Гледам нема ваква тема па реков да ја отворам. Си купив од Дм од Jessa менструални гаќи, до сега 2 пати ги користев и сум задоволна. Додуша мене циклусот ми трае 4 дена, од кои само првите 2 крварам повеќе, па треба по 2 пати на ден да ги сменуваш, а 3тиот и 4тиот ден ги носев по цел ден едни и супер беше, не ми протекоа. Првиот пат кога ги носев, скрос првиот ден, заборавив дека ги имам на мене па ми протекоа малку, ама со навика и додека си го најдеш својот ред мислам дека се супер. Да скапи се, околу 900ден еден пар, а јас си купив 4, мислам дека за една година ќе ти се вратат парите. Дали вие користите? Како сте задоволни?