Мајчински муабети

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    43.165
    Пол:
    Женски
    Не ми фали.
    Исто ко тебе се осеќав.
    Ниеднаш криво не ме фати кога се одби, а и она ниеднаш не побара.
     
    На mal.ecka, mamaJana, Mia Fuentes и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    22.173
    Пол:
    Женски
    Да не претерувам, али премногу.
    Ја заспивав ноќеска нишкајќи, и се изнаплакав поштено
    Не ми се верува колку цврста врска сме изградиле двете со доењето, во искушение сум цело време да и дадам пак.
    Она цицаше каде и когс сака, цели 22 месеци.
    Пред два саати имаше драма пак, моли и плаче за да и дадам :u:
    Мислам во секој момент ќе попуштам.;(
     
    На Bella*, mal.ecka, snegulkata и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    11.103
    Пол:
    Женски
    20200530_155253.jpg Каков нинџа сум во темава, ц ц ц.. идам само да ве ѕирнам.
    Препрочитував нешто во The womanly art of breastfeeding, и налетав на оваа поема што ја посветувам на сите нас мајки, особено на тие што се тазе породени..
     
    На Makedonka007, mal.ecka, gjoker4e и 16 други им се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    132.218
    Пол:
    Женски
    Често ве читкам тука иако моите се големи,и приказнава за твоето Цицо ми е како реприза на мојата .И двете го доев по исто толку ко и ти,пред да наполнат 2 години ги одбив.И големата беше по цицањето ама полесно ја одбив ама помалата баш ко твоево.Само цицо и цицо по мене одеше и викаше.Ќе цицне од едната града и одма вика цицо даде и сама се префрла на другата ..Па пак цицодаде(тоа и значеше да цица од другата одавде,оданде ).Јас седната таа ќе трча ќе дојде успраена ќе цицне и продолжува(facepalm)
    Јас се измачкав со црн римел и оти беше многу гадлија неќеше да проба ама викаше оди миј се.Леле знам колку е тешко и за тебе и за него.Ама мора доволно и е 22 месеци.:):hug:
     
    На mal.ecka, snegulkata, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    22.173
    Пол:
    Женски
    @mareane Многу цицковци не има значи:l:
    Она ко што игра ќе дојде “мамо дај цицо” ќе цицне па “дај д’уг цицо сега” ајде па на другата, па ќе ги гали, бацува. Се унесува многу, денот пред да ја одбијам ги ставила рацете под града кај мене и вика си ги миела рацете, мислиш чешма е :)
    Заврши па вика “цицо ај ти миј раче сега” :rofl:
    Цицо има окце,носе,муце,рачиња.. го доживува ко другарче:l:
    Ми порасна бебето.
    Сега ќе наоѓаме друг начин за блискост и искажување љубов, знам дека не може засекогаш да цица.
    Само не верував дека толку брзо се ќе помине,и ќе ми фалат моментите кои беа само за нас две.


    Добар ден мајне даме.
    Синоќа ја имавме првата преспиена ноќ во последниве 2 години, частам пивоооооо!!:devil:
    Упс, трудничка сум малку.Таман сакав да се опуштам со цигарите и алкохолот, кога види што ме снајде :rofl:
    Ај, ќе ве почастам чај. :emo:
    И купив фломастери и блокче по нејзина нарачка, па побара шише ама се предомисли,имала рече.
    И дека ќе го даде креветчето на бебето а она ќе нана со мама и тато:l:
    И ме запна да го извадам бебето од стомак, сакала да го гали.
    Уфффф ќе има гмечењееее:l:
     
    На Monella, marchi-cool, mal.ecka и 26 други им се допаѓа ова.
  6. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    144
    Мајки се породив пред една недела и ми остана стомаче малце. Што се прави да се повлече стомакот ?
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.197
    Допаѓања:
    43.165
    Пол:
    Женски
    Рано е за да се повлече.
    1 недела е само пројдена.
    После прегледот кај доктор на 6 недели консултирај се за какви вежби може да почнеш.
     
    На snegulkata, S.J.Parker и Bilbilce им се допаѓа ова.
  8. Skorpija989

    Skorpija989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Добро утро

    Денес синко ме изненади порано, стана во 8 ипол. Ама си лежевме во кревер се гушкавме, ми кажуваше како ќе го чувал бебето. Ќе го облекувал во фустанчиња со спајдермен :D.
    Моментално јадеме и пиеме кафе. Не ви се пофалив го ишишавме на ќец :). Моето бушаво детенце сега е мало маже. Жал ми беше многу ама убав е и вака. И што е најбитно и он сам си се допаѓа. Вика не бил више бушав, бил како татко му.
    Мм од вчера почна на ново еавотмо место па се надеваме дека ќе биде подобро од претходново.
    И така мамички имајте убав ден :*
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    19.195
    Пол:
    Женски
    Тука најсоодветно ќе е иако не сум пишала цела вечност.
    Мислам дека ќе скренам денес како и секој друг ден со едно дете...
    Додека моментално седиме во парк со мајка со три деца која е толку смирена. Едното во количка, другото сака да ги ниша на нишалка, третото во меѓувреме отиде по ова во количка па ја вика, таа тргна па почна да вика ова на нишалка...
    Фустан, наочари, дотерана, а ја како од марс падната.
    Си викам до мене е проблемот.
    Сакам да пијам нешто секојдневно и апсолутно ништо да не осеќам, да не се нервирам до толку.
    Како и секој ден почна да ме боли главата од нервоза. Си имам ја и други главоболки ама оваа е посебна.
    Како да преживеам? Да си родам уште две, најдобро близнаци. :drunk:
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. TarantulaA

    TarantulaA Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    5.790
    Пол:
    Женски
    Здраво,истеравме пладневна дремка заедно со дете.ја пијам кафе сега а тој цртани.
    Денес иоткачив уште еден преглед ,ми олесна на душа.
    Него забораивив да му земмам на дете ствари од просветно дело што ги имав пикирано...Ај утре или вечер онлајн.
    Дете ми приплакува у последно време зашто мајмунчево небило живо,сакал да се играат вистински....Ме мотивира за уше едно бебе,на свој начин
    Се одјавувам,до наредно пишување✍️
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. lady.N

    lady.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    598
    Еве ме и мене, чинам првпат во темава пишувам, ама ја читам чат пат. Се изнасмеав сега за цицо на @Chanell*. И имам едно прашање- дали повеќето кога ќе се одбијат ја преспиваат ноќта? Мојава палавка се будеше по 2 пати, сега оваа недела станува по 5 пати, дали се некои заби во прашање не знам...

    Инаку скоро 13 месеца е и се уште цица како мало бебе по 3-4 пати преку ден и плус ноќе. И ич не јаде друго. Нан-нан ми вика кога и се цица. Ноќеска кога се буди ако не и дадам ме шлапа по гради и ми вика дајјјј и ако ја прашам што сакаш вика нан нан :D:D:D. Нема шанси кога бара да не и дадам, одма вришти. Па се мислам да ја одбијам може ќе се разјаде и ќе се наспиеме ама не знам од кај да почнам. Многу ми се полнат градите ако не и дадам цел ден, а и си бара не можам да не и дадам.

    Него друго да ви кажам, постои шанса да сум трудна пак, мм сам си одлучил дека треба да имаме друго дете и од кога си заврши работа у најплоден ден, ми вика па ти рече дека сакаш две деца. Да, сакам, ама не сега!!! Му се налутив малку да ви кажам, ама тоа е што е. Мислам дека 90% останувам оти со малава кога останав истиот исцедок го имав оној фамозниот овулациски како белка од јајце (facepalm) Се надевам дека грешам, оти не сум спремна сега за второ многу ми е захтевна малата.. И му кажав на мм дека сам ќе си го чува оти сам си го направи.

    Па ми текна на @Happyinlove првата бременост заедно ја теравме ист термин имавме, а она е сега пак трудна. Леле жено дај утеши ме, само на тоа мислам деновиве како ќе се справам ако сум пак трудна. Бременоста ми беше ептен мачна мене, ич нејќам пак низ тоа да минам. Па и со дете сега. Катастрофа.

    Од друга страна си викам ако не ме за*бе мм вака ја никад нема да се решам за второ.:sweat:
    И така... Ќе ве известам наскоро ќе има ли пак хормона до плафона.
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На 24.07, Coco31, marchi-cool и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    6.322
    Пол:
    Женски

    :hai:
    Ке те тешам што си се уплашила. :hug:
    Јас мислам дека се соземав после 3ти месец неможев да прифатам никако. Чудна работа. Јас и за син ми а и сега јас не кажувам дека сум бремена. Може делува чудно но не сум од тие жени што уживаат со меше,се сликаат и знаат да се носат со бременост. Едноставно ми е стресен период.
    Тоа е кога еднаш ке се изгориш...:sweat:
    Но,оваа бременост ми наплати дупло. Од лошење,поврајќање:drunk:бактерии,уринарни инфекции. Нема што не искусив(wtf).
    Напорно ми е и со син ми ,сепак е бебе нестабилно. Паѓа по 5 пати на ден на глава,плачки,заби,неспиење... но интересно е дека имам сила истовремено:rock:.
    Жени и се е можно:nod:
    А маживе очигледно си ја бркаат работата. Не викам дека е себично но јас навистина не планирав толку мала разлика на деца и многу многу други работи кои ги планирав а неможам да ги остварам сега во овој период.
    Интересно е дека за првово се "убивме" додека го зачнавме а ова се фати како на шала...
    За првото се сејќавам мм ми викаше:Хепи,мислам дека ме злоупотребуваш....кога ке му кажев вечер мора секс овулација јк е 20мм(facepalm).
    Секс само за дете правење,па лежи со нозе горе 20 мин и секакви пози:fubar:.
    И на крај лекот бил да немааш никаква појма дека мажот ти спрема изненадување:party::drunk:.
    Тоа е... ако треба нешто тука сме.
    Прави тест ако има потреба и пиши:rofl:
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. lady.N

    lady.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    598
    И кај нас ова третиот месец се фати, ама сега сум убедена дека од прва ќе се фати оти не сакам. Тогаш сакав не биваше, сега не сакам и ќе биде. Марфи ти е тоа.|( Ајде за две недели ќе ве известам што ќе биде.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    22.173
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам не сакав, ќе излезе бебето во мене не го сакам :wasntme: ама не планиравме ич!
    Така си бевме малку активни месецов, ни се разгореа страстите.
    Таман станавме поактивни, оп бебе :rofl:
    Се фати ко од шала.
    Ее за првото колку “немирни” бевме, па се фати пооосле цела година :rofl: а ова види го. Чудно дури.
    Се надевам ќе биде по мирно од дадата, оти она цел нејзин живот (од дури две годинки) си го помина во плачење. :D

    Денес ... (facepalm)
    Отидовме да и купам облека.
    Облечена во боди, едни тенки никакви хеланки и патики.
    Ко за греота, на толку алишта..
    Косата разбушавена, а има преку 100 стегачи и шноли дома.
    Не дава блуза,не дава палто да и облечам. Не дава фустани,исцели панталони на кратки и сандали.
    Не сака фармерки,тексас палтенце, ништо.
    Џабе купувамммм !
    Пари и пари се изнадавав за да биде облечена асално, а она би гола да шета.
    Одбрав што одбрав, не дава да и пробам ништо, бегаше од мене.
    Почна да се валка по под во бутикот, па почна да лази и да мјаука. Јас ваква :$
    Се направи ко прасе целата.Си дојдовме дома и продолжија тантрумите.
    Плачеше зошто ветерот го дувнал паковчето од сладоледот па го бркавме по двор. Плачеше зошто мачето стоело на прозор, зошто стоело на нејзиниот песок, зошто јадело и зошто пиело вода.
    Па секако, “де мамо геде цицо” и откако не и дадов да ги ѕирне уште посилно се тресна на земја.
    Почна да јаде, прегладнета беше, па со нога го турна тањирот и ги истури макароните на тепих. Плачеше зошто не и дозволив да јаде од тие што имаа залепено влакна на нив, туку и понудив од чистите. (facepalm)
    Дооооооолг ден беше ова.
    Заспа во кола на крај, мораше да се возиме за да задреме. Плачеше 10мин без престан и се предаде.

    Ќе биде интересно кога тантрумите ќе бидат на најјако таму пред 3от роденден и бебе во скок :rock:
    Може па и со трето ќе се пофалам тогаш. :swear::D
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  15. lady.N

    lady.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    598
    Иста е и мојата плачлива од кога се роди. Најгласна беше во болницата кога се породив и таква си остана. Сега се по нејзино сака да е. Едно од првите зборчиња и беше ДАЈ, уште на 8 месеци почна да вика дај. А сега кога кажува дај како некој командант е, и недај боже да не и дадеш, почнува да вришти и само повторува дај дај дај дај. Којзнае што ме чека допрва. Со татко и е посебно лигава, тој ептен ја разгалува.
    Ама па од тоа галење и многу е милостива. Сите ги гушка и бацува. :D
     
    На 24.07, Coco31, Ano и 6 други им се допаѓа ова.
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.669
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki:inlove:
    Arni ste mi site? :hug:

    Dobri Sme ne deka nekoj me barase:Dda si pisam jas nekoj zbor:inlove:

    Dobri Sme, doma sme, cat pat ne Ima niz priroda da pesacime pa pak doma I vo dvor.
    Obvrski periodov:^)nadvor è se lom, Vikend mm so pomos na cickomu pravat pokriv za kolata pa se è naopaku.
    Cerki dobri se, golemata I padna dve zapcina pa gi ima uste dve sto se niskat:$preku nojk samovilata I stava pari pod pernica a ona i go ostava zapceto za zamena, pa vcera si kupi boenka I dve bole, edna za sestrai:inlove:
    Malata e bez pelena pa periodov mi pomina so ova rabota:inlove:se isplati:party:

    Denes den za babysitter :inlove:od 1ipol ja imam malata komsika do vecer 20ipol:inlove:pominuva Vremevo se nekako so mali Planovi.

    Malata ja budiv rano pa sega ke rucka I ke spie, pa potoa I bebka ke ja spremam da spie I se bidat zaedno dvete:inlove:

    Nekoi Planovi pravat za Mak|(iskreno ne znam kako ke bide, zelba imam za moite da gi vidam, guskam:hug:ama strav da ne bide nesto so ova virusov, strav za niv I za cerki...

    Zdravi da bidat site, da mine se dobro pa ke ima I setanje I se:)

    Otidov da dospremam rucek za cerka I da zavrsam obvrski:)

    Ubav Vikend na site:inlove::l::f:
     
    На Monella, 24.07, Coco31 и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    5.894
    Пол:
    Женски
    @Chanell* честитки, со лесно.
    Совршено те разбирам, јас скоро и можам да кажам дека го одбив поголемото. Еве десет дена веќе трае процедурава. Шестиот негде таман ќе речев готово тој пак ќе почнеше да се треска. Првата вечер не го издржав тоа жално плачење и му дадов ама после стегнав заби. Наредната вечер јас се изнаплакав откако заспа, мм таков цел во неверување што правам 8-|.
    Сфатив дека еден ден едноставно мора и тоа е тоа, 28м дадов се од себе и болки и нерви. Веќе стана тотално напорно и неподносливо.

    Инаку и јас сум една "тандем" мама. Синко имаше точно година кога забременив (намерно) и бев подготвена за тандемот. Се борев со баби, тетки, стринки, ма најжестоки борби имав со докторите. Никој не ми одговори зошто не, а јас таква сум си, дур не објасниш не битен си :D. Матичната ме подржа и ми рече проблем е само што си во Македонија. Ама жени болење брадавици лудило.
    Се породив за време на епидемија со морбили па немаше посета и морав да излегувам. Пред да се породам во соба го надоив и отидов во сала. Утредента морав да станам и излезам надвор за да му дадам. И така секој ден, дома барав порано да си дојдам. Додека фативме ред беше лудило после ноќе уште поголемо :D.

    Не размислував. Полудена од години неспиење пробав со сенф и за чудо успеа па се карав сама со себе дали сум спремна или не. Го дојам уште малото па си реков можеби тоа ќе ми дава некаква утеха ама не. Не е тоа синко лепенко, цицање со таква страст чудо едно, на пола саат цицаше, сум го доела на секое можно и неможно место.
    Ај доста пишувам за ова дур не сум се расплакала пак. За мене ова исто како на пораѓај, среќна што ќе го гушнам ама тажна дека не е само мој, во меше :$.

    Ве поздравувам и гушкам сите мами, гушкајте дечињата, секој момент ни е единствен со нив, премногу брзо растат.
     
    На tina-63, 24.07, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    554
    Пол:
    Женски
    Поубо нешто одамна не сум прочитала! Алал да ти е стварно.
    Уште еден пример за мајчинска сила (без разлика дали доела или не).
    :hug::hug:
     
    На marchi-cool, lady.N, Presrekna и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Nicegirl11

    Nicegirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2020
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мајки ви се случува ли да ве мавне психата дека детето ваше не ве сака дека не сте добра мајка дека не му е интересно со вас??? Кај мене буквално го сака татко му далј дека слабо го гледа зш по цел ден е наработа и минат малце време заедно кога ќе го види неможе плаче од него да се одели... ај он татко му е но имапериоди кога плаче ако го земам од кај теткаму дедо му некако пњриодично си ги менува едно време сакаше само кан теткаму плачеше ако го земам од кај неабило ли за да го носам на шетање или за да јаде не сакаше да се одели од неа а пред неа не јадене сака да спие изводи.. некогаш така прави и со дедо му ама сако со луѓево у куќава со бабаму ретко се случува обично бега од неа ама има период кога сака ама од моите родители па кога е плаче за кај мене а исто и нив ги гледа секој ден ... една пријателка баш ми вика абе обочно за мајкати се приврзани кај тебе за таткому највеќе тебе не те ферма.... тука најкриво ми падна зш јас по цел ден сум ск него го шетам хранам играм ноќе не спијам ако не спие за се јас а на крај имам чутво дека не ме сака имеше само еден период сега кога не сакашекај никој од домашниве само кај мене ама тоа беше краток период сега пак е највеќе по дедому и теткаму... ви се случило лк вакво нешто или само моево дете не е приврзано за мене или јас не сум добра мајка
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.619
    Допаѓања:
    5.326
    Здраво мајки

    Мислам дека не ми е соодветно овде мислењето, а и прашањето ми е глупо. Ми треба совет за :

    Имаме внук кој не сме во можност да го видиме,само преку камера.
    И јас со тоа АМА ИЧ немам искуство и не знам што да правам т.е. што да му зборам на детево. Почесто се слушаме и мајката го остава на камера додека разговараме за да му го земи шишето од кујна итн. значи прекраток период.
    Проблемот е шо едноставно не знам што да му зборам,што да го ,,забавувам,,. Тоа секако се врти по тв ама ме знам како се однесува така со дечиња...

    Поззз