1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Здраво мајки!
    Нанкате ли? Или и вие како мене никако да заспиете и да наполните батериите за наредниот ден!
    Ама ми годи тишината, и топлото чајче...
    Надвор снегче, уште и елката фали за скоз да биде зимска атмосферата.
    Не, не му е арно на времето! Алооо, април, пролет, пеперутки, птици од југ, расцветани дрвја...
    Што се расфрлаш со снегулки!
    Па и тоа учителките од градинка мајтап си играт со темите... Нацртете - пролет, и песничка за пролет! Па ќерето почна снешко да црта! Ајде се објаснивме дека природата се збунила нешто, па се занимаваше со цртање пеперутки, бубамарки, цветчиња!
    Денеска маски правевме за априлили!
    Деновите знаат да бидат и напорни, и досадни... ама сепак им се радувам на моментите со дечките поминати!

    Уште и времето да се опраи, како пред некој ден што беше сончево, ех за мераци ќе биде!
    Па и ова состојабата со вирусот да помине и да си заживееме нормално, да си се вратиме на стариот тек на работите!
    Ама одма ми текнува на економска криза, и сфаќам дека долго ќе сме заглавени во овој проблем!
    Да не гнавам со моите црни мисли, туку да ве поздравам и посакам мирна ноќ!
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.583
    Пол:
    Женски
    Добро утро, добар ден :)

    Денеска повторно сончко бликнал :sun:
    Долги години сонцето многу лошо ми влијаеше и бев во блага депресија, а уживав додека врнеше. Многу ми годеше дожд на расположение и бев полна енергија. Време помина, работите се сменија и сега кога ќе погледнам како зраци се пробиваат низ ролетни или кујзнае што се овие што ги имаме, ама одма денов ми има смисла.

    Ми порасна бебево и не престанува да расте. Пред само неколку месеци беше малечко, розево, стуткано и незаинтересирано за ништо. Сега веќе го открива светот и учи, се развива, расте. Знае кoј е Маче и се врти по него кога ќе му го чуе името. Знае дека тропалките тропаат па ги тропка сама. Знае дека далечинското пушта Кокомелон, па само што ќе го фатиме се врти кон тв. Денеска лазе...ама наназад :D. Просто неверојатно е дека секој од нас уствари почнал од сосем толку малку... :)

    Ми се појави некакво топче на прстот од раката. Не ме боли, ама страшно ме нервира. Никако да помине и веќе стварно почнува да ме плаши. А ситуацијава не дава да посетам доктор. Сите работат само со итни случаи и сега како да знам дали е итно или не.. (facepalm) А ја веќе си почнав да умислувам болештини и дека ќе ме стрефи... тромб. :worried: :tmi:

    На поубавата страна, косава ми се реобновува многу брзо, па бар нема да бидам челавка. :bandit: Кога сме кај косата имам чувство дека залистоците ми се згуснати и повеќе од што ми беа пред воопшто да почне да ми паѓа. :^) Зарем е можно?! :inlove:
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 27 други им се допаѓа ова.
  3. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    23.947
    Пол:
    Женски
    Хелоу лејдис:hai:

    Лапнавме доручек, сега кафе на тераса со сонце, со снег, со се' 8)

    Кажав дека бебе лази, ама овие неколку денови животот ми го скратува. Ептен брзо иде и паѓа, ортопедот ми вика нека паѓа сега дома и нека плаче малце, за да не паѓа надвор, па да плачеш ти многу. :D

    Не можам на секунда да го остаам сам, а сами сме дома цело време.
    Сега нешто почна кучево да му смета. Овој ги фрла тропалкиве накај неа, па она ги зема и му ги враќа и после тоа он лут.:D
    Цепки се двајцата:) како две деца да имам дома се осеќам. :D

    Вчера колку снег заврна и куче и јас се изнауживавме. :inlove:
    Снег во Април8-|

    Веќе на психа ме мава седењево дома, и ме прави депре али се надевам дека наскоро се' ќе биде подобро за сите :)
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 23 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.335
    Допаѓања:
    20.836
    Пол:
    Женски
    Да пишам дур јадам,а на дете макарони се варат.Тоа ќе има з а вечера.Вчера радости на снегот бевме,ама побара и дедо мраз поклонче да му донелИзмешал брзините
    Решив да се частам велигденски со онлајн шопинг и многу се разочарав.Пред да оставам трансакциск на фешн груп,тестирав прво дали после би можела да го избришам акаунтот Е неможе Епа не сум луда да оставам трансакциска у тој случај.Најдов и други неправилности...Шта речи,професионална деформација ми е наоѓање грешки во ИТ светот:)Ама затоа маж си најде начин да си набави новото нинтендо,со плаќање на рака...
    Со дете отприлика разработивме шема на активности.Жал ми е што надвор не е истрчан,ама така налага ситуација нели.Малце се напнувам што не му држи фокус околу активности.Најчесто јас зборам,јас сечам,јас лепам а он на мене 'Бравооо'
    Готови се макароните,сеодјавувам...
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Ве немам поздравено:hai:.

    Бројам денови уште 20 до роденденот на син ми.
    Душа ме боли што е ваква ситуацијата,што нема да можам да му го направам онака како што сакам и заслужува. Што ли ке напишам во радосница...Сине твојот прв роденден го прославивме во време на пандемија , короната хараше , торта минијатурна ти нарачав за да не ја фрламе дека нема кој да ја јаде:D.
    Се шегувам , само нека пројде ова лудило да бидеме живи и здрави па ке славиме.
    А и убаво вика мм,као он разбира па криво ке му биде. Греота тие деца на 5 -6 годинки што едвај си го чекале роденденот,па другарчињата нема да му дојдат... ке пројде.

    Не ми поминува денот луѓе,сама со мали плус мачнини од бременост. А знаете син ми каква хефталка е па се до него,со него во раце,паткаме,играме со топка.. и рано заспива и рано станува.
    Не е во скок а многу немирни ноќи имаме,само станува и е спремен да лази,па се мава во кревет,плачи,заби има 6...:?: немам ни јас сон,а ми е потребен.

    Барам активности као не бе нејќе сам да игра,со џогер само ке проврти така као демек еве те имитирам што правеше и ново му е легнува како војник и бара под тросед,маса дали има топче. Тоа што ме гледа што правам па да не е покусо:rofl:.

    Немам друго инфо така интересно,гледам многу тема корона да не ме допира,седиме дома,одам пазарам во маркет и аптека,мали на тераса , немам контакти и тоа е. Што е до мене почитувам мерки другото како ни е судено.
    А и на 15ти на скрининг сум,се надевам се ке биде во ред. Е тогаш ке кажиме што сме виделе за бебе но.2:rofl::whew::inlove:
    Чаос(highfive)
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    7.278
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.
    Ве читав едно време без да пишувам а во последно време немам време ни да читам. Јас ли не знам да се организирам или кај сите е вака. Кажувајте како се снаоѓате со две. Цело време некое ранам, заспивам или бањам.

    Инаку ние сме кај мајка, тепаме време во двор. Имаме лизгалка, лулашка, купивме и трамболина. Ми се оди дома ама потешко ќе е во стан :|.
    Породилното ми истекува и ме фаќа нервоза. Заради состојбава изгледа ни забраниле одмори платени, неплатени, боледувања... па се надевам барем дека ќе ни го продолжат породилното :wasntme:. Инаку кој ќе ми чува две деца дома :worried:.

    И да ви кажам стварно ве мислам периодов, ми фалите. Полесно ми е кога ве читам.

    Толку стигнав да пишам, да не сум без ич а вие да ми се кажете кај сте, како сте.
    Знам дека некои чекаа второ, некои се породија, на некои други големи работи им се случиле а не сум ве прочитала :|.

    @kukla21 @emkaemka @eli25 @mal.ecka @snegulkata @Ano збор, два да кажете :*
    Јас ветувам дека пак ќе ве читам и чат пат пишам :nod:
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 18 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Добра вечер мајки

    Пуштив Ван Гог на Јутуб, репертоар за цела вечер ми е спремен. Уште маж да ми беше дома, да си отворевме едно розе и пушти бриго на весеље:tmi::rofl:.

    Арни сме, последниве неколку дена не си барам корона, па ми се дигна расположење. Маж ми даде надеж дека неделава петок, утре, ќе си дојде дома, не стандардно сабота, па се радувам како дете на вечер плус со него:$.

    И мезе ќе си направиме, :P за диетата, еднаш се живее, во ваква карантин ситуација не се држело диети(ве молам без контра аргументи:D)
    Боже мили, свртев на Кондорд, црвени штикли и црвен чорап...да ме прашаш за каде штелувам расположење. (facepalm) За тие кои не ги знаете чудниве групи и песни, не сум стара, вие сте многу млади:D.

    Останете ми добри:d:
     
    На Kaetana, SummerGirl, Chanell* и 27 други им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    Не го изгледав видеото со девојчето душа не ми даде да го пуштам покрај коментарите. Си го земав моето девојче и си го гушнав силно, најсилно. Ми прелетаа секакви мисли над глава дали јас ќе бидам доволно силна и брза насекаде да ја заштитам? Што ако некад и се деси нешто? Ми се лоши од темата.

    Не знам дали е до децава од видеово, дали е од родителите или воопшто од системот. Не знам каде да ја барам грешката за промашениве сперматозоиди. Зошто правиш дете кога тоа дете не го воспитуваш да биде човек него ѕвер? Зошто у курац раѓате деца ако тие личат онака? Зарем е можно да не знаете дека вашиот син е исклучително глуп и насилен? Ќорави сте? Што ви е бе луѓе?!

    Гарант кога нивните го виделе видеово рекле “ај што си ја тепал си ја тепал, али глуп си да се снимаш? “. Само од такви тикви вакви деца може да произлезат. Мажишта јаки, ебачишта.

    За жал ова не е само појава кај нас насекаде е. Особено на факултет девојките се со преку 60% силувани, а некои и тепани за истиве работи. Америка е прва на таа листа не се ништо подобри ни азијатите, ниту европјаните. Англија на пример може доста да се пофали на тоа поле.

    Страшно време и страшен свет. А јас имам малечко бебенце кое допрва треба да го открие овој свет и да биде силна покрај толку “мажишта”.

    Да идам да си легнам многу лоша тема за пред спиење.
     
    На Kaetana, SummerGirl, hello-kitty.90 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.843
    Пол:
    Женски
    :hai: Хелоу.

    Еве ме да шкртанм пред да легнам и да гушнам дете. Денес имам еднорог. Прееска се препрчи од гарнитура и директ на глава. Еден тресок срце ми застана;(. Го станав и низ крокодилски солзи се пожали дека има го боли носот. Гледам нема крв и си реков добро е куртули. Се смири и се заигравме, кога гледам на сред чело меѓу очи огромна џумка никнува(facepalm) Куто дете. Вака се супер си беше, си продолжи со игра и лудории па се смирив малку. Се надевам се е во ред :worried: Ќе видиме резултат утре.

    @24.07 За вода прв е. Не можам да го разберам тој феномен со децава и вода. Е пред некој ден имавме некое домашно од градинка, па си реков да се позанимаваме. Ама не беше успешно, па решив да го плескаме тесто. Како почнав да турам вода, како почна да се лепи по раце, почна да цвика да го измијам. Не сака мазен да му се прлјави рацете. Па го сплескав јас тестото до фаза да не се лепи, е тогаш се заигра. Правевме ѕведички со модлите од пластелин и ги боевме. Конечно успеав да му задржам внимание подолго од 15 минути. Уствари мислам дека цел саат се плескавме8-|. Го урочив ли, или му ја погодив играта не сум сигурна. Битно дете среќно и мајка со него.

    @emkaemka во моментов навистина ви завидувам на сите со куќи и дворови. Благодет за ова врме невреме. И озбилно прва наредна инвестиција ќе ми биде викендичка на Скопска. Некаде таму високо под Бродец. Едно сопче, кујна и тоалет и огромен двор. Друго не ми треба. Само да се отарасам од обврски за станон во Охрид, што не го користиме воопшто, а и не можеме да дојдеме на ред. А во 45м2 повеќе од тројца е гужва:^)

    Инаку незнам дали кога ги гледам девојките на дани како ги анимира, си мислев само мојов дифтар ќе е, ама изгледа таа е возраста и фазата. А може и детето си е во ред, може и јас премногу очекувам од 2,5годишно дете. Плус фактот дека сме затворени дома веќе 3 недели дополнително ја прави ситуацијата потешка за контрола. Додуша и јас сум терсене, не сум педантерија, ама кога станува збор за некој проект што сум го намислила (ова и професионално) се вадам од кожа ако не оди по тек кој сум го замислила. Ама ќе мора да се помирам дека е само дете и дека треба да му дадам простор сам да се изразува, а не да очекувам ако му посочам нештото да го обои црвено, а тој замачка во боите да се нервирам(facepalm)

    Јас веќе го замислувам летово со огромен базен на балкон. И онака по грешка го купивме за првиот одмор на мали (значи огромен е), па бар ќе го искористиме на балкон ем дете, а и јас можам да се пиканм со него внатре:lol:. Иако не се предавам од идеа дека бар септември може ќе брценеме нозе во море. Ама времето ќе покаже дали ќе има или не бањање оваа година.

    @eli25 блазе тебе. Јас незнам нареднава недела како ќе работам. Има најава за некоја фрка на работа, маж ќе е на работа, како ќе се снајдам јас со обврски и дете од сега ме фаќа паника во глава. Проблем е што е тајм сензитив активност инаку без проблем ќе си ја срабтев и ноќе ако треба. Ќе мора да спремам игра со вода и некое водоотпорно одело:rofl:, па може и ќе успеам да сработам се, ако не ќе врзам дете додека работам (ова шала, да не помисли некој дека стварно би направила)


    @Minnie-e јас со едно сум хаос, а за со две се тешам дека би се снашла. Ако не ќе си најмам дадилка да ми помогне:rofl::rofl:. Шкртнувај почесто. Некако ја снема таа наша генерација. И @elcezelce, @orhideea и да не ги редам сите кои почесто пишуваа, ама целосно ми е јасно со децава како снемува време.

    Значи @danichap Дани, со песниве ме врати по втор пат назад во времето. Само сега на журките низ Скопје, од Кабрио, Бони, Ани, Колосеум, Златна ружа, МНТ, Сабвеј, Пивница и уште едно чудо култни места каде се правеа добри журки. И се слушаше и македонска музика, и најважно се шизеше. Значи имаше подиум за шизење :o. Е ќе ме убие носталгија за тоа безгрижно време.

    Се гледа по постовите дека ми влијае ова карантинов.
    Одам да испијам еден чај и да лапнам благо, па да си го гушнам детето.

    Имајте убава ноќ и чувајте се мајки. Ќе дојдат повторно убави и безгрижни денови.:f::f::f::f:
     
    На Kaetana, SummerGirl, mal.ecka и 28 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    @Ano мислам со вода ќе решиш се :nod: Нема дете што несака вода.
    Јас кога зборувам на службен тел.се затворам во тоалет (facepalm) Он тропа и вика мамоо излези :rofl: Којзнае како звучам . Среќа мајка ми е тука инаку тешко :(

    Што ден ќе беше и моето лавче лупна денес. Уствари јас бев крива. Кога одиме на тераса, пошто доживљај нели, бара патики. Да му ги облечам стооечки, му го кренав ноџето и бап со главата директ како што стоеше на ламинатот :( Го следев немаше ништо, освен гооолема џумка:(
    Поседовме на тераса малку, видовме две мачиња, едно кутре, птиците што се тепале, биле братче и сестриче ама братчето не било умно и сестричката го карала и тепала :rofl:, на крај заклучи дека старо купујем не поминал, леле циркуси сме на тераса :DКојзнае ако не слуша некој , што си мисли (facepalm)
    Не сакаше да влезе, урлаше сакааам на воздухххх ;(

    И да се пофалам, детето прв пат во овие 2ипол години изеде парче торта 8-|
    Ептен се приврза за мене дека сум повеќе дома дури ми вика нека не си доаѓа тато од работа ! И ме слуша за се. Што правам јас тоа и он:)
    Мене ми прија, како не :inlove: Претходно беше лепенче на баба му :)
     
    На Kaetana, SummerGirl, hello-kitty.90 и 22 други им се допаѓа ова.
  11. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.843
    Пол:
    Женски
    Ќе се снаоѓаме. Инаку не се секирај, кај сите што ѕвонам службено што се со деца го има истото, во позадина се слушаат деца како плачат, викаат и бараат внимание:D

    Да не не мислите, џумката се повлече скоро целосно, има мала модрица, ама ништо страшно.

    Имајте убав ден.
     
    На SummerGirl, hello-kitty.90, Happyinlove и 7 други им се допаѓа ова.
  12. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :hai:
    Ако ништо друго редовно се трудам бар да ве прочитам .Ама со детево мое секој ден затворена дома полека но сигурно полудувам:whew: Ако кажам дека полесно ми беше дур одев на работа ќе бидам немајка на годината :?: .Мирен е не е проблематичен синко ама мајки војна водиме за јадење и спиење секој ден ,а стомаков секој ден се поголем и потежок ми станува влегов во 7 месец денеска .Јас незнам ова мое дете цел ден да не му дадеш јадење само нема шанси да побара одвај дали 13кг има ,а се извиши како соленка е ,бар дур одеше во градинка ако ништо друго мирна бев дека е јаден.И со спиењето проблем на пладне неќе да преспие кога е време за спиење туку него му се приспива кај 5 и нема шанси да му одвлечеш внимание да не заспие ,заспива на земја на маса кај ќе стигне и после навечер журка до 1 пред некој ден заспа дури во 3 ноќта ,завчера успеав да го задржам да не заспие преку ден и заспа вечерта во 20:45 и во 2ипол ноќта господинот си стана наспан (facepalm) Незнам искрено што да направам со ова негово неспиење :( Јас пак си имам мака многу ме болат препоните во оваа бременост посебно кога ќе легнам и треба да станам .Се нервирам не сум спремна ништо за ова бебе немам ништо облека купено ,ама реков ќе почекам до крај на мај па ако не заврши карантинов ќе удрам на онлајн шопинг .У главном тоа е деновите така ми поминуваат со дете по дома ,среќа па имаме двор и кога е убаво времето сме надвор колку толку и тоа е добивка во овој тежок период .Во врска со коронава од кога ме ослободија од работа ,почнав некако да се опседнувам со ситуацијата и да бидам цела во паника ама веќе не избегнувам не читам никакви новости освен дневниот прес на министерот што го следам ,зашто по интернетов и новинариве претераа пишуваат се што треба и што не треба .Тоа е мајки честитки за сите родендени што сум ги пропуштила и сите убави поводи за честитање :hug:
    Чувајте се ,доаѓаат поубави денови:sun::f::hug:
     
    На Kaetana, SummerGirl, hello-kitty.90 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    18.421
    Пол:
    Женски
    Нека не преспива преку ден. Мојот син не преспива преку ден од година ипол. Се борев и трудев, бе сакаше да спие. Секогаш со плачки го успивав, а вечерта имав проблем со легнувањр во нормално време. Дури и во 3 да станал од дремка до минимум 11 не можев да го заспијам.
    Се навикнавме да функционираме брз преспивање, супер ни е. Заспива навечер меѓу 9ипол и 10ипол. Спие цела ноќ по 10ипол до макс 12 саати, ретко се буди еднаш, нишкам и продолжува. Е уште заспива со нипкање.
    Кога почнавме вака криза за спиење го фаќаше меѓу 5 и 6. Знаев и спремна бев да не гледа тогаш цртани, да не си игра сам туку хиперајтивно да го занимавам, да бидам трпелива за плачки и лутења бидејќи неподнослив беше...штом помине дремката гајле немав. И сега ако преспал само 10 саати место да врзе 11/12 го фаќа криза истовреме ама послаба е, минува, нема заспивање инаку исто 2 не ни бега..
     
    На SummerGirl, hello-kitty.90, fairy88 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки. Додека брзински шмркам кафе додека уште спијат бебенца, да напишам некој збор.

    Ние сме во изолација од кога се родени децава. Така им се погоди ете. Незнам како, ама мене убаво ми е. Деновите се нижат, тие растат со брзината на светлината. Почнавме со воведување вкусови.
    Мераклиски правам каши секој ден. Беблаци кркаат се што ќе видат пред себе. Уживам секој ден со нив.
    Се прашувам, мора ли толку брзо да ми пораснат човечињата родени неполни 2кг?
    Секојдневно ми се премотува филмот од минатата година. Ова беше период на неизмерна среќа, неизвесност, надеж, страв...
    Прво успешно ивф, две ембриончиња во меше. Прво ехо, прво срцебиење нивно, инекции безброј, страв еден куп, спиење како шпиртосана...
    Денес... моите раце полни, а нивните околу мојот врат.
    Фала му на Господ!

    Немир ми дава целата оваа ситуација со Корона-вирусот.
    Мм единствено да пазари излегува. Друг контакт со надворешниот свет немаме. Моите не доаѓаат. И двајцата имаат ризични работи во однос на актуелната состојба, па посети не остваруваме. Свеки не доаѓа. Во ризична група е, а плус што обврските околу свекор ми ја дотолчуваат секојдневно.
    Внуците очајно ми недостасуваат. Срамота е да кажам дека сеуште не сме ги прибрале на купче моите и братовите деца. Сплет на околности, ете така се случи...
    Неизмерно посакувам да заврши оваа голгота, да го промени човештвото на подобро и да се вратиме на нормалниот тек на животот.

    Уживајте дома, спокојот ни е таму на сите. Имајте разнолични денови исполнети со детска смеа.
     
    На Esmeralda-MD, Kaetana, SummerGirl и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски

    Не ме демотивирај,а баш ке те тагнев да ми откриеш некој детаљ што ме чека. Мислам дека исто ке ни бидат разлика,19месеци?:whew::)

    И друга мајка нека пише слободно,нека пука :rofl: нека каже како е со две бебиња.
     
    На SummerGirl, Chantal, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Хепи, јас ќе ти кажам како е со близнаци.
    Јас всушност незнам да направам споредба како било со едно, а како со две. Нема, нема деца и на крајот, оп-две!
    Признавам, тешко и напорно е, особено што сама сум со нив. Маж ми, да е жив и здрав, помага и тоа како. Машка помош, ама сепак е помош. Ние и сами си го баравме уште од старт, си кажавме дека сами ќе си ги гледаме.
    Релативно мирни се и двајцата, навечер врзуваат цела ноќ, па можеби и затоа велам дека две деца може да гледа сама мајка.
    Треба организација најмногу околу јадењето. Треба реквизити еден куп за да се анимира тој што чека ред за хранење. Јас сум со аларм постојано. Едниот менување пелена, вежби па храна. За саат време алармира мобилниот за другиот. Незнам како, ама моиве се научија трпеливо да се чекаат. Ваљда сфатија дека нема друго :D
    Само рутина му е мајката.
    Претпоставувам дека е полесно кога се на некоја разлика децата, поголемото ќе е колку-толку понезависно од тебе. Ќе може само да седе и да се заигра, било што да прави, а тоа да не е поврзано со твојот скут. Додека го храниш бебето, поголемото ќе си го ставиш во играл а, ќе го седниш на земја, играчки околу него...
    Потешко е кога се близнаци бидејќи апсолутно истите потреби ги имаат и двајцата. Незнам... Претпоставувам.. Незнам од искуство да кажам.
    Како и да е, секогаш кога ќе почувствуваш зорт, сети се дека си богата жена и дека мајките можат СЕ!
    Лесна бременост, уште полесно одгледување на дечките да имаш :)
     
    На Kaetana, SummerGirl, marchi-cool и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.982
    Допаѓања:
    166.583
    Пол:
    Женски
    Блазе си ви што сте си пак труднички, а имате бебенца. Јас многу сакам мала разлика кај деца, и да не бев со царски сеа карантински ќе го нападнев маж ми. :wasntme: :D Ама ради царскиот ме прпа.
    Морам да си го пофалам гинекологот дека покрај тоа што е прекрасен човек и доктор и гинеколог, та и психолог честопати, лузната од резот скоро и да не се познава. Таков човек секогаш позитивен и насмеан не може да не го сакаш. :)

    Добар ден мајки :)
    Болките што ги спомнував минатиот пат сепак биле најава за менструација. :envy: Добив пред 3 дена. Додуша не знам дали се рачунаат капки за добиено... :?: ама тоа што стомак утрово ме скина веројатно тоа е тоа и мојот најголем страв се оствари. Чао безболни менструации, убаво беше дур траеше. ;(
    А баш се чудев што толку ми се нафрла лицево пред неколку денови, ко со шмиргла да сум се избришала место со пешкир. (facepalm) Ептен тинејџ се осетив. 8)


    Маж ја заспа бебла и еве ја спие на кревет сама после цели 6 месеци. Јас кога ја заспивам, никогаш не ми успева да ја преместам откако ќе заспие. И еве ме сега не знам што да правам со слободново време. :D

    Дали сите деца врескаат кога сакаат нешто? Така пискаво со толку чист и продорен глас после кој сеуште ти одѕвонува во главата? :wasntme: Ова некој напреден левел на високи ноти уште непознати и неопеани до сега. (facepalm) Леле луѓе ќе оглувам начисто ако продолжи вака.
     
    На Kaetana, SummerGirl, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.181
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Кога ќерката беше ептен мала, неколку месеца, маж ми слушаше како се дерат други деца и ме прашуваше зашто се дерат. Јас му викав немој да мислиш дека и нашето нема да се дере.
    И баш пред некој ден го потсетив на муабетов, пошо малово се шета низ стан и си испушта високи ноти чисто онака за забава. :D
     
    На SummerGirl, Chantal, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски
    Царски сум:nod: на негови 9 месеци останав бремена.
    Не ми спомна за ризик сега за сега никаков виде дека резот е погоре од плодот и тоа било добар знак.
    Јас прво за тоа помослив леле царски па нели 2 год разлика треба,ете не добив ништо такво како одговор:)
    Така да нападај8).

    Па после 7 години ке пишам тука: "леле ама сум се успала во 9 станав,децата во школо се...." а до тогаш нема спиење , а и онака се навикнав:)


    @bela.m мислам дека клучот е во добра организација тоа секако,но еве син ми е една лепенка што мора да си до него,незнае уште сам да се заигра да не ме бара 15 мин...се надевам за брзо ке ја смениме и таа навика со оглед на тоа дека ке има бебе дома. Но затоа вторите деца сами растат,повторно вниманието кон првото е повејќе и ете го пркнало малото.
    А за близнаци секоја чест да ви е , од старт на бременост па до проодување е долг и тежок пат. Но ете сила и организација:l:
     
    На Kaetana, SummerGirl, marchi-cool и 13 други им се допаѓа ова.
  20. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.124
    Пол:
    Женски
    Хепи, ретко ама многу ретко дете да не е лепенка. Особено кога мама е на породилно и не гледа никој друг освен неа. И моиве се фластери. Само да сум во соба, по цена и на оброк :D
    Сликата за тебе од форумов, укажува на тоа дека одлично ќе се снајдеш во улогата на мајка на бебе број 2. Веќе добро знаеш како се прави тоа
    Уште еднаш ти посакувам со лесно!
     
    На Kaetana, SummerGirl, happygirl и 5 други им се допаѓа ова.