Мајчинско, татковско и родителско отсуство

Дискусија во 'Дете' започната од Martka, 17 јануари 2023.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Што мислите за мовиот закон за мајчинство, татковство и родителско отсуство,наместо породилно отсуство,дали европските закони се за нашето општество,дали сме спремни за тоа,кои се има право на породилното отсуство,дали е за сите исто,и многу други прашања,искуства и најбитно грижата за нашите најмили.
     
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Изгласан е?
     
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Мене стварно не ми е јасно зошто многу се противат на законов, 5 месеци мајчинско плус по 4 родителско одсуство, за секој родител по 4, значи 13 вкупно.
    Сака некој да разјасни дали јас нешто не сфаќам или луѓево не дочитуваат
     
    На JoyJoy, Feminka22, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    И јас така разбрав само не знам дали е предлог или веке е изгласан законот
     
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    24.165
    Пол:
    Женски
    Јас како што разбрав, 5 е мајчинско и уште 4 родителско.
    Значи, тие 4 месеци имаат избор родителите дали мајката ќе биде на породилно отсуство, или таткото. А, не и на двајцата по 4.
    Поентава, како што сфатив од некои активисти вчера е дека приватните сектори ќе го злоупотребуваат законот, во смисла да вршат притисок на мајката по 5 месеци да се врати на работа и таткото да продолжи со останатите 4 месеци.
     
    На Feminka22, Осе и Anomis11 им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А како разбравте така
    upload_2023-1-17_16-54-20.png
     
    На Feminka22, CameliaMiller, _beautyy_ и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Има многу поторашања тука.
    1. Дали 5 месеци примањата ќе се на 100%, а останатите на 70% ( што не е ок).
    2. Притисокот кои жените би го добиле од фирмите да се вратат на работа по 5 месеци породилно, а таткото да покрие со уште 4.
    И ова е под знак прашалник во приватен сектор,знаеме кај нас колку како се' функционира.
    Искрено ми е супер јас да сум 5мес а маж ми уште 4 месеци и останатите 4 да ги поделиме. Ама во пракса дали ќе добиеме 13м е знак прашалник.

    Да не испадне кај најголем процент бебињата да останат на 5м дома и да треба да ангажираме жени или приватни градинки. Тоа најмногу ме плаши, секако се зависи од фирмата. Ама пак ќе кажам што јужније то тужније...
     
    На Feminka22, Осе, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас мислам некоја дубара прават. Сигурно тие 4 месеци ќе бидат на терет на фирмата или пак ќе се плаќа помалку.
    Ако е како што викаат демек се ќе си остане исто, само таткото има можност за 4 месеци плус, зошто го менуваат целиот закон, зошто не си остане 9 месеци породилно за мајката плус 4 за таткото? Туку го цепкаат 5 месеци мајчинско, 4 месеци родителско, нешто тука смрди
     
    На Осе, _beautyy_, Anomis11 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    На терет на фирма нема шанси да биде, ама како што пишав погоре и јас мислам ќе е на 70% осранатите фактички 4мес за татко и 4 родителски. Немаат пари дубари прават.
    Така е требаше да остане 9мес и плус за татко 4 и готово. Ова е веќе цепкање
     
    На Feminka22, Осе, Anomis11 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.261
    Допаѓања:
    189.585
    Ти од која земја пишуваш?:D
    Искрено, во било која земја штом менуваат закон значи праат дубара да ти скратат нешто пари, ама ако е за мк, тогаш 102% е за да ти скратат некои пари. Животното искуство ме прави експерт на темава:emo:
     
    На Feminka22, Осе, bertold и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Кој како сака нека ме сфати, ама не разбирам како на темава се спомнува дека законов бил за да државата прави дубари во позадина, а секоја трудница прави дубари за да го продолжи породилното колку што може повеќе со ваѓања различни боловања итн. Уште од стоматолог шо не се ваѓа боловање за да се продолжи породилното за некој ден плус.

    Секаде низ светот и ЕУ се укинува терминот “maternity leave” и се заменува со “parental leave”. И секаде се форсира да двајцата родители се вклучени еднакво, со цел да се намали таа дискриминација и заостанување на жената на работното место. Само кај нас кога конечно ќе се донесе некоја одлука која е навистина за бенефит на граѓаните може вака да се мрчи.
    Реалноста е дека скоро никаде породилното не е покриено 100% како во МК, а да бидеме реални со толкав одлив на млади нема кој да го одржува ова ниво уште долго време.
    Значи нешто мора да се мени во начинот на исплата, а од сите варијанти ова е најдобра, ако ги разгледаме останатите опции.
    Една опција која никому не му одговара е да се намали надоместокот на 80% за сегашните 9 месеци и да се воведат построги контроли околу боловањата :)

    Делот дека работодавците може да ги тераат мајките да се вратат на работа после 5 месеци може да се реши многу паметно доколку се додаде како дел од законот, а тоа е да барање за породилно отсуство да не може да се одбие ( секако доколку благовремено го известите работодавачот колку време ќе сте отсутни ).
     
    На JoyJoy и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  12. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.242
    Допаѓања:
    19.026
    Да ама пак доаѓаме до истиот проблем а тоа се градинките. Адаптацијата во државна траеше 6мес од кои 3 требаше да чекам затоа што во лето не асаптирале. Треба точно да се види зошто се боловањата, колку деца чекаат итн. Преземаат закони ОК ама нека воведат задолжително градинка од 13 месеци и место за секое дете. И нека увидат поголеми контроли во адаптации. Подлабок е проблемот него што изгледа. Точно е и дека е обострано се злоупотребува, но не е генерална сликата.

    Пример мајка на близнаци има простор ги пушта на 9мес и може 3мес да се бафта со адаптација. Нека направат да трга на 12месеци задолжително и фора уште месец два адаптација да можат...
     
    На lia22, Осе, bertold и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.261
    Допаѓања:
    189.585
    Како замена на maternity за parental е од бенефит на граѓаните?Или што уствари е бенефитот?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Се слагам за проблемот, но јас познавам случаи кога се одлучуваат за приватни градинки без ред за чекање, или изнајмуваат жена да го чува детето и пак земаат боловања.

    Иначе проблемот со градинки е глобален, јас сум во Скандинавија и редиците за градинки се огромни и многу од пријателите со деца или земаат неплатено отсуство од работа додека не добијат место во градинката која ја сакаат или одат во градинка која е одалечена по 30 минути. Вака е во поголеми градови, во помали места верувам е поинаку ( а исто е и во МК ).

    Шо може ко мајка да земеш пократко боловање и останатиот дел да го земе сопругот? Парентал може да се пренесува меѓу двата родители додека патернал/матернал е лично.
     
    На JoyJoy, CameliaMiller, bertold и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.261
    Допаѓања:
    189.585
    Како мајката да земе пократко е зошто? Нели се 5+4 за мајка, +4 за татко? И кој е бенефитот да мајка наместо сега 9 има 5 месеци, ако е така?
     
    На bertold и Anomis11 им се допаѓа ова.
  16. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Изгледа ги избрзаа со текстот што проструи низ јавност, сега ќе измислуваат криви дрини и прикаски :D

    Факт е дека целава работа е да најдат начин да го намалат финансиите кои ќе ги дава фондот, зошто и онака нема пари истиот. На кој начин ќе го изведат останува да видиме, можно е да е со намалување на процентот кој ќе го исплаќаат после 5 месеци како што е по многу земји во Европа. Што значи во државава ни мајката ни таткото ќе можат да си дозволат да седат дома после 5 месеци. Ефективно, исто како да го скратиле.

    Ама ајде да видиме, огромен скептик сум дека реално продолжување на родителска нега за новороденче ќе има.

    Инаку погоре прочитав со одливот на млади не можел да се одржи буџетот, никаде не било во странство така. Ако има за крадење, виски и бадеми во собрание, има и за породилно, сори нот сори.
     
    Последна измена: 17 јануари 2023
    На Oneo, lia22, Осе и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.261
    Допаѓања:
    189.585
    Со одливот на млади не може да се одржи буџетот, затоа да се скрати на породилното ...од...пензионерите:wasntme: :rofl: (facepalm)
     
    На lia22, Feminka22, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.410
    Допаѓања:
    90.622
    Пол:
    Женски
    Овој закон е добар.
    Подобар од досегашните 9 месеци само што глупо го соопштија.
    Требаше да кажат останува 9месеци за мајката,се добива +4 за таткото.
    Како ќе ги намалат кога таткото ке добива +4 месеци платено 100%родителско боледување:?: ?
    Ама како ке правиме филмови и сценарија.
     
    На JoyJoy, CameliaMiller, Eli23 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Бенефитот е шо ќе може тие 4 месеци да се организираат флексибилно, да се пренесуваат меѓу родителите или да се зема истовремено. Мајката ќе има загарантирани 5 месеци, а остатокот ќе може да се пренесе на таткото, или цел да се пренесе на мајката, кој како милува.

    Пример јас каде живеам, секој родител има загарантирани 3 месеци кои не се пренесуваат на другиот родител, додека останатиот дел е заеднички и може да се прават многу комбинации и е ептен флексибилно.
     
    На JoyJoy, CameliaMiller и bertold им се допаѓа ова.
  20. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Имаш целосен текст од предлог законот?
    Ако да, сподели.
    Јас освен изјава штура некоја, ништо не видов друго, а на тие одамна не верувам.
     
    На Осе и Biljarkata им се допаѓа ова.