Ааа добро е, не сум само јас што превртувам очи на сликите од болниците и Зара Јас од срам да не мислат се фалам, на бебе перничето и ќебето што ни ги дадоа од болница ги забаталив, а сакав во количка да ги ставам.. си мислам ќе речат оваа фалбаџика,па и ќебе Систина стаила да се перчи Дури и торбата за првото ќере не ја носев со мене, туку таа од количката дупло мала ја мкнев со мене. Смотана
И јас сум ваква, дали сме нормални? Пред болница се сликавме си сакав успомен ама му реков на мм да одиме понатака да не се гледа името на болницата И општо на пример кога купувам облека секогаш внимавам логото на брендот да не е во преден план. Имам во френдс на фб и инста такви ама навикната сум веќе и обично ги прескокнувам тие слики, стварно немам намера да гледам 56 слики од денешниот аутфит на детето. Па кога ја гледам една 8 месечно бебе го потпира на ѕид демек стои и фотосесија му прави (нормално нели брендирана облека од глава до пети), одма си размислувам кога готват, кога перат, кога чистат, кога шетаат
Исто со торбава, незгодно ми е а баш ми е практична со мушамата за пресоблекување. Па гледав дали можам да го отшијам логото
Што убаво си имате вие од Систина торби или што и да е со нивното име, ние од Ремедика само белезиците ги имаме. И папки.
Да ти ја дадам?? Две имам мене колку ми е грда таа торба Арно ме потсетивте за ќебенцето, таман му е сега времето, да го заперам
Мене свеки пред некој ден ме просветли дека може да ја пресоблекувам на неа. Појма немав. Незгодно, ко другите да плаќале место нас. Види жени побркани од хормони Сум можела сум платила,сум се породила таму, и сега срам од што ќе рече народот. Абеее не сме ние за срамота бе, народот е. Една колешка на мм без тронка срам и перде знаете шо ми рече ?! “Ти ма, ко Јованка на Тито си па и бетер, мазна п****а во Систина ја однеле да се пораѓа,2000к € ти платиле, ко царица те гледа овој”.. Женава е 60+, не знам зошто и како е она засегната за мојот пораѓај и сумата што сме ја платиле. Безобразлук невиден. Па и сознанието дека втор пат таму, нешто ептен многу ги “испотресе” луѓево. Колешки на сестра ми што ни ги знам ни ги познавам и честитале,ја прашувале каде како сум се пораѓала (?!) и одма си коментари аууу,па колку пари па како па што.. Ми се блуе од вакви. А секој втор е ваков!
Море ич к** да не ве боли. Извинете што сум безобразна ама се нервирам. Со тој третман јас што го имав во Чаир ,шанси нема да родам второ на државно. А да давам 300 € на доктор што треба да ме гледа бесплатно па ич нема шанса. Така да сигурно ќе се оди на приватно,па што сака нека е. Кај се породи во болница ете каде. И @Chanell* на таа требало да и речеш мене пи*** златна ми е па така ме гледаат ц.ц.ц
Скоро си го препрочитав мислењето што сум го пишувала овде, кога бев бремена со првата. Нешто демек и во приватно ти раѓаш, дека најприродна работа тоа било, дека нема шанси врски да фаќам. Леле да си удрам еден шамар на младата јас. Хорор пораѓај имав на државна, поголем хорор со сестра ми исто на државна, па страв во коски за второ. На сите што раѓаат во приватно не им се вишок тие пари, ама ете приоритет и многу битно е да се чувствуваш безбедно и сигурно.
А што па вие се срамите?? И вие не сте со сите! Нит обрнувам внимание на небитни симболи, нит ми чуе некој како ме гледа. Ќе отшивам ознаки, имиња... Кој сака нек се замара со мене ако нема свој живот
Па би дала 300.... Зборот ми е инает да го фати човек ,значи тие се поставени таму ,одбрале сами да го работат тоа ,малку човечност во најјаките болки а истовремено и најубавиот момент во нашите животи. Етика. А не да ми вика што мислеше се раѓа како што го правиш еее не ова боли, и ред други работи прочитај ме во породилни приказни ќе знаеш да не должам сега. Не сакав да навредам некој што дал пари.. и јас мислев тоа им е работа не треба ништо да давам ,ама третманот вриштеше од зошто не даде и не дадов пак од инат секако одма ме пуштија мене. А прв муабет на докторот беше а договорена си со некој ? Тоа според мене не е ок.
Абе незнам што да речам цел живот плаќаме здравствено осигурување и на крај чарето си го бараме на приватно, за кој к*р плаќам на држава кога нема никаква услуга, никакво знаење, никакво почитување, никакви услови, апарати застарени.. Со ретки исклучоци на неколку др кој се бројат на прсти.. Јас се породив во Систина иако ми е 150км одалечено од место каде живејам, а и таму водев бременос од сам старт и да имам можнос и второ би родила таму. Да, многу се 2000 евра, а башка и прегледи и скрининг. Не баш има секој да си дозволи во ова време невреме цимерката имаше подигнато крефит за да се породи, а и многу така прават. Моја препорака здравствено приватно осигурување по 10евра секој месец, штета што за еден месец не го фатив тс се осигурав од кога останав бремена, али ми се нашло за други работи и сум задоволна покрива 70% од сумата што не е малку.. И сите дома го имаме и малото послем 40ден веднаш му извадив.. Секоја година се продолжува ако сакаш ако не можеш да го прекинеш. Торбицата не ја имам ни еднаш искористено, ради што си купив поголема и поубо организирана внатре, а и многу сум против на што и да е да се гледа лого мразам.. Или па името на детето испечатено на маица, лигавче, на количката како таблици ги става порано..
Која каде сака и каде има можност е негова работа. Да не ги мешаме условите на државно тоа е друг моабет. Ама да се срамам па да не се сликам да кажувам каде сум породедна, знакчиња отшивање. Тоа ми личи како потсмев демек неможе секој. Зашто фа не се означам каде сум се пораѓала или сликала. Тоа е болница каде сум платила со мои пари.
Во S&N осигурителен брокен. Незнам дали има за семејство пакет не сум прашала, плаќаме за сите посебно.