Барав ваква тема, но не најдов. Доколку не сте запознаени со терминот метросексуалец, тоа е всушност маж кој претерано води сметка за својот изглед, троши голем дел од своето време во ''негување'' и премногу пари на шопинзи, сè за да би дошол до совршениот изглед. Што би значело дека дечкиве се депилираат, фарбаат, фенираат, некои се шминкат и т.н. Што мислите за ваквите мажи? Дали сметате дека тоа е правилно или не? Дали би ви сметало да бидете со некој ваков во врска?
Немам некое посебно мислење, многу пати имам кажано и ќе повторам - не постои причина за да ми смета некој што си одлучува што да прави во животот. Во својот живот. Секој со своите одлуки и желби. Правилно е доколку ги прави среќни. Не би била во врска.
Тоа што овие мажи се хетеро, а сепак се "женствени" со изгледот и работите што ги прават. Ако сум грешка некој нека ме поправи. А изразот е воведен бидејќи често ги мешаат со хомосексуалците.
Немам ништо против,не ми пречи нека си се средуваат,ама кога ќе видам машко со фул мејкап не ми се свиѓа тоа е у мода сега цел инста ми е со такви ликови.Иначе не би била во врска со таков затоа што јас би била мажот што ќе го чека он да се средува,а јас спремна за 15 мин
Мене би ми било незгодно да бидам со маж што оди на третмани за лице, на депилација, маникири, педикири, чупање и се' останато. Убаво ми е да биде среден, дотеран, ама во рамките на нормалата.
Имам познаници кои се метросексуалци и воопшто не ми смета нивниот изглед, облека и сл. Еден од нив дури и се занимава со шминкање. Нормално се осудувани од околината, кога и да сме излезени не остануваат незабележани и следат погрдни зборови и навреди, ги нарекуваат педери... Но мило ми е што тоа не допира до нив, си продолжуваат по свое, а и мене не ми пречи да се дружам со нив освен ако се подобро дотерани од мене . Ги поддржувам целосно, но се гледам во врска со некој метросексуалец.
Познавам еден школски таков, отсекогаш е бил посреден и од мене. Не ми сметаше воопшто, само тоа што доцнеше ме нервираше кај него. Да се надополнам, не би била во врска со таков.
Еве што е метросексуалец. Метросексуалец може да биде оној кој има негуван,скоцкан и дотеран изглед без разлика на неговата сексуалност. Не ми пречи негувано лице,депилирање или бричење,дури и малку пудра на лице ако со тоа прикрива акни и бубулици и фарбање на косата. Ама ми пречи премногу шминка на машко лице,а повеќе ми пречи претеран шопинг и со ваков не би била. Толерирам умереност.
Сакам мажи што водат сметка за својот излед и својата хигиена. Немам ништо против машките што се шминкаат, фарбаат итн, не знам такви освен еден Ром ( не знам као другачије да го пишам нит име знам нит ништо) што фураше женски фазон малце со шминки со ланчиња со прстени.Не ми сметаат ама искрено не ми се јасни малку, машки шминкер тотално ДА, но машко да се шминка или фарба, искрено meeh ми е малку. Да е во постари години па да сокрие бели влакна (да не е нападно фарбањето) во тој случај да.На татко ми колега така се фарбаше едно време. Али пример чупање веѓи (боље него гајтан веѓа ), депилација/бричење на телото ми се скроз океј. Може ќе звучам малку глупаво (тие што повеќе ме читале ваљда ќе сфатат што точно сакам да кажам), ама мене шминката ми е покарактеристична за нас женските.На пример на машко со брада не иде пудра плус поразвиени се, по мускулести и оп само гледаш црвен кармин на уста .Не знам зашто ама не ми се склопува таа коцка во главата. Уште пробувам искрено да ги ,,прифатам” на некој начин трансексуалците, сега и метрово.Ама работам на случајот
Мм е метросексуалец тогаш ако гледаме така, не се депилира, не се шминка, не оди по салони, али е увек скоцкан, дотеран, повеќе од мене губи време да се среди. И тоа ми е топ. Јас тоа го обожавам што он секогаш мириса свежо, убаво... И секако имам салон за убавина, имам мажи на депилација што доаѓаат. И тоа поштувам многу. Зашто да не се среди. Најмн ради себе се депилираат, едноставно доколку се многу влакнести им смета и тоа поддржувам целосно.
Иам многу познаници, меѓу кои и најбоље другар метросексуалец. Среден као за на свадба секое искачање, со ботокси (естетски изгледа убаво, не е ништо претерано и вулгарно), помазен од мене увек наравно и стварно е типче. Не е исфеминизиран уопште, само си е негуван и поише од шо треба. За искачање се договараме ден унапред, со точно прецизирано време. Така си ги неговам ја живците. У врска да бидам со некој ваков мислам дека би ми се снеарнило психички. Не сум некој влакнофанатик али се знае бе разлика мушко/женско (кај љубавниот тепих обавезно да играат ленти сепак), али нозе и раце? Ич не ми смета. Јас фул шминка носам двапати годишно, на големи евенти, па не би ми било ок дечко ми да е поише makeup lover од мене. Сакам да се јавам, да се договорам за искачање за 2мин и за максимум пола саат да искочам. Така да, јас лично не би.
Сѐ додека не наштетуваат некому не ми пречат. Ако тоа ги прави среќни и задоволни, нека го прават. Најмалку право имаме ние што да им кажуваме. Во врска не би била со таков, but that's just me. Но би се дружела, сѐ додека е добра личност не ме интересира останатото што сака да го прави.
На факс имаме асистент кој се фенира, постојано средена коса од 90% од колешките има, брадата цакум пакум, чевличиња со складни чорапки, ланец, прстења зависно од комбинацијата, мириса прекрасно секогаш.
Јас под метросексуалец не подразбирам некој кој мора да има женствен изглед , туку маж кој посветува време на надворешен изглед, хигиена и сл. Искрено, мене лично многу ми се попривлечни мажи кои се средени и скоцкани, се грижат за себе отколку некои кои изгледаат како од џунгла излезени, сѐ додека личат на машко а не идат кон женствената страна и не се опседнуваат со третмани, депилации и фризури. Секако, не би ми пречело и да се шминка некој доколку сака , да става нокти, тоа си е личен избор и нема што да се мешам ама не би ме привлекол истиот.Само се надевам дека нема сите да почнат така.
Мене луѓе општо што премногу време трошат на надворешен изглед ми се одбивни. И мажи и жени. Не зборам за "женствени" мажи. Туку и за мажи и за жени што премногу време трошат да се до детал средени, па ништо не смее да мрдне, па кај други гледаат и забележуваат какви се, ми се луѓе што немаат самодоверба па многу силно се трудат околу изгледот. Може само моја предрасуда да е ете
Глуп термин и мислам дека ова е веќе застарена тема, зошто да постои збор за некој што се грижи за својот изглед? Па уште поврано со сексуалност, глупости невидени. Мислам и дека терминов некако го потиснаја другиве безброј сексуалности што излегоја, што и тие немаа смисла
Зависи кој тип на метросексуалец. Може маж да се грижи за изгледот без да е феминизиран. Или тоа не е метросексуалец? Застарена е вистина, враќа во 2005.