Во последниве години почнаа да се доста актуелни мини веб серијалите, кои најчесто ги има сите епизоди на youtube каналот или на некоја веб страна. Се работи претежно за кратки епизоди, од 5до10минути, и не голем број на епизоди. Самото име кажува дека се достапни само онлајн, значи не се прикажуваат на ни еден телевизиски програм. Дали ги гледате? Која ви е омилена мини веб серија? Додуша ние како што сме затуцани и се мораме да гледаме онлајн и да симнуваме од нет, ама сепак се работи за посебен вид серијали, кратки со јасна порака на крајот на секоја епизода. Доста се концизни, нема околишење и безпотребни сцени и дијалози. Јас досега имам гледано само полу-тинејџерски и лесни, но баш би сакала да најдам мини веб серија од друг жанр.
Не сум посветила големо внимание всушност, сега кога ја видов темава баш се заинтересирав да побарам некоја. Пред доста време пратев The Guild главно поради Фелиша Деј, меѓутоа и тоа кратко траеше. Сега видов дека има некоја со Миша Колинс, ќе си ја пуштам
Онаа со Adult Wednesday ми се свиѓа Како демек пораснало девојчето од Адамсови и таква морничава ги вади сите од памет, и што знам интересно ми е
Еееее и јас ја гледав, и нешто и направиле сега проблем со копирајт. Ми недостига, морничаво и смешно ми беше во исто време.