Да ве прашам дали е медот штетен за време на диета, имам слуснато дека иако има шеќер тоа е природен шеќер и не е штетен доколку се користи во умерени количини сакам да ми кажите ваше мислење
Ne e medot voopsto steten,jas sekoe utro pijam casa mlaka voda,so edno lazice med I jabolkov ocet ili limon za zabrzuvanje na metabolizmot.
Дедо ми прави мед...природно неможе да не е здраво, ама уште да можеше некој да ме натера да јадев редовно. Инаку сега поради лошата крвна слика, зимам повремено мед со мешано семе од коприва.
Една супена лажица мед и две-три супени лажици вода се мешаат убаво и се пие. Ова заменува еден оброк. Внатре ги има сите потребни здрави состојки. Втор начин е, една кафена лажичка мед, една лажичка природен јаболков оцет (никако индустриски) и млака вода. Се меша и пие наутро. Вкусно е. Ја прочистува крвта, се бори против холестеролот , го јакне имунитетот и ве прави сити, за да не поручувате рано.
Кога си држев диета за доручек јадев две кафени лажичиња мед и цимет.Верувајте поубаво нешто нема Така да не е ни штетно,туку може да се каже ефикасно
Медовите на Krnjevac од Србија - од липа, багрем, цветен и ливадски. Цената е нешто поскапа - околу 350 ден. тегла 720гр. а има и помали грамажи - но на вкус и според кристализацијата делуваат навистина природни. Ги има во Тинекс, мислам и Веро.