1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 имаш дозвола од моментов до следни 24 месеци да ме распукаш каде сакаш и да исфрлиш хормони на тастатура:D
    Многу ми е мило со лесно да ја водиш бременоста. Јас пак некаде прочитав дека сакаш второ така ми е останато во мозок.
    И вода први шест месеци “не” да не се караме :^):rofl:
     
    На mal.ecka, Kitten, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.727
    Допаѓања:
    4.689
    So lesno neka ti e bremenosta bas me izraduva
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.976
    Допаѓања:
    17.351
    Пол:
    Женски
    Честитки, со лесно нека ги е бременоста.

    Беба заспа, конечно.
    Се изнаигра надвор, едвај до сега ја држев да не заспа, инаку во 2 ќе стане и ќе си седиме со сабајле.
    Баш баба и ѝ вика, ајде ајде да спиеш, нема шанси, дете од 1 год и 3 месеци да стане во 2, нема шанси.
    Сонце мое најмило е, прееска татко и ја става до мене, а она ме открива и ми вика цун цун, јас се стопив, сонце мое најединствено.:inlove:
     
    На Kaetana, hello-kitty.90, TarantulaA и 8 други им се допаѓа ова.
  4. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    33.237
    Пол:
    Женски
    Честитки за убави вести, со лесно да си ја износите бременоста.

    @Ava.84 сваќе те чекав тука да ја напишиш убавата вест. Само добра мисла и се ќе биде во ред. Па можеби ќе ти се посреќи да бидете сваќи со
    @Monella
     
    На mal.ecka, azelea, Chanell* и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.239
    Допаѓања:
    24.010
    Пол:
    Женски
    Колку трудници си имаме, милина.:inlove:
    На сите нека ви е со лесно до крај.

    Добро вечер.

    После 4 месеци дојде конечно мајка ми да го види мали.
    Ги оставив цел ден, мм ми вика ај на ручек да искулираме, викам не ќе идам на кеј да трчам, цела негативна енергија да ја снема.
    И отидов, трчав, сеа сум крш, а утре сабајле ќе нема да можам да го дигнам во раце. :sweat:
    Секое мускулче ме боли, немам вежбано, ни трчано од пред да останам трудна. :whew:

    Си ветив дека секој ден ќе идам на кеј по саат време, па да видам колку ќе се послушам себеси.
    Монотоно ми е веќе со месеци, и веќе сум нервозна за се' и сешто.
    И додека трчам мали ми е мотивација.
    Да средам мисли, тело и дух.
    Па да бидам најдобра верзија од
    себе за него. :)

    Мафинче мое, ќе полни годинка уште малце.
    Како ни летнаа овие месеци, уште не можам да се опраам што се' ни се деси.
    И ете сме сега комплетни, на купче стуткани и никогаш посреќни :)

    Колку и тешко да ми паѓа мајчинствово, дури сега сфаќам колку неспремна влегов во ова, ама ужасно се трудам секој ден, и се потам, и кога ќе го видам како ми се смее и ми вика 'ма-ма' зборавам на се', ама баш на се'.

    Добра ноќ.
     
    На Kaetana, ALISA0000, marchi-cool и 25 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    те изначитав и претходно ама мене едно не ми е јасно. Бебе од месец ипол а а таа за време на пандемија бара луѓе дома да и "транзитираат" денес ти утре мајка ти задутре свекрва после не знам кој.... Не ми е јасно. Јас во овие 4 месеци не знам некој дома дали ми дошол. Одам кај свекор ми всело повремено ама претежно сме надвор. Во првите 3 месеци никого не пуштав дома и без коронава за да го заштитам општо од пренесување на бактерии бебе е во прашање.
     
    На Milkiway и GirlLove им се допаѓа ова.
  7. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Јас имам прогноза дека машко е :D
    Ај кога сум тука веќе да пишам некој збор ,ние во исчекување на бебе да излезе секој ден полека го стигнавме крајниот термин па чекајте мекици деновиве :D
    Синко мој љубов мајкина многу ми е златен бе:inlove: Не дека е мој ама најубав е работава излезе и ја ко бабине:lol: Расте збори ко навиен сега мислам е најитересен обожава мотори иначе да не кажам опседнат е со нив ист е како мажот ми иста пасија имаат не за џабе се рекло изгледа каков татко таков син:D Го спремаме секој ден за доаѓањето на дадата па се надевам ќе ја прифати без многу љубомора . Жештиниве ме утепаа деновиве со стомаков до заби почна напорно да станува ама ќе се издржи уште малце.Толку од мене се одјавувам јас добра ноќ на сите :)
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, Ano и 15 други им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки,

    Со лесно на сите трудни мајкици :inlove:

    Ја успав малата, ама мислам цела сила ми ја зима. Нема застанување секунда, бега на улица, се пентери секаде, паѓа, плаче, кризира за нови занимации, а времето пекол.
    Поставивме ограда за малата да се качува на 2те скалички измеѓу соби сама и за џабе, ја стра. Писка и бара рака.
    Друго ново и е страв од темница :^)
    Оваа го забележав последните 2 дена, а може е и подолго затоа што се успиваше со плачење...
    Кај не дава да ја успиеме, па и кога шетаме на улица кај што нема осветлување почнува да вриска.
    А до сега не спиела поинаку освен во темница :smirk:
    Моето бестрашно дете, почна да се плаши. Верувам дека е нормално или не? :?:

    Ех, луѓе не ми се верува колку порасна. Љубоморна е кога си правам муабет со маж ми, па ми го врти лицето на кај неа и ме гушка и ќе ми рече 'мамоо' :inlove:
    Љубов пред неа освен на неа друг никој не смее да покаже. Не дава ни да се чепнам со мм.
    Ако го допрам ми вика 'Нее, моа тате' (нејзин бил татко и)
    Стана и многу по себична, не дава играчки како претходно, ниту храна. А воспитувањето е на исто ниво. Секогаш и зборуваме дека треба да дава.

    Уф како за изморена доста сум напишала :D

    @GirlLove види ние те подржавме на почетокот, твое право ако сакаш оди кај сестра ти ако сакаш не. Ништо не треба на сила.
    Ама да тераш да ти купува нешто од аптека со бебе :x
    , ни така, а не пак за време на пандемија.
    Да точно некој што нема избор ќе го однесе детето и во аптека ама не верувам дека кај тебе било 'нож до коска' да изоди.

    @marchi-cool многу си контрадикторна ]:)
     
    На girl-miri, Kaetana, marchi-cool и 16 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    14.379
    Пол:
    Женски
    Не знам, таа си знае.
    Мене некој тука погрешно ме разбра, јас ја сакам сестра ми, колку можев и помагав.
    И секако ко ќе можам понатаму пак ќе помагам.
    @BabyT* и се извинив и и реков дека бев непромислена.
    Стварно згрешив и се повлеков.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.332
    Добра вечер мајки
    ПРибрав компјутерот и седнав да напишам еден пост. Изминативе месеци се поретко го гледам, преку ден од нога, додека децава играат ќе прелистам тука и на инста, но со типкањето имам огромен проблем и подолг текст не ни можам да составам и се одложувам.
    Сега нема бегање си реков.
    Преубави вести во темава:inlove:. Со лесно нека е.

    Јас и маж испивме по едно пиво сега и душа ни дојде малку, се освежив.

    Невестава (конечно) положи за кола:inlove:.
    Се чуствувам како факултет да завршив:rofl:. @Mari* од прва положив јас, но патешествијата мои додека дојдов до возачкава се за во категорија веровале или не :rofl:.
    Три пати почнував со теорија три пати останував трудна:tmi:. Четвртиов пат немаше бебе:P, ама таман се извозив, се договорив со инструкторов да поднесе документи за термин, фатив инфлуенсата и со недели од кревет не станав, тогаш почната беше и короната па во приклучок и поради короната и над два месеци затвори авто школата...и ништо.
    После на ново возење. 4.300 евра ме кошташе вкупно, 2600-2700 првата рунда кога бев спремна и потоа ``освежување`` оти се имав заборавено. Болна легнав, што од мака за малерот, што за парите:@:rofl:. Важно од прва положив, а додека стасав до испит пукнав.
    Ме праша некои технички прашања, светлата, гумите, моторот...поголемиот дел како теле го гледав :tmi:, ама многу добро извозив и тоа ме спаси.
    Дојдов дома, седнав, помуабетивме....и реков да свртам кругче со мојата.

    Е цврц.:D
    Рачната друга, куплунгот треба поинаку да се работи, рикверцот поинаку функционира, се ново и сфатив дека ништо не знам пак :worried:]:).

    Деновиве ја учам мојава на ново.:(
    Да знаев дека било вака тешко ќе ја купев истата како во авто школата:rofl:.
    Маж ме теши комбево било за вежбање, догодина друга ќе купиме:doh:.

    Инаку добри.
    Ели наполни 5г.
    Срцево уште ми трепери од радост и среќа- Она славеше на 28, на 29ти бидна и мојата возачка.
    Толку многу сум горда на нејзе:l::l::l:.
    Деца играат, се забавуваат, јас трошам па полнам батерии, и така во круг.
    Преку недела баланс, малку да поработам, малку да поигра најмалово, малку да прошетаме. Викендите се посветени на прошетките во природа и истражување на убавините кои ги нуди истата.


    Уште многу имам да пишам...ќе мора посериозно и да зачестам тука:hug:
     
    На girl-miri, Kaetana, ALISA0000 и 32 други им се допаѓа ова.
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    фала богу. И мене сестра ми ми помагаше со првото дете. Во ред беше да дојде еднаш во месецот да ми помогне. Секој со свои табиети. Јас те сфаќам многу добро. Не можам неа да ја сватам. Со два царски никој не дојде дома да ми чисти. Со две деца дома пак никој не иде. Некогаш се нервирам што не можам да престасам и немам помош ама подобро така одколку да ми се плетка некој. Кое можам тогаш се ќе завршам.
    никаква не сум некогаш и самата себеси не си чинам :envy:
     
    На BabyT* и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.630
    Допаѓања:
    104.399
    Пол:
    Женски
    Леле леле колку мешковци :l:
    @azelea @Ava.84 нека ви е со лесно и најубаво, @Chanell* и на тебе мајче, мислам не сум упатила честитка, па и да сум нема везе :inlove:

    Сите кои сакаат пак мешко, пуштам среќа до сите наскоро да се израдуваат со фамозните две цртички (fingers)

    И не, мене не ме фаќа никаква еуфорија за ново бебе, толку сум опседната и задоволна со моево бебе-дете што ми е доволен и најдоволен!
    Најубав он на мајка :inlove:
    Тие сме тие мајки @elcezelce сите до една сме исти, своето најубаво, најмило, најпаметно, абе само цветче за мирисање :angel:

    Ава плавуша сум уште, само место на жолто да ми иде косава, на сиво ми мава. Во живо воопшто не ми е таква како на сликата, шаренка е од балајажот, цела се прелева со плави, сиви, кафеави тонови. Не да се фалам многу, многу ама стварно ми е многу убава :emo:
    Слободно замислиме како прелепотица, баш таква сум :makeup:
    Хухууууу умре циганката што ме фалеше де ]:)

    @danichap јас се прерадував кога дознав дека си положила и искрено се испосмеав :D
    Одма те замислив таква напната, препотена, испрчена и укочена одма зад воланот и се трудиш да држиш правец :rofl:

    Каков кумплуг?!
    Одма да си се подновиш со автоматик и раатот да си го видиш!
    Ма ќе се замарам јас со мењачи, брзини, стисни таму и шибај :rock:
    Некои 10год возам исклучиво автоматик и се мислам да седнам во "обична" кола ќе незнам да ја возам :tmi:
    Се е рутина и верувам сум заборавила, од старата на новата автоматик преносот беше прелесен, а и лесно е од магаре, на коњ да отидеш нели :D

    5. 000е за возачка :|
    Немам коментар!
    @Mari* сега ти си на ред (fingers)


    Ноќ мајки :yawn:

    Заврна ова ама повеќе како да замоча, барем да се изврнеше да ми навадеше тревникот и цвеќињата :envy:
    Во еден дел ич не ми ги бидува цвеќињата, не знам веќе што им е, па утре план е пак да се занимавам и да им дадам уште една шанса. А ако не ги бива ионака се во бетонски жардињери, па ќе ставам песок и ништо ќе нема ^_^

    Терасите ми се убавина од пир :rofl:
    Убаво личи, не дека не, ама не се сардели, далеку и од петунии, башка ко камили се :rofl:
    1593726319885.jpg

    Сум решила и леандри да чувам, мајка два ќе ми поклони, па здравје наредна година од тие два ќе правам барем шест :D
    Чекај првин да видам како ќе не биде заедно, џабе некој ми објаснува за некое цвеќе, се дури јас сама не му го фатам табиетот.

    @AngelOfArh колку ич не сум по кактуси, свеки има преку 15вида, уствари нема кој го нема. Како млада невеста као и јас да чувам цвеќе ги наредив во соба, ич не се здруживме, скоро се исушив, што ненамерно, а некои и намерно :tmi:
    Цветовите им се сон, ниту едно друго цвет ќе не вади толку убави цветови, но сепак фала :f:
    Само ова го чувам со години, огромно е и си го сакам, ги нема оние ситни глупи боцки, ова со трн е :D
    1593726950478.jpg

    А мајка како млада невеста ми даде јапонски ружи, розева и црвена. И толку многу што си се погодивме ми пораснаа во дрва, ама она баш дрво, ти крој, оно расте, цветови, цветови, но како облакодери веќе беа и со драго срце и ги поклонив на свеки :angel:
    Гледам уште се живи и расчаталени :f:

    Да си послушам 1час музика, ми фали, а и снемав инспирација да пишувам :music:

    Убава ноќ, гушкајте малишани :hug:

    ^како се изнајадов едни путер колачиња до гуша сум полна и бруфтам од прејаденост :doh:
     
    На Milaаа991, Kaetana, Mia Fuentes и 26 други им се допаѓа ова.
  13. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Добро вечер мајки :hai:

    Периодов секој ден се спремам пост да пишам и се нешто ми излегува, не дека којзнае колку сум зафатена ама ете и јас како бабите почнав да заборавам :lol: додека ми текне друго ми излегло и поминал денот :D
    Не замерувајте, ние во Италија си имаме последици и од короната :sweat:

    Туку, почна да се зголемува бројот на трудници :inlove: почнавме да се вртиме во круг, се враќа на сцена постарото друштво (стари коки) беше напишал некој :rofl: добро е не сум сама во оваа категорија :whew:
    Со лесно на сите, па влечете нозе накај труднички...

    Ние добри.
    Јас влегов во 7-ми и конечно излегов од дома и не за да одам на доктор, конечно на прошетка :!:
    И знаете што?
    Сфатив дека не сум за никаде :D де жешко, де тешко, нозе ме болат, ми се врти, а како не би кога не сум излезена од фебруари и одма на сонце се оптегнав :wasntme:
    Бевме на реката да му помине меракот на синко за шлапање во вода, оваа година овде најголема атракција се реките, бањење, сончење, скара, што ти душа сака, тоа го нема никаде :nod:
    Морето засега многу слабо, луѓето уште се плашат да се макнат по хотели, во гужви, базените се на закажување со денови унапред и поради тоа навалија на реките.

    Сега кога прочитав за фризот на Емка се потсетив дека не сум фарбана едно 5 год.
    Дека косата ми е крш бев решена да не ја горам дополнително кога немам потреба, сега ме фати мерак да сменам боја, ќе чекам да се породам па може и да пробам.
    Во меѓувреме да одам да ја видам @emkaemka како изгледа 8)

    Постот не беше планиран да биде вака километарски ама ајде :)
    Уште да честитам возачка на @danichap, со здравје да ја користи :handshake:

    Мирна ноќ мајки :hug:
     
    На Kaetana, Mia Fuentes, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
  14. svami

    svami Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    @emkaemka @FreeMind и други членки, ви благодарам за одговорите и поддршката. Инаку повеќе сакам посета на психијатар за да добијам некоја терапија, тоа засега ми изгледа како најбрза и најлесна опција, а во принцип не сум личност што лесно се отвара и сака да искажува чувства, еве на пример тука во мајчински ве читам 4 години и се соживувам со вашите случки, а никогаш немам пишано за мене. Плус, не сум од Ск, во нашиот град опција за психијатар еден на државно, пријателка моја одеше за друг проблем и муабетот е од типот "де бре што се нервираш толку"
    Имаше неколку мајки што имаа сличен проблем како мене, тогаш бев тазе породена со второто кога ги читав како дојдоа до точка на вриење и несвестици, па би сакала ако имаат време и читаат да пишат како се, се изборија ли со ситуацијата, станува ли полесно со тек на време
    Еден период пиев лунерба по препорака на матичен, напати знам да се напијам диазепам од 2мг иако уште дојам, ама некако бре луѓе не ми делува ништо од тоа

    Поздрав до сите и се читаме
     
    На marchi-cool, duffi, Feodora и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    @danichap честитки :hug:
    Малку се препотив од сумата :sweat: ама битно си положила
    Мене у пола ме кошта:smirk: се надевам упола ќе остане :D
    Ако положам од прва :wasntme:
     
    На duffi, 24.07, elcezelce и 4 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.332
    Јас само се молев корона да не избие во авто школата и пак се да стопираат. Рекоа ако некој ученик заболи ќе ја затворат на барем две недели. Веќе хорор сценарија почнаа низ глава да ми се вртат.
    Штотуку стаса еден посебен поклон :angel:.
    Морав да се пофалам:tmi::emo:
    IMG_20200703_130044.jpg
    Огромно благодарам @FreeMind :hug:.

    Со голем мерак ќе го пиеме со Тозо.
     
    На Kaetana, ALISA0000, mamaJana и 27 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Леле ама е тешко време некако. Ме скина глава, па си ставив сега едно кафе. Малата се занимава нешто, си реди, си прави, фантазија работи со полна пареа.
    Пропаднаа сите планови за годинава изгледа, а толку беше надежна... Како можеше вака да се случи? Уште сум во чудо, да ви кажам искрено. Ми е криво и за малата што не испадна планираното, за нас... Ама ајде, ќе ја чекаме другата година, можеби ќе биде подобра. Иако веќе мислам дека планирањето треба да биде од денес за утре и толку. Ништо посебно не се случува, а и што да се случува во ваква ситуација.
    Си читаме заедно многу, не сум прочитала книга за возрасни не знам од кога. Ама и детскиве се погодуваат интересни, па не сум без ич. Немам ни концентрација некако да земам да читам, мозоков на сите страни. Па и само лоши вести од сите страни. Се израдував многу за @Ava.84 кога прочитав, се надевам второво подобро ќе ти спие.:D Нека ти е со лесно, и тебе и на другите.
    Кај мене не се менува состојбата на тоа поле, напротив, се зацврстува со текот на време. Нека ми е живо и здраво девојчето, сосема ме исполнува и ми е доволно.
    Морам да кажам дека откако не работат градинките поретко слушам за толку болни деца, за бактерии и чуда, мислам дека треба да се стави прст на чело што се прави со градинките и во каква состојба се.
    Сега посебно со коронова решение треба да се најде.
    Толку од мене, некако расположението ко времево ми е.:yawn:

    И @danichap честитки за возачката.:d:
     
    На girl-miri, Kaetana, marchi-cool и 22 други им се допаѓа ова.
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Добро вечер на сите, не сум многу активна во последно време, но прочитав многу новости и нови бремености. Нека ви е со среќа и со лесно на сите женски. Јас цел јуни го одам на работа. Работа турбо, да неможе ни доручек како луѓе да тераме|(. Од една страна првото кафе го пијам со возрасни наместо со децата, и освен ба ма ке разменам по некој збор со некоја од колешките. Но затоа кога се враќам дома едното ме пречекува уште од врата за цицето, другото чека што ке се руча и каде ке се шета:sweat:. Ослабев чанг шланг со брзина на светлината. Но, иако си легнувам во 10 капната уморна, пак среќна мајка сум...и ке ми беше жал да не го родев малото џамбазче,вистина животот ни се развесели дома. Колку е чуден животот...тамам се откажав од идеата за второ дете, и бев против инвитро, на крај како од шала се избоцкав сама и легнав да ми вадат јајце клетки:D. Ама ако, не жалам за ништо,напротив ке жалев ако не го направев тоа.
    Имајте убава ноќ мајчички, и чувајте ми се :hug::hug::hug:
     
    На Kaetana, mamaJana, Happyinlove и 21 други им се допаѓа ова.
  19. belmoni

    belmoni Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Господ нека ми даде и мене трпение и на тие што живеат со свекор и свекрва :devil:
     
    На Mia9, the12345, girl-miri и 6 други им се допаѓа ова.
  20. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    2.709
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да си ја искажам мојата среќа тука, син ми денес за прв пат ми се насмеа на глас, леле која среќа било тоа да знаете, мене солзи радосници ми извираа. Не верував дека до волку ќе се радувам на неговата насмевка 3 ипол месеци е :inlove::inlove:
     
    На Kaetana, mamaJana, Happyinlove и 17 други им се допаѓа ова.