Мизар е македонска рок група формирана во 1983 во Скопје, од членовите на групата: Горазд Чаповски (гитара), Ристо Вртев (вокал), Илија Стојановски (бас гитара) и Панта Џамбазоски (тапани). Името на групата, Мизар, на арапски јазик значи, ѕвезда водилка која на патниците им помага да не се загубат во пустината. Историја Самонасловениот деби албум „Мизар“ бил снимен во 1988, со тогашните членови на групата: Горан Таневски (вокали), Горазд Чаповски (гитара), Борис Георгиев (тапани), Сашо Крстевски (бас гитара) и Катерина Велјановска (клавијатури). Продуцент на албумот бил Горан Лисица-Фокс. Албумот го донел незаборавниот хит „Девојка од бронза“, а освен сопствените песни, на албумот се нашла и преработката на македонската народна песна „Зајди, зајди“, на албумот насловена како „Златно сонце“. Покрај ова, групата сними многу демо-снимки, а некои од нив се мошне различни од студиските, како на пример пократката верзија за "Градот е нем", која за разлика од студиската, е снимена само на Македонски јазик. Во 1991 следел вториот албум „Свјат Dreams“ кој ја донел необичната обработка на "Sweet Dreams" од Јуритмикс, обработката на народната „1762 лето“ и песната „Дом“ на Ристо Вртев, првиот пејач на Мизар, денес лидер на Архангел. По снимањето на албумот, групата ја напуштил пејачот Горан Таневски, кој бил заменет од пејачката Нора. Со Нора е снимена и последната песна на Мизар - "The Fog", која всушност претставува преработка на песната "Магла", од првиот албум. Кон крајот на 1991 престаналаа со работа. Тогаш, Таневски се посветил на организација на концерти, Каевски ја обновил својата група Cyborg, a Чаповски заминал за Австралија каде што во 1993 ја основал Кисмет, продолжение на Мизар. По објавувањето на неколку албуми, Чаповски во 1999 се вратил во Македонија и продолжил да работи со Кисмет, кој заедно со него, бил сочинуван од Илија Стојановски (бас гитара) и Стефан Поповиќ (тапани). Тие го поттикнале снимањето на дискот „Tribute To Mizar“ (2001) на кој песните на Мизар биле обработени од македонски алтернативни групи како: Ден потоа, Синијак, Music Makers, Ataraxia, No Name Nation, Мајаковски, Brainless Genius и други. Lithium Records во почетокот на 2003 на компакт дискови ги ре-издала првите две плочи на Мизар, дополнувајќи ги со претходно необјавени демо и концертни снимки. Второ откровение Во почетокот, групата била повеќе ориентирана кон рок музиката. Но, во 1985, на местото на Ристо Вртев како пејач дошол Горан Таневски, а како клавијатурист Слободан Стојановски. Истата година снимиле неколку демо песни и тргнале на југословенска турнеја заедно со Laibach и Disciplin a kitschme. Со таа промена го промениле и стилот, и под името „Мизар-второ откровение“ нуделе музика базирана на старословенското пеење, македонскиот фолклор, византиската традиција и дарк звукот. Трето откровение Во 2002 се родила идејата за повторно собирање на групата поради спектакуларно службено збогување, и наскоро се собрале под името „Мизар-трето откровение“, при што ги збрале сите музичари кои во различните фази доаѓале и заминувале од групата. Во почетокот на 2003 го објавиле синглот „Почесна стрелба“ кој во многу кус период ги срушил сите рекорди на популарност. Албумот „Кобна убавина“ го снимале од јануари до јули 2003, во студиото Тралала, под продуцентската палка на Горазд Чаповски и Горан Трајкоски, а е мастериран во љубљанското Метро, од страна на Јанез Крижај. Во 2010 Мизар издаваат нов албум насловен како "Детето и белото море". Албумот е составен од 10 теми со мотиви од македонската милениумска звучна традиција збогатена со старословенсо пеење, македонски фолклор, византиска традиција и дарк звук. Албумот е создаден со еден нов различен состав во кој всушност само Горазд Чаповски е еден од оригиналните членови ма групата, а покрај членовите на рок составот, во креирањето на албумот учествува и македонскиот византиски хор „Хармосини“. http://www.youtube.com/watch?v=x6e2SYZm ... ntrinter=1 http://www.youtube.com/watch?v=aUEVECAz ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=bmernq46 ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Dus8yJ2HCu8 - мојата омилена
МИЗАР Ми се допаѓа оваа група заради оригиналниот звук кој го имаат и убавите настапи во живо, од нив најомилени песни ми се овие: http://www.youtube.com/watch?v=PWCocxKHr8w <--- Најомилена ми е http://www.youtube.com/watch?v=aUEVECAz ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=bmernq46 ... re=related <---- оваа песна е посебна, особено кога ја слушам на слушалки се ежам. http://www.youtube.com/watch?v=dZ5akpOtVRg
Како е можно да нема многу одговори во темава? Јас ги обожавам! Ми се допаѓа тоа што се различни и без разлика дали е чудно, мене нивната музика ми е исклучително топла и волшебно убава. Омилена песна ми е Јуда, ама веќе е постирана па да не се повторувам. http://www.youtube.com/watch?v=WOcJOo4LYuE http://www.youtube.com/watch?v=ItcEf0ONLJk http://www.youtube.com/watch?v=yl1Lg9W40LM
Пораснав со Мизар и нивните песни ми се чиста прекраснотија. Омилен албум ми е Поглед кон цветната градина, 2007. Омилени песни ми се Глас и Et si tu n'existais pas. Кога ја слушам првата ме обзема некое чудно, ама прекрасно чувство. Долго време мислев дека во делот: Во моите мисли, зборови, шепот, глад. За твоите усни, твоето тело, страв. на крај стои страст. И двете совршено ми се поклопуваат во текстот. Другата.. my lullaby. Знам дека е преработка и искрено, Дасин може вода да им носи за истата. http://www.youtube.com/watch?v=qDu8QfDbVjw http://www.youtube.com/watch?v=X2JCcgmjJTw Други сакани песни ми се: I have a dream, Сина соба, Поглед, Во мојот сон, Девојка од бронза, Ден, Почесна стрелба и Ова не е мојот дом. Гледам ги немате постирано, па ви препорачувам да ги чуете сите. Нема да зажалите.
Краткометражен документарец за групата која ги одбележа средношколските години на многумина од нас. За почетоците на „Мизар“. Убави времиња беа тоа...