1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мидер или појас за затегнување после бременост?

Дискусија во 'Бременост' започната од nevesta, 27 јуни 2013.

  1. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Дали користевте мидер или појас, дали се ефикасни, некои да препорачате- од каде ги набавувате и сл. ?
     
  2. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Јас користев мидер.Значи од самото доаѓање дома(после пораѓајот) па се до 40 дена го носев нон стоп,а после тоа поретко го носев и морам да се пофалам дека ни с од стомак немав,ми беше рамен исто како и пред да останам бремена.
    Инаку можеш секаде да најдеш мидер...обично каде што се продава долна облека таму има сигурно.
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Баш вчера пријателка ми го спомна,....има време до тогаш.
    А и како што ќе се породам зимно време, таман нема склет од жешко да ми биде.
     
  4. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    а што е разликата меѓу мидер и појас? мене некако појас повеќе ми фаќа окце, да ми стега само стомак, уште и доле да ме стега и умирачка поготово на пеколов .... :wasntme: и што е поефикасно ? слушнав дека наводно мидер било за оние породени царски, а појас за оние природно што се породиле :^) ?
     
  5. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Нема врска...мене повеќе ми се свиѓа мидер ми се стегаат и бутките (има мидери со кратки ногавици и мидери како гаѓи) инаку природно сум породена
     
  6. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    не знам каков да купам, се мислам да купам откако ќе се породам ама па тогаш нема да имам кога да го купам ..... што да правам ??? не знам каков модел, и не знам кој број,не знам колкава ќе бидам- не сум мн голема и поправена и проширена, а појасот каков е на лепенка ? ако е на лепенка ондак не е битно колкава сум, секако ќе пасира?!
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Јас кога се породив т.е. првиот ден откако не пуштија дома си ја пречекав нели патронажната сестра, и ја прашав за мидер или појас сеедно,од кога можам да почнам со користење. Она МИ ЗАБРАНИ да ставам во првите 2 месеца од породување, ми рече дека тоа биле ,,бабски,, методи кои сега медицината не ги дозволува, бидејќи тие 2 месеца матката си контрахирала и си се враќала во првобитна положба а со стегањето сме правеле вештачки притисок и не сме и давале на матката слободно да контрахира. Ми рече дека доколку го спречам процесот на контрахирање може да си направам проблеми со самата матка. Со мидерот вика ќе ти се стегне ,,можеби,, мешето но проблемот е внатре.
    И јас се преплашив, некако ептен строго ми го кажа ова, ми рече ,,НИКАКО,,во тие 2 месеца. Не ставав мидер, почнав од третиот месец но мало мешенце ми остана. Сега кога ќе ставам мидер не ми се ни познава мешето ама на голо ми се гледа. Сеуште незнам дали е добро што ја послушав или не, ме нервира ова меше, ама ете сега се ставив на диета (иако не се здебелив ич во бременоста), ослабев 7 кила плус а и почнав со вежбање па ќе го стопам мешево ама мислам дека многу лесно ќе поминев ако си ставав мидер од сам старт.

    Ја отегнав со пишување ама сакав да споделам со вас, па вие ќе си одлучите што ќе си правите и секако препрашајте си, може оваа мојава трескаше глупости :lol:
     
    На YasMazza му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    :o :o :o :o гарант трескала :lol: ќе си купам па нека стои нов па послепородување ако треба ќего сменам! уф конечно се решив што ќе правам :rock: :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    silk не се глупости, во право е. Мене и гинекологот ми го кажа истото, со тоа што за царски + и не се вежба првите 6месеци.
    Јас сега почнав со мидерот(пред 2месеца), и супер се чувствувам, + диета, мора да се вратам во нормала. Инаку за мешето не се вознемирувај, цело човече имало во него, па биди спремна година-година ипол да ти се познава . Среќна си ти што е само малку, да ме видиш мене , жива катастрофа. Од никакво меше сега имам мешиште :worried:
    Ќе си се собере, но му треба време, знам, ама ајде де како да дочекам кога сакам уште сега да се пикнам во старите алишта :x
     
    На YasMazza, galapce и silk им се допаѓа ова.
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Јас се породив природно па не ни носев ниту мидер ниту појас за затегнување :)
     
    На YasMazza му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    И јас исто така си купив мидер пред пораѓај ама многу ме стегаше 2 пати го облеков само и толку, повеќе не го облеков, после 40 кога престанав и да крварам, кога отдов на гинеколог на еден општ преглед, таа сама ми кажа да не носам ниакков мидер ниту појас, дека до 6 месеци не се препорачува ниакко затегање на стомакот баш заради матката да не се затегнува вештачки туку треба по природен пат да си се затегне и така јас не сум носела ништо од такви работи и ете стомакот ми е ист како и пред пораѓај, јас и безтоа си имав качено некои 5 кг пред да останам бремена и таман решив тогаш да почнам да слабеам за да си се вратам на старата ЈАС, останав бремена и до ден денес таква сум, еве се трудам да се придржувам кон исхраната, времето исто така си го прави своето, нели потребно е од 6-9 месеци да се среди телото како што си е било пред бременоста и јас и верувам во тоа, гледам дека постепено по маааалку веќе си доаѓам на себе, ми останаа уште 5 кг до старата килажа, така да тоа е тоа, само трпение и упорност и ќе се реши се, девојки ;)
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.546
    не ми е јасно ако не се везба првите 6 месеци тогаш тие супер моделите како можат да вежбат и пак да дојдат до својата форма ???? :?:
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Јас носев мидер после породувањето, стомаче си имав и пред да останам бремена, и сега си го имам. Повеќе го носев за да не ми тежи стомачето на раната (се породив царски). Така стегната ми беше многу полесно да се движам и да си ги извршувам секојдневните обврски. Го носев првите два месеци, после фати жешко и го баталив. Можеби требаше и понатаму да го носам, не знам. Како и да е, за враќање на органите во нормала после царски, во болница ти ставаат вреќа со песок на стомакот. Плус, доењето помага за враќање на матката во нормала. Се чувствува тоа, особено првите денови после породувањето.
     
    На Bufi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Станува збор за царски рез, не за обично породување. Ти после таква операција нема да можеш да работиш по дома месец и пол, а камо ли да вежбаш.

    А за моделите, со природно породување.. епа со тие пари да има бебето кој да го нишка, а јас да имам пари и да се хранам со најдобри намирници, па да си платам и тренери, масери и козметичари, епа и јас така ќе изгледам :D Мада, често станува збор за гени и метаболизам. Братучетка ми после 3 месеци изгледа како топ модел а нит вежба нит ништо. Носеше мидер само 1 месец и толку.
     
  15. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.557
    срцка прати слика да видиме каков си купила, секако ако не е проблем, дека снајками е бремена
     
  16. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    [​IMG]
    еве ваков купив од Стружанка, 550 ден. бел, величина с/м :) чувам фискална во случај да треба да го мењам.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    По колку дена од пораѓајот почнавте да носите мидер?
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Кога ќе си се осетиш спремна.
    Зависи и каков пораѓај ќе имаш, ама тебе милион посто нема да ти треба, без грижа ;) Ќе истрпиш месец дена, и ќе биде како нова.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Jas nema da koristam ni mider ni pojas bidejki stomak nemam sto mnogu se raduvam ista sum kako porano
     
    На Beautiful-Princess и Agrona им се допаѓа ова.
  20. mila25ve

    mila25ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    1.090
    Пол:
    Женски
    породена сум пред 15дена и речиси уште одма стомакот ми се врати во нормала и немам потреба од мидер ниту појас, малку килограми качив за време на бременоста се што јадев идеше кај синко па затоа сега немам ниту стрии никаде ниту пак стомак пак сум си истата како пред да останам бремена