Ја све видим хаххаха ако не сам у Мкд. Ама по мое ќе е мислам маже.ај ќе кажеш што ќе е само живо и здраво да е.... и де пушти така малку од водичката по генерациска линија и кај мене да биде ама нека е мома само .
Ајде ајде малку активност покажи, видиш јас како го користев карантинот. Ич не ни беше досадно Пуштам водичка и среќа, две моми одеднаш да бидат и тоа!
Имам едно прашање не поврзано со оваа тема ( патем да ти се исполни желбата да имаш две момички како и јас ) ,прочитав дека ја носиш кај баба и, а и таму дека си игра со други дечиња. Ние не сме се виделе со никој веќе 3 месеца ( утре планираме за прв пат да одиме) ама веќе не се издржува, на 2 ума сум..кажуј мислење.
Што знам дали сум компетентна да зборам за ова. Јас не престанав да одам кај мајка ми, од дома во кола-од кола кај неа дома од старт сме. Пред 2 недели почнавме да ги дружиме децата со две тамошни комшивки, они двете и мојата се, нема други дечиња. Секогаш сме надвор во трева или песок, не играат во затворен простор. Да не ме каменувате сега, ама лабаво ја поднесов ситуацијата со пандемијата. Ни на крај памет ми беше да се изолирам скроз дома, од причина што работам во Здравство, маж е исто на работа со многу народ секојдневно, па шансата да нешто тргне наопаку повеќе би било од нас двајца, него ли од дружба со овие две дечиња. Во комшии од карши заболеа двајца, си оздравеа по дома и од двор не мрдаат. Не ми е страв веќе, ниту па ќе бидам затвореник дома со дете пола ден, додека другата половина сум во големиот хаос.
Добар ден мајки Убаво ни тргна периодов, се множат трудниците во темата, еве една позитивна работа од карантинот да не е за џабе седењето дома. Ве читам редовно, повеќе почнав да пишувам во темите за бременост бидејќи се има нешто што ме загрижува, таква сум јас паничарка. Мило ми е што после подолг период се врати @AngelOfArh баш на неколку наврати ми текнуваше на неа, фалеа нејзините секојневни постови. Ние добри сме. Вчера после 3 месеци седење дома излегов и јас, бевме во еден парк-шума, направивме мини пикник, маж и дете трчаа, се возеа со точак а јас се мезев и излежував на тревата Туку да се пожалам од синко, почна да се однесува чудно, вакви бељи не правеше кога беше помал. Карантинот му влијаеше и него. Ја користам приликата да и се заблагодарам на идната сваќа @Ava.84 за пофалбите што ги има пишано во другата тема, а и ме изненади како се сеќава на слики од пред неколку години.
така можат да кажат само ради што е бремена па као ајде доста е на едното. инаку има доста случаи каде деца се дојат до 2-3 години па нижто не кажуваат. додуша зависи и до докторот ќе ве дочитам подоцна,ми почна тажна жена
Женчиња, давајте совет како да мочка надвор, ѓи тргнавме пелените, и сеа мисли само во нокшир дека треба да оди. Беа излезени со мажот ми, кажала и се моча, ја однел, ја кренал ама викала не не,и на крај во гаќи се измочкала. Како се научивте вие ?
Добро утро! Пијам горко турско и се расонувам, на работа. Ме чека многу работа за еден час, па да се релаксирам вака сабајлечки. Синоќа не издржав и отидов си ја земав малата од кај мајка ми. Маж ми мајмун, отишол и седел таму, таман со колата тргна за да ме земе од работа, јас пред него “Назаааад, не одам нигде без неа”. Не можев веќе, ќе пукнев ако не ја земев. Влегувам, мајка ми ја нишка за да спие. И тропам со бомбони, не реагира. Ја каснав на дупе, и се врти и ме глеа... и не реагира неколку секунди, само ме зјапа. Коа ми се џитна за да ме гушка, стиска ли стиска со рачињата Ме гали по лице, по уво (ова е наследно од татко ) и гушка ли гушка, збор не кажа. И викам ај мама ќе одиме во кола да нанкаш и ќе си одиме дома, цела радосна почна да им вика чао на моите, она изгледа мислеше пак ќе ја оставам па не реагираше пред тоа. Прво прашање во кола “мамо кај е цицо?” - а јас цела излепена со хируршки фластери и лепаци, спремна отидов. “Оо мама, Лара го изеде и докторката ми залепи вакви фластери за да не ме боли” И покажав, ме гушна и заспа. Easy like that. Се исплатеше разделбата Ми дојде срцето на место. Цела ноќ маж беше задолжен да ја нишка и презаспива, уствари не се ни будеше ама си кенка, навика и беше на цице да дреме цела ноќ. Лесно поминавме, се надевам ќе остане вака. Убав деееен
Викендашки да ве поздравам само. Ручавме, сега да се спастриме и во двор. Јас карантинов од двор не се прибрав, многу уживав. Со маж ни се сменија односите ептен, станавме поблиски, ќе ни недостига тоа утринско кафе и кхм кхм сигурно! Ослабев малку и сега сум спремна за таа сестричка што ја бараме. Започнав и страствено да одгледувам цвеќињани кактуси па уживам сега во тоа, цела тераса ми е зафатена. Многу работи ми се сменија. Сега мислам дека повеќе уживам во животот. Започнав и повторно да читам и баш сум задоволна од тоа како се сменив.
јас се сеќавам со првото дете... Излага ме дотерани средени за раче да шетаме и кога едно време ќе ми врисне по пат којзнае зошто па ќе се тегне ќе паѓа на улица па јас зборувај тоа уште толку ќе почне да пушти да вришти... На сред пат ни дома ни некаде во парк.... Ќе го земев враце за да си одиме дома веќе срам ме фаќаше луѓево ќе речат што е ова зар го коле детето што олку вришти... Враце тегни се врти се сучи се јас стискам и брзај за дома.... А влезевме дома се смируваше. Оди бери памет. Дома такви "напади на бес" немал. Или да имаше беа ептен ретки и незабележливи. Добро утро од мене. Седнувам да ве дочитам раат,оти оваа тема ми е ќефлиска па сакам раат да ја исчитам а онака како другите читни или прескокни нешто. пијам кафе конечно по подолго време тазе сварено и топло големиот штотуку стана а малото фрчи со дубачето наоколу ко некое шоферче и Лука со едно пенкало каде ќе стигне. На шпорет се вари просо и цвекло набашка за појадок и за ручек. За малото ми е лесно,што ќе имам и што ќе му дадам јаде туку со големово вечна мака за јадење имам која трае со години и веќе не знам што да направам и да превземам и ќе видиме до кога така ќе тераме. Згора на се па требало да се мисли и за ручек ние жениве за тоа ли сме создадени,за животов да го поминеме само во мислење и размислување?? За се и сешто. денес недела,ден за што е можно побрзо нешто да се сработи. Времево - катастрофа. Цели 10тина дена е никакво вчера нешто сонце подизлезе денес пак шашаво. Мај ли е, септември ли е.... па уште и греење пуштаме одвреме навреме. Се порадував што прогласија вонредна состојба искрено ај што ќе си поседам дома на продолжено породилно туку нека поседат и сите кои се забавуваа веднаш првата ден во кафичите и рестораните. Не е ова за овде ама да си споделам. Некој ќе пази и внимава додека друг ќе се за***ва и како викаат покрај сувото и суровото гори така да.... Нема потреба да се зборува повеќе. Па жени да се фатам за работа се читаме подоцна. Имајте пријатен ден
Se porodiv pred 3 meseci(Feb) , vo April imav blago krvarenje od 3 do 4 dena bez bolki.. sega vo Maj na pocetokot mi dojde prvata menstruacija traese 7 dena.. prestana.. i sega posle edna nedela pak imam blago krvarenje bez bolki bez nisto.. Inaku sum prirodno porodena.ima li nekoj vakvo iskustvo.Bev prethodniot mesec na doktor se bese vo red.
Зомби на репорт. Сабајлево го имавме првиот ноќен хорор или криза за цицање. Се разбуди во 5, до 6 не вриштеше, туку се дереше !!! “Дааај цицоооо, дај ситееее, дај мииии” на цел глас, ечеше куќава. Не можев никако и со ништо да ја смирам. На крај се заклучив во купатило, маж ми и рече дека сум отишла на работа, плачеше уште 2 мин и заспа. Доста се трошев само јас,знаел и он да ја смири и заспие. Ненамерно сум заспала до нејзиното креветче синоќа, мм не ми викнал да се смениме.. инаку немаше да дојде до ова. Жал ми е многу, ама не осеќам грижа на совест веќе што не и давам. Во нормални околности може и ќе и попуштев, ама ја претера стварно. Сега пред да заспие пак се траќаше кај свекрва ми, ја земав нишнав малку и заспа. Тантрум+одбивање+бременост=Бардовци. Јас час нервозна, час лута, она бетер. Добро, кога ќе заборави? Фамозните 3 дена поминаа, денес е 4 ден како не цица, да се надевам ли дека ќе заборави за една недела? Значи со страв седам,играм,јадам со неа. Се си мислам ќе почне да бара и да плаче жално. Бара само кога и се спие и е растревожена. Се сум на штрек ... Ама и морам да ја пофалам, ко друго детенце ми е . Баш голема дада. Збори многу, почна да јаде за машала, да бара да си играме повеќе, да шетаме за раче фатени.. До прошлата недела бев само цицка за неа, сега сме си другарки Дури сабајлево и на татко и прв пат до сега му кажала “тато ***ногу сака тебе”, ќе се помочаше од среќа Ај ваљда ќе се здружат деновиве, малку да поспијам и одморам после две години.. Утре ќе барам од матичната да му отвори боледување да ја чува и лула навечер, кутриот и он ко зомби оди на работа деновиве, а не е научен така Одам да го испијам кафето што ми го направил, имам и за лежење уште малку
@Chanell* сите што неуморно ја следиме твојата ‘Цицо’ приказна, чекаме торта кога мала конечно ќе го заборави цицо. Ти праќам поддршка, и со лесно бременоста
@Chanell* ама торта во форма на цицо. Не се грижи ќе заборави. Добар ден. Од сабајле по дома со ручек, благо, па леб месев. Постелнини машини и алишта колку сакаш. Сега малку шетнавме со бебе и големиот дечко. Времето како Мара со сто ума. Тука облачно, ветер, тука топло пекол. Важно бебе радосно беше. Сега заспа и јас трета рунда по дома да досуредам. Ве поздравувам сите
@Chanell* мoже си имаш мака ама ги oбoжавам приказните за цицo, секoгаш ми вадат насмевка и се oбидувам да гo замислам тoа малo девojче
Богами и книга ќе си напишам за цицо Ве частам торта, секако! Само да дојде денот кога нема да го спомне цицо. Ах бе, го изгњавив мм дека ми фали цицањето ама и дека ми е убаво вака Ама дека поубаво ми беше кога цицаше ..
Душаа кој знае и тебе колку ти е тешко. А дали сум јас може единствена на која не и фали цицањето... како терет ми беше. Ех кога ке ми текне дека уште не излезена од дома правев план за 2 часа да сум дома цицка не истадов на мегдан. Се срамев. Затоа и ме одби син ми