Ќе биде и подобро од што мислите мајчиња, ич да не се секирате. Откако ни јавија дека малиот е примен и почнуваме во март, еве психички се спремам и секој ден исто си повторувам, преубаво ќе си поминува, исто како јас во градинка. Тој период на адаптација повеќе е за мајките него ли за децата @augustd ние примивме вакцина против рота, па ваљда малиот полесно ќе ги пребродува вирусите што побрзо да оздрави куклето Побрзо оздравување на сите настинати дечиња и @kristina.k да се пријави за присАтна одамна ја немало До сега дома средував, почнав од шкафовите на мали па до прашина бришење стигнав. Колку алишта има детево, 5 space bags наполнив само негови смалени работи. Колку пари се дадени, по 5 пати дали има една ствар облечено не знам. Сигурно кај сите е исто, па си викам ајде ќе бидат и за второ и трето можда Извадив нови поголемо бројче, ги исправ па уште да ги разредам по фиоки. Многу трудници околу мене периодов, па искрено цел ден си размислувам што убаво би било да сум трудна сега со второ, баш би сакала. Одам да вечерам и на спиење Добра ви ноќ!
Фала мила. Да, името е застрашувачко,а замисли какво е менување постелини во 3часот сабајле . Ај, додека трепнеме ќе пораснат. @Mari-Ja фала и на тебе. јас не ја вакцинирам ќерка ми, а во Мк нема вакцина за рота. Глупаво е дека прележаниот вирус не дава траен имунитет.
Еве сум, после полноќ... будна, не ми се спие. Денес ја претерав со спиењето, дури ова моево срамота, до 13 :30 спиев со бебата, а будна бев од 8 до 9 кога ја испратив дада на градинка. И убав ден истеравме, бебката си го преспа цел ден, а јас некоја мини генералка направив за дома, па ручек, па палачинки, па игравме со дадичката, бањање на двете и отидош денот. За сметка на тоа што бебето цел ден го преспа, ептен тешко се заспијавме, се нишкавме, а ич нејќам така да се заспиваме оти одма спомени ми се навраќаат кога и јас пред некое време нишкав до лудило. И ММ се измачи со големата да ја заспие, па стануваа за мочкање, па се расправаа, па плачеше дадата, и нив полноќ ги најде. Утре тешко ќе биде станувањето за во градинка. Па и смешно ми беше, јас во дневна со малото се измачувам да ја заспијам, ММ пак во спална никако да го скроти големото! Кај ќе најдеш време за себе, за брачниот другар, кога малите до срж ќе те исцрпат! Не дека нема да мине и оваа фаза, ама засега е измачувачко. И сега ваква наспиена осеќам до касно ќе сум будна, па не ќе да е лошо косата да си ја испеглам, нокти да налакирам и веѓи да средам. Пред некој ден сестра ми ме критикуваше дека лошо изгледам, несредена, бледа, запуштена со коса собрана во пунџа, не сум личела на себе... Па и во право беше, некако слабо време минувам пред огледало, не дека го имам. Ете ми шанса, вечерва ќе се заличам на човек! Ама прво ќе ве прочитам низ темите, долга е ноќта има време за се, кога не ти се спие!
Здраво друштво , Ајде на кафенце Јас денес од 6 30 станата , добив денес и се осекам на нозеве како тегови да имам . Ке биде мачно денес но срекна сум конечно добив .Од порагај па еве година дена менструацијава хаос ,не може да се среди .Како се менуваат работите до пред 2 години ,додека останав трудна секое добивање ми беше хорор , сега славам Сакам да се регулира , сакам ново бебе Ве читам вас со по 2 дена некои од вас имаат и 3 , и многу ви е забавно ! покрај тоа што е тешко , ама нема ништо поубаво до полна кука деца ! Малото си е добро , си седи дома .Викенд конечно се ближи , ке се шета само времево да се погоди . Кој што праи јас на шетање мислам @Надежна каснам но да честитам . Срекен роденден на малата .Да расте голема, да ве прави срекни Имајте убав ден женски
Добро утро од мене и кој е гладен пошто ја вечито сум гладна од што немам време. Оставив дете во градинка, расположен отиде, а и среќна сум вчера јадел. Но не какаше па се нервирам синојка тврд стомакот камен, а што не испобута во уста дома. јадеше од неговиот ручек па јадеше гравче...и на крај компот од сливи му направив и пак не какаше ајде денес вајда ќе се олесни, никогаш не сме имале проблем со тоа, си велам да не јадел некоја леќа во градинка па од тоа да е..ич не прашав. Уз пат платив сметки и зедов грицки зошто само тоа ми се јаде во моментов и еве ви пишувам и грицкам. Викенд пред нас. Утре може на планина да се оди зошто од недела велат баеги ладно ќе било. Гледам сега во кола 10.5 степени, ќе не убијат промениве.. Барем ако залади нека залади асално нека испотепа вирусиве гревови се децава, кое од кое шмрка и кашла. Маж ми вчера ко ништо од тоа завчера да не било изгледа му текна дека греши па јас не отворам стари рани налет ми е од тоа па и јас ок си бев, вечер може ќе гледаме некое филмче и ќе се прикотвиме еден до друг. деца растат, ние ќе си останеме. ако не го негуваме нашиот однос ќе останеме сами еден ден ... А вреди ли?? Вреди ли човек да е сам за банални работи. Факт е дека маж мисли дека жена може се, ама до некаде и во право е. Ние не се буниме зошто не можеме. Ние се буниме зашто е оставено се на нас. А можеме, само инат фаќа. И јас ко мајка и жена го разбирам сето тоа... но потребни ни се. Нужно зло ни се Надежна со задоцнување среќен роденден мила на малото. Убав ден мајки
Добро утро мајки. Седам на маса со децава, веќе еден час и едвај едвај сега почна детево да става нешто во уста . Значи нема ништо помачно од дете што не јаде. Го испи цедениот сок, па ај вода сакаше, па ај пак вода, па пак вода, па какаше, па се вртеше со даљинското околу мене во очаен обид да и пуштам телевизија, па точаче возеше, па тротинет...не знам што уште не. Уствари детево беше секаде само не на столче. Стани седни правеше секоја минута . Капак на се, од татко и, се научила и газирана вода сака, како алергична е на обичната. А види дека шишенцето или чашата ја полнам со обична вика колку ја држи глас. А со кашлицата многу сјајна она, уште за газирано. Па одам екстра во кујна, полнам обична, да не ме види, па се враќам и пред нејзе ја отварам флашата со газираа и дотурам некоја капка газирана. Една педа човече и ме врти како сака, Малово е за сега барем стрвно, си меле се што ќе и дадам. Се надевам нема да ги научи мајмунџулаците од големата сестра. Во меѓувреме големата го прибра и чадорчето, демек ќе јаде, ама под чадор. Ушт тој ни фали на масава. Низ куќа е хаос. Море хаос е слаб збор. Не знам како ќе издржам да седам и да ја гледам дневнава и салонов во оваа состојба. Малку што еден куп играчкис е измкнати на земја, па и листови и боице успеала да рафрла во таа една минута додека беше без надзор а јас спремав појадок. Да се наведнувам не можам, уствари можам, ама нема да можам да станам, . У меџувремену и чадорот остана на маса, она вози точаче. Секако три метри само, додека не стаса до тротинетот, па после и него да го остави и тако даље. Синоќа во 03 се арзбуди со плачки. Ја допирам гори, качила 39тт. Секако од солидарност се јави и сестра и, па имавме до 05 хор. Ред солзи ред мрсули. Маж замина во 06 на работа а јас добив бакнеж во образ и еден сожалувачки поглед во стил како ќе ти даде господ така Се мислам кои стратегии да ги кројам за да влезам во кујна да готвам. Ај малото има две дремки по околу час, ќе гледам да темпирам барем еднава да ја фатам, ама гладна не легнува, барем за нејзе ќе треба да готвам со двете околу мене . Големава не преспива, па ако не ја изнесам покасно ќе здиви. Дуплата количка е доле, пред влез ама уште да имам сили да се молиме и тегнеме еден час со менуавње пелени, облекуавње скафандери, симнуавње по скали...и да ја буткам со двете деца во неа. Ми се стежува од самата помисла на целиот тој ритуал. ОД една страна си викам налет, боље дома ќе седам макар збеснувале и лудувале, од друга си викам им кратам прошетка на децата заради себе и своја неспособност. И така. Во круг со сопствените демони. Моменти на рационалност па моменти на емоционалност па пак рационалност... После 1.5 час молење изеде пола рибанче. Пола Сега грицка од овошките на сестра и. За сега една малина, пола јагода и четврт боровница . Ќе си пукнам. Ајде убав ден. Нека нема болештини, со другово ќе се справиме. Деца се, така растат.
@danichap јас се уморив само читајќи што ти се случува... кога ќе се породиш еден ден да однесеш деци во градинка, најмало кај свекрва и еден ден цел твој да е! јас би рекла и повеќе дена ама знаејки колку не можеме да издржиме без деците, затоа еден. мораш. велат и по трње да одиш ќе се навикнеш после некое време, ама ти растеш во меше сеа не се смалуваш.. убавина без мака не бива. ама ти треба одмор.. од мене
Фала на поддршката Лили. Мајка ми треба да дојде другата сабота, па здравје боже, со добра мисла, после пораѓај ќе оставам две деца во градинка, малото со нејзе, и ќе одам и да се чупам и да се шатирам, море и ќе се дотерам. Сакам и во Холандија на голем шопинг да одам Од сега планеви планеви Биче боље
Tо је веч друго. Можеш еден ден средување друг ден Холандија, чим мајка ти е тука ќе има разбирање верувам Мораш малце да олабавиш, ептен ти е тешко се гледа издржи уште малку само
А кога го отвори породилното,мислам на која дата јас го отворив на 19 Јули а на 21 се породив а ми пишува дека сум на боледување до 14 април
Здраво од мене Прва дремка за денес, кафето испиено ама со фемина ми оди баш па направив едно капучино . Бебе стана умно, денски поспива како аларм на саат и пол ,два, дремките му се од 40 мин до саат и една обавезно од 2 саати Навечер се буди еднаш двапати за цицање и тогаше буден по саат време. Се врти на спална, крева нозе во уста ... Нема шанса да заспие после цицање одма... сега не ми е проблем ама еве за месец и пол ќе почнам на работа Се тешам дека може ќе смени дотогаш Од маж ми имам безусловна помош. Рамноправни сме дефинитивно. Не ми е јасно како тоа има мажи што не помагаат. Домот е и негов колку и мој, детето исто. Џогира, усисава, машина за садови негова обврска, пружање алишта исто, околу детето станува навечер и го презаспива итн.... Прво ми беше жал зошто иде на работа и не му дозволував премногу, потоа па си викам и мене не ми е лесно цел ден со детето,имало вечери кога не сум спиела а морам да функционирам, еве и на работа кога ќе почнам ќе морам да станувам навечер нели? Исто му доаѓа. Маж ми беше решен бебе да се праќа во градинка, но откако завршивме во болница го смени ставот. Најдовме жена, т.е негова родена тетка која до сега тоа и го работеше чуваше дечиња ...има и курсеви некои завршено, ама малку е строга во ставовите , па ќе видиме. 2 нед сестра ми во месецот оди 2 смена , па ќе ја вклучам и неа пораат ќе ми е душата , иако не се снаоѓа баш Мајка ми препека да го чува. Има уште малку до пензија. Планирала да ја земе пензијата на татко ми иако помала , само да го чува бебе И тоа од сериозна, најсериозна Свекрва ми сега ќе оди во пензија ама со оглед на тоа што бебе не изразила желба да го види од 2 недели старост, воопшто не ми е на список Мислев уште да пишувам, ама изгледа ќе стане предолг постот Имајте убав ден
Здраво живооо....дали 8 саати вкупно сум спиена последните 3 ноќи. Преку ден па ич. Не дека малава нешо поише е спиена Се е добра и одеднаш ќе и текне нешо и ќе врисне ќе зајде. Спие само на цицка или ако сум до неа ама немирно спие. Се лигави, става се во уста, ќебиња, чорапи, цуцлата обратно ја гризе...по 5-6 пати ја пресоблакам од што се лигави. Цела тупаница пика во уста. Е така си се шлакнувам. Таа плаче, јас се нервирам и викам аман бе мама дак спи, наредна секунда веќе пеам песничка и така во круг. Претежно ми е во раце, кај друг неќе многу многу. После сме на контрола па ќе видиме до кај сме. Море и бедоксин пијам навечер пред цицање, демек ќе и делува, не и не. Викенд почнува мене хорор. А следен ќе идеме на пат. Оффф....што ли ќе биде. А требаше вакцина да и ставам ама ќе одложам, уште тоа ми фали. Ќе биде убаво да дремнам сега и јас со неа.
Мене породилното ми е до 30март од 4 јули ми е отворено ,ама одмор имам лански неискористен цел месец него ќе го користам па затоа ми доаѓа крај на април да се вратам на работа . Здраво мајкички и од мене кога сум тука да пишам главава ќе ми прсне положа ноќ од минатата до сега сме немале со бебе кутрото спиеше и плачеше немам сврзано сон ни еден саат што се не пробав синоќа никако неможев да му помогнам .Капак на се па и грло почна да ме боли гласов од сабајле фатен ми беше ,нос ми се растече уште ова ми требаше Инаку бебе мое од вчера почна да вика та-та та-те маже пресреќно целиот сјае од радост а свеки го слуша бебе и вика леле чим кажа прв збор тата второто дете ќе ни било машко ,некој бабини деветини Инаку и она ,а и јас премногу сакаме девојче едно да си имаме во фамилијата ,ама здравје како ќе реши господ така и онака е рано уште за второ дете Убав ден
Здраво. Што убаво синко си се навикна да спие до 8-9.Се разбуди во 7 и призаспа,јас видов дека е топло в соба( мм го запалил каминот пред да оди на работа) и си продолжив и јас до 8:30.Не сум некоја спанка,а има денови кога и јас си спијам малку повеќе. Станавме раскренав,синко доручкуваше со сила не сакаше житарки со овошје па едно кифле касно.Прво кафе пијав надвор додека спружирав алишта,а свеки го занимаваше синко.Последно време синко е прилепен за мене,неможам нигде да мрднам без него. Имав да пишам уште нешто ,но заборавив мислата ми одлета. Синко заспа,да станам ручек да направам зеленчук во рерна и да сработам нешто додека спие. Побрзо оздравување на сите болни мајки и дечиња. @Надежна Среќен роденден на принцезата голема да расте
Денес после толку години користев јавен градски превоз. Супер било Внатре 5,6 души, тивка музика и парно до даска, некој ден треба да го извозам и синко може ќе му се бендиса па ќе си шетаме почесто Туку, бев да правам ехо. Веќе подолго време имам некоја болка над бубрезите, докторот не знаеше повеќе што да прави и ми закажа тој дека е хитно, ми се јавија за 2 дена ако не се чека со месеци. Синко други денови спие до 10, денес станал во 8 ипол и не барал низ сите соби и мене и мм, тука беше сестра ми ама не е баш опуштен, не сакал ништо да јаде додека не се вратив јас. Времето овде снег и дожд истовремено врне. Прошетка нема да има ама затоа спиење ќе има Мм се јави го замолиле да остане некој саат повеќе па причина плус да не ни биде досадно Пријатен ден друшки, ако има некоја користено космодиск нека сподели дали е задоволна. Сакав да пробам за болката во р'бетот, по се изгледа од таму е и целиот проблем.
Јас имам користено,задоволна сум,помага но само со редовно носење.Пиј и магнезиум,и ја имам големи проблеми со рбетот,но сега дека дојам ретко што пијам.
Bogami na site majki ni treba odmor i ni e tesko. So edno e tesko pogotovo koga e hiper i nejadac ko sin mi abe zivci se kinat. Pa koga ke pomislam pa nekoi i so cetiri pa ne se zalat im se divam. Samo da se zivi i zdravi a nie ke si kineme nervi
Добра ви врчер мајки! И јас како @TheSecret се жалам со едно но хиперактивно плус не јадач и кога јаде јадењето му е со некаква закана. На никаков др начин не сака да јаде последно што ми успева е со апаратот за мерење притисок. Друго ново нема досадно е дома дождливо е и дете чури а богами и јас чурам . Поздрав и убава вечер!
Of abe jas vikam uste gakive na mene sto se ostanaa da mu gi izvadam da si igra za da jade ama aj. Eve denes me polude. Trebase tatko mu da dojde od rab vo 17h pa da jade. Znaci od nego jade za pet min izede se sto jas dva saati prethodno go molev pa nebivase milum pa go skarav ama dzabe. Deteto ima pogolem avtoritet kon tatko mu so mene e mamina maza. Eve go sega doaga me guska i bacuva i kako da si lut. Na kraj na teskiot den lutinata ti pominuva i si vikas samo da e ziv i zdrav, i utroto pa isto, toa e. Sreka sto e forumov pa da si se pozalime kolku ni e naporno i tesko sami doma so decava pa i dve i tri i cetiri, pa trudni, pa bolni, nastinati, luti,nervozni, takov e zivotot majki. Se za niv nie ne sme vazni vo sporedba so niv.
Еве ме и мене! Цел ден се канам да ви пишам, па конечно сега најдов време за да ве дружам на темава! Денот убаво го почнавме, нервозно го завршуваме! Бебката душава ми ја вади, не се грчеви, не е гладна, само и се спие многу, а спие како зајче... Заспи ја, одма се буди, за 5 минути, и пак е нервозна па пак ја заспивам. Сабајле со бели звуци некако истера еден сон а јас фатив нешто по дома, ама потоа нит фен нит правосмукалка, она во раци си сака да ми дреме. ШТо им е финтата на ова беињата со тој заечки сон? Има мајка која не го искусила тоа целодневно заспивање на бебе? Совети си делиме по теми, а решение на проблемот немаме... Уствари имаме, времето е решение, кога ќе пораснат тогаш така нема да ни прават. И откако пола ден го минавме со презаспивање, ете ја сега спие, и пак благодарение на правосмукалката. Јас кафе пијам, а дома станот вришти за моите две раце кои треба се да наместат, да го средат хаосот кое моето домашно торнадо (дадаичката) го направи. Станав попустлива мајка, допуштив некои работи кои не смееше да ги помисли малата, а сега слободно си тера по свое. Иронија е тоа што ме прашува ,,може ли?,, а не прифаќа ,,не може,, Јас сакам сонце и пролет, а гледам најавуваат студен бран... Пак дома ќе си дремеме! Со мало дете јас за никаде не сум! Го чекам ММ да си дојде, единствениот возрасен со кога можам да направам муабет, оти сите кои се силеа дека ќе ме дружат магичо ги снема, а јас пак се обвинував дека предвреме ги ставив на дистанца. Сега гледам дека ним повеќе им одговарало од мене да се ,,дружиме поретко,, Убава ви вечер мамици!