Кога прв пат добивте менструација после породувањето? Колку време помина? Дали имаше некоја разлика,побезболни, понеобилни...
Враќање во форма по породувањето Ај да си прашам тука, по колку време после пороѓајот добивте циклус? Јас од пред 2 дена имав кафен исцедок(кој веќе скоро 2 недели беше престанат после крварењето), па потем еве крв, ама па ептен малку. Е сега не знам дали е тоа циклусот или моќе раната да крвари?
Враќање во форма по породувањето Со првата бременост после 6 месеци, а со втората одма, т.е. 40 дена крварев, па немав ништо некои 2 недели, па пак следеа некои исцедоци и потоа секој нареден месец истите датуми следеа крварења и претпоставувам дека добивам месечен циклус. И кај мене прво беше крв, па кафеав исцедок, искрено не знам дали тоа значи дека раната крвари...нели би требало веќе да е зарасната. Колку време помина, кога се породи?
Враќање во форма по породувањето За една недела 2 месеца еве ќе има. Инаку изгледа дека на клиника добро ме истиска сестрата на стомакот од кога ја извадија постелката и ме оставија сама да крварам 3 часа, после тоа крварев некаде 2 и пол недели ама само малку, не обилно.Потоа следеа иседоци кафени, па прозирникави, за сега пак кафени и свежа крв.На крај на месец сум на контрола, па не знам, ќе ја прашам дали би можело да е тоа тоа. Некако не го чувствувате местото како отрпнато од време на време или само до мене ќе да е?
Враќање во форма по породувањето најверојатно е циклус за првото ми дојди месец дена откако престанав да крварам до 6 авгус крварев добив на 7септември а за керками 4 месеци додека цицаше не добив како ја одбив утре дента ми дојде така да мислам дека кај тебе еверојатно циклус и само да напоменам дека кај мене после секој пораѓај времетраењето и количината на циклусот се менуваа
Јас да се пофалам дека конечно добив после три месеци,е сега заприметив дека добив на истиот ден од кога се рачуна забременувањето значи 17 октомври 2011 а добив 17 ноември 2012 случајност или не немам појма, сега броиме од ново
Јас по породувањето прв пат добив после 11,5 месеци , незнам дали има врска но кога престанав да ја дојам керка ми по 2 дена ми започна циклусот
Jas krvarev nekade okolu 50 dena taka po malku mi tecese krv, za prv pat posle poragaj dobiv menzis posle triipol meseci. [mod-kirilica:1zxwrls1][/mod-kirilica:1zxwrls1]
Враќање во форма по породувањето Јас добив после два ипол месеца од породувањето. Но, на точно два месеца од породување имав мало крварење.
Враќање во форма по породувањето Со првото после 9тиот месец,а со второто после 11 месец.Колку пари за улошки сум заштедела
Враќање во форма по породувањето Јас после точно 3 месеци... т.е. точно една година откако останав бремена, а се си мислев ќе бидам на раат уште некој месец
Добив точно на месец дена после породувањето. На 14 март се породив, на 14 април добив. Ама ми траеше повеќе од две недели, па морав да пијам Ерготил капки. Прво мислев да не е заостанато крварење, ама после преглед на гинеколог ми кажаа дека е менструација.
Со првото дете после 6 месеци, со второво исто. Во текот на претходните месеци во периодот од 2-5 (септ. окт. ноемв.) имав слаби крварење од 1-2 дена, ама минатиот месец точно на 5 јануари си го добив вистинскиот циклус со 7 дена поплави...баш поплави, имав циклус како да сум 15 годишна. едит-редактирам...декември месец ме скокна секакво крварење и си мислев дека пак сум закачила , одма трк на по тест-негативен излезе , па трк на гинеколог за потврда и утредента ми дојде циклусот.
7 недели по пораѓај со првото, а еве сега 17 поминаа, а уште не сум добила... Док вели се успале јајниците Претпоставувам дека е се ок, кога тогаш....
Мене ми дојде 11,5 месеца по породувањето, дали има врска доењево незнам, но само што престанав да дојам наредниот ден ми почна
мене ми дојде после 6 недели ..Нормално како и секогаш Иако ја доев малата до 6 месеци, незнам дали има некоја поврзаност ова
Јас добив после 1 год. и 9 месеци .Уште се секирав дека нешто не е добро со мојот организам што не добивам,будала а што раат бев и плус пари за улошки заштедив