е празникот Богојавление Водици и имајте пријатна вечер.
     
    На tincemajmunce, TarantulaA, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Мајки незнам како да се справам со ќерками буквално почна да ме отврла. Плаче кога е со мене. Со мм се разделивме ама се гледа он со неа секој ден иде ја зима некогаш он ја враќа некогаш одам јас ја зимам ама тука е најлошото што кога одам да ја земам буквално вришти плаче по него или по теткаи. Не сака да иде со мене или да ја земам јас. Истото и дома се случува со мајками сака кај неа кај мене не сака у раце... а кога е сама со мене е мирна. Може влијае што постојано аум нервозна може со нервоза и сп неа зборам па го приметува тоа иако е мала... покрај милион други проблеми ова капак ми беше на се. Се случи сеа неколку ноќи се будеше у сон и неможев да ја смирам а ме гледаше бетер плачеше. Уште па кога одма да ја зимам од кај таткои кога плаче пн знае да ми рече гледаш и детево бега од тебе како ќе ја воспитуваш кога со нервоза и збориш на неа.. ми треба совет очигледно не сум добра мајка штом самата она не ме бара... неможам да поднесам више цел свет ми се сруши од кога се породив животов ми се заврте за 360 степени. Толку мн работи ми се случија она ми беше најсјаното нешто за кое вредеше да се борам после се ама после ова булвално се разочарав знам дете е мала не се замерува на мало дете ама не сум замислувала дете да плаче од мајка си... да не сака да оди кај неа бега од неа...
     
    На tincemajmunce, mal.ecka и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  3. Nikita7

    Nikita7 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    13.161
    Пол:
    Женски
    Незнам колку месеци ти е малата
    Но се што ти осеќаш она чиствува.
    Јас верувам дека секоја мајка во животот барем еднаш се почуствувала немајка.
    Сите сме биле нервозни тој период а башка тебе ситуацијата ти е по комплицирана.
    И јас се секавам мојата вриштеше плачеше ќе дојдеше @mariz кај мене ќе ја земеше и бубалка беше
    Уста не отвараше.
    Знам дека ти е болно
    Но детето не може да не ја сака мајката само те чуствува многу напната.
    Не можам да ти кажам не се нервирај тоа е појако од нас психата е најлоша работа
    Но пробај заради неа да се опуштиш малку.
     
    На Biljarkata, Mari*, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Amelaaaa

    Amelaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    1 година е ама вака прави од пред некој месец
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Ја осеќа твојата нервоза и напнатост. Затоа и те отфрла. Кога се помали, само плачат, а вака поголеми, потешки се. Затоа прво ти смири се, батали проблеми и нервози, јасно ми е дека после разводот ти е потешко, ама верувам дека ќе се оправиш, ти треба време. Кога детето е кај таткото, поработи си на себе, одмарај, прави нешто што те исполнува. После со детето ќе бидеш порелаксирана и тоа ќе почувствува. Ако ти е тешко и понатаму, не е лошо барем со психолог да зборнеш.
     
    На 24.07, Mari* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.211
    Допаѓања:
    13.861
    Пол:
    Женски
    Совет... Биди со позитивна мисла само за неа, за нејзе да и е убаво. Сигурно е тешко зашто не испаднал животот како што си мислела дека ќе биде ама соочи се со вистината и продолжи. Како што ти кажаа, прави нешто што те исполнува додека е беба кај татко и, па после ќе бидеш попозитивна со неа. Најбитно е да ја прифатиш реалноста и дека тоа сега е твојот живот. Впрочем, таа е најсветлата точка. Бори се за таа да биде сјајна.
     
    На 24.07, Annath, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Колкава е?
    Син ми имаше период истото/слично го правеше по мајка ми, свекрва ми, тетка му и една моја другарка. Значи коа беа присутни мене скоро па и не ме перцепираше. Ако нешто му стане у нив идеше за утеха, кога ќе си одат ќе се тресне од земја од плачење итн. На првиот одмор и моите беа со нас, мајка ми ја одбираше за се. Ми идеше да се убијам како моето дете одбира некој друг а мене не. Претешко ми беше во некои моменти. Притоа не сме имале никакви домашни проблеми. Се тоа постепено почна да исчезнува, па еве сега му е скроз небитно дали некоја од нив е присутна. Нити драми кога си одат, се однесува скроз нормално кога се со нас, а он се однесува со мене исто како што треба и како кога сме сами.
    Така да, пробај ова да го прифатиш како фаза која некои деца за поминуваат. Не си дидавај дополнителни стресови. Знам точно како ти е, ама знај ќе помине
     
    На supergirlmb, duffi, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.531
    Допаѓања:
    27.736
    Пол:
    Женски
    @Leo-nora дали сте испитале рефлукс (можеби скриен рефлукс). Тоа значи дека млекото се враќа во хранопровод и не е баш пријатно и затоа не сака бебе на рамно да спие туку со поткрената главичка во однос на телото. Види дали на подигната подлога подобро ќе спие. Друго е да ја успиваш пред да стане кенкава и да почне да покажува знаци за спиење. Значи станува, јаде игра и почнуваш процедура за успивање. Кога не се преморени побрзо заспиваат.

    Денес нов ден, нова недела. Работа се подсобра па ќе има прилично за работење неделава. Ама добро, ќе се преживее и тоа. Немам нешто многу за пишување. Викендов релаксиран, со гости и по гости бевме цело време па потешко денес да се фати ритам.

    Убава недела на сите.
     
    На supergirlmb, hello-kitty.90, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Пoминуваj пoвеќе време сама сo неа без баби, тетки...
    Мнoгу збoрење, заеднo играње, пеење, шетање.
    Претешка е ситуациjата ама бебетo нека ти е и утеха и начин кoлку тoлку пoлеснo да гo пoминеш периoдoт...

    @Leo-nora а да прoбаш да не jа ставаш вo транспoртер. Мoже ќе се oдвикне. На спална стави и oкoлу телoтo ќебенце да се чуствува дека е дoпрена дo нештo или акo имаш гнездo.

    Мамички oд денес ние малце oдмoр...Дojдoвме на 2-3 дена вo Берoвo. Тука сoнце, чист вoздух...шетаме сo бебе, какo тргнвме oд дoма се изнаспа :D oбoжава да спие вo кoла :mm:

    Сега малце ќе се чува сo таткo и, имам еден час спа (дефинитивнo дoбрo ќе ми дojде малце oдмoр :yawn:)

    Убав ден мами :D
     
    На Monella, Coco31, tina-63 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    16.436
    Пол:
    Женски
    Девојки помагајте само што купивме јакна и ја залепи со онаа леплива смеса како пластелин што се обликува лигавата во антистрес топчињата што ја има.Како да ја извадам?
     
  11. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки:)
    Дојде ред чашка винце со мм да се напијам. А јас ете на мобилен. Пу, срамота!
    Бебушките ми настинаа, кивкаа и мрсолчиња имаа. Малку пати и поткашлаа. Среќа веќе добри се. Ги мачкав со ароматичен балзам, ги инхалирав и редовно вадевме мрсолчиња. Среќа не намалија со јадење. Богами јадат беблациве мои. Едниот ќе лапоса 150 мл и за пола саат се прави како кој знае од кога да не е јаден...
    Е овој што го спомнав погоре личе веќе на дебелко бебе. А одвај 2 кг се роди.
    Му кратам и не му давам толку многу ама не ми успева. Не е смирен...
    Сношти во 23 заспавме. Едниот стана за јадење дури во 5, другиот во 6:30. Добри се со спиењето, да не ги подречам.
    Сеуште успевам да спастрам се низ дома. Можеби затоа навечер кога легнувам ми пулсира цело тело. Од умор... Денес го одменив мм во кујна. Ставив во рерна копанчиња со компир. Е салата не направив туку цвекло од тегла заврши работа.
    Веќе ми се преспива, а ме чека уште еден оброк х 2.
    Баш сакав да се распишам ама не е ферски кон мм.
    Ви посакувам мирна ноќ мајки.
    Ја сум пресреќна што врзувам сонче задоволителен број саати :) (засега)
     
    На Girl-Rabbit, TarantulaA, elcezelce и 23 други им се допаѓа ова.
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Шо весела дружина сте се собрале, а стално неам време да пишам.
    Цела недела дете болно.. сирупи на сила,инхалации со мерак сама со прави, еден спреј во носе,друг спреј,аспирирај.. и фала Богу помина.
    Цела недела сами на спална се шириме, мм се смилува па во дневна си спиеше.
    Кога е дете болно е најразгалено :D
    Не дека сама спие де, ама подруг е филингот кога сами се растегаме на спална.
    Секое утро бев истуркана на крајот а она залепена за мене, половина и повеќе од спалната празна.
    Галениче мое :l:
    Користев некои денови од одморот, ми останаа уште 6 па ќе видам како ќе ги распоредам.
    Многу било убаво да си по цел ден дома со детето.
    Овие денови сме се зближиле,здружиле и засакале милијарда пати повеќе:l:
    Од денес бек ту ворк, али кад се мора..

    Сакам лето.
    Или барем пролет.
    Измисливме каде ќе и правиме детска соба, колкуууууу и да мислев е невозможно и неизводливо :inlove:
    Ќе биде најубавата соба дома.
    На пинтерест веќе најдов тоа што сакам, па само да се подстопли и ќе се реализира.
    Терасата што ни е моментално ќе ја пуштиме малку поголема да биде и ќе биде цела со прозорци:inlove:
    Нов распоред дома.
    Па не за џабе ја исплаќам таа куќа, ќе си реновирам и ќе си седам таму.
    Девер ако сака да се жени нека си прави спрат со неговата, аааа џабе се нервирав до сега8)
    Тоа е и моја куќа, многу сум вложила веќе.
    Така, самата помисла на реновирање ми носи насмевка на лице, а самата помисла пак на колку тоа убаво и топло ќе изгледа па ме прави уште толку понетрпелива.
    Одзади дворот ќе се претвори во детско паркче, ма се имам испланирано :party:
    Здравје, таму и роденденот ќе биде а не ко ланскиот .. ѓа’ол и пол кошташе и пак други беа главни фаци место ние тројца.

    @Amelaaaa Ќе се справиш.
    Пред неколку месеци бев во некоја слична ситуација.
    Со мм на ратна нога (а се караме и се оддалечуваме само кога подолго време не одвојуваме време за нежности и кекс офкорс!), јас на работа де прва де втора смена.
    Нервозна,нервозна, со игла да ме боцнеше некој ќе експлодирав.
    Се ме нервираше, секој можеше да примети колку сум напната.
    Кога ми се уврте во глава, бебе ја сака свеки а мене не!
    Бебе не ме сака!
    Ми се плачеше кога си одев дома, сакав да седам на работа затоа што едноставно не знаев што да правам дома со бебе на кое според мене “не му бев интересна”.
    Свеки ја анимираше,хранеше,заспиваше и шеташе а јас се јадев одвнатре и пукав од љубомора!
    Со сила седев со бебе дома цел ден,од инает не одев кај свеки за да не ми ја “земе”.
    И ми текна колку е саат.
    Па јас сум му мајка на бебето!
    Кого би сакало тоа бебе повеќе од мајка си? Никого!
    Не смеам да бидам таква.
    Така, од ден на ден се повеќе и повеќе се зближувавме.
    Нема спиење кај свеки, туку со мене.
    Играње,зборење,шетање,смеење.. секоја секунда заедно двете.
    Почнав да уживам како што не знаев претходно.
    Оп,магично и со мм се смиривме.
    Оп,нервозата исчезна.
    Само љубов ми цвета по дома сега.
    Бебе е веќе детенце кое не може да и се насити на мама, мама и е најдобра другарка, мама е најинтересната дружинка за секаков вид игри, мјаукаме на под,се бркаме околу маса дур не се испотам, ја носам на ушка по пола саат дома затоа што така и е интересно, играме све и свашта и дете ми е насмеано по цел ден, само мама мама мама мама и мама постои, во друг ретко оди и ако отиде за кратко и здосадува и иде пак кај мене.
    Синоќа заспав во 1:30 она сабајле во 6:30 ме разбуди, место да се нервирам станавме и уште рано рано почнавме да играме и да се смееме.
    Мама е број 1.
    Мама е секогаш на прво место.
    Како што мене мојата мајка ми била и ми е, така и јас за моите деца ќе бидам.
    Ситуацијата со бившиот маж нека не ти ствара напнатост.
    Неговото однесување е тоа што те нервира, а намерно те провоцира.
    Не му дозволувај.
    Нека ја земе некој од твоите малата од кај него, не оди воопшто таму за да се сити на тоа дека не сака бебе во тебе туку во него.
    Олади си ја главата.
    Било што било, гледај само бебе да ти е приоритет а не бившиот.
    Што сакаш, да те полуди?
    Да ти го земе детето?
    Лигле.
    Множи го со 0.
    Научи да уживаш во мајчинството.
    Магично е. :l:
    Ви посакувам безброј среќни моменти на тебе и малата.
     
    На Skorpija25, Girl-Rabbit, babydust и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Oд кoга jа рoдив самo тoа сакам да jа чувам, негувам какo мене штo ме чувала а и уште ме чува маjка....
    Една е маjка :inlove:
     
    На happygirl, Happyinlove, Queen8 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    @Leo-nora моето бебе не спиеше никако освен на мене, веќе ти пишале...спиев на сред спална во полулегната пзоцооја со милион перници околу мене за да не се превртиме двајцата....ова беше едното решение, другото беше од два месеци спиење на стомак...пробај нареден пат да ја спуштиш на стомак... додрка да почна сам да се превртува син ми само на стомак спиеше и така не се будеше....нема да се загуши или нешто слично...ти посакувам среќа :*

    @Amelaaaa не постои лоша мајка. Периодот ти е сигурно тежок, прибери се и соземи се. Смирено постапувај со детето, чувствуваат повеќе од што прикажуваме. Сигурно те сака, фаза и е, ти пишале веќе... ви посакувам да бидете добро
     
    На Sexybaby86, Mari*, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.593
    Пол:
    Женски
    Добро утро :sun:

    Вчера бебла прими втора доза пневмококоа и менингокога. Цел ден плачки, па и цела ноќ немирно спиење и будење со плачење. Милион пати станав ноќеска, а ќе станев уште толку, ама ми текна да пробам да и дадам цуцла оти претходно маж додека ја чуваше и имаше дадено и бебла си ја чуваше во уста, па неколку пати ја прифати и продолжуваше така да спие. Цели 5 месеци плукаше цуцла, зарем е можно да прифати после толку долго време? :?:

    5+ е. Минатиот пат докторица рече ќе ни дае листа за да почнеме со вкусови, а овој пат ме праша дали сакам од сега или можеби од нареден месец, кажав дека преферирам уште еден месец доење, ми рече супер дека нема ништо против. :) А ако во меѓувреме се премислам да и се јавам ќе ми даде упатства. Арно ама откако и ги виде забите ми рече може да пробам со малку банана со прст да и дадам, оти веќе има 2 заба за да научи да џвака може треба бар со вкусови да се почне, ама е моја одлука.
    Е си бев одлучна, ама кога стигнав дома почнав да мислам..
    Е сега мислата и прашањето ми е на вас малите што ви извадиле заби од 4ти месец, сте почнале порано со дохрана? Дали заби се причина да се почне порано со вкусови?

    @Presrekna овде те тагнувам оти ќе ме преместат во спротивно. :D
    На преглед супер поминавме, докторка задоволна, бебла убаво и правилно расте ми рече. :)
    Како си поминавте вие на зимување? Се одморивте? :)
     
    На TarantulaA, Sexybaby86, elcezelce и 13 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    @Yowannty има деца што првите заби ги вадат на годинка.
    И тие деца знаат да џвакаат и јадат.
    Како што ти рекла докторката, твој е изборот.
     
    На Sexybaby86, happygirl, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    @Yowannty мое мислење е дека нема врска заби со дохрана. Јас почнував со трите деца на 5 ипол негде, за додека ги поминеме сите вкусови секако направија 6. Па стигнавме до оброк. Добро утро, инаку. Надвор сонце има, не ми се верува. Може да се шета денес. Одма е подруго. Убав ден!
     
    На TarantulaA, Sexybaby86, Monella и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.843
    Допаѓања:
    10.346
    Дoбрo утрo мамички :sun:
    Берoвo сoнчевo нo -13 :D^_^
    Бебе синoќа ни вoспoстави режим станување на саат време, jа ставаш на цице таа веќе заспала...мoментoт кoга ќе и се пojавиш над креветче и ти прави ГУ пoтoа вади една насмевка, среќна и распoлoжена за играње. 8)
    Мислам и дека беше наспана па не зезаше цела нoќ :nod:.

    Денoв сoнчев, да се крене температурава, кафе па мoже да се шета сo кoличка.
    Бебе мнoгу се нервира дoдека jа ставаме вo скафандер, транспoртер па излагаме сo плачки...кoга ќе oсети дека се вoзи, веќе заспана е :hug:

    Убав ден маjки. (hollest):inlove:
     
    На Sexybaby86, elcezelce, Monella и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Нажалост или за среќа ова е сега твој живот, незнам каква ти била животната приказна, од која причина сте разделенеи со сопругот не расчачкав по форумот, но тоа сега и не е важно. Во оваа ситуација треба да си колку што може посмирена со неа, тешко е тоа сигурно со целата новонастаната ситуација, но дефинитивно малото ја осеќа енергијата која ја носиш, ти треба разговор со психолог, психијатар било какво стручно лице, не е начин но јас понекогаш кога имам стресни периоди знам да земам и дијазепам, верувај дека е подобро да се напиеш нешто за да се смириш отколку да ги искинеш и изгубиш нервите, му требаш ти на твоето дете, никоја друга не може да го замени твоето место, ти си мајка, ти си најмајка за твоето дете па каква и да бидеш. Тука ќе најдеш поддршка секако, продолжи храбро и достоинствено, смирени и трпение спасение, ќе се наредат работите на свое место, а за таткото на детето што ти рекол дека еве и детето бега од тебе, сигурно и тој е потресен од новонастаната ситуација па ти рекол така. Ти си најмајка за твоето дете, гушки и само позитивни мисли!!!

    Ние сме добри, малата во градинка, јас на работа тато дома е, втора е. Се учи со полна пареа, па ќе видиме до каде ќе стигнам. На работа кафе испиено, доручек поминат и даааа време да се вратам на „некој режим“ на исхрана, стомакот ми станал како трудна да сум а не сум, си качив кило две околу празниците и сега абер немам да симнам, а ми смета, згора на се се што купив пред нова година ми е тесно дека купив кнап, ако купев поголем бр ќе требаше на теснење да носам, па сега ете ми мотивација да ослабам.

    Поздрав мајки ме вика работата.
     
    На Amelaaaa, Sexybaby86, elcezelce и 7 други им се допаѓа ова.
  20. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.130
    Ми текна да споделам развој на бебе, да ми стои тука да памтам, оти се заборава:D
    Откако наполни 8 месеци нагло ми се менува бебе и станува многу интересна.
    Во поглед на моторика се исправа и стои сама, научи и да седнува, прави и по 2-3 чекорчиња ако сака да земе нешто држејќи се за мебел. Лази многу брзо и ако и речам "Чеќај да те фатам" се смее и бега. Мрда со ноџињата кога свират играчките и на музика како да игра. Прави браво. Прави здраво, чао (не секогаш), подава кога ќе и речеш дај ама одма плаче ако не и го вратиш. Покажува со прст ако сака нешто.
    Во поглед на говор вика мама, тата, баба, тете, дада, ете, ајде (поточно аде) и повторува, пример кога ќе и речеш кажи мама - кажува. Исто мајка ми ја научи да го имитира дедо и како 'рчи и сега кога ќе ја прашаш како прави деде прави така интересно со устата како да брчи :D Инаку разбира многу зборови, на пример кога ќе и речам каде е носот на мама ме допира на носот со прст, исто знае и око и уста што е и сите играчки ги знае, ако и речам каде е жирафата оди ја зема жирафата, каде е бебето(имаме играчка бебе) го покажува бебето. Се врти на името.

    Од емоции, има чудна милост. Стиска со сета сила и ги стиска вилиците како да сака да те задави :D Ама знае и да се гали со тоа што ја боде главата во мојата. Исто мислам дека е малку скржава или љубоморна, кога земам јас некоја играчка и се преправам дека си играм доаѓа и ми ја зема. Инаетлива е и сака да е по нејзино, ако не и дадеш нешто што покажува или и го земеш плаче.
    Од игри најомилена и е криенка. Многу се смее кога и се кријам и и правам ЅЕ.
    Ретко и пуштам ТВ ама многу го сака Маша и Медо, му се радува, и ако ја спомнам Маша веднаш се врти кон ТВ.
    И уште ова, многу чудно реагира на Dance Monkey песната, се смирува и не трепнува само слуша, така успевам да и протнам 5 лажички јадење. Инаку е голем нејадач, 7800г на 8 месеци, се уште на доење. Од каде не јаде ништо, па ни 5 минути не седи во исто место, невозможна мисија ми е да и сменам пелена. И така...
     
    На Sexybaby86, elcezelce, НаталиЛили и 9 други им се допаѓа ова.