Здраво . Дали некој ќе може да ми објасни за минусна плата и се околу тоа ? Услови за користење, висина на каматна стапка, потребни документи за поднесување и.т.н.. P.S. Плата земам преку Комерцијална банка.
Ќе си одиш во банката и ќе си поднесеш барање да ти дозволат минус од една, две плати (или повеќе, не знам колку е ограничено), тие ќе ти ги кажат условите, што документи треба (ако треба), и дали ќе ти одобрат.
Во план ми е да земам минусна плата и да ја извадам цела наеднаш.... И од следниот месец кога на сметка ќе ми стига редовната плата ако ја вадам цела ќе плаќам ли камата и на тие пари? Може ли некој поубаво да ми објасни ?
Зависи од банката,но мислам дека две твои просечни плати ќе имаш дозволен минус. Кога ќе ти стигне плата,истата си легнува нормално,а на одредена дата (најчесто е 1 во месецот) повлекуваат пари со некоја незначителна камата. Доколку има некој поупатен и не е вака,слободно нека ме поправи
Дали се плаќа фиксна каматна стапка секој месец или се плаќа камата на подигнатите пари? Јас планирам минусот наеднаш да го потрошам.И како ќе ми се движи каматата понатаму?. Може некој да ми објасни?
Девојки, некоја со искуство ако сака да ми објасни, ми треба да подигнам две плати однапред. Ако одам две плати во минус, дали после на секоја наредна плата си повлекуваат по малку од средствата, како оди после враќањето?
После секој прилив нормално си подигаш средства, системот памти дека си две плати во минус. За таа " услуга" банката си наплаќа месечна камата која доспева на крај на месец.
Па те така нема да ја вадиш целата плата,ќе оставаш пари колку можеш. Ама има камата да знаеш. Инаку не се враќа на рати,туку колку можеш толку оставаш. Само не знам дали има рок. Кај маж ми е рокот една година откако поднесе за минус плата
Za ova treba da imash limit na karticata, se potpishuva vo banka. Se pravi dogovor i mozhe ke ti odobrat limit, zavisi kolkava plata zemash itn. I da, na vakvite "krediti" kamatata im e mnogu visoka. Konsultiraj se so banka dali da zemesh potroshuvachki kredit ili od kartica.
се одобрува на 12 месеци, со можност за автоматско продолжување. Кај мене е активно преку 10 години. И кога ми е полно ми е активно, но во тој период нормално немаш никаков трошок. Не се одбиваат рати... Можеш буквално следната платс да ја подогнеш цела(намалена за каматата). Па кога ќе можеш во некои месеци да си одлучиш ти колку да оставаш.
Јас преку стопанска имав извадено 2 плати во минус и камата имав по 200 и нешто денари месечно а ги вратив минатиот месец со уплата на целосната сума