Прво видов дека нема наслов менувам жена. а што мислите за емисијата, јас искрено ке кажам дека е интересна и дека е либерте, слободна.
Глупа емисија за тупење мозок со селска демагогија. Сељачишта клети се нак*рчиле мислат главни се што ги пуштиле у 30 минутна смешна емисија ... Кокошки бркаат пиз** им матер.. Децава наместо дискавери да почнат да гледаат да се едуцираат, им трујат тоа малите мозочиња со " мењам жену " ... Балканска ни работа
Тоа ти е смо за тие што немаат работа,да го пуштат мозокот на “пасење“ и да не им е гајле.А многу ме нервира кога им ги пуштаат видео пораките па ке почнат да цмиздрат .Па кој ве тераше да се пријавувате бе?Океј е за гледање али за пријавување Не!
Мизерија! Емисија створена за популација ослободена од секакви обрски и недоволно образувана за да сфати дека тоа се чисти глупости! Кој ја гледа: деца кои не знаат да пишуваат битно мењам жену гледаат, баби и дедовци кои немаат попаметна работа и некои од оние теткици кои сем Гранд и пинк друго на тв не пуштаат. Притоа не се вработени истите и најчесто недообразувани. Туку за емисијата да докажам: според мене не вреди потрошеното време на неа. А најглупав ми е делот со сретнувањето... Па тие лигавења, бакнежи леле мори мајко...ко сто години невидени. Па ако не можеш без мажот што бараш да се пријавуваш? Е да, парите пусти...
И тоа 7 дена, или 5 беа , па кога стигнаа да им фалат у п.м, излегле ли тие од дома у животот, рикаат ко недај боже се да им испоумрело...мизерија, беда, немам зборови за ова т.н шоу, или што и да е... Инаку најголем дел од домаќинките го гледаат знаете ли зошто??? Да виделе како им е по дома средено на луѓето... Проста раја, ова ми го кажа комшивка, верна обожавателка и непоропуштувачка на емисијава....крај... А тие па кутри, дома несредено, нечисто, мизерно, наместо да затворат со катанци никој да не ги види, тие на телевизија ќе се покажуваат... Брука, брука... Па кога ќе си дојдат, и која од која по храбро и по одлучно ги кине правилата на таа што била пред неа...абе горди, се подмочуваат, свршаваат у моментот 100%, најголемо достигање во животот... Уф ама сум и наку*чена на емисијава, конечно негде да се искажам Уф
По сеЉачко, здравје. Стопани и домаќинки, така се претставени. Па овој стопанот - ,,чорбаџијата,, демек, требало козата да ја бања сабајле во 5, ама жената мора да стане во 15 до 5 (битен момент), и кафето и топлата ракија да му е на масата, дека нели вистинската домаќица така му правела. Ахам како не, сигурна сум, чешај си го дупенцето. Детиштето се прави фраер пред камера, па нели сите балканци се ококоравени во емисијата, па не сака да се разбуди, па се дере како малоумен по новата мајка.... и на крај станува и не сака да јаде леб и салама, дека претходно јадел нели палачинки и млекце за појадок. Ахам, и на тоа чешни се.... На кој ден таму плачат едни за други, како што вика Енца како да немаат испаднато сами некаде од државата.... и обавезно свекрвицата е стокмена до снајката и ги лепе муцињата, и се гушкаат пропратно. И да, кога се испраќаат се бакнуваат по 3 пати во уста, и снајка и свекрва, и стопанот со домаќинката, и децата со сверквицата.... не се знае кој со кој. Сеир е оваа емисија, што да кажам. И да, разбирам дома да не ти е во последна мода, разбирам и најстар мебел да имаш... ама троа од троа да се одржава бе, зачистено да е. Тука, нееее бе братче, се е така оставено, а кога новава ќе дојде сакале чисто, па не чистела оваа.... па не перела.... демек онаа вистинската ги остави пицнати да мирисаат на ленорче и освежуваче. Емисија што затупува.
Колку ми е проста емисијава, леле мајко. Мислам, се гледа по однесувањето на луѓево, стварно ми е многу мизерно. И србиве многу лоша слика оставаат, не се баш до толку. Ама они си знаат ајде. И со "Прељубници" и со "Се за љубов" и "Свадба за 40 часа". Сите ми се онака простички.
се некои сељаци се пријавуваат на емисијава незнам мене просто ми е многу 6 дена само коа ќе се видат мислиш на пуст остров со години биле раздвоени
Селско,селско многу селско...Не велам дека никогаш не сум го гледала. Ама ајде де,отишле на 5 дена некаде и цмиздрат плачат,во несвест паѓаат А некои пак,она типично сељаче кое продава памет,ОМГ би го истепала да е до мене.Се пријавиле само за телевизија да солат некој памет што и они го немаат,демек фраери.
Мене ова ми се чисти глупости. ГЛУПОСТИ! Емисијава ми е катастрофална и не знам кој бил толку „талентиран“ да го измисли целиот концепт. Јас од утре правам емисија Мењам муж!
А зошто нема и менувам свекрва? Шала на страна, емисијава, плус онаа Прељубници, или како и да беше се еден голем булшит. И што ми е мене гајле кој со кој мењал жена и како таа кука и лелека...Очигледно е дека луѓево си ги менуваат жените за парите кои ги даваат на крај, хм ? Па и сите глупости, кавги со новодојдената мамичка да им ги гледа цела Србија (богами и Македонија). Глупаво ми е, не гледам никакво ''дружење'', ниту пак можност за стекнување нови пријателства на таков, да не речам блесав начин. Не можам да ја сфатам смислата на емисиите од ваков карактер. Не.
По дебилно и по глупаво нешто од ова нема. Одвратно Не можам друго да искоментирам, зашто никогаш не сум успеала да го догледам цело. Кога и да го сретнам на тв, природата ме повикува
Српско сра.е у боја Глупости невидени емисијата ја имам гледано еднаш во мојот живот и тоа кај вујна ми им бев на гости. Несмеев збор да преречам се следеше со 4 очи . После таа тортура го избегавав терминот и кога трае емисијава не одам по гости да не ме стрефи некој шок...
не можам да замислам некоја си таму секаква да ми се појави на врата со цела екипа камермани и да оди секојдевно (не знам колку дена-не пратим) по неа за да направи -шоу- кое утре треба некој да го гледа како таа изгледа кога пие кафе,чисти,се кара со децата и свекрвата и слично. НЕМА ШАНСА! има такви сакаат некаков (неможам да го наречам ни публицитет) и слава со своето село или град... за мене не доаѓа во предвид,за наши простори ова не е,можеби на запад ке им биде нормално но ние тука сме малку поразлични и со други ставови. МОЕ МИСЛЕЊЕ! поздрав
Идиотизам,дебилизам и примитивизам извира од оваа наречи ја "емисија". Типична српска работа,го отупеја веќе со емисии од ваков тип.Прељубници се џвака некако но ова е чиста катастрофа. Дајте некој нека го запали Пинк,ми се смачи веќе од кичот и невкусот што го презентираат .И сите Фарми,Кланици,Гранд пародии,Менење жени и останати глупости.Само човек со мало ниво на интелигенција и природен сељачизам во себе би гледал вакви работи.