1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Добар ден мамушки!:)
    Недела 8-|
    Седнав демек кафе да пијам, а еве веќе 3 пати станувам да ги раскачам малите да не се скубат и карат за жолтата боичка оти имаме 5 жолти исти... Баш за жолтата бре|(, единствената која ја имаме 5 пати во купот боички. Патем малата не ни знае која е жолта а која црвена или зелена(facepalm), малото знае да се тегне по се што ќе фати сестра и.]:)
    Прегеска пак едвај ги разделив да не се гушкат и кикотат оти беше време за малото да спие. :rofl:
    Сабајлето си имаат ритуал на расонување. Дадата обожава да ја буди наутро, и се бутка во кревет на малата, ја гушка и бацка, ја гмечи, ја гали:inlove:... и ова ми е најубавиот момент од цел ден. Очите ми се полни, срцето исто...:l:
    Ама не трае долго, најчесто завршува со расплаканата дада;( која налутено го напушта креветот и се жали дека малата ја скубела за коса. Малото ми е опасно, чиниш ништо не прави а тоа скришум скуба! :devil:
    И така... да раскажувам како се трчкаме низ дома дури да се облечеме?! (facepalm) Ќе свикам неколкупати за дадата да се измие и облече, па малата трча по големата за и она да се мие... Па се карат за пастата, се прскат со вода, фајќат и кај треба и кај не треба... Јас секако викам да престанат ама кој да ме слушне?!? (lalala)Комшиите сигурно знаат и слушаат, за среќа не се жалат.
    И ајдееее во кујна сме, измиени и облечени! Ако имаме ксмет некоја од бабите да пратила некоја баничка е супер ( како денес на пример) или пак ќе одлучам да правам нешто брзинско заедно со нив. Додуша малата уште по првите 5 минути ја исфрламе од игра оти она секаде сака да стави сол и шеќер, и јајцата со се лушпа да ги мати... Ако сама спремам за 20мин, со дадата заедно сме побавни за 15 мин секако. Значи 35 минути ни требат, ама блеска дадата од среќа а тоа е најважно.:angel:
    И ајдеее, јадеме... Малата стандардно бара манџа, се буни оти нема месо... па јас објаснувам дека за ручек ќе имаме месо, па ќе виде невиде ќе си јаде од послуженото!:!:
    Отпосле активностите по дома знаат да бидат од една до друга крајност! Или ќе биде се најубаво и весело и децата среќни... и наеднаш ќе стане напнето и некое ќе плаче а другото ќе се правда дека не е виновно!:^)
    И се смееме и се караме! На моменти е досаднооооо.... ама тоа е што е! :yawn:
    Ќе бидам искрена дека понекогаш нетерпеливо чекам да дојде време за спиење:$, ќе посакам да не е недела...
    Ама само едно слатко кикотење е доволно да ме потсети колку сум среќна!
    Моментално играат криенка во лавиринт. Поточно се буткат под столовите и масата, кај и да е ќе тресне некој стол:doh:. Малата очигледно не знае ни што игра е ова, дадата диктира кои игри! Дадата ми е ептен со идеи за игри! Де полицајќи, де пикник играт, па кампуваат под шатор од ќебиња... Малата којзнае што мисли, ама играта е прекрасна се додека е послушен пион на дадата. Е кога малото ќе одбие послушност.... е тогаш е трета светска војна, играта се растура, јас сум судија8)...
    На крај викам и раскревам и зборувам дека повеќе нема да дозволам толку да растураат... до утре! :wasntme:
    Навечер пред спиење гледаме цртан! :~:Сите заедно, јас ММ и двете ќерки! А да, најпрвин се убедуваме кој цртан да гледаме... оти дадата сака Ариел а малата Џуџињата! И ајдеее ќе падне тој битен договор најчесто со победа на малото, пошто големата е почесто принудена да попушта со објаснување - ти си поголема и треба да попушташ!
    Па ќе заспијат, две мали јагненца кои ги сакам повеќе од се во животот!:l:
    Така е кај нас, најчесто во недела...
    Интересничко!
    Ајде убав ви ден!
    Уживајте со деците!
     
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 23 други им се допаѓа ова.
  2. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    2.744
    Пол:
    Женски
    Здраво маички, незнам во која тема да прашам па овде ке пишам,бебенцето сега ке прави 3 месеци на ножината забележав второто прсте како качено на другите му стои на двете ножина така, што да направам за да му стои нормално?
     
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Епа колку за утеха и јас почнувам да станувам таква. А тек назад ми е. :lol:
    и мене ми е породилното при крај. Ме стега желудникот од помислата искрено. Денес читам го продолжиле породилното додека трае кризниов период. Време за слушање прес конференции и статии на фб многу немам,ептен ретко едино од овде од форумов црпам информации колку се може. Па да видиме што ќе биде понатаму.
    не е за овде овој коментар ама ете дека се спомна... Слушав едно видео прашуваат еден татко од овие децава и татково вика ами такви се сега денешниве,женските сами си го бараат. Пред тоа рече еден син имав ама ме закопа. И оди бери им памет. (facepalm)
    ова како јас да сум го пишувала пред околу година дена :lol: само да видиш колку ќе ти е потешко одкако ќе се роди. Не сакам да те плашам. Ама има некоја виша сила што не тера да успееме да ги издржиме тие периоди. Искрено. Со две деца дома... |(
    колкаво ти е детенцето? Јас истиве маки ги имав. Од 2 години престана да спие денски. А имаше периоди кога навечер ќе станеше навечер крај 2 и до 5 сабале абер немаше за спиење.

    Сакав да ве дочитам ама не можам. Ме фати дремка па додека спие бебчо да дремнам. Има периоди кога сум ептен истоштена. Легнувам накај 11 - 12 станувам накај 6-7 со неколку пати будење за цицање. Вистина ми иде околу 7-8 сати спиење ама кога ти се крши сонот неколку пати не е тоа тоа. Обврските дома успевам да ги средам со децата. Едното да се анимира домашни ова она... И нему му се здосадува. Бебето... Бебе ко бебе си бара своето. Спиење јадење цицање облечи соблечи искапи заспиј крени го враце седни го легни го... Ама многу се врти не може сам во никој случај да е оставен. Среќа големиот ми е доволно голем за да ми помага околу тоа да внимава на него. Одкако го ставам во дубак ептен полесно ми е,ем на раце и кичма ем за домашни обврски. На крајот од денот нема ден да не осетам дека веќе на нозе не можам да стојам што кичма боли што врат што раце што зглобови... А па уште маж ко ќе ги заспиеме децата ми рече дојди кај мене ми иде да го утепам.
     
    На Mari*, fairy88, hello-kitty.90 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Како се држите?

    Нас не ни е нешто многу сменето, по дома се занимаваме стандард, надвор си играме и така. Жал ми е само што не може да се дружи со друагрчиња, многу и фалат. Ептен ми е криво за дечињата што го поминуваат вака периодов, место да се дружат, да се социјализираат, они вака, затворени. И да излеземе да прошетаме одиме кај што нема никој. И она знае, не ни бара веќе, само вика некогаш кога ќе помине коронава досадна. И јас тоа викам. Ама, само да сме здрави и живи, ќе помине и ова како и се друго.

    @FreeMind и јас го мислев баш истото кога го видов видеово. Имаме ќерки, ќерки кои ќе треба да живеат во суровиов свет. А машките гледам упорно исто си ги воспитуваат повеќето. Еднаш во парк едно детенце, малку поголемо, се запнало оно ќе вртело, и вика на ќерка ми, јас сум машко, јас ќе возам! Ете како ги учат уште од мали, машки биле.:doh: Ќерка ми пак нема гајле, она не го разбра што сакаше со тоа јас сум машко да каже, му викна јас сум женско и јас ќе возам, ја грабна рачката и си го истера нејзиното.
    Штета што е така. Не дозволувајте мајки така, па ни баби и дедовци така да ги учат, не е веќе такво времето, треба да го оставиме зад нас.

    За водата и мојата исто како и сите обожава да се шлапа Кога ми треба мир и полнам вода, и правам сапуница и се шлапа, бања што стигне, па ги суши, знае и облеката од куклите да ја пере Со ништо друго ми се чини толу долго не си игра како со вода.
    И книга може да седиме и саат ипол да читаме. Многу се соживува со настаните, ептен ми е интресна како писка кога знае нешто дека ќе се случи. Нормално знае зашто по милион пати ги читаме истите. Сега па и не можеме да си одиме до книжара да си шеткаме меѓу книгите, баш ми фали тоа.
    Ајде ќе помине.

    Убава ноќ мајки, ние ќе почнуваме со ритуали за спремање за во кревет,:hai:
     
    На Kaetana, Mari*, marchi-cool и 25 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.197
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    :clap::clap::clap: хаххаха најјака :rofl:
    Битно ти си ја воспитала како што треба. Само така ќе ја смениме иднината.
     
    На srekice, eli25, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.666
    Пол:
    Женски
    Ејјј браво, браво на храброст Хепи.
    Да се случеше нешто непланирано кај мене нели тоа е... Ма да мојава е мала уште има простор за непланирано :D ама ме прпа и се пазам повеќе од кога било. :D
    А и нема да веруваш што ни се деси. 3 години активно барање стан, конечно кога останав трудна најдовме, long story short никако да стигнеме до потпишување на договорот и на крај месец пред да се породам моравме да го откажеме и да останеме овде каде што сме. (facepalm) А овде дефинитивно едвај не собира и нас, за уште едно бебе нема место.. башка сеа со карантинов уште толку ни се издолжува работата.
    Едноставно некои работи не можат да одат плански и по желба...
    Да се изнауживаш во новата бременост, ќе си пораснат заедно. (fingers)


    Добро утро :sun:
    Рано-рано на балкон да го фатиме денот. Па едно топло денеска. Деновиве пак ќе биде 20 степени.
    Бебла покрај тоа што вреска кога нешто не и е по кејф, си вреска и од онака, па кој остана неразбуден во маало треба трофеј да му се даде. Маж утрово ме прашува што ќе праиме со врескањето, како божем има што да се праи.... :smirk:

    Не знам дали поднастинува ама и вадам мрсулчиња чат пат. До сега само 2 пати ми настина и тоа беше непосредно пред да извади запче, па се надевам дека ако настинува тоа да е случај пак.
    Научила да дува со носето, па ми ги враќа капките ампула.. и ми треба цела вечност да конечно нешто остане внатре. (facepalm) Што се дотекнува на тоа 7месечно главче. :lol:

    Имам мачор кој што не јаде апсолутно ништо друго сем специјална купечка храна за мачки. А знаеме често да му дадеме саламче, кашкавалче, сиренце, мевце... Ќе го мирисне, ќе се испогрози, ќе дигне опаш и ќе замине. Арно ама еднаш на шала маж му даде од ручекот на бебла, телешко со зеленчук и од тоа јаде ли јаде. (facepalm) Не јаде мевце што ќе го направам специјално за него, ама затоа јаде брокула, тиквичка и морков. (facepalm) Циркуз. Бебе рунтаво. :inlove:
     
    На Kaetana, SummerGirl, Mari* и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Добар ден мајки :hai:

    Силно светнал ден :sun::sun: убавини.
    Пролет, сонце, распеани птици....
    Надвор убавини, в натре една атмосфера што да ви расправам :(

    Не сакам да зборувам за вирусот ниту пак за карантинот, ми се досади веќе од истите муабети.
    Овде пак посебно, нема уште многу да ја видиме светлината на крајот од тунелот :(

    Ама нели мора некако да го минуваме времето па измислуваме секакви глупости ]:)
    Маж почна да сади цвеќиња (facepalm) да не речам се скрена човекот ама не е баш арен :D На терасата извади масиче со два стола, цвеќиња наоколу, пепељара, кафе, си сакал атмосфера човекот :!:
    За чистење исто, кој ќе речеше дека ќе чисти бања и кујна подобро од мене :) абе и кифли почна да прави, како што иде ќе го биде.

    Дете стандард.
    Гледаме колку можеме да му тргнеме внимание од цртани и игри, пишуваме броеви, букви, цртиме, боиме. Јас играм со него на војници (пукам, се кријам) а мм игра на фудбал, среќа комшиите се стари легнуваат рано, плус и не слушаат :nod:
    Убаво до сега, ама од мај ќе се селат :( на 80 години, после толку години ќе менуваат куќа и град, многу ми е жал за нив немаат деца и за не бидат сами овде ќе одат во град кај што живее сестра и на комшиката. Живот ;(

    За тоа дека водата задржува внимание имате право.
    Кога беше помал синко на неколку пати му имав дадено да си ги пере чорапите, абе радост неизмерна :D
    Тоа што очајна мајка може да го измисли, татко не може ни да го сони ;)

    @Ano со задоцнување, среќен роденден и само убавини во животот.
    @TarantulaA со среќа мајка (fingers) од карантинот да излезеш со бебе во меше.
    @Yowannty за топчето на прстот прашај во аптека, мене пред неколку години ми се појави исто на прстот и влегов во аптека го видоа и ми дадоа крем, ми помина без да одам на доктор.

    Редно е да си апнам едно парче чизкејк :wasntme:
    Убав ден мајки.
     
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 22 други им се допаѓа ова.
  8. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки! Одамна не сум пишала на темава. Како сте, гледам многу нови мајки,браво. Да ве утешам вас што ви е тешко со две, не има и нас со по 3. Инаку, ок сме,седиме дома, малите стандард играат,трчаат чат пат се тепаат, големиов од како почнаа со наставава утепува добри 4сата во пишување. Среќа го имам соодветното образование и знам да му покажам има родители кои не ни знаат што треба да се направи. Не сфаќаат од концептот кој ни го праќа учителката. Засега така функционираме, таа ни праќа ни и враќаме сработено. Живи глупости. Имам јас многу подобри идеи како би се учело ама може некогаш во иднина ќе ги остварам, хм ... За мм не важи ни полициски час,работат нон стоп, па еве сега и на старите да им се најде да им пазари, да плати сметки за да не излегуваат. И постојано е изложен на ризик. Господ да не чува сите. Па за прв пат ми е мило што живеам во куќа, инаку ич не сакам. Еве се оправа времево па да ги извадам децава денес се надевам во двор. Само ние ќе си бидеме секако, ама бар на воздух. Тоа е мајки, чувајте се. Убав ден!
     
    На Kaetana, SummerGirl, anichka94 и 21 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    20.854
    Пол:
    Женски
    Здраво,ккако сте?
    Кафе пијам и уживам во момемтот. Сабајле ми стигна цвеќе што порачува з а садење,па одса ајле посадив,измив тераса.Стигнаа и новите топлинки за дете од кеги..преубви а и квалитетни.Овие последниве му ги земав од едно малско дуќанче зашо инат ме фати за 4 месеци ги надраснува а 800ден .И демек поефтини,ама за два месеца се распаднаа.па си се вратив на кеги.
    И многу е среќен,си ги гледа па скока,сонце мајкино <3
    За ручек денес болоњезе....кај и да е,ќе треба да станам да почнам со пржење.
    Сакав да замесам варени ѓевречиња ама готово,за денес од мене уште ручекот...Па после да си најдам друга серија за гледање..Ја изгледав You,супер беше.
    Ве поздравувам,до наредно читкање ✍️
     
    На SummerGirl, Mari*, elcezelce и 18 други им се допаѓа ова.
  10. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    33.237
    Пол:
    Женски
    Здраво.

    Како и сите други и ние по дома...
    Некои денови поминуваа многу брзо,ама некои со душа чекам да дојде време за спие. Особено кога ќе го фати криза за спиење е тогаш квичи буквално за сѐ,ништо не му се погодува.И тогаш се појавува ѕверчето во него

    Инаку деновите поминиваат со различни игри,играме фудбал дома,кошарка импровизираме кошови од тоа што ќе ни идојде при рака.
    Со тато прават куќарки,бункери од перници и кебиња па играње со пушки,пиштоли..скокаме по кревети,се тепаме со перници..Шизање на музика и мора еднаш во дневно да поигра со вода.Помага и во чистење кога е расположен,коха не е гледа цртани.
    Спајдермен му бил бебе па со него се занимава 10 минути ќе го остави,па ќе му речам ти плачи бебето,а тој ми вика леле мириса се покакал па го приши со марамче го храни,го ниша за да заспие и така.

    Еве и времево се стопли па повеќе време ќе поминуваме во двор.Па потоа ќе го молам да влезиме внатре за да сработам нешто и така ќе ни поминуваат деновите.

    Овие два дена мрднав од дома,по доктори со маже,..
    Правеше некои исоитување поточно имаше наместено холтер за следење на притисокот и пулсот.Резлитатите се добри па сега ќе одиме во друг град на други испитување.Но како ќе биде незнам...Имаме закажано за на крај на месец,но докторката ни се јави да направиме овде дел од испитувањата и ќе не викнела порано.Но кога....?Ако забрана влез-излез од градов И плус мене сега дури ме фаќа страв со овој вирусот....
    Нека си оди побрзо,.оти почна на психа да ме мава.

    Одам, малку на воздух да дувнам една цигара.
     
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 17 други им се допаѓа ова.
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    7.490
    Добро вечер:)
    Одмарате ли? Јас на работа трета смена:o:
    Ние добри по дома, короната немаме, пу пу скраја да е:worried:

    Синко оваа недела цела мора да ја оди, ама дете му треба да се изигра. Има дечиња 10 и сега нашол ново другарче и ова го научило да скока бо песок од 1,5 висина. Срце ме стегна кога го видов од кај скока. Колку е тоа викоко толку сум речиси и јас(facepalm)
    Му викам не е добро така, ама кој ме слуша.

    Претходната недела правевме колач, оти на маж ми е роденден и честитка правевме:f:
    Имам многу помош од детето, само кога му се слуша.
    Сега е во фаза само надвор и само комшиката со детето да ги викаме со нас.:whew:

    Па се кара со мене, оди на вратата кај нив и ѕвони да излезет:bandit:
    Срам ме издело, или како мене што ме викаа децата како мала, под прозор ќе застанеш и ќе ги викаш по име:!:Мора нешто да уапали.
    Му викам не така, не бре не ме слуша. Па преска му спукав викам не ми е најдобра другарка што си запнал постојано да ја викаме, ме праша зошто и толку беше не ме праша веќе да ги викнеме.

    Во ред е да ги викнам понекогаш, ама па не сме со попочна врвца врзани постојано да се викаме:whew:

    Дрга фаза му е да собира буба мари и инсекти и оти само му бегаат оти има мали рачиња, најдов мала тегла па од утре таму ќе собира.

    Туку дете сака да излегува пред зградата само. Дека на први спрат и кога работам во кујната излезе и со две деца големи братче и сестриче 10 и 7 години си игра,а јас го гледам од прозорец. Ако му треба ѕвони сам ако му треба нешто,е оти ѕвони често и надворешната врата и вратата од станот ми е отворена, па како на презентација ми е станот, кога минуваат комшиите можат комотно да гледаат внатре. Има огромна тревна површина и патот е далеко и до сега не е бегал:)

    Еве торта да почастам 3cae12ee-9c0f-4157-84ca-35c298f4e577.jpg

    Туку да ви кажам случка од работа:
    Превземам пациент од интензивна нега околу 45години и го прашувам како се викате, ми вика Д.. К.,му викам во ред ви треба ли помош кога станувате итн.
    И он на мене ама тоа ми е името,
    Презимето ми е друго:wasntme: и ми вртти таблет и ми вика овоа ми е емаил адресата:^)
    Тогаш му реков фала многу, ама вашиот контакт не ми треба:envy:
    Многу секси, едвај стое на нози, ставен централен венски катетар на вратот, артерија на раката и катетар на пенисот:puke:, во болничка пиџама. Ииии што би рекол син ми:D

    Ајде лека ноќ, јас на рати пишував додека да стасам до работата, држете среќа да имам мирна смена(fingers)

    Извинете на печатните грешки немам време да контролирам.
     
    На SummerGirl, TarantulaA, Мариаа. и 17 други им се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    немој многу прпа мрпа. Една моја другарка две деца со царски роди на неполна година и нешто разлика. Ко се породив со Првото една жена роди четврто со царски. Сестра на жена од мој братучед роди 3 со царски сите и се разлика од неполни 2 години. Така да... Се е до умот да знаете. Рачунај ако се фати сега ќе ти дојде година ипол разлика. Таман си е. Со една мака две деца. Ами јас?? Второво ми е ко прво :rofl: врска немам,сега се чудам како сум изгледала едно :rofl:
    и јас имав болки пред менструација и тоа доста долго време траеа. Некаде повеќе од месец. Појдов на гинеколог рече јајници мирни не знам што може да ти предизвика болки. Ми рече некои апчиња да пијам јас ни ги запамети ни ги купив. Одкако добив болките се смирија после на следно добивање немав никаков "болен знак" така да не се думај додека пробие ќе боли после не.

    Женски добар ден од мене. Чудо едно како се нема време. Аф па уште на сето ова да одам на работа... (facepalm) тие што се со едно дете нека частат и нека се порадуваат колку што е можно повеќе оти со две... :drunk: а башка што мене уште ми е... Како што викаат назад зимата. Пак два среќа големото што ми е доволно големо барем колку толку своите потреби помага околу малот колку што се може инаку... Бардовци не ми бега. Хахаха. Јас од кујна ретко излегувам. Доручек и ручек за бебе доручек ручек вечера за другото дете па за мажот и за мене ако остане време да се зготви. :rofl: нека се здрави и живи,напорно е ама се трудиме тоа да е на забавен начин.

    Не се пофалив од што немав време. Ни излезе првото забче. :sun: :party: :inlove:

    Ако ми текне на уште нешто ќе припишам :rofl: сега толку од мене. Имајте пријатен сончев ден
     
    На SummerGirl, Мариаа., Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.666
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool да се нижат бели како бисери. :party:
    @Monella овде во аптека ништо нема да ми дадат ако не ми е препорачано од доктор. Дури и за обични витамини креваат раменици и бараат да се консултирам со доктор прво. :|
    Се јавив на кожен, ми рече се додека не ме боли и не тече ништо од него не е итно и може да почека. Арно ама, јас не сум сигурна дали е до кожата или е вена. Ама ај си велам не ме боли.. па ќе почекам. :worried:


    Добар ден :)
    После 3 дена давење во лиги и изби и првото двојче горе, а кецот до него исто е готов. Значи сепак малата настинка што ја спомнав претходно била од забите пак. Еве и другиот кец е малку набобрен и еве ја спие и само приплачува. Едвај чекам да и избијат сите оти жално е за гледање. :(

    Вчера конечно после месец дома, излеговме надвор, бебла возбудена, јас... јас можам да живеам на деливери без воопшто да излезам од дома, па карантинов не ми паѓа тешко.
    Си нарачав фарби и преливи за коса и викендов ќе се расшлакувам сама дома. Back up plan - во случај да ми падне косата, тука е машинката од маж, има до кец да ја дотерам таман да има време да пркне дур трае карантинов. :wasntme: :D

    Треба да стигне и новото креветче за бебла, старото веќе го израсна, па се радувам и на тоа. И на новите перници, чаршафи, завеси. :D

    Пченицата што ја посеав за Велигден ми мувлоса пак како лани. Па земав од кај маж, тој си насади био, оти травата била многу здрава ќе си праел џус и ќе пиел, па што ќе чекам одново да из’ртува, си ја земав веќе из’ртена од кај него. :wasntme:
    Си насадив и во лушпите од јајца, откако ги обоив претходно. :lol: Имав планови за оваа година. Прв Велигден на бебла, многу ќе се шлакав околу јајцата, ама ситуацијата дозволува и налага само home made украси.
    Ама ќе станам пред изгрејсонце за првите 3 јајца. :inlove:


    @koritsaki каква улога има свеќата што им се купува на децата за Велигден? Знам маж секој Велигден купува таму каде е кум ама не знам што со неа? На интернет се скоро сегде sold out. :tmi: Освен што се пали за Велигден, после тоа што со неа?
     
    На Kaetana, SummerGirl, Мариаа. и 17 други им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    @Yowannty свеќата ја купува кумот на детето што го крстил, и се пали за Велигден , нели ноќта кога одиме во црква. Потоа ништо не се прави со неа :D имам полно свеќи од минативе години што и праќал кумот на ќерка ми и само ги преметкуваме ваму таму, знаеш зошто се големи нема шанси цела да изгори :D а сега ете кумот нас не ни прати свеќа, нема годинава одење во црква :|
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.666
    Пол:
    Женски
    И маж ми рече едино само за Велигден што се пали, јас го убедував дека сигурно има и нешто друго. (facepalm) Ние немаме кум, не сме крстени па нема кој да ни прати свеќа. :wasntme: :D Оти се убави големи и нели декорирани убаво со играчиња маж сакаше да и купиме ние оваа година, ама сегде се распродадени. :|
     
    На SummerGirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски
    @Yowannty

    Да да, само тогаш :) да , има убави декорирани , и за возрасни исто :D ако најдете може да и купите , зошто да не :)
    Фарби какви купи? ^_^:D јас порачав една вчера, ама се уште не ми ја пратиле , со ова деливери да ти кажам дека сите така купуваат ,не ги носат пратките дома :devil:
     
    На Ano и Yowannty им се допаѓа ова.
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Добар ви ден на сите мамулки и деци!
    Амаааа дееен... :sun: преубав и топол!
    Сега радо би со децата во парк, да се истчат, наиграт, да се извалкат и уморни дома да ги носам!
    Ама наместо тоа имаме друг режим... јас на работа, деците со баба на двор!
    Не, не се жалам... супер им е! Наиграни се секако! Денот им е исполнет со трчкање и играње топка, лулашката, велосипедот и тротинетот... Мислам не им е досадно! Потешко е кога е дож
    Јас како шти реков на работа сум! Најдов во ташната писменце со срценце и обид да се напише - мамо те сакам! :l:
    Големата дада знае да ме изненади со такви писменца кои воглавном ги црта додека сум на работа! Навикната е подолго време да сум дома оти работев само по 4 часа, ама сега пола ден ме нема дома! Па ете некоја носталгија по мене и затоа црта и ми ги сокрива во кревет, ташна, плакар... Нема поискрена љубов од оваа... се топам:inlove:

    Туку од сабајле ( а исто беше и вчера ) пензионери разшетани , спокојни... како се да е во ред па ете убаво време и да си прошеткаш! 8)
    Ај да се воздржам од коментирање! Не е темата за тоа... а и не сакам да си расипам расположение!

    Одам сега мамици!
    Гушкајте деците, брзо растат!
    И да... седете дома! :f:
     
    На Kaetana, SummerGirl, marchi-cool и 18 други им се допаѓа ова.
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.666
    Пол:
    Женски
    Го земав блондорот ти што го имаше постирано. И нарачав на шварцкоф blond me toning ice, тоа нешто помеѓу фарба и прелив му доаѓа. Па среќа ги најдов двете на notino иначе деливери сега на се поскапеле. :tmi: Ќе пробам и двете со 3% хидроген, ако ја биде добро, ако не машинката, па раат ќе сум летово. :D
     
    На SummerGirl и koritsaki им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.029
    Пол:
    Женски

    Супер, држам среќа :) ќе ми кажеш за резултати. Јас еве вчера порачав една фарба ама многу каснат порачкиве општо и се нервирам. Може требаше да одам во аптека да си земам некоја фарба и готово..Апивита имаат убави фарби, само плавите нијанси не сум ги пробала :smirk:
     
  20. Kallias2

    Kallias2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    3.739
    @koritsaki @Yowannty се фарбате ли бе жени додека доите? Јас откако дознав дека сум бремена не сум се фарбала, среќа црна ми е косата и не ми се познават шарки ама имам многу бели влакна последново време скроз ми изникнаа и се познаваат баш на црната коса :(
    Една пријателка имам во Солун, она е фризерка и ми рече дека фарбата оди во мајчиното млеко, тоа ми го кажуваше уште пред 3-4 години кога живеевме тогаш во Солун и ги шетавме децата, она доеше тогаш и коренот никако не го фарбаше, со алуминиумска фолија се фарбаше сама оти фризерка и бргу вика се средува, некако да не оди фарбата до коренот.
    Од друга страна, сите фризери викаат не штети фарбата ни во бременост ни за време на доење. И ај сеа кој да слушаш?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.