Здраво девојки,нова сум на форумов...Можеби има ваква тема па ако има се извинувам не проверив.Би сакала да добијам неколку советчиња околу еден проблем. Во мојата населба живее едно момче кое на почетокот ми беше симпатично а сега тотално полудев по него.Го знам од мала,но никогаш не комунициравме се додека не се појави фб и од таму лајкови боцкања..Почнавме и у живо да правиме муабет.Еден ден се договоривме со мојата другарка да излезиме на кафица и го викнавме и него.Прекрасно беше.Он цело време гледаше во мене а јас.... Вечерта излеговме на пешачење и другарками се смува со другарму.Ние двајца шетавме,правевме муабети,седевме,слушавме музика и чекав цело време да направи некој чекор,или да ми рече нешто..Но ништо,само спомна за следната вечер да излезиме со другарками и дртугарму.Ме врати дома и ми рече дека ќе се слушниме.Следниот ден чекав да ми се јави но не се јави.Па му пишав смс дали ќе излезиме.Но на другар му му испаднало нешто и така не излеговме....Девојки,момчево ме освои со неговото понашање од таа вечер,имаме толку заеднички мислења уффф...Но вечерта ме праша дали имам дечко и јас му реков не,што ќе ми е..откако го прашав јас како стои со девојчињава тој ми рече ништо сериозно за сега се наоѓа нешто од ден за ден. Работата е што мене ми влезе под кожа,а мислам дека не ме гледа со исти очи како што го гледам јас него... Девојки,ве молам помогнете ми,главата ми е збркана
Офф..ништо ќе си продолжиш со муабетите ..може да прерасне во нешто повеќе..Сепак коа ќе те праша така за дечко дали имаш никогаш не викај што ќе ми е..одбивно делува..и остај другари другарки треба да искочите сами па да видиш дали има шанси или не..
Не сум девојка, се надевам нема да ти смета . Засега е се ок, смири се на добар пат си . И следен пат не вели што ќе ти е дечко туку дека не си го нашла вистинскиот нешто у тој стил . Машко никогаш не прашува дали имаш дечко тек така, испитувал терен така да следен чекор е вие двајца на кафе или на шетање без другарите. Имаш шанси само не пребрзувај .
Ох,ви благодарам многуууу на ситеее ! Не сакам да останам на другарство со него туку да имам нешто повеќе,и знам дека не требеше да му речам така за дечкото сепак фала многуууу !
Грижа на совест Пред некој ден пишав и се надевам ја знаеете мојата приказна. Епа излегов со тој дечкото и се беше најубаво,убаво се однесуваше но некако дојдовме до еден разговор и ми рече дека не сака никој да знае за нас! Јас ништо не реков..Следниот ден не ме побара а ни јас него многу нормално.Денеска ми пиша,зошто не му сум пишала бла бла бла...а згора на тоа братучетками во минатото излегувала со него.И пред неколку месеци повторно излегле..Толку ми е неубавоо ми иде да се самоубијам ! Ме јаде од внатрее..што ако дознае?што после???? Таа нека ми прости,Господ нека ми прости зашо ја неможам да си простам...:\ Девојки ве молам помогнете мии неубавоо се чуствувам...Не требаше да излезам со него знам !!! ама.........незнаев дека пред неколку месеци излегувале повторно..но тоа било само два пати.........ПОМОШ !!!!
Аман бе ти не си знаела дека излегувале ...што има толку за простување си мислиш којзнае што сте направиле..Ако ти е неубаво да одиш со него знаејки дека одел со братучеткати не оди...И плус тој нема сериозни намери чим ти вели дека не сака да знаат за вас ..Сепак тоа е мое мислење.. Поздрав и пиши што си направила
Зошто никој да не дознае??Штом не сака никој да знае сигурно има нешто. Слушај не е ни прв ни последен.... Машките знаат и ѕвездите да ни ги симнат само за да го добијат тоа што го сакат.Не му верувај толку многу. Мој совет е зборувај со братучеда ти и кажи и, сигурна сум дека ќе те свати, сепак не си знаела за нив двајцата.Мислам дека таа најдобро може да те посоветува- го знае подобро чим излегувала со него во минатото.И тоа исто така ти е шанса да видиш како таа се чувствува за оваа ситуација..ако таа сеуште има чувства кон него мислам дека треба да го оставиш.Ќе има многу други момчиња со кои ќе ти биде уште поубаво.
Знам дека сум малце офф и не сум ни модератор ни ништо , ама не свакам зошто отварате посебни теми за секој проблем кога има тема Љубовни проблеми? Ок нема везе , по ова што го читам ми личи како да сака само да те смува, или како да има нерасчистени работи со некоја бивша...Ако не е така зошто тогаш да се криете? Поразговарај со него и прашај го на што сте и дали те смета само како другарка или сака и нешто повеќе.
Aман де ти не си знаела дека излегувале...A ако ти е толку тешко разговарај со твојата братучетка и објасни и. и јас мислам дека немал сериозни намери чим ти велел дека не сака знаат за вас..но сепак тоа е мое мислење..позз и кажи што си направила