Mom's Си решив секое тримесечје да правам пресек токму на оваа тема. 6 месеци, пол година Ајде да почнам со клишето, време лета не се заебава. Со оглед на тоа дека деновите ни се скоро исти секој ден изузетно бргу поминуваат. Душава моја прави дремече па после ќе се испосликаме за баби, тетки да прават ќејф. Вчера не израдува со првото запче па нарачавме и тортиче да почастиме домашните. Толку многу се спремав психички за момент вадење заб очекувајќи драма, температура, вриштење што кој знае колку дена си ѕиркало тоа ама нема кој да провери. Ги карав сите да не чепкаат дека нема симптоми и веќе никој не проверуваше. За на крај јас да го видам. Овие три месеци каде каде полесни од првите три. Повторно ќе кажам прилагодување и учење на бебе на почетокот е тешка работа. Веќе имаме секојдневна рутина. Дремките преку ден не ни се проблем, прави 4 дремки од кои 2 подолги некогаш и по два часа. Четвртиот скок беше предизвикувачки. Промената на спиењето навечер мене ми дојде шок. Недела ден беше кризата, веќе сега се враќаме во колосек. Кога ќе стане еднаш, кога три пати ама веќе се очекувам па не се ни нервирам. По календар сме на средина од 5ти скок ама до сега не приметувам промени. Може дека 4тиот не акна од земја Веќе си доручкуваме без проблеми па полека ќе воведам и ручек. Околу чувањето некако си остана по старо. Сaми сме до кај 17h, никој ден доаѓа мајка ми колку да ми исчисти по дома. Минатата недела им ја оставив на еден саат да се ишишам, ми ѕвонеа после пола саат дека плачела. Ги фаќа паника и почнуваат да се расправаат меѓусебно и рековме со мм друг пат оставање не. Ќе гинеме сами ама тоа е. Освен запче, вежбаме гимнастика, се вртиме низ цело креветче, на под сме цело време па дури и сама се заигрува а омилена активност гледање на дрвата во двор лежејќи на спална. Па како слатко им Гуга на мене така не реагира Се поизвесно е дека не се враќам на работа. Фирмата е пред колапс, каснат плати и мм вика бољи да ја изгледам до година и пол па здравје следна пролет да си најдам работа. И така мамчиња. Поздрав
Мислам дека нема поубаво од ова за бебушка. Штета што живеам во стан, се гледам да и е најдобро ама ете тоа ни фали. Приквечер ќе ја носам дрвцата во маало да си ги гледа.
Ама ептен уживА па кога има ветер леле леле радости или некое маче ако застане на прозор. Пробувам во тие моменти да ја успијам пошто уште кај мене во раце само заспива ама не се дава.
Добра ви вечер. Бебуш конечно заспа, па да шкртнам тука. Некако премногу работи учи во последно време, не можам психички да ги испроцесирам. Овие денови сакам да отидам и во градинката да видеме од кога би можел да појде, па од тука натаму ќе мислеме што и како. Пробува да оди, сака сам да се пушта, ама мене ми е толку многу страв дека ќе падне, не можам да го објаснам ова. Не знам како да го совладам овој страв, дури си мислам дека поради мене нема да може да прооди детето, од пусти страв. Понекогаш ми дава раче, и тоа само десното ми го подава. Ова па уште толку ме вади од памет. Си викам како да го држам за рака, што ако му се искриви 'рбетот? Па и веќе две недели го учам како да се симнува од кревет, тој упорно си тера по негово и пробува главечки. Да не сум јас да го симнам, т.е да го потсетам како да се симне, ќе се испокрши. Целата сум со прашалници, што, како, и зошто. Ме плаши оваа фаза.
Конечно и јас, после 7 месеци. Расте дете, секој ден се по нешто ново. Немаме забчиња ама имаме осмех 24/7.ми порасна Бебка за 1 м почнуваме во градинка. На одмор одиме на 10 јуни и едвај чекам оти не сум мрдната од дома. Мм нон стоп на работа, јас сама дома хормони тепаат ама ако ќе се издржи.... Има толку многу ама очите ми се затвараат.... Ве гушкам мајки сите
Добра вечер мајки Маж и бебе спијат на спална,јас опната на гарнитура со кремот и голема лажица,јер мала е за почетници Три дена и три ноќи како не сум спиена веќе, фали енергија па се што беше "воени резерви" смувтав. Бебушка се изнамачи овие три дена настинка во комбинација со заби - добитна. Првите две запчиња не ги сетивме кога и излегле случајно ги видовме ама сега цели непца се напрекнати ко сите да ќе избијат. Спие и туку од нигде ќе почне да вришти никако не можеме да ја смириме. Се навикнавме на мирно бебе што не плаче и ја преспива ноќта па сега ми е многу тешко да ја гледам таква,расплакана и рашмркана Маж ко за беља баш сега почна да работи,цел ден не е дома по 14ч, мислам ќе збудалам сама. Нема навечер спиење,нема денски дремки, само во раце и од соба всоба. Не јаде, не цица, не сака во количка... Денес сум ја шетала по улица во раце кутрата цело време ко да ми се жали испушта ептен болни звуци ох...ќе помине и ова. Дојдов само да се пожалам мајки,имајте си добра ноќ
@Razvigorec и јас бев иста со мала лажица и крем, од здрава исхрана на крем се префрлив, само што пишав тука дека е мирно бебево и толку беше од мирното дете Па така три дена по ред утринска рутина ми е кафе за мене, телевизор со Џеј Ло на репертоар за деца, па продолжуваме нормално после кафето како ништо да не било претходниот ден и ноќ Многу бев изморена и ми се спиеше три дена од кремот, вчера реков само на зеленчук и салати сум и одма ми беше подобро и имав повеќе енергија, не ми се спиеше ниту синоќа ниту сабајле Поздрав мајки Сега затоа пишувам дека е немирно за да се смири после постов
На здравје нека ни е Убаво е така да се опуштиш ден/два колку и да се храниш здраво,само лошо е после ако не се вратиш брзо во колосек. Мојте ден/два траат еве веќе 6месеци
Здраво мајки, Ме нема подолго време, па да шкртнам нешто. Синко си расте и созрева. Збори и прашува, што е ова што е она зошто така вака каде итн. Многу сака приказни да му раскажувам, кало било во болница кога се родил, како сме купиле кола, на одмор како ке одиме. Прашања и само прашања. Одиме на одмор во Турција и прв пат ке му го нарушам комодитетот. Откако е роден си има ред, ако му е време да се бања ке се бања, ке спие, ке јаде, ни гости сум гледал, сум си станувала порано и од кафе и од излегување, битно ми е тој да е среќен. Ама сега летот е во незгодно за нас време, 5 наутро, ке треба да го разбудам и ке видиме како ке поминеме. Возбудена сум, прв пат ке летаме сите, малку имам трема. Во исто време едвај чекам да одам на одмор. Одиме рано, се надевам уште еден мини одмор ке имаме летово. Поздрав мајки. Гушкајте ги. Пребрзо растат.
Здраво мајки! Во сите претходни постови јас само се жалев да си олеснам на душичката па реков овој пат ќе го посветам за убави работи. Искочивме од четврти и петти скок Импресии: Споени скокови до два месеци кенкање и вриштење по цееееел ден. Одвај заспиваше со вриштење, сакаше цел ден да сум до него, никако да се мрднам од под инаку драми беше! Цел ден мама беше кловн, морам да кажам ептен сум горда на себе си што минимално му пуштам телевизија, се стремам на скоро ич. Од друга страна, да ви раскажам деновиве од кога искочивме од скок како е: Превртување по подлогата налево надесно, тегнење по играчки, заигрување сам повеќе на стомак отколку на грб ( ах колку се плашев за тоа седење на стомак ), заспивање навечер одма кога ќе го префрлам во креветче, "прди" со устето цел ден - ова ни е ново, и гуга на висока интонација, почна да спие на стомак, пушта раце по мама и тато да го земат Запче уште немаме, ама перничиња веќе 2 месеци имаме. Денес луѓе бебето се успа, спиеше до 7 ипол!!! Со тоа што јас го разбудив на некој начин. А таман си фативме ред за станување од 6 ипол. Станав цела испаничена одма проверувам бебе, мери температура, а сега се смееме со мм грбот не боли од спиење Мајки, имам ново бебе после овие скокови Иако ми е ептен жал што нејќе да се успие во раце, кога ќе го фатам во раце не ме гушка туку ме кубе , ама во секој негов поглед кон мене ја чувствувам љубовта. Моментално уживам, си пукам од среќа!!! Е така малце и на овој убав период да му посветам внимание да се потсетам на следните скокови дека е период се Поздрав мајки, која и да има тежок период, ќе помине верувајте
Добра вечер мајки, Наминав да се испукам, да си кажам оти ми тежи. Уморна сум, скоро 10 месеци немам врзано повеќе од 3 часа сон. Си ја сакам најмногу на цел свет, но се чувствувам како да не сум доволно добра, не знам каде грешам, немам идеа што да поправам. Ниту јаде, ниту спие, ниту седи во количка да ја прошетам или да излезам на 5 минути барем. Се затворив ептен, згора на се сама сум овде, нема кој ни 5 минути да ја подржи. Пак ќе кажам ја сакам најмногу на свет, ме исполни со љубов каква што не сум ни замислувала дека постои во мене ама ми фали социјализација, ми фали мир, ми фали барем еден час време само за себе без обврски… Реалноста е друга, еве сме двете на гарнитура се разбуди и не сака да спие. Ми се плаче а и за тоа немам енергија а таа си лази се,превртува полна со енергија. Бонус на се и заб ме боли! Доволно се жалев Поздрав
Аиии мама тука сме . Ај си реков да не се жалам ама ова е за подршка. Дома ми е хаос. Немам време за ништо. Не спие, не јаде. Само лази, се пентари. Мислам дека ноќе и затоа не спие. Се буди и одма се исправа. Славење е ако сврзе 2 саата.. Како цело време да сме во скок.
Да ве гушнам и да се пријавам во групата Легна во 20:30 стана во 23:30 па во 02 коешто траеше до 03:30 па сабајле во 06. Држ те се Ја не знам од кај ми сила веќе.... Ете ја нејќе ништо само пишти. Не е во скок забите долни двата ги извади тој десниот проби колку што го глеам и не знам зошто и од каде вака ама ја држи може едно 3-4 недели. Само си повторувам дека се ќе помине и тоа е тоа
Отворив и баш ова читам коа и јас се осеќам исто како јас да сум пишувала моментално сум со солзи во очи многу сум изморена само да се вриштело
Здраво мајки Бебе заспа па да пишам реферат, очигледно кратко не знам да пишувам. Почнав со работа пред скоро месец дена и на ко центрифуга од 1200 обртаи се осеќам секој ден. Трчи накај работа, таму доседи едвај некој саат, брзо накај дома околу бебуш, да досработам и денот поминал додека се свртиш. Уште малку и излегуваме од 7 скок, конечно се научи да лази, па сега шкрипи на пархет по цели денови со босите нозе За јадење и официјално ништо не јаде. Како фати топлото така се ред по ред си одбива. За заспивање само со мене со цицање. Навечер сто пати се буди и презаспива само со цицање. Дали уопште влагам у длабок сон не знам Како ќе се сменат овие работи еден Господ знае. Мм вика кога ќе дојде ден да го оставиме кај баби дедовци бар 5-6 саати, еве викам уште 3-4 години, да почне да јаде и сам да заспива и спремен е Инаку се спремаме за прв роденден Превозбудена и по малку опседната сум да биде се како што сум замислила. Темата е nautical или морнарска по нашки кажано. У цела моја лудост го натерав маж чамец да ми направи за декорација и не ме одби Во јули имаме еден куп прослави, годишнина од брак, мој роденден и на бебуш роденден. Новчаникот на мм се тресе уште од сега, ама за убаво нека е. Уште да кажам дека на одмор една недела ќе тераме на наше море И тоа ми е посебно возбудлив момент, едвај чекам. После сите стресови со бременост и бебе у корона, време е да осолиме душа. за сите мајки што дојдоа да си дадат оддишка тука. Не сте сами, горе долу сите го врвиме истиот пат. Се е фаза што поминува, побарајте помош или оставете дете со маж еден саат и одете на кафе, спијте, изгледајте филм, што и да ви полни батерии, мајчинството нема стоп 24/7/365 дена е ама телото и умот не се само мајка. И другарка и ќерка и братучедка и колешка и сопруга и сама со себе се содржат во сите нас. Само трпеливо, чувајте нерви и верувајте дека вие сте најдобрата верзија на мајка за своето дете во сите денови. Кога доаѓам до раб на лудило и ми се вришти само си повторувам каква и да сум сега и да викам за да ми олесни, бебе нема да памти ништо ама јас ќе памтам. Зошто убави моменти да не ми останат во сеќавање, овој ден нема да се повтори, некогаш ќе копнеам да е волку мал и невино да го истражува секое делче околу него. Го гушкам, го мирисам и се магично поминало. Ве
Никаде не грешиш. Никој не е одморен со бебе од 10м. И јас имав едно такво бебе и бев без помош. Мојата пак сакаше во раце нон стоп и беше една плачка, ама многу гласна плачка. Исто си викав барем да има некој само 5 минути да ја подржи, само 5 минути друго ништо не барав. Ама пак за кратко ќе стани многу полесно. Ќе ја преспива ноќта, ќе прооди (мене то ми беше огромно олеснување пример) ќе се заигрува со играчки повеќе, ќе почни да зборува и ќе стани многу интересна и веќе за 2-3 години ќе ја имаш најдобрата другарка на целиот свет која ќе ти биди најдобро друштво за било каде Имам сега второ бебе и поинаку гледам на работите. Некако повеќе уживам со бебето. Знам дека тоа е тоа и дека е тешко, дека мора да се издржи и дека ќе помини и тоа многу брзо. Затоа уживам во моментот каков и да е. Сега само најбитно ми е да е живо и здраво, се друго ќе издржам.
@Mom's_life уф другари у нејадење. До сега и јас се жалев слабо јаде. Периодов и официјално ич не јаде. Нудиш блендирано, пасирано?
Нудам се од каши, до шмукалче, па мафини, палачинки му печам, месо на секаков начин да му подметнам, џабе и џабе. Максимум 2 лажици или залчиња ако проба и ќе ја намршти фацата. Ништо живо не го прелажува да отвори уста, ако е гладен. Овие неколку дена знае како зајче краставица да грицне неколку пати и остатокот е цицање. Се тресе од среќа кога треба да цица Знам уште од сега у градинка леб само дека ќе јаде Ајде ќе дојде ден и ние ќе се израдуваме дека почнале да јадат децава еднаш ќе мора сакале нејќеле
Хелоу! Денес дојдоа и првите чекори. Се исплакав ко магарица, навистина не знам зошто сум ваква. Плачев за прв заб, сега плачев за први чекори. Кај ќе ми биде крајот не знам