1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструална чашка

Дискусија во 'Тело' започната од Mrs.Brain, 17 јуни 2017.

  1. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Дали разбравте за овој изум? Јас мислам дека е доста практичен ама некако ме збунува. Упатството на користење, верувам дека е едноставен начинот на користење ама вака кога го читам и не го разбирам многу.
    Самата помисла дека се ослободуваш од влошките, тампоните е неверојатна.
    Економична, чини 1500 денари од прилика а кога би пресметала давам многу повеќе пари за влошки.
    Може да се користи цели десет години и да се носи 12 часа без проблем. Зависи од обилноста на менструацијата.
    И не е штетна за здравјето плус е еколошка.
    Па ваше мислење би ја купиле ли?

    П.с. Не правам реклама.
    http://spiboshop.com.mk/ss-organicup
    Линк за дополнителни информации.
     
    На koritsaki, DzingrlakaDzikica и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Јас не би ја купила. Можам да издржам со влошка 3 дена а вакво нешто не би употребила.
    Природниот начин е подобар и побезбеден за мене, отколку некоја чашка која треба да се дезинфецира, не смееш ни да ја фаќаш со раце според мене треба да е скроз чиста.
    Никој не може да знае со сигурност дали е штетна или не за здравјето, сепак е страно тело. Како што некој реагира на тампоните и не може да ги користи, така некој ќе реагира и на чашава.
     
    На Limpan, Traveler91, EraBon и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    172.634
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би купила.
    При толкав избор, јас чаши да пикам кај што не треба(facepalm)
     
    На Hortenzija, Traveler91, YoungandBeautiful и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Која е практичноста кога повторно ќе треба да купувам влошки?
    Имам обилен циклус и доколку ја извадам додека сум некаде надвор, не можам да ја измијам, а логично и не можам да ја дезифицирам, па повторно ќе морам да ставам влошка. За обилен циклус е објаснето дека треба да се вади после 3 часа, јас на исто толку време менувам влошка/тампон.

    Заклучок - оваа чашка е една голема глупост.
     
    На Traveler91, YoungandBeautiful, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  5. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.507
    Допаѓања:
    66.294
    Пол:
    Женски
    Мене ми е језиво да помислам дека во мене имам некој предмет, кај што не треба. Немам користено ни тампони токму од таа причина. Улошки најубаво.
     
    На edna_malecka, Traveler91, Таа Сум и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.464
    Не ми е јасен начинот на употреба, но ми се допаѓа идејата.
    Околу начинот на одржување, не е ништо страшно, само е потребно време за стекнување хигиенски навики, и замена на влошките со влажни марамчиња.

    Не знам колку е практична за стално, но за одмор покрај вода сигурно е попрактична од влошка или тампон.

    @Mrs.Brain

    Како се нарачува чашкава?
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
  7. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Читав коментари на редит за ова и сите кои пробале се воодушевени. Во иднина би пробала, сега сум бремена :)
     
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Менструалната чашка и не е некоја новина ама дури сега стигнува во Македонија. Во земја каде што имаме з̶а̶о̶с̶т̶а̶н̶а̶т̶и лекари кои сеуште преобрнуваат со очи кога ќе се спомене контрацептивна таблетка и голем процент на жени кои сеуште имаат аверзија кон тампон и употребата на истиот им е научна фантастика, не верувам дека чашкава ќе наиде на преголем интерес кај нас.

    Сметам дека е економична алтернатива за влошка или тампон. Секако, како и сѐ друго така и ова си има свои предности и маани. Некои гинеколози дури велат дека е побезбедна и од тампонот затоа што не постои ризик од пореметување на природната вагинална pH вредност при употреба. Лично, не ми е гад од сопствените флуиди и тело, во план ми е да ја пробам. Сепак, секоја жена си знае најдобро која варијанта нејзе ѝ одговара највеќе.

    Предлог до модераторите, да го преименуваат насловот на темата во „Менструална чашка“ бидејќи водиме дискусија генерално за чашката. ORGANICUP е само една компанија од многуте кои ја произведуваат (LenaCup, Fleur/Zen cup, Divacup, Lunette etc..).

    @Nigredo Odor, повели линк доколку сакаш да видиш како се употребува. :) За жал не може да се најде низ аптеките, единствено со нарачка преку официјалните сајтови.
     
    Последна измена: 19 јуни 2017
    На Doozy, renata77, Kitten и 13 други им се допаѓа ова.
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    :shake:Нема шанси некогаш да ја користам, по мене попрактично и похигиенски од влошки нема. :handshake:
     
    На Traveler91, mynameislove, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Мене oвa пoстaвувaње ми изгледa кoмплицирaнo, a упoтребaтa не прaктичнa.
     
    На Traveler91, YoungandBeautiful, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.847
    Допаѓања:
    81.092
    Пол:
    Женски
    И мене ми е многу непрактична за употреба, не знам колку би имала простор да се „средам“ во некој минимален јавен тоалет да речеме.
    Имам преобилни и доста долги циклуси и мислам дека ова навистина не е решение за мене.
    Во лето користам тампони, остатокот се справувам со влошки.
     
    На edna_malecka, theowndemon, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Според мене похигиенски е нешто што е за една употреба, отколку оваа менструална чашка.
     
    На edna_malecka, Traveler91, bebaa и 3 други им се допаѓа ова.
  13. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.659
    Допаѓања:
    32.694
    Пол:
    Женски
    Не се гледам себе си користејќи ја чашкава, а и не ми е ич практична.
    Подобро ми е тампони и влошки.
     
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.117
    Допаѓања:
    50.373
    Пол:
    Женски
    Не би користела вакви изуми не се баш практични.
    Јас сеуште не можам да се решам да користам тампони, а не пак ова.
     
    На Bitter-Sweet, cresa-jagoda, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.847
    Допаѓања:
    81.092
    Пол:
    Женски
    Има воопшто некоја која ја користи?
    Баш би сакала да прочитам нечие лично искуство.
    Воопшто не ми е лошо како замисла, меѓутоа мене не би ми одговарало со оглед на циклусите кои ги имам.
     
  16. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.313
    Допаѓања:
    7.447
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би ја купила. Се знае влошки за што се, се натопи ја заменуваш со друга и толку а не нечистата крв да се собира во чашка...
     
    На Traveler91, cresa-jagoda и fallenangel им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Јас сум старомодна дама по вакви прашања. Имам погледнато некое видео поодамна од оваа направија, ама не ми е по вкус и потреба.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.693
    Допаѓања:
    322.988
    Пол:
    Женски
    Моја пријателка ја користеше уште пред 4-5 години.Она беше мн задоволна .Детали како ја користела незнам :D
     
  19. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Не хигиенски пред се, неможеш про секое вадење да ја дезенфицираш. А ќе ја фаќаш со "секакви" раце, а и не секаде водата е толку чиста за да ја измиеш и пак да ја ставиш.

    Јас не би купила. Таман ми е до влошки и тампони.

    Уште што нема да се измисле за пари.
     
    На edna_malecka, Traveler91, fallenangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Какви се тие „секакви“ раце бре луѓе? Зарем вие не си ги миете рацете пред/по употреба на тампон?!

    Во принцип, постапката е иста. Еден антибактериски гел и влажни марамчиња во ташна никогаш не се на одмет. А ако водата во тоалетот не е чиста и нема саглам услови, таму не би влегла ни за да си го напудрам носот а не пак да менувам тампони.
     
    На simonagj, Alisa22, angela.kostova и 7 други им се допаѓа ова.