1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мебел за комплетно уредување на домот?

Дискусија во 'Дом' започната од bojana1111, 16 мај 2011.

  1. bojana1111

    bojana1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво дечки
    Комплетно го реновираме станот и ме интересира дали некој од вас има искуство во изборот на мебел во поглед на цената и квалитетот.
    Гледам доста реклами на телевизија и не знам што да верувам некои од салоните кои продаваат италиански мебели ми се премногу скапи.
    Забележав дека во Мебел-Ви има интересен избор и цените не се многу високи, но не знам колку е квалитетен нивниот мебел. Што мислите вие за сето ова, вашата помош ми е повеќе од потребна !!
     
  2. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Ние сега исто го реновираме целосно нашиот стан и ние гледавме во мебел ви и навистина има преубави мебели но во дома мебел се навистина прекрасни додека во монтенегро прескапи...
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    И јас сум на иста мака. Само што не сум од Ск и реновираме куќа.
    Немам блага веза што сакам т.е знам јас што сакам (црвено-бело или црвено-црно) ама маж ми не ги сака тие комбинации на бои.
    А се ново треба да купуваме (кујна, комода за ТВ, гарнитура). Гледав слики по другите теми, ама ајде можеби ќе се најде овде некој да ни постира целосно слики од кујна+дневна+трепезарија и комбинации на бои.
     
  4. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Па и дома мебел не се баш нешто ефтини. И ние бараме мебел за нашиот нов дом и ... имаме уште што да гледаме. Ни фати око една гарнитура од канапе колекшнс (ако не ги знаете се на пат према Охис од десна страна). Они се всушност производство и се многу флексибилни, може да направат било каква комбинација и сето тоа а инаку произведуваат за извоз за Германија. Многу ми е важно гарнитурата да е квалитетна не сакам да ми пропадне за две години па џабе била ефтина, нели? Во мебел-ви бевме, во ОТО мебел бевме, во Симпо бевме и во тоа Канапе. Има уште за гледање... па ќе видиме...

    еве што не бендиса, ама сакаме верзија тросед-двосед-табуретката.
    [​IMG]
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас би ви ги препорачала Зона мебел и Дом италиа, доколку ви одговараат цените. А исто така добри се и Симпо, Горење...зависи кој стил и каква цена одговара.
     
  6. katpa628

    katpa628 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Погледни на www.sezadomot.com.mk

    Сигурна сум дека ќе најдете се што ви треба за по дома!

    Поздрав
     
  7. bojana1111

    bojana1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Нов мебел од каде???

    Здраво!

    Ние сме млад брачен пар и реновираме дома.Имате ли некој предлог од каде да купиме мебел?Бевме во Мебел ви,имаат добар избор но незнам колку се квалитетни за тие цени што ги нудат???????? Бевме и во Монтенегро но ми се чинат прескапи.
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Нов мебел од каде???

    Mебел ви некако ми имаат многу мебел со поминат рок, гледам по телевизија ( во Нивен салон не сум Била) и на фб ама никако не ми допаѓа. Монтенегро скапи се но барем се убави и квалитетни. Симпо го посетивте ми се допаѓа нивниот квалитет а и се во тек со модата, мислам сепак кога даваш пари да биде и убаво и квалитетно. Кристина Дамил исто така нудат добар избор.
     
  9. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.984
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Нов мебел од каде???

    Нас дома мебелот ни е 80% од Мебел Ви и за квалитетот можам да ти кажам дека е одличен. И траен :!:
    А имаат и многу убави и модерни модели, посебно гарнитури за седење и трпезариски маси
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Супер се, само скоро сите се тврди за седење. :lol: Бев баш пред едно месец дена..
     
  11. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    И ние реновиравме скоро, па мислам дека едно 6-7 месеци си шетавме по салони. Всушност првиот месец разгледуваш и поим немаш што ти треба, па почнуваш да сурфаш на нет, па финансиски конструкции-фујј....боли глава :D Ама се заврши 8)
    Туку, ние правевме комбинации и се ни е од различно место-бидејки по некое време знаевме точно што сакаме. Монтенегро и Натуци се супер ама и од цени боли глава-па мој совет е, ако станува збор за комода, масичка па дури и шкаф-земи си проспекти, види шеми и оди на столар(проверен секако) па 50-80% ке биде поевтино ;) Нели ако Македонче не се снајде, кој? :D
    За гарнитура, столчиња, кревет... пеки-мора да издржува оптеретување, па не би се решила за столар варијанта.
    Кристина Дамил, Мебло, Фејдом, Дормео,Икеа, Дома мебел-имаме од се по нешто ама за квалитет ке ви пишам по 2-3 години.
    Ах и да-внимателно со лизгачките плакари-ние ставивме, ама сега ме јаде јанза и мислам дека можеби ке беше подобо да беа обични. Како и да е бидна работата :emo:
     
    На cresa-jagoda и laddy им се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Зошто сте незадоволни од лизгачките плакари? Ние сакаме такви да ставиме во спална и едниот ходник, ми се гледаат практични, нема врати отварање распоред каков си сакаш и по мерка од крај до крај. И ние за мебел каде се не гледавме, Дома мебел, Мебел Ви, ОТО мебел, Симпо, Канапе колекшнс, Кристина Дамил, Монтенегро, Југоекспорт стил, Леснина Ми, Фатина и тн и тн.... Секаде се наоѓа по нешто, ама на пример Монтенегро и Дома мебел имаат навистина високи цени.. Мислам, претерано за нап стандард.
    Најпоследно што ни се бендиса е една гарнитура од Фатина, увозна, бафало кожа, тросед, двосед, фотелја комбинација. Моментално е на -40% попуст (од 118,000 на 70,000) и некако ептен ми се уклопува со она што имав замисла, да е минималистичко, без огромни наслонувачи, да не биде премасивна, затоа што кога ќе видам тросед а огромен со такви огромни рачки, навистина не ми се допаѓа. Не сакам да го угушам просторот, сакам да не фаќаат огромен простор, а сепак да се убави, цврсти и се разбира, удобни.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  13. Acence123

    Acence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здр

    Ние денес исто бевме по салоните за мебел и видовме прекрасни работи но и многу скапи.
    Бевме скоро во сите салони но на крај се вративме во Мебел-Ви и покрај се гледавме квалитет,дизајн,цена и испорака.Сите овие работи некако се поклопија овде и очекуваме да видеме дали ке ги исполнат нивните обврски како што ветија.
    Видовме премногу убави работи од новата колекција ,купивме маса и столови по многу достапни цени. Како за споредба не е добро да ги именувам и ,прескапи цени но да се надеваме дека тоа што го гледавме и дека ке го добиеме?
    До сега не сме имале искуство со нив но со други фирми за мебел сме чекале и по два месеца и на крајот добивме друг модел на аголна гарнитура која ние не ја избравме.
    Дали некој имал искуство со Мебел-Ви бидејки артиклите беа прекрасни ги плативме и ке чекаме испорака 7 дена???
     
  14. Katerinastrelec

    Katerinastrelec Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    [mod-reklama:1onj148j][/mod-reklama:1onj148j]
     
  15. Acence123

    Acence123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сакам да ве известам дека ја добивме робата од Мебел-Ви и многу е прекрасна дома кога ја наместивме уште поубави ни се видоа столовите и масата.
    Екстра ееее.

    еве да видете кои ги имам купено и се надевам дека ке ви се допаднат. само столовите бели ги земавме

    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater
     
  16. Mary85

    Mary85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво.Ме интересира дали имате искуство со гарнитури од Istikbal,од каде ги земавте (зашто на сајтот на Истикбал пишува дека во Македонија имаат салони во Куманово,Тетово и Гостивар),како им се движат цените и како сте задоволни од квалитетот :) Фала однапред
     
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Девојки кој е подобар материјал за гарнитура (иста како на сликава), јута или микрофибер? Јутата е малце поскапа, а ме интересира и која е подобра за одржавање.

    [​IMG]
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Евтини се гарнитурите во Истикбал, јас лично незнам што квалитет имаат ама сум била кај луѓе кои купувале од таму. Тоа ти е некој среден квалитет јас што велам Икеа работа :) . Ама анатомската столица за компј. што ја зеде братучед ми за 6 000 ден. кожна ептен му се погоди, веќе 5 год како ја користи и нема да мрдне.
    Во Куманово е на влез на Ку-во, пред зелениот пазар (значи на први семафори на влез на Ку-во право и на едно 20-30м е веднаш од десна страна, нема што да утнеш салонот е голем со голем натпис)



    [quote="Srekicka"]Девојки кој е подобар материјал за гарнитура (иста како на сликава), јута или микрофибер? Јутата е малце поскапа, а ме интересира и која е подобра за одржавање.

    [​IMG][/quote]


    Што и да решиш нема да погрешиш, иако мислам дека јута е поквалитетна. Сепак тоа е платно. Најтешко за одржување е еко кожа (ама онаа правата не она што е имитација на еко кожа)
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Од канапе гарнитурата што си ја купив :lol: , со мали измени и дополнувања, т.е јас ја одделив, затоа што просторот ми е поинаков, има камин помеѓу двата дела, инаку е многу убава, и доста сум задоволна сега за сега.
     
  20. keti.kety

    keti.kety Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    52
    Јас дома имам гарнитура (двосед, тросед и фотеља), мала масичка, трепезариска маса и столови од Мебел ВИ и морам да ви кажам дека сум презадоволна и од квалитет и од цена, и од соработката со пресолот. Столовите се кожени и на седнување пукна кожата од столот ( го закачив со фармерките) се јавивме во Мебел ВИ и во рок од една недела ни го заменија столот без проблем. Ги имам 2 години и досега сум задоволна од квалитетот, а се надевам дека ќе се покажат и за понатаму ;).
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.