1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха допрва доаѓа ноќното не спиење. Јас сеуште немам второ дете, и јас не сакав додека не наполни мала моја 3години,стрес од пораѓај, дете до 4 месеци по болници, ама па сега не сака да бидне. Секој си знае најдобро за себе.
    П. С. Не ги разбирам луѓето од типот сакам син сакам ќерка. Има луѓе кои се би дале за да имаат Дете. Дете не е чифт чевли. Тешко тебе со таков маж.
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Lizy333

    Lizy333 Активен член

    Се зачлени на:
    15 март 2021
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    Немој да раѓаш пак доколку немаш желба.
     
    На Bella*, thelittle17 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    471
    Што се погоди тоа :) Тој многу сакаше ќерка, ја доби, сега сака таа да има братче. Тој многу сака деца. Уште од по рано се си велеше да сум финансиски стабилен би сакал да имам многу деца
     
  4. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.353
    Допаѓања:
    8.287
    Пол:
    Женски
    Бебче ми е 16недели, не би сакала второ дете, а маж ми да сака нека скокне до небо и нема сега за сега.
    Тој сакаше следно за 3 години јас сега викам за 5 :!:
    Тежок пораѓај имав и јас, а и мачно е бе не сме наспиени ко луѓе.
    Таман едното ќе сака внимание ти ќе паѓаш во депресии со другото.
    Тешко е две деца секое си сака внимание.
    Премала е разликата.
     

    Прикачени фајлови:

    На mal.ecka, Snowflake97, dromka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    4.625
    Пол:
    Женски
    Толку рано не. Мојот е исто 8+ нема шанси сега да мислма за второ. Дали првите месеци ми беа многу тешки па уште не сум при себе не знам. Ама во секој случај здравје за 3-4 години би сакала второ. Сега не. Ако не се осеќаш спремна сега не се нафаќај.
     
    На Snowflake97, dromka, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    @mar3q Ако не се осеќаш спремна значи не си спремна и немој. Јас еднаш ја отворив тука темата за второ дете и бев пријатно изненадена од мајките, добив волја и сила за воопшто да почнам да мислам на второ. Јас премногу сакам и поубава ми е мала разлика, само се молам да биде без грчеви и да не биде толку лепенка за мене зашто не знам како би издржала. И јас и мм сакаме повеќе деца ама со првиот царски рез и моите 30 години не знам колку е изводливо.

    Инаку, малиот од синоќа има некои болки во мешето, се грчеше и се мачеше да се испрди. Само се препотував, ми се тресеше душата од неговото плачење и ми се враќаа слики во глава од лани летото. Око немам склопено. Не ми се верува колкави трауми ми оставиле грчевите.
     
    На Brpbrp, Snowflake97, thelittle17 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. WonderGuurl

    WonderGuurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    За второ дете, сакам и јас, ама сеуште не ми доаѓа ни да замислам, а не пак посериозно да се отвори темата. Не од аспект на тоа дали е напорно, неспиење, обврски...
    Туку не знам, сега ми е син ми на прво место и се осеќам неспремно вниманието што го добива да го поделам. Можеби е глупост ова размислување, мајките на две и повеќе ќе речат љубовта се множи, не се дели, а и сигурно е така.
     
    На dromka, thelittle17, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    7.555
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2021-04-19-10-21-37.png

    Може на некој ќе се најде :)


    @mar3q пред да се породам и јас размислував како мт.
    Мм мене ми викаше тешко е така... Ама јас решена ,близнаци чим немам ќе раѓам блиску :D
    Арно ама ,пораѓајот беше како што беше ,бебе во инкубатор две недели :worried: ,траумата не да не ми е помината...
    Јас три месеци се плашев и односи да имам :sweat:
    И сега си викам пелените додека да не ги извади ,второ не :D
    А да ми се сите ко неа за грчеви и заби ,и спиење 10 би родила ,само да не морам да се пораѓам :sweat::sweat::D


    Кога веќе сум тука да си се жалам ,фалам.
    Бебе мирно среќно ,плаче само за цице... Да да 8 месеци е и уште за цице плаче :sweat: не знам што ќе се прави ,кај ќе и најдат цице :wasntme:.
    Јаде се ама количински малку:@.
    Запчињата горни уште абер немаат ,а нервозна гриза ,се скубе :tmi:.
    Да лази не знае се мести на 4 и во место напредн назад оди,ама битно кога сака нешто се подига на прсти и со газот нагоре. Мисли ли дека ќе стане така не знам :rofl:.
    Веќе некое време сама си заспива ,со прстето во уста :angel:. Па коментари навика ќе и биде |(.
    И се кажав ама што ќе кажував заборавив ,ај доста е овој пат :) ако не и многу :D

    :hug::hug:
     
    На Skorpija25, Coco31, Marmarin и 11 други им се допаѓа ова.
  9. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.963
    Допаѓања:
    13.984
    Лесно им е на мажите да изразуваат желби за второ, трето итн. дете. Но што е со нас, жените. Дали ние немаме право на свој живот.

    Иако уживам со ќерка ми и сум среќна што ја имам, последниве десет месци се осеќам буквално како робот кој постои само да им служи на нив двајца.

    Потсетуваше и мојот одвреме навреме дека со колегите си правеле муабет, демек да се родат две деца едно по едно па после ќе можела жената да се посвети на работата. Мало сутра. Со едно дете не можам да одделам два саати дневно за да почнам пополека да учам и да се вратам во шема со работата а со две би било само мисловна именка.

    Му дадов до знаење дека додека не се снајдам убаво со работа каква што сакам и не застанам цврсто на свои нозе, а за тоа ќе ми требаат мин. 3-4 години, таа тема не смее да ја потсети. Не можам јас цел живот да се осеќам како паразит на негов товар, иако по цел ден не застанувам од обврски по дома и со детето.

    Покрај образованието што го имам и можностите за работа, јас да останам домаќинка и по цел ден да гледам турски серии и да мирисам на запршки, само за да исполнувам желби, е нече мочи.
     
    На marchi-cool, Kitten, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :sun:

    Одамна немам пишано... Ја минуваме последната недела кај свеки. Завршивме тука за сега. Следно сестра ми ќе го чува синко, после неа мајка ми и после тоа јас и мм ќе си го земеме остатокот од одморот. Според овој план обезбеден е до 30.06. Ама сеа бабиве запнале да не оди во градинка. Искрено и јас не сакам, барем додека поголемиов дел од народот не се вакцинира. Така да од јули има нови договори, ќе се користат нови одмори :D Ама во септември ќе треба да оди во градинка, нема бегање.
    Се распрашав јас, најдов во Аеродром, на 2мин ни е од дома и во група се по три дечиња што е идеално за вакви услови.

    Инаку чувањево добро го поминавме ама може да кажам дека мм подобро се снаоѓаше од свеки во заспивање.
    Свеки не може да го заспие никако, доаѓам јас и му давам да цица, после тоа она легнува до него ама јок, синко макс по 30мин спие со неа. Додека со мм беше друго, ќе го заклацка во количка и кога ќе заспиеше синко го префрлаше внатре на кревет и он до него тераа и по 2ипол саати.
    Сега да се погоди времето во Ск и сестра ми да го успива во количка.
    Се на се добро поминавме тука овие пет недели. Научив да ги ценам некои работи кога сум тука. Иако дома си е дома.
    Тука не се замарам за перење, пеглање, средување, ручеци. Правам јадење само за мене и синко 8) Да не ме помислите лоша снаа:!: Свеки си има свој начин на готвење и моите јадења не и се свиѓаат, плус не сака да и се мешаат во работата. Така што јас си усисував и џогирав само горе кај што спиеме и кај што работиме. Она доле кај што шета бебе си чисти секој втор ден. Ќе и биде криво после празна куќа, а сега сигурно сака да одмори малце од нас :D
    Ама се мислиме и стариве одмори во јуни кога ќе ги земеме пак да бидеме тука, малце на уживанција.
    Иначе синко почна да лази, до сега само се влечеше. Уште не се пушта сам да оди ама секаде се исправа и шета лево-десно. Најново му е дека се научи да се спушта од кревет. Абре не знам како, една вечер седевме на спална и дојде до ќошот, се сврте со газот и полека се спушти. Едно гајле помалку!!! Барем да не се плашам дека ќе падне од кревет. Го има усовршено симнувањето, од секаде се симнува без проблем :)

    На работа добро е, некои денови има многу работа, некои не. Тоа е тоа...
    Сакав уште нешто да пишам ама не ми текнува.

    Ајде добра ноќ:f:
     
    На marchi-cool, Coco31, Marmarin и 21 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    Мамаситас!

    Ме немаше долго, кога немам што да кажам научив да ќутам. Гледам серии, читам книги, супер ми е. Додуша изминатата недела спремав роденден, 5ти по ред, цело раче, боже колку ми порасна детето еј! Дечко, голем и паметен. Не дека е мој, али преинтелигентен е. Уште од лани е спремен за прваче, ама се повеќе и повеќе бара во школо, не дека планирам да го запишам од сега. Прима цело време нови знаења, абе да земеш да го изедеш е, срце мое. Сега сме во Дино фазон, се што е диносаурус го интересира, па има колекција огромна диносауруси и само ги реди ги подредува. Дино и Лего, тоа му е сега фазон. За роденден доби купишта играчки диносауруси, книги и енциклопедии, уживанции. Доби и едно лего, па синоќа до 11 редеше лего, тие па тешки се за спајање, па сега ние си играме уште, ама ги чуваме за кога ќе покаже желба сам да реди. Доби и патики што светкаат, алелуја, ги пека цела година. Само меч што светка нема добиено уште. Гости нормално немаше, домашните и кумовите, доаѓаат на кафе и торта сега, сам по сам, кој има желба нормално. Нек е жив и здрав, он би роденден да има секој ден!

    Кај мене се по старо, освен нервозите поголеми, има ли жена што не се нервира?

    Убав ден!
     
    На marchi-cool, Coco31, Marmarin и 16 други им се допаѓа ова.
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.253
    Допаѓања:
    124.714
    Среќен роденден на убавиот дечко,да е здрав и жив.
    Не губи се,убаво ми е кога те читам.
     
    На AngelOfArh и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh среќен роденден на генерацијата, да е жив и здрав и горди да ве прави:^:

    Добар ден мајки:hai:

    Еве ме се решив да пишам:tmi:.Од како имам две малку помалку време имам.Телефонот го држам кога цица бебево, а тоа цица мислам на 15 мин|(.Ама ќе помине ќе порасне.Утре прави 2 месеци:). Лета време не не чека:sweat: . После мачна бременост, иако без компликации, по уште понапорен пораѓај, се роди мојата малечка.Гласна на свеќи:rofl:, лична на мајка(не дека на мене личи):lol:.Убав период ми беа првите две недели.Облеана од среќа и без стресот што го имав со првото , бев толку заљубена во неа, што не можев да опишам.Мислам летав:l:.
    По две недели се заразивме со корона.Поминавме лесно, само мм многу падна психички.Од каде не разбравме.Деца исто со лесни симптоми поминаа, големата ја тестираа беше позитивно. А бебето што е премногу мало не го мачеа.Си поседовме во карантин и после полека се вративме во реалноста.Мм беше на породилно еден месец и беше многу убаво, помош од него да имам.Подобро од колку од мајка и свеќи8).Од короната мм ги откажа цигарите, се надевам (fingers).Не дека многу пушеше само кога одеше на раб по 2-3 цигари ,за викенд не пушеше.
    Бебче ми е со јаки грчеви се мачи кутрата секој дрн, а јас со неа си плакам;(.Јас како дебил мајка ги сменив капките по два месеци, па се надрвам дека ќе помогнат новите:envy:.

    Големата да ја спомнам.Љубомора многу минимална покажа, ја сака, ја гушка што ми топи срце:inlove:.Многу ми е криво што бебчето не е по спиење и нон стоп кутрата мора да си игра сама:(.Од декември е дома, градинката е затворена и многу и е досадно.
    Си игравме уште додека бев трудна на продавачки па решив да и купам касичка.Вчера стигна и беше многу среќна.Кога ја отворивме уште да се степаме која да си игра прва :rofl:.Ама попуштив оти бебето ме викна|(.Па утрово станува и ми вика како и недостига касичката, многу долго спиела:rofl:.
    Гледам секој ден да ги шетам и ги шетам оти така подолго спие бебето. Денес убаво времето па прошетавме два часа, сега да јадеме и пак ќе одиме.
    Порачав пред 11 дена палто и џемперчиња за бебето уште ги нема па ја облекувам уште во скефандер (facepalm).

    Многу имав да кажам ама заспаниот ми мозок не мисли и ќе скратам овде.Ручекот мусака со модри и компири на мени.Да направам салатка и да викам дете од тараса. А како што ништо не јаде не верувам и дека ќе јаде:doh:.

    Пишувајте мајки(wfh).

    Отидов имајте убав ден:f:.
     
    На marchi-cool, TarantulaA, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  14. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Среќен нека му е роденденот! Баш те мислев дека те снема од форумот.
     
    На TarantulaA, AngelOfArh и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да пишам, наспана сум убаво бебе се разбуди еднаш во 6 му дадоа АД и спиевме до сега.
    Кога сме кај АД, сакам да кажам дека веќе 2ра недела преку ноќ кога ќе стане не го дојдам него давам шише. Почна многу често да се буди и морав да превземам нешто додека не дојде и новото бебе.
    Кој ме читал знае дека повторно сум бремена а бебе ми е 7 месеци :) и сеуште го дојам, иако Др секој преглед ми вика "сега ќе се смени млекото сам нема да сака" ама ништо од тоа. Тоа со АД преку ноќ сама си го смислив и добро иде. Имав проблем сабајле преполна пелена бидејќи не го пресоблекувам преку ноќ, па намалив количина на 90мл и сега е во ред. Но, не било тоа дека по навика цица а не е гладен, дефинитивно изгледа гладно. Мене ми стана напорно будењето и функционирање цел ден после тоа. Се буди во 7, а заспива во 21.30ч но не и јас со него...
    Гледам тука се отворила тема за второ дете па ќе споделам мое искуство. Не, не беше планирано, знаат од тука мајки дека размислував и за киретажа. Кога дознав дека сум бремена бебе само што направи 5 месеци! Не можев на србе да дојдам. Да е се во ред би биле разлика ни цели 13 месеци.
    Јас сум супер! Вежбам, не ни престанав откако се породив и сум во подобра форма него со првото бебе. Се осеќам многу лесно. Бебе влезе во некоја фаза залепен за мене, но почнав да го оставам да си игра сам, седам некаде позади него па може и по цел саат да игра без да ме побара ама ако ме сними одма сирена и раце се пуштаат :)
    Почнав и да го оставам повеќе кај моите, жена ми го чува кога одам на тренинг. Инаку е добро бебе, не можам да се жалам освен што сака гушкање и внимание како и секое бебе. Јас немав тежок пород, се на се траеше 2 саати, он откако е роден спие убаво, нормално се буди за цицање. Со грчеви немав превише проблеми, земав капки едни од италија и после тоа забораивме за грчеви. Долните запчиња исто не ги осетив, на неполни 6 месеци ги извади, тек сега за горниве гледаме мака ама и за тоа му најдов решение :D
    Го кревам, миеме газе на лавабо, го држам, лежи на стомак кога цица....не можам да се пазам како со него, самo се надевам дека ќе е се во ред. Мачнини немав, само ми се спиеше, ама да не испадне се утепав од фалење....кога дремнува бебе бар 2 пати и јас со него а тогаш и саат време знае да спие па ептен ме крева тоа. За делот откако ќе се роди воопшто не сакам да се оптоварувам, ако се нервирам дупло ќе го проаѓам тоа....само знам дека сакам во септември да го дадам во градинка па ќе видиме. Не знам дали јас имам среќа до сега или добро си ги организирам и менагирам работите, ама јас се стигам и за себе и за бебе и со сопругот да се видиме (таман уште едно бебе да направиме хахахаха)...мислам најбитна е вољата кој што сака нека каже. Од тука почнува се и се наоѓа решение за се. А да...и сериите 2 успевам да ги гледам во тек сум (не турски).
    Еве се јавив ќе пишувам што начекам вака време, се извинувам ако има грешки од тел куцам. И во прилог ќе ви ставам 2 слики од мене иако се за во рубриката како изгледаме како трудници, малце и тука мотивација.
    5ти месец сум! Ве гушкам :hug: Screenshot_20210421-082248_Gallery.jpg Screenshot_20210421-082231_Gallery.jpg
     
    На marchi-cool, TarantulaA, Skorpija25 и 35 други им се допаѓа ова.
  16. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Браво, браво! Бебе од 7 месеци плус бремена, значи ние другите немаме изговор уште од бременоста ми стојат кг. За времето, 1 дремка да направам со бебе цел ден ќе сме во хаос, супер што успеваш, сигурна сум ќе биде добро и со второто кога ќе дојде, ова ќе е мало за љубомора.
     
    Последна измена: 21 април 2021
    На marchi-cool, 24.07, azelea и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Добар ден или добро утро за некого, ај да чкртнам и јас нешто додека спие бебе.

    Со скокот веќе сме при крај уште една недела остана и преживеав некако, на жкрги дишам моментално не утепа овој 5ти скок дефинитивно, згора на се и се разболе бебе со температура беше два дена, сега кашла и носето му е затнато, плус и заби му се спремаат бар така докторката рече и се наеднаш се собра, веќе сум преморена стварно, не сум спиена и потресена, само со топломер во рака сум.
    Сакам да помине ова и малце да здивнам како човек.

    Гледам сте отвориле тема за второ дете, сега за сега едно големо НЕ, после овие скокови, стресови, не спиење нема шанси не сакам ни да помислам на тоа, и недај боже да се случи непосакувано. Од пораѓајот немам големи трауми бидејќи релативно лесно поминав, ќе завршеше и тоа за 10 минути да не се стегнев јас со што го вратив назад, ама после за еден час испадна.

    На моменти стварно се чувствувам како да сум заробена дома со детето, по цел ден е тоа соблечи облечи, дај му да јаде, спремај ручек и чисти, од оваа причина не сакам второ ми треба време и мене, нека направи годинка и одма во градинка го праќам а јас да си почнам со работа, да се почувствувам малце слободно, ама па од друга страна кога размислувам на моментот дека ќе треба да се разделиме многу тешко ми иде и не знам како ќе не биде стварно. После 3-4 години може да размислуваме за второ дете.

    Па да не испадне дека цело време се жалам да го пофалам малку синко, он си беше исклучиво мирно бебе, немавме проблем со грчеви и со не спиење, ама сега од скоков се му се поремети. Стана доста активен, постојано се превртува де на стомак де на грб, се обидува да лази ама наместо напред он назад лази моментално, се го интересира, се сака да фати и во уста да пикне, ново му е сака да го држам во раце и на земја да патка со ножињата како да оди живи радости е тогаш. Еве уште една недела ќе правиме 6 месеци и стварно не ми се верува кога толку брзо помина пола година, како вчера да беше кога се роди.
    Не за џабе рекле со дете деновите се долги, годините кратки.

    Бидете ми поздравени и имајте убав ден. :hug:
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Јас имам прашање, како стануваш навечер за да правиш млеко?
    Со оглед нљ тоа дека само 1ч стои ад?
     
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Јас не сум искусна во ова со АД, ама негде прочитав мислам па ако е од корист, има едни дозерчиња за прашокот поточно млекото што го правиш, претходно си дозираш, и во онаков термос за шишиња го ставаш шишето со доволно затоплената вода, да си стои така, тука при рака да ти е ноќеска, и кога ќе треба да му дадеш само истураш АД во веќе топлата вода.:rofl:
    Ова го прочитав негде, не знам колку е од помош.:rofl::lol:
     
    На Skorpija25, Ava.84, Bicka77 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    И гратис може маж ти да стане па ти да спиеш :D исто така правев кога се будеше за ад среќа веќе врзува не станува
     
    На Skorpija25, 0ли, azelea и 2 други им се допаѓа ова.