Забравив да ти кажам со лесно бременост.Хормони и се влијае на тебе Кој сака нека те осуди ти гледај да си ја оствариш целта , а дали Ава или перса ќе тресне глупост ,Фемина се трпи Такви се лавчињата наши тврдоглави , ама ние сме мајки ќе тераат по наше сега додека се мали или па ние по нивно @TutiFuti па добро зетко е 6 дена постар од мојта ,така да исто се. Мојта и денес не беше нешто подобро со разлика од тантрумите што не се треска на земја. Добро е љубави дошол во градинка .Ама ми се пожалија воспитачките ич не ги слушала само во Љубави гледала Што сакаат 2 месеци го нема видено
Надвор ќе се правиш дека не е твое. Со муабетов ме потсети на ќеркава кога беше година и пол - и си ги побарав мислењата во темава од тогаш, се читав себе и се газевме од смеење со маж ми. Ако ништо друго еве ви утеха, дека еден ден ќе се смеете на сите тантруми.
Хахахахахаххахаа Озбилно, надвор како реаѓирате ? Освен да ја земам во раце и ќутенката да си продолжам друго не знам
Хаха, маж ми имал многу тантруми, и додека биле во трговски побарал ранче кое веќе го имал само во друга боја. Тоа било мавање на земја, врискање. Татко му само си заминал, а мајка му фаќање под мишка и пут под ноге Сите ја гледале чудно, како она детето да го тепа
Кога немав деца си велев ,пу види неваспитано дете..сега кога имам и сама сфаќам оти СИТЕ минат низ тоа
Викаат така, пошто кај некои деца не е толку изразено, а додека кај други премногу. Да не го минала свекрвата ова со маж ми, ќе викаше дека е разгалено, сега вика само дека е на татко и
Како што пишав ќерката имаше ужасни тантруми, со цели фестивали по улици. И не беше некогаш да ја земеш во раце, оти маваше и се фрлаше од раце. Луѓе нѐ гледаа, ѝ зборуваа дури демек "зошто плачеш мало девојче"... Улиците во вис ги креваше, луѓе на прозори имаа излегувано да видат што се случува (а таа пример не сакала чизми да облече). Јас како реагирав.. што знам. Еве читам дека сѐ сум пробувала, од викање, гушкање, подшлакнување, подмитување ... И ко што читам, ништо не ми успевало. Сме биле ходајучи циркус, и тоа е тоа. Искрено, во тие моменти мислам дека што и да имав пробано, џабе беше, затоа што таа завлегуваше во некоја резонанца од рикање, затворени очи, вика, буквално нит ме слуша нит ме гледа. Најдобар метод е со гушкање да пробаш да го смириш детето, или најсмирено да застанеш до него, да причекаш да помине лудилото, да зборуваш смирено, и да имаш милион трпение (додека кинеш конци во џеб пример од нервоза).
Не го одвела свекрва ти на бајачка да не е урочен случајно Многу современа свекрва значи имаш Мм многу бил урочуван,што да се прави,многу луѓе со "лоши" очи има.
аххахахахахахаха кинеш конци во џеб Не знам дали тебе те прочитав или друга членка беше имаше пишано дека траат од 2 години до 3 и пол, а кај мене малата за 2 месеца прави 2 , значи само што почнува, плус нејзе шом ќе и заврши ќе почне второво (сеа е 4 месеца) ..траќање рулз
Па толку. Кај нас завршија некаде накај 3 години и 2-3 месеци. Имала уште еден-два испади и после тоа, ама ништо страшно. Таа е таа фаза на неразбирање, сакам кажам не знам речам па фрустрации од сето тоа. Ќе помине. Се смеам сега тантрум затоа што не сакала хулахопки да облече. Ама кој знае во нејзината глава што се вртело и што сакала да ни каже.
Леле, ден и пол ко година и пол ми се виде. Синоќа заспав гушната со нејзиното ќебенце, се изнаплакав поштено. Си легнав прилично рано, не сакав ни со мм да седам и зборам, и ги гушкав и мирисав алиштата и сфатив колку најмногу ми фалу, колку само не можам без неа во овој свет. Она е мојот свет, моето се Она и не плачела, само се вртела многу во сон и ќе ја допрела мајка ми за коса, па си продолжувала со спиење. Многу била расположена синоќа, скокање,трчање.. Неколку пати прашала “каде моја мама”, исто и денес. Уф уф уф,срцево камен ми е направено Одвај чекам да ја гушнам , ќе и се извинам 100пати Ќе ја пречекам со нови играчки, порачав садопер, и други тракатанци да им се радува, да заборави дека сме биле разделени. Се слушнавме прееска по телефон малку, расположена беше, на гости кај братучетка ми биле. Со децата таму барем интересно и е знам. Сега се воздржувам да не ѕвонам. Само да се воздржам да не ја земам до вечер.. ќе се швркнам
Сигурно дека го имат однесено покасно, кога веќе и престанале сами од себе, не сакам да верувам дека бајачката помогнала
Јас пак навивам за втора мома Море живо и здраво да се роди, што биде биде. Првото многу сакав машко, сега ми е сеедно. Барем розевите ствари да ги доискористам Синоќа заспала порано. Сабајлево ми ги нашла пижамите кај мајка ми, ги гушкала цело време На мајка ми и побарала цицо т.е ја прашала дали она има Без проблем си пие млеко од шише, јаде доволно и цел ден е во играње поминат. И се јавив прееска и и кажав дека сум на работа, дека уште малку и ќе ја земам. Душа, ме барала многу често. Со далинското си праела муабет ставен на уво, “ало мамо,да? дојди земи *** дома” Денес исчистив дома, утре после работа ќе ја земам. Не можам да дочекам