1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ментални нарушувања на личноста и работа

Дискусија во 'Психологија' започната од lilypad, 23 јуни 2020.

?

Дали сте вработени и притоа имате ментално нарушување на личноста?

  1. Да

    15 глас(а)
    35,7%
  2. Не

    27 глас(а)
    64,3%
  1. lilypad

    lilypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Здраво на сите. Ја отварам темата со цел тие што имате клинички окарактеризирано ментално нарушување на личноста од типот на шизотипни растројства, акутни и хронични депресии, анксиозност а и оние што имаат блиски со некое ментално растројство и се отворени за споделување искуства да кажат како се справувате со вашата сопствена ситуација и со работното место.

    Дали сте на терапија со антидепресиви, анксиолитици, антипсихотици и како тие влијаат врз вашата продуктивност?
    Дали проблемот го стекнавте пред или по вработување?
     
    Последна измена: 23 јуни 2020
  2. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Многу добра тема, јас имам анксиозност и искрено тешко е поголем е стресот мисли напнатос едвај чекаш да си одеш како дома на сигурно, некогаш ми се плаче, а мислам дека луѓето со шизофрении неможат да работат како што си наведела, продуктивноста со анксиозност за работата е голема ама проблем ми е стравор, нерасположение, напнатост и страв од луѓето некако во смисла срамежливост. Мое искуство е дека е тешко и треба многу добар психолог кој што ке те натера да се прилагодиш на работното место и да го чуствуваш сигурно како дома.
     
    На thelittle17, emiliana, poppie и 2 други им се допаѓа ова.
  3. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Темава е навистина добра, но не е добар оној дел кај што си напишала луѓе со шизофренија не можат да работат. Многу погрешно мислење, најдобро би било да го погледаш A Beautifil Mind ( 2001) па после да прочитаме што муабет ќе правиш.
     
    На thelittle17, crimson, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Па добро тоа веке е тешко пореметување кај личноста причинување на гласови, лица незнам стварно можеби има зависи и на кој степен и е состојбата..
     
    На Elf и Elena 28 им се допаѓа ова.
  5. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Погледај го филмот, најдобронамерен совет. За секоја состојба со редовно пиење на точна терапија, со поддршка од околината не би било проблем нормално да се обавуваат и животните и работните обврски.
     
    На Bezimenka90, sj *O*, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Да точно, и мислам дека луѓето не треба да се нарекуваат шекнати или да се дискриминираат поради тоа сум се соочила со многу критики на работа дека брзам, дека се сакам да постигнам за рок од еден ден дека многу сум замислена..
     
    На Elena 28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    А да кажам нешто за продуктивноста со анксиозноста, тоа што пред анксиозноста многу малку бев продуктивна не се замарав откако ја имам многу повеке работи завршувам и сум по продуктивна и имам резултат.
     
    На Cka и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. Fidorija

    Fidorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Немам никакви ментални проблеми,и не пијам апчињано но понекој пт имам лоши мисли и чуства и премногу се грижам за се и сешто....многу сум напорна а нервозна премногу....не знам дали се класифицира тоа во ментално нарушување...
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Шизофренија е тешка болест, но не е точно дека луѓето не можат да работат, некои не можат, ама во светот има и мед сестри со дијагноза шизофренија, нешто кај нас незамисливо.
     
    На thelittle17, KuklickaSk, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lilypad

    lilypad Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Не пишав конкретно за шизофренија туку за ШИЗОТИПНО нарушување, тоа не е исто.
    Schizotypal personality disorder (STPD)
    Луѓето со шизотипно нарушување на личноста имаат атипична перцепција за светот околу нив. Се карактеризира со социјална анксиозност, нарушување во мислите, дереализација, минливи психози и често неконвенционлни верувања. Се одликуваат со сомнителност и неверојатност.
     
    На LadyC, Bezimenka90 и Sexychica им се допаѓа ова.
  11. Na.talia 24

    Na.talia 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2020
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Пред се проблемот мислам нема врска со вработувањето. Битно во некои случаеви е возраста, генетска предиспозиција, животните ситуации, што карактер си. Кај сите е различно. Јас пијам терапија, работам по 8-9 саати зависно, работата ми е стресна. Има денови кај што не можам да одам, ама собирам сили и одам. Подобро ми е на работа, ама имало моменти кај што не можам никој да гледам:D
     
    На Bezimenka90, Biljarkata, Nightwish11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Откако знам за себе сум со депресија и анксиозност.
    Имало периоди кога ми било лошо, полошо и не мом да мрдам.
    Сум имала проблеми и на работно место заради тоа.

    Неќам ни да мислам на тој дел, искрено...
     
    На KuklickaSk, Bezimenka90, poppie и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Е од старт заради ова пишав дека е добра темава, ама си помислив во која насока ќе оди дискусијава каква е положбата на раб.место на личности со ваква или слична проблематика. Во земја во која на извештај дека има работно поврзано и стекнато малигно заболување пациентка ја моли матичната да не го известува работодавецот да не добие отказ шта речи, а не заплакати.
    Многу сме далеку од разбирање и прифаќање на разноликоста општествено гледано, а не пак на раб. место.
    Ако немаш грб, а и биди најок во обавувањето на раб. обврски само да се дознае/расчуе за било каква дијагноза од ваква природа ќе те разапнат на крстот. Нажалост.
    После луѓето криеле, се лечеле по гатачи и бајачи, и еве се уште се мислам зошто е тоа така?:?:
    Која дискриминација е ова, уста не ми се отвара на темава...
     
    На Bezimenka90, Biljarkata, hellocity и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Хмм.. немам клинички докажани ментални растројства и не примам лекарства не можам многу да кажам. Но, често имам негативни мисли кои додека работам се потиснати и можеби резултира со тоа да не ми смета да работам и прекувремено. И додека работам многу често знам да мечтаам за да ги избегнам негативните мисли. Некогаш сум толку замислена и работам што кога ќе ме прекине некој да ме праша нешто се нервирам и изгледам збунето. Ова почна веќе да ми смета и не знам како да го сменам. Но, одсекогаш сум имала социјална анксиозност и додека сум на работа тоа доста ми пречи. Затоа додека работам од дома ми е убаво, но во канцеларија треба постојано да се разговара со колеги и клиенти, да се оди на состаноци и тоа ми претставува стрес. Буквално се препотувам. Тамн пред пандемијава како подобро да ми стануваше, се навикнував почнав да удам како да ги контролирам овие ситуации но сега пак од почеток, дури имам малку страв од враќање во канцеларија. Седиме сите во една огромна канцеларија каде што нема приватност и стрес ми е едно обично јавување на телефон додека сите го слушаат разговорот. Исто на состаноци многу пати сум знаеле некој одговор на проблем но не сум била сигурна да го кажам и така пропуштам многу шанси, а оние кои помалку знаат но немаат проблем со зборење го користат тоа, и тоа ми создава нервоза. Од сета таа нервоза и незадоволство изгледам непријателски, чудно, срамежливо, смотано или како да не ги сакам колегите како да сум арогантна, а јас не мислам ништо лошо и сакам да се дружам.
     
    На Biljarkata и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    Да не си во ИТ сектор?:)
    Шега на тешка тема, ама нели за луге во високо технички струки знае да биде чест проблем.
    Јас не сум социјално аксиозна ама сум " интровертен" екстроверт, и интровертниот дел од мене не е 100% среќен со средини каде НОН СТОП се блебета нешто, а екстровертот пак, сака да се дружам и некогаш сум баш амбивалентна..
    Друго ме занима, дали некаде постои во некоја земја закон за complience, за луге со тешки пореметувања но работноспособни, да се прати дали примаат терапија редовно, или за тоа мора судска одлука случај по случај или воопшто не..
     
    На Nightwish11 и ZeldaSF им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не сум слушнала такво нешто, освен ако некој не е ризик за себе и/или другите.
    Доколку не си, не може никој да те натера да примаш терапија.
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Јас пак мислев само јас сум од тие мешаните интро-екстро:lol:
    За ова второво прашање како што имам гледано по филмови имаат редовна контрола со стручно лице и се пополнува извештај за состојбата на личноста.
    Баш вчера загледав еден таков филм The Voices (2014) и ги имаше тие сцени со редовна контрола и надзор, ама филмов не го препорачувам, особено што и јас самата не можев да го догледам до крај:tmi:
     
    На gjoker4e, Nightwish11 и Dentina им се допаѓа ова.
  18. ZeldaSF

    ZeldaSF Активен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2020
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Во филмов вчера што го гледав типот лажираше дека редовно прима терапија. Мислам само згрижени во институција мораат редовно да примаат терапија, ама и таму се подготвуваат за ресоцијализација со окупациона терапија и други методи кои за кај нас се научна фантастика.
     
    На gjoker4e, Dentina и WildMk им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кај нас се' е научна фантастика.
    Колку системски промени се потребни за да се смени нешто, то чудо едно.
    Почнувајќи од широка едукација на неселението, до подобрување на условите за престој во душевните болници, до задолжителен апдејт на медицинскиот персонал со сите нови откритија во медицината, до семинари и едукативни програми за сите вработени во институции кои имаат директен контакт со проблематични однесувања...

    До... дајте нови деца!
     
    На Bezimenka90, Biljarkata, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.959
    Ух, многу надвор ќе бидеме од темата, ама има многу примери на состојби кои релативно успешно се третираат, да ескалираат токму ради свесен престанок со терапија таблетарна. Да не зборувам за психо-социјална поддршка.
    Не знам. На работно место пре очекувам лица со кластер, ухх, заборавив кој беше, значи со нарцисоидни пореметувања на личноста, за кои баш и нема лек како апче, отколку некој со не знам, шизофренија или биполарно нарушување. Единствено ме загрижува можен потенцијал за насилство, секако јас работам со луге, но постојат техники за деескалација, за кои за жал образованието во мк не не подготвува.
    Стоматолог се има десено да заврши убиена од незадоволен пациент , но секако , тука не станува збор за обичен човек кој ете " се изнервирал" од лоша услуга.. .
    Во мк има обичај се да се крие, крие, крие до даске..
     
    На gjoker4e и ZeldaSF им се допаѓа ова.