1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.692
    Пол:
    Женски
    Хеј мамаситас!

    Прво да ви кажам мене коронава толку не ме удри на психа што се однесува до шетање. Си ставив во глава дека е за мое добро и за добро на дете и тоа е тоа. Од двор не се прибрав, и тоа рачунајте имам двор 2 педи, поише тераса. Си најдов занимации, готвење и кактуси, дете и книги и натаму ја насочив енергијата. Шетање не ми паѓа на ум, депилации, фризури, нокти, нема ништо да ми бидне некое време сама да се средам. За воља на вистината кога отвори фризерот ми се јави и ми рече ако сакаш и дете и тебе денес само за вас ќе отворам, и така би, едно кратко шишање, без фенирање да не се задржувам и дома. Фала богу еве жива сум. Депилација дома, што не можам со брич (интима) Нокти за кај ќе ми се, да си ги гледам дома колку ми се убави. Јок, ништо не ми треба, само здравје. Наоѓаме и ние места за акање изолирани, Кучково, Сарај, Треска, Водно, бегаме од гужви и така тераме. Еве 4м полни веќе сме така. До кај мајка бев два пати, ама она е заштитена ептен. Гости не примам, на гости не одам, само најблиска фамилија, сестри и родители. Деновиве кога сум во домашна самоизолација сфаќам дека најважно е здравјето, а не да стрепиш над секој контакт што си го остварил. Јас сум сигурна дека сум здрава, ама за секој случај ќе си се тестирам во понеделник и ќе видиме. На работа имав 2ца заболени.

    Што се однесува до сопруг и понашање детско дур јас дремам дома, мислам дека нема да дочека такво нешто. Јас тоа дете не си го донесов од планина, и он учествуваше во правењето, така да има да си го чува со мене барабар. И го чуваше, не смеам да се пожалам. Моето пиеше само мајчино млеко па лесно беше оставањето дома, ама ако цицаше немаше ич да се устручавам да му дадам да цица надвор, не гледам ништо вулгарно во тоа. Дајбоже второ побрзо да бидне, има се да направам да цица, само да не се молзам по 20 пати на ден. Мора да си ги стегнете мажите, тие се полноправни родители на децата, како такви имаат обврски. Да излезам од купатило да ми го подаде на врата, има да добие ладен туш сместа. Ако му се цица на бебе ајде де, ама затоа што не може да го гледа, е мало морген. А и бебе се учи на количка од прв ден, не е мало за количка, таман си е, ќе си го ставиш да си гледа нагоре, некоја играчка ќе му закачиш и ќе се научи. Мене синко ми порасна во количка, секој ден се будевме, молзев, јас кафе и доручек на тераса, он во количка дремуцка. Така се научи и на галама да спие и на светло и фала богу до последно седеше во количка не ми протестирал никад!

    Е сеа горливата тема моја. Овој дел може ми е за во На срце ми лежи, ама овде нека седи. Второ бебе. Рано е знам, тек почнуваме, трет месец, ама знаејќи низ каква голгота поминавме ми се плаче. Чисто е се, урина, брисеви, пап, уредни циклуси ама кај мене неќе па неќе. Се надевам нема пак 2ипол години да чекам. Секој месец сум во исчекување, си пратам симптоми, сеќавајќи се дека со дете ми се згади кафето секоја голтка ја пијам со трепет. Сеќавајќи се дека со дете многу ми се спиеше само мозгам колку спиев синоќа што ми се спие сега. Сеќавајќи се дека бев супер расположена и полна енергија барам позитива во секој скриен агол во мене. И знам дека додека не се опуштам нема да биде ништо, ама посилно е од мене. Смислувам како ќе им кажам на другарките, како ќе им кажам на домашните, како ќе прашува синко, како ќе му објаснувам, како ќе биде... Оптеретена сум, признавам, ама мозокот е страшен човечки орган, ништо не можеме против него. Кога забременив со синко тоа беа чудесни месеци, гз преку глава, не се знаеше ништо пошто дома реновиравме, немав ни седало ли легало асално, од стоење што се вика го напраивме, ама бидна. Нека ми е жив и здрав, и да не бидне тоа е, не сум со празни раце, ама цел живот имав идеи дека ќе имам бар 3 деца. Дајбоже да ми се исполнат желбите и идеите.

    Додека да бидне број 2 јас вежбам секој ден, да ви кажам поодморена не сум била откако почнав да вежбам. Една кинескиња снима видеа, боже жени колку збори, јас едвај дишам она вежба и брбља, 300 на саат. Денес комбинирав вежби 1 саат и 40мин, уште 20мин се тресев цела, ама после како ми се опуштија сите мускули, за мерак. Многу битно, се истегнав на крај многу убаво, да не ми биде после цело тело во болки. Еве недела дена вежбам и супер ми е. Во комбинација со режимов на исхрана мислам ќе успеам овој пат зошто не гледам како на диета која ќе трае месец, 2, 3... Туку како на лајфстајл, а тоа е најважно за долготрајни ефекти. Имам ситуации кога сакал нејќел мора да прекршиш, некогаш и самото тело бара, ама не застанувам, одам понатака со истиот ритам. Не туркам граници туку стварам сопствени. Не слабеам за да изгледам поубаво, мада подруго е во комотна облека, туку за да бидам здрава.

    Малку може постов ми е падни стани, сакав се да опфатам, малку може ќе се налутите во првите редови, ама тоа е моето мислење. Жени, научете да се цените, ставете се пред обврските. Да, домот е битен, ама битни сте и вие. Не да сте депилирани, фризирани, маникириани, да сте чисти, одморени, да направите нешто за себе, дали книга ќе прочитате или ќе изгледате филм, тоа направете си го за себе. Децата растат, дајте им шанса да растат во здрави и насмеани човечиња, а така само ако вие сте исполнети. Мислам дека Дани со последниов пост тоа најубаво го срочи, се труди да им покаже на децата, да им даде насока, не да ги тераш, туку со сопствен пример да им укажеш. Стани 1саат порано за кафе да испиеш во мир и ќе видиш дека не е страшно и со 5 саати сон се издржува, али тој 1 саат ќе ти вреди како 3 понатака во денот. На пладне нека се урниса куќата, јас ќе се кутнам до дете, ќе го гушнам и ќе дремнам. Он задоволен, јас задоволна, и маж ќе биде посреќен со мојата среќа, на крајот од денот среќно семејство! Пукам и јас по шавови некогаш, кога се е растурено а дете уште дорастура, ама па сеа живи луѓе сме, ќе викнеме, ќе повишиме тон, ќе покажеме како треба и ако треба по 1001 пат, ваљда нешто ќе влезе во глава.

    Пишувам од телефонот и немам увид колкав е постот, па ако е огромен извинете, јас сакав само да си се искажам. Добра ноќ мајки!
     
    На bela.m, Kaetana, marchi-cool и 31 други им се допаѓа ова.
  2. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.724
    Допаѓања:
    39.841
    Пол:
    Женски
    :hai:

    Ве исчитав и тргнав да пишувам, ама морав прво да ја ѕирнам бојата на @emkaemka (y). Туку јас сакав да прашам дали ти е природно виткана, многу ти е убава. Јас отсекогаш сум сакала виткана и за сите поводи (свадби на блиски и сл) тоа ми била фризурата. Виткана во различни форми и облици. Баш вчера читав статија дека повторно е во мода минивал, па сега како што ми е порасната се мислам да си направам подолгорочна фризура. И онака сигурно наредна фаза ќе е пак кратко да се шишам, бар меракот да си го направам]:). Ама па седење под хауба повеќе саати ич не ми оди во ситуацијава. И сега ќе си седам со исчупана коса и шатирано до пола коса:@. Уствари сега намерно одлагам фризер зошто ми се уарни да ја собирам, ама па миењето и сушењето ми се за џабе.

    Инаку периодов почнавме интензивно да бегаме од прошетки низ маало и градов, па често сме на Водно. Пред една недела тргнавме онака на прошетка, а мали успеа да се качи до средно:o. И пак би ама треба порано да се тргне да не не стемни (со мали качувањето е повеќе од саат), а со горештиниве тоа е тешко изводливо, па си најдовме една поизолирана патека со малку движење и сега таму практикуваме прошетки. И нормално се враќаме со еден куп дрва, шишарки и камења секое одење :D. Вчера дури и скакулец, лептирче и светулка си донесовме. Мали е пресреќен и истрчан и ние раздвижени, па малку полесно ни оди изолацијата.

    Минатата недела со брат ми се видовме прв пат откако е ситуацијава. Дете не можеше да се изнаигра и изнатрча со братучед му. Нормално со поголемиве тоа се глупости на куп, ама кога го видов дете како се радува и смее ми падна жал што не може да се изигра со дечиња редовно. За него најмногу жал ми паѓа во целава ситуација. Не дека и за нас е лесно изолација и пазење од сите и со сите. На работа сум цело време со маска и веќе делумно се навикнав, ама како ќе се тера цело лето незнам:sweat:.

    Собата на мали е во крајна фаза. Нареднава недела ќе се кречи, а нареден викенд ќе монтираат. Е за уредување се е смислено, ама незнам како ќе се изведе. За почеток ќе има постелнина и ќилимче од дормео, откривме нова линија со вселена и ептен ќе се вклопи во идеата за уредување. Сончевиот систем што го правевме сами ние тројца ќе има централно место на таванот, ќе остане уште стикерите за ѕид да стигнат од али (ако стигнат) и да отворат соседите граници за да нарачам некој да ми ја донесе фамозната масичка од икеа што ја наумив и уште некои ситници. И со ова собата ќе е комплетна за почеток. Само уште дете да сака да спие:rofl:. Сега е оптимист и само влегува и вика ова е мојата соба. Тука ќе стои креветот, тука плакарот .... ама ќе видиме кога ќе треба да спие. Или некој од нас ќе спие со него таму:rofl:

    А да и играчките планирам да ги расчистам кога ќе се мести, ама еден куп идеи имам за нови да набавам(facepalm). Битно ќе има конечно катче и за неговите книги. Многу ме радува што си ги сака и сака да му читаме. Мм последно му купил една за диносаурси, тоа радости се невидени. Имаме преку 40 диносаурси (додуша 20 се од една колекција што и не се класични диносаурси) и сите си ги знае оо име и знае точно кога че му фали некој. Сега сме во потрага по анкилосаурус (го немаме во колекција), па ако некој видел нека извести да го набавиме. Не го вади од уста, па морам да исполнам желба.

    За одмор се откажавме (додуша поодамна веќе не правиме планови), па испланиравме една недела до станот во ох да тркнеме на крај на август, нормално да видиме како ќе се одвиваат работите. Летниов одмор и ќе го прежалам, ама ако не отидеме на планина зимоска стварно ќе ми биде криво. Тоа тешко ќе го прежалам. Јас би и сега на планина да имам каде да отидеме.

    Како и секогаш имам уште многу да кажам, особено што одамна бе сум пишала, ама доволно е одам да се спремам за прошетка.

    Честитки за новите мешиња, честитки за сите припуштени родендени. @danichap честитки за дозволата, а сите што немате одма да си земете. Јас не би можела да замислам да немам дозвола и превозно средство. На мојот 18 роденден положив тестови и 12 дена подоцна веќе имав завршено со сите полагања. Првата кола си ја купив пред 12 години и уште си ја возиме. Наредно со мм рековме пик ап ќе купиме очигледно не знам да се пакувам нормално, а особено откако имам дете. Па друго практично решение не гледам за мене:rofl:

    @emkaemka каков автоматик. Кола без мењач не е кола за мене:D. Учев, полагав и прва кола што ја возев беше југо. Мислам пак да ми дадат, пак без проблем ќе го возам.

    Тука ве поздравувам и останете во добро здравје и убаво расположение.
     
    На bela.m, girl-miri, Kaetana и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.980
    Допаѓања:
    166.544
    Пол:
    Женски
    Хола мајки :hai:

    @Chanell* имаш термин на мојот роденден. 8) Уште една водолија да го оправа светов. :inlove:

    @Ava.84 честитки за убавите новости мила. :inlove: Срцето под твоето срце секогаш да чука во ритам на среќа. (fingers)

    Бебла тера втора дремка повеќе од 2 часа. :o Деновиве кога мислев ќе крати на дремки, таа ги зголеми на 3пати по пола час, денеска тера 2 часа и кусур. (facepalm) Се подразбуди додуша после 45 минути, ја земав, ама не беше спремна да остане будна, па ми заспа во раце и ја вратив во креветче. Не знам зошто толку се успа, ноќеска баш фино спиеше до утрово. :?: Кога не спие зошто не спие, кога спие зошто спие... Дали прашањава имаат крај?! Непресушен извор. :D

    Вчера чистевме со маж генералка, ручек имам исто од вчера, нејзиниот е при крај, па за денеска останува шетање покрај море и дишење низ сите пори.

    Посебна е врската меѓу бебла и мачор. Делат ист левел на љубопитност и веднаш потоа брзо здосадување откако ќе го истражат она што го намерачиле. :D Можеби и затоа си се толку добро друштво еден на друг. Некогаш навистина изгледа како да зборуваат таен јазик, оти потполно се надополнуваат еден со друг. Вчера маж реши да им се придружи па седна до нив на под. Никој не го есапеше, па стана како попарен и си легна до мене, да ги гледаме заедно двајцата мали бандити како си играат. Смејурии до стомак болење, а душата бавча. :l:

    Се разбуди! Одам да и "скршам ребренце" :inlove:

    А на вас убав ден и убава недела. :)
     
    На bela.m, girl-miri, happygirl и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    12.934
    Пол:
    Женски
    Здраво здраво :)
    Долго ме немаше на темава, ама редовно ве читам, мило ми е шо многу нови мајки ни се придружија, па и тие шо беа се множат со дечиња :inlove:
    Со лесно на новите мешиња, само радости да се полни темава. :f:

    Јас шо да кажам, стандардно лудо секојдневие. Денот ни почнува во рани зори, 5:30 веќе е станато малото. И не презаспива скоро никогаш. 8-| Па се вртиме некое време во кревет дур се освестам и го носам во дневна барем поголемово да поспие. Некогаш не успевам навреме да излезам па се буди и тој и почнуваат. Ретко да поминат без плачење :worried:, големиот за стандардни глупости, малиот за во раце, малку ќе поигра на под и почнува да лази низ цел стан. Во секунда веќе дошол в кујна да чепка во теглите. (facepalm) Во следниот миг веќе пробува да се обеси на мене па ко маче ме гребе по ногата и се исправува. Денес наполни 9 месеци. :inlove: И колку да ми е напорно, тешко, нервозно, не можам да си опишам колку сум среќна шо ги имам. Исполнет ми е денот со нив, го користам секој слободен миг да ги изгушкам, па дури и ко ќе плачат за глупост. :D Немам време да мислам на умор, ќе одмарам вечер ко ќе заспијат.
    Аха, сигурно. Во 5 сати спиење, со неколку будења баш ќе се одморам ама то е, се тешам дека и ова ќе помине, се навикнав. :D малово пак сега е интересен шо се буди во ноќ и одма во истиот момент се фаќа за ограда и си станува. Ако не го слушнам одма после потешко ми е да го презаспијам. :worried: Таман го одвикнав големото од нишање, сега и малото почна да се буни. Навечер го ставав во креветче, му давав една пелена и за 2 мин беше заспан. Е сега не, мора да го нишам и него. (facepalm)
    Да бидам искрена, доста ми се овие 2. Нека ми се здрави и живи, си ги сакам премногу, ама не сум спремна за уште едно во никој поглед. Сакам малку да ми одмори мозоков од плачки рикачки. :?:
    Знам, седењево дома лошо им влијае, досадно им е, не им се интересни ни игри ни играчки, жал ми е за поголемово шо не ни знае да игра со други деца од шо е научен цело време сам. Само од золва ми и од сестра ми ги гледа и игра, од други деца бега или ги турка. :worried:

    Уште многу сакам да ви кажам ама ај друг ден. :)
    Добра ноќ :hug:
     
    На girl-miri, Kaetana, Chanell* и 16 други им се допаѓа ова.
  5. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.627
    Допаѓања:
    104.366
    Пол:
    Женски
    @Ano да, природна коса имам и повиткана ми е отколку на сликата, плус кога би и ставила пена на полу сува баш ми се прават локни :emo:

    Инаку за поводи ако отидам на фризер јас фризури си правам, за смена сама дома ја пеглам :D
    Уствари еднаш за битна свадба отидов да ми ја навиткаат, нели убаво оформени локни да имам и на крај искочив со плетенка (facepalm) ми ја сплеска, ме направи тиква, па уште се налути што и реков и ме плетеше, као џабе ме виткала |(
    Ауууу да и за кај сестра на свадба као локни ќе имав :lol: леле леле уште не ми е верно која хаварија ни се задеси со мајка :doh:

    Југо еднаш зедов да возам и му го откорнав мењачот :bandit:
    На сред семафор останав дефект :tmi:
    Не си возела автоматик затоа така збориш ]:)
    И да, следно пик ап/џип зимајте + туле и таман ќе ве собере (fingers)


    Ноќ мајки :yawn:

    Денес понеделник и понеделнички тргна една работа, убава, само за убаво нека е!
    Но некако затечена се најдов, а муабетов се крчка веќе два месеци, но се си мислев дека нема да се деси и сега цк :tmi:

    Деновиве се фрлив на онлајн шопинг по повод престојниот бдеј, кој патем ми е за 1месец :tmi:
    Но јас со време да се средам :emo:
    Уствари колку да се прави нешто :smirk:
    Ќе чекам пратки деновиве и живо ме занима што ќе ме огрее :whew:

    Детево вчера беше збеснато, не се сеќавам кога последен пат волку рикал и извадил волку мрсули |(
    Толку ми преседна што го оставив да се изрика за да му олесни :|
    Среќа денес се разбуди старото дете :whew:

    Понеделнички се фативме за крпчето :rock:
    Цела куќа ја поминавме, заедно како тандем + Бубу ни помогна, па се беше полесно, остана време и за играње, шетање :inlove:
    Дека беше умен го прашав што сака да му купам и стандарт одговор "сладолед и Кола" :D
    Па како двајца пријатели раче за раче си се изнашетавме низ маало :l:

    Вистина, со детево секогаш кога се шетаме мора да идеме фатени за раце, ретко, преретко знае сам да иде. Сум кажала он и кога вози точак со една рака вози, а со другата ме држи, али ова за да го буткам (facepalm)

    Треба детево пак да се шиша :worried:
    Кој ли да ја има таа чест :sweat:
    Као има кој да го шиша, "безбеден" али по последната хаварија каде заврши како зелка не се осудувам да дозволувам експерименти :|
    Ваљда ќе идеме кај Ѕвездите, мечка страв, мене не ми е :wasntme:
    Додуше и они последниот пат на едната страна го искацкаа, ама далеку од зелка беше :smirk:

    Него со мм почнавме секоја вечер да пиуцкаме :$
    Секоја вечер си имаме поводи и желба за чашките :D
    Но пиеме умерено и со исаф, по една флаша :tmi:

    Денес конечно и завршив проектот за темата Предизвик, муабетов ми е, мајката решила да учествува, а детето очајно не го интересира :rofl:
    Имав два неуспешни обиди, па третиоов сама средив и утре првин ќе сликам, па ќе му прикажам :tmi:
    Во првиот обид дадов бои и детево се испошлака по раце (facepalm)
    Во вториот обид кога го виде оризот посака да го јаде, па тргнавме да го зготвиме (facepalm)
    И третиот ќе видите утре што смислив :P

    Касно е, да спијам, а и немам некако инспирација да типкам повеќе, па и понеделнички доста е со реферати :$
    Убава ноќ, гушкајте малишани :hug:

    ^кое безредие ми е постов (facepalm)
     
    Последна измена: 7 јули 2020
    На girl-miri, Kaetana, Chanell* и 21 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    зошто да не се прошета? Ние секој ден приквечер шетаме со количка. До пред 2 месеци не сакаше количка да види па капнав цело време во раце а ни тоа не доседува дома.
    леле ова со маживе сите ли имаме проблеми? И јас сум пред нервен слом ми се собра се. Ако расправам на долго и широко постов ќе ми биде долг три страни. Дојдов само да прочитам да рсстеретам мисли. На дубакот ни се растурија колцата телевизорот се расипа... А обврските само ми се трупаат оди немам бебе каде безбедно да го оставам. Без дубак како без рака да сум. А господин маж мора да појде на работа да се искапи и обавезно на кафе и после е изморен оти јас не сум.
    иста сум периодов и му викам ако не почне да се однесува како маж нека си ги собере парталите барем тогаш ќе знам самохрана мајка сум а вака.. при маж дома пак самохрана мајка. Земи излези прошетај сигурно има каде,сврти еден круг да те дувне ветрот,на крајот од денот јас ако не излезам верувај ќе пукнам
     
    На Kaetana, hello-kitty.90, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Добар ден

    Без кафе ќе ве дружам :$
    Со маже 2 испивме а за третото рано ми е
    Деца се во градинка и уште половина час треба да одам по нив
    Таман да шкртнам нешто и да се одморам
    Успеав само една перална да пуштам и купатило да изрибам |(
    За останатото ќе досредам до крајот на денот
    Сакам за утре да оставам чисто и со маже од сабајле да шетаме на раат
    Прв пат после 4 месеци и двајцата сме слободни од сабајле а деца да се вградинка :smirk:
    Ми недостига заедничкото кафе во некој ресторан и без деца
    Време само за нас :inlove: како дечко и девојка :$
    И нормално некој бутик да прошетам да докупам шо ми фали летна гардероба :l:
    Од лани се ми беше големо па подарив се што имав
    Како што изгледа ништо од летото ама за секој случај да има

    Викендов го поминавме на езеро
    Деца едвај чекаат да одат на "плажа"
    По убаво никаде не сме поминале како таму
    Како бајка за деца, игралиште прекрасно и необично направено
    Деца со часови си игаат таму без да им се здосади
    Олеснување за нас што не мора да трчаме по нив
    Предходно се плашев да појдам некаде, повеќе умор него ли уживање
    Можеби дека се поголеми па и поразбрани :^)
    Како и да е за викенд секогаш кога ќе имаме време ќе одиме таму

    Преку недела ни е малку монотоно ама брзо поминува времето
    Градинка, дома одмараме, прошетка вшума, капење и спиење

    Леле 12 дојде :o
    Да се спремам и да одам по деца

    Довиџења :hai:
     
    На ma4e1311, Kaetana, Мариаа. и 21 други им се допаѓа ова.
  8. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Ннезнам веќе и јас пукам и хормониве шак ми се активирани и за глупости рикам ко магарица ама господинот ми вика силна сум била..да силна сум оти не е со мене под туш само за да се исплачам 3 пати дневно се туширам...кретени се стварно ама пак еднаш ќе е добар и одма заборавам се..
     
    На Kaetana и marchi-cool им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.692
    Пол:
    Женски
    Ај добро утро!

    Да јавам, негативен тест за Ковид! Ми олесна иако немдав никаков симптом. Е сеа тој тестот за недела дена да е позитивен, само тоа сакам!

    Дете дремка тера, јас ќе спремам ручек па сакам нешто благо ама не знам што. Ај ќе видам еден американски колач да го смутам, имам праски, може и нив да ги туфнам одозгора, да е посочно. Ама прво ручек да направам па после.

    Едвај чекав резултати за да однесам дете да прошета, тоа се раздува ко крај на свет да е. Па ќе си седиме дома, прееска по леб и не издува. А душава едвај чека јас да го однесам во школски зошто со мене шетање трае 3 саата, со тате за 40мин дома се.

    Вчера си се испеков поштено на паркинг во Филип 2,чекавме точно 3ипол саати за тест. Окапавме! Капак на се сончаница добив. Ми фалеше само да ми мерат тт таму, ќе ме задржеа сместа каква бев ужежана. Имаше една група што иделе редовно на тестирање, они викаат никогаш не било така. Е толку сме значи среќлии.

    Скини врзи, така би го нарекле моиве постов, ништо не кажав. Туку дај да се префрлам во кујна, бар ручек да напраам. Убав ден!
     
    На Kaetana, marchi-cool, Chanell* и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.503
    Допаѓања:
    32.603
    Пол:
    Женски
    Добро вечер:*:

    Читајќи ја Ано за југото ми текна кога и јас учев за возачка на мои 17 години учев на југо.Прво двапати го верглаш да запали.Во прва брзина ми убацуваше иструкторот:rofl:Очекував во секој момент да извади чук и да го подчукне малку за да убаци:DПа кога возев полигон колку брзу ме научи човекот 2пати лево двапати десно коса гаража.За ручна дај повеќе гас за да тргне:D За среќа кога наполнив 18 си полагав со нашата кола која не беше постара од 2 години па и со крената рачна тргаше.Положив од прва .Тестови учев од 12:30-16 положив со 7 негативни.Тогаш мм ми рече ти си само за медицина.Уште ми е криво што не отидов:!: Денешните коли се толку усовршени што имаат автоматска ручна, мењач, камера за паркинг.Уште поновите и сами паркираат:nod: Прелесни за ракување , прескапи за одржување.

    Јас одмарам , а малата му скока на мм на главата:drunk:Пред тоа си игравме со малата .Криеме една кукла и тој што ја скрил кажува "ладно ладно или топло топло":emo: Дома сме од што ми е многу лошо, а и малата ми е настината нешто.
    Од сабајле си игравме куклен театар .Ставивме стиропор, што личи на телевизор ,покривме со ќебе и правевме приказни.Толку убави видеа имам од малата:inlove:Јас после две приказни бев уморна како цел ден да сум била на работа(facepalm)

    Конечно и порачав за малата ситници околу роденденот:party:Се двоумам за торта дали јас да правам или да порачам.Ама толку не ми се свиѓаат купечките.Ако имам сила ќе правам ако не ќе купам некоја од продавница.Уште не знам што да правам за градинка , не знам ни какви се протоколите што смее што не|(


    Преска правев пинџур, излупив зеленчукот и сакав да го пасирам.Се поснгнав по миксерот .Во исто време малата стои до мене и си игра со валаните садови . Ставила кафе во водата и меша.Ова готвење и е омилено деновите.Штом посегнав по миксерот таа со бркалката дирекно од гадната вода во зеленчукот:o :DКако да реагираш , а да не згрешиш? Ја скарав дека таа е гадна вода и и реков да излезе од кујната.Разбра дека згрешила па малку се натажи.Ние ручавме од пинџурот, па сега не знам од што ми е лошо од адетивите или од к**вта болест:lol:

    Моите излегоа да прошетаат додека јас типкам.Па јас да ставам пералната за садови и да смислам нешто за вечера.Може една пица да испечам .Мајка ме застрви сабајле.Мисли јас сум истата Ава како кога бев трудна со малата.Нее.Се нешто ми се јаде и само јадам .Сигурно оваа трудноча ќе станам +20кг:$.Ама се надевам дека и детето нема да ми биде маанџија како мене и ќерка(fingers)

    Ајде мајки отидов да фатам нешто(poolparty)Имајте добра ноќ и гушкајте најмили|-)
     
    На Kaetana, Chanell*, Biljarkata и 17 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Се моли @Ava.84 за нос да ме штипне. Мн ме израдува. :inlove:
    Утре точно во 7 ми иде да чекам пред градинка и да оставам дете ама ако пак сакам уште две три деца. А едно ќе оставиш во 7, а четири деца, исто му се фаќа. :rofl:

    Мојата вечер изгледаше вака. Сакав со љубов да спремам вечера за мојата принцеза. Во меѓувреме таа се качуваше на табуретка, па на кујна и го дофати дезинфекционото средство кое претходно откако го дофати од пониско, го скрив таму горе, од каде пак го дофати и го истури. Сакам полици само најгоре на ѕидовите и штекери горе високо за наредните деца. Ајде избришав и во меѓувреме изматив јајца. Еден миг после меѓувреме го истури садот со јајцата. Пред меѓувреме долго е да пишувам што се се случи. :| И си реков ништо остани гладна, ова е мојот последен обид во 20 часот, немам сили. Ми се слоши и стресе телото како и секогаш после еден долг ден кој ми е ист 3+ години. |(
     
    На girl-miri, Kaetana, marchi-cool и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.724
    Допаѓања:
    39.841
    Пол:
    Женски
    А неее:shake:, пак ќе кажам, кола без мењач не е за мене. Нема да имам каде да ја држам десната рака :rofl:
    Од џип само тојота ленд крузер или нешто од таа класа. Ама со оглед на тоа дека не сакам коли на старо, а овие на ново коштаат ќе си почекам за вакво нешто. Не сум спремна еден стан да дадам за кола :rofl:. За сега ќе си го возиме маздичето со туле.

    Инаку што фризури да правам кога најголемиот дел од времето имам кратка коса. Сега ми е најдолга после 7 години, до рамена ми порасна. А слабост ми се убави долги коси, ама квалитетот на мојава не дава многу можности за долга средена коса:(

    Шала на страна кој учел на југо нема зима за него за возење.
    Инаку мене не ми е лезетот во автоматик, затоа не сакам возење на отворено. Едноставно досадно ми е. Убаци во 5-та и дреми.

    @gjoker4e секогаш кога ќе те прочитам се смеам. Колку реално го опишуваш секојдневието колку и да е мачно. Пишувај ни почесто.

    Добро утро сега,

    Јас на работа, ама денес денов ми е гурни ме да кинисам. Нешто од сабајле тешко ми оди. Касно, станав, па се спремав гз преку глава што би се рекло и пак 8:10 излегов од дома, што е касно за да стигнам до работа (ми требаат минимум 25 минути со екстра темпо). Кога излегов, сфатив дека денес е ладно, а јас само по кратки, ама доцна беше да се подвраќам да земам нешто за да нагрнам, па додека не се загреав, измрзнав. Згора на се сум си ја заборавила картичката до работа дома(facepalm). Е вака почна мојот ден, се надевам нема вака наопачки и да заврши.

    Фаза кречење е завршена вчера. Можете да замислите што ме дочека дома кога си дојдов после кречењето на татко ми и мм. Од врата дирекно со крпата на колена да избришам хаосот кој го направиле. А кога ќе ми текне дека во сабота и повеќе од тоа ме чека ми се приплакува. Е пуста короно. Да не беше ова и мајстори ќе си викнев и жена за чистење. Вака се сами.

    Скоро се е испланирано, купено или нарачано за внатре, ама што вика мм најбитното го заборавивме. Столче нема детете за на масичка да работи. Па сега сум во потрага по убаво столче. Прашав и во темата, ама еве и тука ако некој има идеа од каде да упам убаво детско столче нека каже.

    Незнам дали ви кажав дека дете го ишишавме на кец. Сега раат е, зошто инаку косата цело време мокра му беше. Ми беше малку жал, ама сега веќе не и онака ќе му порасне за брзо. А плус он и вака си е најубав на мајка:rofl:. Еве и јас да си го пофалам.

    Незнам дали и кај другите е така, ама наутро обавезно станува и одма почнува да зборува турбо. Дали ги сонува работите, ама обавезно некоја тема од претходните денови ја разглаба само што ќе отвори очи. Утрово станува и почнува да вика по татко му. Тато ти седи дука, јас ќе одам таму. Стугнива во дневна и ода таму му довикува, тато не, немој таму во мојата соба8-|, а татко му не се ни приближил до неа. Вчера стана и одма почна да ги набројува планетите и да раскажува за нив :D. Секое утро ми е посебна приказна со него, ама никогаш не е досадно, освен кога сме преморени, а он станува во 7-7:30 спремен за игра:drunk:.

    Сакав да напшиам некој збор и за мајкиве што се жалат од маживе, ама на долго и широко ќе излезе. Само ќе кажам не дозволувајте да се однесуваат така.

    Имајте убав ден и чувајте се :f::f::sun::sun:
     
    На Cka, Kaetana, Мариаа. и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Добар ден мајки :hai:

    Легнав малку да испружам нозе.
    Кај мене синко е голем за попладневни дремки па чат пат ми се паѓа јас да дремнам на неколку минути :D
    Оправдано е сега ;)

    Дојде ред да и завидувам на @Mari* :D
    Жено доживеа и ти на раат на пиеш кафе, и тоа во време на корона единствена си што имаш градинка на располагање.
    Што ти значи израснати деца :!:

    Не ми замерувајте.
    Лудуваат хормони 100 на саат.
    Читајќи се присетив дека до пред некое време и ние со мм си имавме седенки касно на вечер, со муабети, мезе, пијачки, дете големо си спиеше без проблем.
    Сега кога ги читам новите мајки ме фаќа некоја паника, како ќе се навикнам јас на ритамот од пред 6 год?

    Утрово направивме мини прошетка сите тројца.
    Маж пред да оди на работа оди на трчење па денес го зеде и синко со точакот, додека тој трчал малиот возел точак.
    Јас бев утрински на пазарење :D ми текна сакам свежо овошје и зеленчук и крај, ми помина меракот сега уште да земам да јадам.
    Туку, умот ми бега накај чоколадо.
    Само не знам дали тоа со лешници или тоа с'с крава (така викале кумановци на милка) :lol: да се разблажам јас малку па и бебла ќе ми биде благодарна, ќе почне да денса и таа :)

    Одам мајки, убав ден на сите :hug:
     
    На Kaetana, Мариаа., Chanell* и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Зошто мислев дека бебето е машко?
    А то дунде да ти било :inlove:
    Јас многу сакам девојчиња...
    Секогаш мислевме дека ќе имаме многу дечиња ама после второто дознавме дека не сакаме многу дечиња :rofl:
    Очекуваат од нас ама (смајлисо среденпрст)

    И да, не се на возраст која би посакала да се ама добро е :$
    Малку полесно

    Ние предмалку ручавме
    Деца не спиени и не знаат кај тераат :worried:
    Наредните 4 часа ќе биде весело

    Јас седнав малку да одморам и ќе спремам водените бои
    За вшума не е времево, почна да врне :envy:
    Ако престане покасно ќе излезиме до пред зграда и тоа ќе е се за денес

    Јас жива не спиена
    Последниве два дена со маже до касно гледаме серии :x
    Не сум повеќе за касно легнување,од вечерва на време ќе се легнува :$

    Друго ништо за кажување
    Да спремам деца да се занимаваат...

    Довиџења :hai:
     
    На Kaetana, Мариаа., mal.ecka и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.965
    Дунде е, дунде :D
    Сега чекам кај @Ava.84 машко да кажат и ќе ја спремам Немачка снаа да биде, од Италија не ме грее :D

    Припазете на седенките, кафето и муабетот.
    Да не речете после дека не ве предупредивме :rofl: а и, млади сте вие, и да згешите уште еднаш ќе ви простиме ;)
     
    На Kaetana, mal.ecka, Chanell* и 11 други им се допаѓа ова.
  16. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    1.720
    Допаѓања:
    4.645
    Jas pa.cekam da kaze zensko da e pa da ja spustime snaata od sever na jug samo haa .
     
    На azelea, 24.07, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    14.347
    Пол:
    Женски
    Ве молам да просветлите.
    Дали сите мажи во брак бараат кавга?
    Ова ми ги рече сестра ми.
    "Ќе видиш ко ќе се омажиш, сега се е лесно. Ќе ти ја пеам песната.
    Сите се исти "
    Не знам дали е соодветно прашањето. За овде.
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    33.205
    Пол:
    Женски
    Добро утро.
    Дојдов само да честитам на новите мамички. Нека се живи и здрави и имајте лесна бременост.
    @Ava.84 i @azelea де пуштете водичка и накај нас нека биде овој месец се изначекав веќе (fingers).

    Ново кај нас нема ништо немам време слободно за форумов и затоа не сум активна . Позз.
     
    На Kaetana, Mari*, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.692
    Пол:
    Женски
    Чао мамаситас!

    На работа, ми се спие, кафе пијам ама нешто не ми е по ќеиф. Вчера до касно останав будна и денес да речам ненаспана сум малку е. А имам една книга за читање, уф колку е интересна, уф... Некако не ми се дочекува да дојдам дома да ја читам, а кога ќе дојдам дома триста работи за работа. Го брецкам маж ми дека сега он треба да е домакинка, да готви, пере, пегла, чисти, нели он е дома невработен, јас си работам... Ах мажи мажи, со кратко сеќавање :rofl:

    Дете вчера си играше со братучеди, во 4 месеци ова реткост, ама не можеш и не е здраво скроз да го изолираш. И така почна да се дистанцира, морав да реагирам. Убаво поиграа. Сега 3 дена само за нив ќе збори ама ај. Му недостига друштво, многу му недостига, ама мора да се снаоѓаме. Во школски си ги бара другарчињата и не им се доближува, само на око да ги има :D Ми се допаѓа мајкиве што не се бутаат, не инсистираат, држиме дистанца, децата на точачиња, тротинети си возат, не се буткаат еден во друг, малите лесно се држат, поголемките се проблем, они не се држат одвоено, се се гушнати, мушнати, се туткаат... Најтешко во ситуацијава им е на децата, ама избор немаме.

    Лепотици ај доста беше, да одам да поработам, еве го кај е 1 саат, време за дома.
     
    На Kaetana, Ano, hello-kitty.90 и 11 други им се допаѓа ова.
  20. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Добро утро!
    Ме паметите мене? :$Сто години не сум била на темата, а некогаш ми беше секојдневие да раскажам овде како минал денот...
    Се нема време, се нема и расположение... Ова е најтешкиот период од мојот живот, водам борба со самата себе да се помирам со судбината, иако искрено речено не ми успеава. ;(Очекувам чудо да се случи... а во чуда никогаш не верував!

    Деновиве конечно имам нормално работно време, а не цел ден на работа... Време беше да го завршам тој турбо работен период... Па сега имам повеќе време за децата и за сопругот... И дома знае да биде напнато и нервозно... :doh:Деците се закачаат многу па јас често сум судија меѓу нив.|(
    Ама сепак има многу убавини во дружењето со децата, така да вреди да се истрпи и по некоја нервоза.
    Ги дочекувам со насмевка кога се будат од спиење и бушави и сонливи претчуваат во дневна па како мачиња ми се котат во скут. :inlove:
    Навечер ги легнувам да спијат со викање а они со задоволство би седеле до полноќ.
    Ретко шетаме... ама играат надвор со децата од маало, тротинет и велосипед најчесто возат, играат со песок, кринека, брканица, топка... Си растат... колку се безгрижни и среќни :l:
    Дадата поголема сама останува надвор, на малата пак јас сум и стражар додека трчка на улица со децата.
    Си идат дома извалкани и гладни, па бањање и вечера... па малку цртани и растурање играчки, и на крај јас ја почнувам она мојата песна - ајде на спиењее, ајдеее, легнување... ајде мочкајте и ми мијте заби, ајде само ние сме будни, ајдеее полноќ ќе не фати дур да заспиете... |(
    Уф... знаам, досадна сум! И јас би сакала со бакнеж во чело да ги легнам да спијат ама верувајте невозможно е да легнат без да ја испејам гореспоменатата песна. (facepalm)
    Не сум нешто посветена мајка периодов, често си се прекорувам самата себе... ама низ ова што моментално минувам често сум исцрпена и нервозна... па некако ми фали енергија и расположение... Поточно ми фали спокој... којзнае дали некогаш пак ќе го имам. :(

    Ете ги... ми се качија на глава... :devil:Истовремено барат и вода, и леден чај и коцките да им ги дадам и боичките да ги наострам...
    Трпение... трпение... :wasntme:

    Убав ден на сите!
     
    На do-re-mi, Kaetana, Kitten и 16 други им се допаѓа ова.