Дали имате цели кои сакате да ги остварите? Дали го организирате вашето време? И најбитното дали верувате во овие работи и дека тие влијаат позитивно врз нас?
Јас си имам поставено long term цели и short term. А денот и месецот обично гледам да ми се оганизирани, оти ако не сум органзирана го поминувам времето бесцелно во лежење и седење на телефонот. Проблем што го имам е некогаш што се замарам премногу и ако нешто не направам од листата а сум пишала дека ќе го направам денес се чуствувам виновно.
Кајнд оф сум болна по тоа да и е организирано времето. Имам четири листи: 1. Колку пари каде сум потрошила, секој ден веќе 2 месеци водам евиденција (новитет ми е ова) 2.Листа за учење, кој ден шо како ќе учам, па ставам Х кога ќе завршам и пишувам колку сум завршила од предвиденото 3.Листа за вежбање, кој ден шо како колку ќе се вежба 4.Листа се` на се` што ќе се прави. -башка на апликација мерам колку шо сум изела, за да зголемам внес на калории.. Пример денес седнувам и правам за до нареден понеделник листа, и пример од денес знам дека во среда сум на забар, дека имам тие и тие предмети да ги научам, и да одам таму и таму.Ако утре ми искочи уште нешто за во среда, и тоа пишувам. И дента од сабајле, отварам листите и гледам што е на дневен ред вака функционирам година дена, порано во мозок пишував ахахха, ама заборавав сега не можам а да не напишам, се осеќам хаотично, и ко да ми фали нешто, а и сакам да си исполнам се од напишаното.Ама и ми помага да сум организирана а за пари, дека не заработувам сама, ама еве од МОН тие шо ги даваат, башка и скенирам, и ако сакам нешо да си зеам,а не сакам од моиве да зеам пари, прво тоа правам, го купувам, па после ги трошам другите мојов мозок уште од сабајле рачуна, што како зашто.Еден бифш кога спиеше кај мене 3 дена, стануваме секое утро, ја му викам денес: ова ова ова ова, детето ми се чудеше, мислам знаеше дека сум таква, ама ова баш прва рака виде колку се замарам со организираност ама мене ми одговара вака и супер ми е. И не можам да сум во исчекување, таков карактер сум, доста пати знам отсега за петок и сабота да се договорам.Не можам да дое петок, 5 на пладне а ја да не знам вечерта кај ќе идам, нервоза ме фаќа.Не дека не можам дома да седам, можам со денови, ама не можам да седам у небрано онака да не знам на што сум.Или ќе ми рече некој, ај ќе ти се јавам да се договориме, и да го нема со саати, а ја у меѓувреме 100 плана ќе направам @raww те сфаќам..
Целта си ја пишувам во телефон и еднаш неделно отварам да се потсетам што точно сакам да постигнам. Во меѓувреме сите идеи, планови во кратки црти ги запишувам во тел. 2 пати месечно ги проверувам работите што сум ги запишал и можно е од нив да искочи нова цел. Ама цел ставам 2-3 пати годишно.
Омг, јас не можам да замислам да живеам вака. Јас сакам се да ми е спонтано и непланирано, и моментално за се да одлучувам. Добро сега и немам нешто баш што да планирам, дека не одам на работа и постојано сум дома со детето, па деновите сами ми се движат како по шема. Ама и кога работев и учев, па и кога бев слободна исто вака лабаво си функционирав, што ми текне да правам во одреден момент, тоа. Некако во ваквиот начин на живот или поточно се по список и план, ми нема живост. По просто, како да си робот и што ти се зададени функции само да ги вршиш. Освен што водам план за трошење пари, на што и колку сум потрошила, друго не.
Секогаш си водам што како. Водам и планер,ама полесно ми е на телефон. За се водам евиденција:за тоа што ќе учам,за што сум јадела,каде треба да одам,колку пари треба да трошам и така... Секогаш сум организирана и не оставам се во последен момент да биде.
Да, нормално дека имам цели шо сакам да ги исполнам. Проблем ми е излегвање од дома, и почнување со работа. Штом почнам ми е лесно и можам лесно да организирам. Не ми е лесно да организирам дур не почнам. Планер не функционира, мислев дека функционира едно време. Често заборавам дека постои. Така да накратко си користам buddy шо има исти проблеми како мене. Во смисла, почнување и недостаток на почетна мотивација за да се почни нешто. Па се бодриме. И обично од ко ќе почниме да прајме нешто и се хајпниме и е прејако - веќе не се бодриме оти нема сила шо ќе не спречи. Некогаш мотивацијата е за посериозни работни и академски обврски, некогаш е за нешто како: „знам како ти е денес, те молам измиј лицето и напрај си кафе“. Накратко „планер“ шо ми враќа функционира за мене. А очигледно и за другарка ми. Пишан планер ми функционира поќе од дигитален. Поќе памтам и прам мемории ко ќе пишам на рака, него дигитално и имам тенденција несвесно да ги исклучвам нотификациите и да не ги гледам. А пишаниот едноставно го оставам негде и после неколку месеци не ми текнува дека постои. Кои работи? Начинот на организација, целите или има некоја слика шо не ми се лодира? Ако можи да ми појасниш да доодговорам оти ова прашање не го сфатив.
Листи со планови имам колку сакаш. Детално е испланирано некогаш се од станување до легнување за спиење. Уште малку ќе почнам и статистика со графици да воведам од што е организирано. Е сега работата е да се натерам да почнам било што од тоа, пошто мотивација слабо. Во суштина ко Димн и јас сум. Ми треба да се мотивирам со некој друг, ако имаме иста цел.
Контекстот на ова беше дали вака кога сме организирани и пратиме што си постигнал во текот на денот, месецот влијае на зголемувањето на нашата самопочит. И друга работа дали веруваме во овие работи ми беше во смисла на дека ако нешто запишеме како цел има поголеми шанси да ни се оствари, како некој вид на манифестинг. Бидејки мене ми се има случено да ми се остварат некои цели а притоа да не сум направила ништо за да дојде до тоа.
Лол не, е одговор во тој случај. Да поќе памтам ако запишам на рака ама не, ми треба кик старт за се. Пишење не е праење. Некогаш да, некогаш не. Зависи од то колку со мојот buddy се бодриме.
+1 Скроз исто. Не е дека сакам цел живот да ми е по план, ама мислам дека само така би можела да функционирам. Е сега лесно е да се напише цел тефтер, ај направи го.
Малце по малце енџи.Ја пример медец за месец си пишувам.Сеа не е декориран нешо или џиџан, само деновите се со маркер подвлечени и датумите, и толку.Почни ако не за една недела да пишуваш, па за две/три и ќе биде Инчаче не запишувам гоалс.
Ох да ти покажам колку имам почнато и недовршено... не се секирај сѐ имам пробано, ама никогаш не ми иде по план, на пример ако напишам денес три саати ќе учам тоа и тоа, јас завршувам нешто скроз друго да учам. Последно што најдов и сега за сега функционира, е тоа што си испринтав календар за цела година, ама со поголеми квадратчиња за деновите во кои што може да се пишува и во тоа ги пишувам сите обврски што ги имам за деновите, каде треба да одам, вежби за цел семестар, полагања и слично. И да, помага за да не ми биде хаос во главата од обврски. Почнав во друг планер да пишувам и колку и за што трошам пари, ама го забаталив.
+1 Само од лани најдов три- четири почнати, никогаш недовршени планери. И ми се чини сите можни апликации ги имам пробано до сега. Јас знам дека мојот проблем е со почетна мотивација тое. А планој прам перфектни. Некој ако се држи до план дајте се ќе ви испланирам. фулпруф планој. Ама џабе ко немом да се натерам по план да одам.
Целите се остваруваат со упорност, желба и поддршка од вистинските луѓе. Луѓето што не се добри а се околу вас треба да се отфрлат, за да можете да се искристализирате. Самото отфрлање на манипулатори и луѓе што не ве прашуваат како сте, како да не постоите, само сакаат да изнудуваат комплименти од вас, се истите тие заради кои најчесто и не можете да си ги остварите своите желби. Такви луѓе аут.