Мизантропијата преставува генерална омраза, недопаѓање, недоверба или непочитување на човечкиот род или човековата природа. Мизантроп е некој кој има такви погледи или чувства. Потеклото на зборот е од грчките зборови misos (омраза) и anthrōpos (човек). Оваа состојба најчесто се помешува со асоцијалноста. Дали чувствувате омраза кон човечкиот род, генерално, независно од причината? Или дали би можеле да го мразите сопствениот вид и поради кои причини ?
Јас не сакам луѓе. Емотивно и психички се слаби, потклекнуваат под влијанија, припрости, слепи пред вистината, не поднесуваат подобри од себе (во било која смисла) припадници на истиот вид... има многу што да се пишува. Порано бев порадикална, сега не се замарам толку. Не е убаво да се оди во крајности. Ама се уште, ретко кој ми се допаѓа.
Незнам дали повеќе не ми се допаѓаат или од сопственото искуство, повеќе сум разочарана. Но секако не ги мразам. Само што ретко среќавам некој кој ќе ме заинтигрира или орадости.
Генерално, не сакам луѓе. Не ги мразам, ама не ги ни сакам. Ако можам да одберам, а можам, би избрала да се социјализирам со животни. Имам тесен круг на пријатели и ретко сакам да излегувам подалеку од тој круг. За некој да ми се допадни како индивидуа ми треба премногу докажување, места со многу луѓе ми се тортура. На прв поглед, поголеми се шансите некој да не ми се допадни, него да ми се допадни. Не знам да мразам, доколку би можела да мразам некој или нешто, тогаш можеби и би била Мизантроп. Среќа не ми е толку грижа за да можам да мразам.
Мое мислење е дека некои луѓе (обично многу свесни и самокритични) престрого и радикално се дефинираат себеси како мизантропи, а не се тоа. Кога е во прашање избегнувањето социјална интеракција, причината почесто е затвореност на личноста по карактер, уживање во самотијата, можеби и социјална анксиозност, awkwardness - а не омраза. Додека пак, силните негативни чувства кои ни ги предизвикува сознанието за некои ужасни особини и постапки на луѓе околу нас и низ цел свет, се повлечени и од емпатија кон други луѓе кои се жртви на истите, така што пак не може да се нарече омраза кон цел човечки род. Ако не поднесуваш и мразиш зло, дискриминации, насилство како глобална појава меѓу дел од човечкиот род - за мене не си ни мрчатор, а камоли мизантроп... и не мразиш луѓе, туку нелуѓе и нивните постапки. Омраза и тоа кон цел човечки род е друго нешто, и е проблем најпрвин за самата личност што се полни со такви општo негативни мисли. Барем јас така гледам на работите
Јас бев ванаби мизантроп, мизантроп-позер, фејк-мизантроп. Еден период сакав да се доживувам како таков ама попусто е, неам таква генетика ваљда. Сега само презирам наметнати колективни идентитети, нивни припадници и особи кои ги голтаат тие срања. Хомо-сапиенс-сапиенс е таков каков што е, има секакви крајности, од феноменални фаци како Е.А.По кои имаат моќ да ја пренесат екстатичноста, доживувањето, перцепцијата да ти ги пренесат како и сам да си ги доживеал, да опишат ствари на таков начин, има поединци кои спасиле милијарди луѓе, кои придонеле кон прогресот...а има и екстремно дно, психо и социопатија, тупавост и заостанатост. Ете на другата тема за одење војска имате морбидни ликови кои убедуваат колку е фино да се умре за нечиј интерес. За добро или за лошо, не се идентификувам како член на наметнат колективен идентитет, немам емоции кон замислени ентитети и непостоечки вредности, ама тоа се некои други теми. Не ги идеализирам ни животните пошто се такви какви што се, каква интеракција ќе оствариш со папагал или мачка, не им придавам човечки епитети и вредности, глупо ми е. Сепак највредните работи може да ни ги даде само човечко битие, никакво животно предмет или бинарен код, да се сака и да се биде сакан пример, или да се слушне песна која ќе те изремети до крај, било што...а тука лежи и ризикот
Има моменти кога го мразам целиот човечки род.. на пример кога ќе видам некој како ги малтретира животните.
Сто посто некој кога го читал воведот, му текнало на мене... И мене ми текна прво на мене. Ама, јас не сум мизантроп, туку само мразам луѓе... Значи, не сите и не секогаш... У глобала, не мрзам никој, едноставно не ми е гајле. Не знам како да се искажам, еве Спешлка убаво дочарала...
До толку забега нашиов род што и оние малку кои ги задржаа барем основните морални и човекови вредности не е за чудење ако ги мразат останатите.
Не ги мразам, ги гледам како брзак и свесно или не - ги заобиколувам, пошто цел живот не научив прифатив да пливам.
Познавам некои луѓе кои што се wannabe мизантропи кои се убедуваат дека го мразат целиот свет! А уствари само сакаат некој да ги сака, емоционално се оштетени, не почувствувале доволно љубов па сега мислат и дека не треба да даваат.
Мизантропи можат да бидат само емотивно неисполнети луѓе. Или од очај да се претставуваат како такви. Човек кој почувствувал љубов не може да мрази. Или, би рекла, и песимисти можат да се мизантропи, луѓе кои ја гледаат само лошата страна, во случајов лошата природа на луѓето.
До кога ние мизантропите ќе бидеме дискриминирани и негирани во општеството? Или се зборува дека сме биле психопати, или наводно не постоиме.
Не ни знаев дека постои вакво нешто. Мислам да си го мразиш својот вид? Несфатливо ми е. По природа доста сум дружељубива и на секого му давам шанса да се запознаеме. Поновите познанства или ете поскорите да речам ми се повеќе вистински. Старите, па ете да речеме сега дознав кои се всушност пријатели не вистински туку само пријатели, не се во голем број за жал. Ама никогаш не сум мразела никој човек. Само не сум чувствувала ништо кон него. Ама тоа е друга работа. Доста понормална од оваа мизантропија.
Јас не сакам никој ! Сите ги мразам ! Не можам да ги поднесам , ме прават нервозна ! Јас сум самоЖивник , можам да бидам сама цел живот , нема никој да ми недостига ... Некогаш знае емотивноста да ме омекне но за кратко време ке се стабилизирам и све е под контрола
Искрено, не дека ги мразам туку не се замарам за луѓево во околинава. Поради такви искуства што сум имала во животов едноставно си сфатив дека немам потреба од луѓе околу мене. Цел живот сум опкружена со љубоморни психопати со што конечно сфатив дека вистински пријателства не постојат. Имено, ова го дознав кога почнав на факултет. Реално луѓево не ценат ништо што правиш за нив, ако имаат шанса „ште го попапаш“ Ретки се оние со кои имам слични ставови околу многу животни прашања. Не сакам оговарачи, лижачи, луѓе кои газат се пред себе за стигнат до некоја мизерна цел, нарцисти без потреба, педофили, луѓе кои малтретираат и убиваат животни, суеверни луѓе... Во глобала луѓе со кои не можам да се разберам и не сме на иста бранова должина. Во денот и да не разменам со никого ни еден збор не ми е проблем. Не сум баш муабетчија по природа. Во средно имав доста големо друштво ама од никогаш ни тие не ми се свиѓале Среќа, со дечко ми ги имаме истите ставови околу „луѓе“ и „нелуѓе“, па функционираме.