1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Мене ми кажа дека можам да одам и додека дојам, ако има нешто сомнително. Ако имаш добиено, оди на прв втор ден од циклус кога се најголеми градите. @Kaetana нека потврди кој ден беше.
     
    На mal.ecka и ..barbie.. им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Слободно оди си на ехо. Јас со првата ќерка бев повеќе пати. Сега во април си закажав редовна годишна контрола. Минатата година кога бев, бев бремена и докторката ја прашав дали да дојдам пред пораѓај или после, ми кажа како сакам. Решив да одам сега, после една година.
     
    На BabyD0ll, mal.ecka, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Мене може само ме откачил дека систематски, не рече дека не смеам само дека нема да е реално тоа што ќе го види.
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Врска нема. Се се гледа, плус млекцето :)
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    @..barbie..
    Се оди на преглед за време на доење. Ако некој не знае како да гледа ехо на града за време на лактација, најдете некој што знае. Доење пред преглед, да се испразни градата, за да може најдобро нели да се види, да не сметаат полни жлезди. И тоа е тоа.
     
    На BabyD0ll, babyboy1, lavica82 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Баш те откачиле, не им се работи. Страшно.
     
  7. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Добар ден мамички... Како сме ?
    Ние полека се спремаме недела крштевка ќе се прави... Само ние и кумовите ,запна мм нема што да се прави :D:D
    Ај едно гајле помалце за понатаму.
    Бебуш расте ,траумата на мама си стои ... Уште ја проверувам дали дише ноќе .... Па и дење ако се успие повеќе:doh: ич не сакам што сум ваква :( некако не си дозволив себе си да поминам низ сите тие емоции што ми се вртеа тогаш и уште ми стојат....
    Бебе нешто со спиењето и се изремети дали заради запчињата или заради мојот циклус имам приметено дека кога ќе ми дојде првите два дена е таква нервозна.
    А мене тогаш најтешко ,боли половина ,паѓа притосок|(. Ај ќе помине :)
    Ја има ли некој радосницава ?
    https://kupikniga.mk/product/rozova-pandelka/
    ефтинка ми се виде ,што е разликата со поскапите ?
    Имајте убав ден :hug::hug:
     
    На mal.ecka, hello-kitty.90, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    1.824
    Пол:
    Женски
    @Осе јас ја имам таа розева панделка и е иста со радосница за мое бебе(плус овде има и цд со песнички). Разликата е тоа што во другите има повеќе работи за пишување баш ги гледав во локо кроко за 900 денара што прилично мене ми беше скапо.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    А што има да се пише во оваа...ако не те мрзи да ми наведеш некој пример или сликале во ЛП ? Извини ама ете мерак ме фати ,а што викаш 900 се многу :)
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.389
    Допаѓања:
    32.797
    Пол:
    Женски
    Мајки ми треба малку ваша помош.
    Ме научивте веќе дека сум крш со две деца мислам, ама стварно ми треба малку помош за да воочам дали сум во ќорсокак и како да излезам од него.

    Љубомората на ќерка ми кон бебето, почна да ја искажува со агресија.
    Не кон бебето, кон сите нас останати.
    Почна да ми вика “ќе те тепам” зборови кои никогаш не сум и ги упатила, во сон прета и мава по перницата и креветот, сабајлево коа стана се кубеше на косата, за да покасно дојде и силно ме тресне на рака.
    Пред некој ден на маж ми така,разлутена беше и ни две ни три отиде го удри.
    Ме разлутува кога мава по мене што не и е прв пат, вчера пример легна на под и со хистерично дерење ми ја тегнеше ногата за да ме гризне.
    Ако ви кажам 10, верувајте 20пати беа како и кажав “мама седни до мене да те гушнам,и смири се”, ама без успех, уште толку се трескаше. И свикав на висок тон. и седна до мене, ме гушна и заспа.
    Знам,по 1000ти пат дека не треба да го повишувам тонот, ама она е ван контрола.
    Откако сум породена осеќам дека 100% изгубив контрола над детето.
    Се и е “не”, не ми дава да јадам, урла по мене кога ќе ме види дека јадам и ми вика “не јадииии,плукни го”.. и така до недоглед.
    Се изнаплака со крокодилски солзи пред некој ден зошто не и давав да ја тепа баба и .. ?!?! :|
    Кога проба пак да ме удри и ја фатив раката и почна да плаче, не ја удрив можда и ја стиснав ..
    Како се постапува во вакви ситуации, како да се остане присебен?
    Дали е ова реален (а мислам дека е) проблем за да почнеме да посетуваме детски психолог?
    Јас сум начисто преплашена од неа, во ситуацијата она ми е родител мене..
    Значи со сите се однесува лошо, вика и мава по баби дедовци тетки чичковци, баш е она агресивна станата.
    Плус што и нема контакт со други деца, ма начисто е здивена.

    Дајте предлог за добар психолог ве молам..
    Осеќам дека ми се лизга од раце дете.
    Стално се укривувам самата себе, не викај, не прави она не она, и колку и да не го правам она е бетер.
    Си зима сила зошто сум така мека со неа.
    Не знам како ..
     
    На Skorpija25, kjofti4, hello-kitty.90 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Моето е исто вакво, а немаме бебе:D
    Исто до збор. Не јади, не седи вака седни вака. Од пред некоја ден цело време ме мава и тепа и пробувам и влијае само тогаш за тогаш после се однесува пак агресивно.
    Сака сама да оде на улица ако тргнам легнува и вриште бегај од мене.
    Не сме имале никаква промена дома така да мислам дека е фаза.
     
    На 24.07, Happyinlove, Chanell* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    @Chanell* баш вакво однесување гледам кај внуката и тоа поради сестра и близначка, ќе речеш заедно родени, заедно растат, родителите некако наклонети ненамерно кон едното поради здравствени проблеми, другото стана е вака агресивно кон сите, а од друга страна многу емотивна. Разговарај со психолог ти, не ја носи неа веднаш може и ќе нема потреба. Јас ја следам на фб Дора Попова Узунски, можеш да ја контактираш, мене ми има враќано на порака веднаш, има некој центар преку игри работи со деца.
     
    На Chanell* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    На BeLLaDona23, Chanell* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас имам едно дете мало е сеуште. Но следам доста профили за растење на деца од 1 до 5год. Ова ти што го кажуваш мислам дека никако не е поврзано со бебето, едноставно е период.
    https://instagram.com/biglittlefeelings?igshid=pz8pa8g1vudd
    Ако имаш инста заследи ги, имаат доста совети за агресија, тантруми и слично. Имаат и курс од 99долари ама повеќето прашања се одговорени на профилот во highlights.

    Едит Мислам дека тоа што го доживува моментално она е премин кон поголема емоционална зрелост и е сосема нормално. Читни го профилот има корисни информации како да постапиш во тој момент.
     
    Последна измена: 5 март 2021
    На marchi-cool, Филотеа, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Каснам со читање како и секогаш ама ќе ве исчитам верувам :$ бебка тера попладневна дремка јас да фатам низ дома и ручек да спремам. Ми се пиеше кафе и си сварив ама кога ќе дојде на ред не знам.

    Маж замина усвета (Куманово) да купи ламинат за во дневната во новата куќа. За брзо ќе биде спратот. Остана уште кујна да се најде и копатилото да се опреми. Плочките се веќе налепени. За детската планирам само еден кревет и бирото со компјутерот засега бидејќи малото со мене спие (и големото спие со мене) ама таа соба е планирана само за онлајн настава на големиот. Се думам спалната што ќе ни е кога во еден кревет 3ца спиеме :rofl:

    Времето не нервира ќе се расипело. Баш пред роденденот на синко. Абе нема среќа детето. Лани еден ден пред роденденот затворија се,фати короната. Па дома се собравме. Кој дојде дојде. Малку беа ама го означивме. Преклани сабота беше само едно дете дојде сите на школо беа им закажале час. Еве трета година без деца за роденденден ќе сме. А планирав надвор да се собереме барем децата од фамилијата. Ама пусто време вика ќе врне. Тоа е. :(

    Одам јас да се фатам за работа зашто после кога ќе стане малото тешко дека ќе мрднам од него.

    Имајте пријатен ден
     
    На Skorpija25, Coco31, kjofti4 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    3.582
    Добро вечер мамисита
    Да пишам збор два
    Бебка заспа али знам дека уште 5-6пати ќе стане само да го занишкам за да презаспие, а башка за млеко уште три пати:whew:
    И спиењето мое се виде, не ке хауцинирам послем:?: све ќе прам како што во последно во нашиов регион зачестиа земјотресите ништо чидно и да го земам и да бегам по скали, а да нема земјотрес :lol:
    Туку како бре ги допазувате децава да не паѓат,само денес три пати падна, а најлошото што јас бев до него додека го фатам паднал и тоа се цело време на глава не плаче не го боли едино јас ако изреагирам и да се уплаше па ќе ја рикне али 2мин.
    Значи сака да се исправи сам али проблем е што на се се исправа значи на играчка што е 5см висока тој сака да се исправи и ќе ги исправи нозете али телото му е надоле и оп се плеснал, има една глупа играчка тапан 10см на него се исправува а тој се лизга. :D
    Му купив продувалка не ја ни погледна, а не да ја фати :lol:
    Детето не застанува ни 5мин верувајте од бебе е таков.
    Друго нешто бебево викам нејадач нејадач може јас грешам денес со мм имавме мала расправија околу тоа.
    Направив ручек за нас и во иста тава и за бебе све исто како нас само без домата за него и без сол кога ручавме го седнав до нас и го ранев со парченца реков не блендирам да пробаме и све изеде и тоа она да одвај чека да му дадам со отворена уста чекаше:D
    И тука коментар од мм како демек уште сум блендирала со вода со воведување со све пазење кога дете било спремно да јаде што сме јаделе и ние (секако храна за негова воздрас и тоа што ми е воведено)
    И вечерва направив палачинки со овес, јаболко и банана ги обожавам и таман и за бебка и тоа парчина изеди цела палачинка. Па ајде и тоа да пробам можеби е до тоа. ;)

    Иначе додека пишувам стана два пати така да веќе заборавив што треба да напишам следно:D
    Добра ноќ |-)
     
    На marchi-cool, Coco31, 24.07 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.834
    Пол:
    Женски

    Само време шанелке... јас можам поѕполно да те разберам. 5 месеци беа потребни кај нас да ја прифати новата состојба.
    Агресија имаше од сам старт кај нас. Ајде може дека беше помал за разлика од даде твоја.
    Се мразев до тој степен како можев ова да му го направив на детето. Од едно среќно и насмеано дете го претворив во агресивно му го нарушив мирот што со го имаше. Не можев да му посветам доволно внимание како пред бебе.
    Се јадев,се изедов.
    Грешка бр.1. Спиев 4 месеци во друга соба,душичка идаше да ме бара да плачи по мене. А јас као добро постапувам да не се будат меѓусебно.
    Грешка бр.2. Реагирав кога мајка ми ке го земеше бебе па мали се нервираше. Сега кога ке го земе мајка ми или јас веднаш преминуваме на игра...сега ке те фатиме ке те бркаме. Има моменти не сака тогаш почитуваме и не му го наметнувам.
    Грешка бр.3. Како да го криев бебе од него. Не можеше да разбере дека и тој е дел од нашата фамилија и на секое негово плачење ми реагираше мама бебе да нана. Самп да не го земам. И јас сега му кажувам дека има бо дека мора да му помогнеме. Да му смениме пелена и сл.
    Значи сега е среќен дека спие со мене а бебе во креветче.
    Сака период од денот да биде само со мене и го почитувам тоа.
    Намалија испадите кога морав да го хранам бебе а тој во моментот се забрането правеше само за да биде цднтар на внимание...
    5 месеци живеев во агонија и страв. Како олабавував јас така мислам тензијата намалува...
    Далеку сме од профатен помал брат но ке видам по периодот кој следува....
    Издржи:hug::emo:
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Bella* и 16 други им се допаѓа ова.
  18. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Времето изгледа убаво за шетање, а мојата кукла спие. Утре ќе направам точно 1 година откако сум дома заради пандемијата. Цела година во еден стан ко во домашен притвор:@. Периодов што помина не ми беше лесен, се ме нервираше, се вадев од такт за ситници...решив да олабавам малце, не се издржува вака, почнуваме да шетаме секој ден дур не сум фатила Бардовци:D
    Сакав да ве прашам дали имате воведено рутина за спиење кај малите и од кога? Мојата има 5 месеци, сеуште се водам според нејзина желба/расположение, освен тоа што секој ден ја бањам во 19.30ч. Некогаш заспива веднаш после бањање, некогаш се успиваме до 23ч(waiting)
     
    На Coco31, 24.07, Mia Fuentes и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.645
    Допаѓања:
    4.626
    Пол:
    Женски
    Јас освен навечер што гледам да е исто време за спиење +-30 мин максимум другото ни е флексибилно. Зависно кога се буди зошто се буди со 30 мин плус минус исто наутро ако легне во 20.30 максимум 7:15 е станат но гледсм да не е подоцна од 21 часот заспивањето. Кога се буди првите две дремки спие коллку сака е потоа ако има потреба за да се изрегулира вечерното да е во исто време некогаш го будам ако не се разбуди сам во предвиденото време, зошто ако би го оставала ќе му се наруши редот за вечерното спиење а тоа вродува со катастрофа со ноќниот сон често будење и плачки :lol: ако ова сесмета за некоја рутина но се знае после секое спиење што следува редоследот е секогаш ист на настаните па може и тоа влијае нешто и оброцоте му се исто 15-30 мин порано подоцна ама релативно исто време секој ден зошто е на ад . А јас на 13ти март прсвам година како сум дома затворена со страв да не се заразам прво бремена па со мало бебе и така.
     
    На BeLLaDona23, hello-kitty.90, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Кај толку мало бебе нема потреба од рутина, освен ти ако чувствуваш дека треба и мислиш дека треба.
    Кај синко немаше простор за воведување ред, откако е роден спие кога сака и колку сака.
    Откако премина на една дремка, тоа е после 1 година, можеш да темпираш. Мене ми одговара да заспива во 9 и да станува во 8 - 9. Денска дремка околу 1 и пол до 2 часа, значи заспива околу 12 и пол до кај 2, 2 и пол.
    Се случува и да заспие во 10 11, ама наредно утро го будам во 9, за да не се измести редот.
     
    На BeLLaDona23 и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.