Форумџика на годината

Мириси од храна во стан

Дискусија во 'Дом' започната од xyz1098, 22 јануари 2025.

  1. xyz1098

    xyz1098 Нов член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Кога готвите во стан во зима, како ги отстранувате мирисите од храната, особено од месо, од кромид и од зачини, и како спречувате да ви се упијат во облеката?

    Кога е потопло времето и помалку загадено, може да се луфтира, но во овој период од годината, не е соодветно решение, особено ако не излегуваш веднаш по готвењето и би требало да седиш дома во ладниот и загаден воздух што го пушташ внатре.

    Мислам дека најголем проблем е упивањето на мирисот од храната во праната облека што се суши. Тоа што го носиш додека готвиш можеш веднаш да го фрлиш за перење, ама исто така се умирисува се што си перел од цела претходна недела. Преку лето се суши за неколку часа, а во зима по два-три дена, ем затоа што е поладно ем затоа што е подебела облека, и има доста време да упие мириси од храна, кои потоа не се губат, и откако облеката ќе отседи повеќе дена здиплена во плакар. Можеби не упива доволно за да им мириса на другите, ама доволно да ми мириса мене и да се нервирам од што постојано мирисам на храна. Не бива без готвење три дена откако ќе се испере вешот, а немам ни доволно простор да ја селам облеката што се суши каде што нема да има контакт со мириси од кујната.

    Во постарите станови, барем кујните имаат врати да се затворат, и има прозори или тераси веднаш до шпоретот, а во поновите, сите соби се споени во една хаотична просторија и нема ни прозори ни тераси во близина на кујната, така што насекаде се шират мирисите од храна.

    Најдобро решение е мислам да се готви нешто што не баш испушта мирис и повеќе да се пече во рерна, каде што мирисите остануваат заробени, а помалку да се пржи.
     
    На Antebellum и Angie1432 им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Е ова мене во стан ми беше голем проблем. Конкретно ја забележав разликата од стар во нов.

    Старите се далеку подобри и попрактични. Некако во новите што сакаш стави, пак мириса. Единствено решение ти е собата кај плакарите да не ја отвараш воопшто, барем таму да не влегува. А ако ти е сето на едно место нема решение. Што сакаш прскај, нема спас од мирисот.

    И секако, малку повеќе ми се смени мислењето околу старо наспрема ново. Исто така приметив дека постарите згради имаат подобар провев, а поновите не.
     
    На Mumoftwo30, Antebellum и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  3. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.659
    Пол:
    Машки
    И кај мене е така, кујната е споена со дневната, а станот е мал.
    Тазе испраните алишта ги ставам на сушара и ја префрлам во другата соба и стојат таму додека не се изветрее миризбата.
     
    На Mumoftwo30 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. stefanija70

    stefanija70 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2014
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    970
    За мене лично ова е голем проблем. Кога се вселувавме го преправивме станот со тоа што ја поместивме малку кујната до првиот прозор, а без драстично поместување инсталации и ја преградивме комплетно, т.е ја направивме како мала посебна соба со врата и прозор и сум многу задоволна од решението Но, она што ми падна во очи е дека наидов на комлетно неодобрување на сите околу мене :) Прво архитектот со кој ги правевме измените, уште во фаза на изработка на цртежот ми рече дека сум заглавена во минатиот век и дека правам спротивно на модерните трендови на уредување. Следно, мирисите се решавале со аспиратор (што апсолутно нема врска, помага аспираторот да, ама не прави чуда и пак си мириса). Визуелно сум ја скратила дневната (кујната иницијално беше дел од дневна), што е точно, меѓутоа непрактично. И на крај и од постари лица - а па тебе што ти смета мирис на храна, тоа е вистинскиот мирис на домот. И така... Јас си го истерав своето, пак ќе кажам, вака ми е милион пати попрактично, комбинација од згараден простор + прозорец + аспиратор и на раат сум. Не можам да замислам мирисот на храна да ми е по цел стан, па се и да излуфтираш, се умирисува гарнитурата (и да е текстил, и да е кожа), па и кога не се готви тој мирис останува. Е сега, кај нас беше некако изводливо со оглед на позиционираноста на кујната и мало поместување, но има станови каде што кујната е на спротивниот ѕид и оди па преправи... Поместувањето на инсталации е најголем проблем. Или пак кујна+дневна, долга а тесна, кујната на најтесниот ѕид и најоддалечен од прозорецот, ма да се чудиш. Мило ми е што се отвори ваква тема, на толку негативни коментари што ги добив кога го преправавме станот стварно почнав да мислам што со мене не е во ред :)
     
    На Mumoftwo30, Lavender13, Waverly Raven и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Rozevata

    Rozevata Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2024
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно една од одлуките кога се решивме да зимаме стар стан. И не зажаливме. Многу подобро распределени соби, оделена (не целосно ама со прозор) кујна. Буквално немам мирис низ станот, а имам готвено се'.

    За совет ќе дадам само да се отвара прозор макар после готвење да искочи миризбата, а алиштата секогаш да се прибрани или да се сушат во друга соба. Така прават мои блиски па се функционира некако, скроз ја разбирам маката.
     
    На Cosmic Girl, Anyshka и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Со ваков став се сите, ама стварно не помага. Го имам оставено и отповеќе да работи, демек ќе го снема мирисот. Супер што си преградила, на крајот е битно да е средено и си без мириси. Јас лично не гледам практичност со отворена кујна и дневна (освен ако нема дополнителен прозор или во близина тераса). А ако пример има прозор и/или тераса на другиот крај на собата нема шанси да излезе во целост мирисот.
     
    На Mumoftwo30, Cosmic Girl, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    134.562
    Главна причина зошто не сакам стан. Живеам во куќа каде што имам на две места големи прозорци во кујната и немам аспиратор. Никогаш не смрди. Кујната е посебна соба од дневната, оти живеев по станови кај што е заедно, тоа е ужас. Мене ми е проблем само косата, алишта си имам за дома, престилка, и тоа оди на перење.

    Е мразев и веце без прозор. Абе како може просторија без прозор?! Па уште аспиратор, па брмчи... Стан ти е како казна. Освен голем, широк со куп прозори.
     
    На Angie1432, Rozevata и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.067
    Пол:
    Женски
    И аспиратор не помага многу, може само за пареата, за миризбата нема шанси.
    Кога правам манџи не мириса толку, ама ако пржам нешто мириса.
    Имам и прозор и балконска врата во кујната и плус во дневната трокрилна врата, ама друго е кога е топло да ми е цел ден отворено, друго е сега зимно време и со загадениот воздух, отварам малку сабајле.
    Затоа ако пржам нешто што многу мириса на пример праз, риба, пржам во летната кујна, таму си имам се' од зачини и алишта само за тоа, и не се работи за она "само македонец дава 3-4.000 евра за кујна, а не ја користи", и таму ми е нова кујната само не ми е медијапан, туку иверица.

    Мене многу ми е полесно што ми е споено се' со дневна и трпезаријата, ама немам плакари во дневната за да ми се умирисуваат перените алишта, само комода, спалната ми е подалеку од кујната и не ми се умирисува таму за среќа.

    Ама подобро е во старите станови, кај роднини што седат во стан така беше порано кујната одвоена со шибер врата, сега откако реновираа споија дневна и трпезарија со кујната и баш си правиме муабет дека кога им била кујната одвоена и тоа без аспиратор по не мирисало.
    Сега некој ќе каже јадење е, ама ај пржете риба, после не може да се излуфтира.
    А за во купатилото кога реновиравме ставивме поголем прозор плус аспиратор, летно време кога се бањам не го пуштам аспираторот дека се бањам со отворен прозор, ама зимно време пуштам аспиратор за пареата и откако ќе се избањам отварам малку прозор.
    Не сакам купатило без прозор.
    Некаде и во постарите станови има прозор.
    И пред да коментирате "јадење е тоа, прав дом треба така да мириса", мене лично ми смета тој мирис, сакам дневната да ми мириса на убаво, не на кромид.
     
    На Snowflake97, anggell, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    @Anyshka единствено од варење јајца или макарони не се умирисува. Еве членот најгоре, уште во првото мислење предложи да се користи повеќе рерната, а помалку да се пржи (кога се нема како, немаш пример опција прозор и сл.). Не го гледам ова како трајно решение. Можеби затоа треба најубаво од почеток да се гледа кујната. Зашто еве пример колку и да печеш, пак не можеш цела година да си само на печени јадења.

    Како што сум фан на пржени тиквици, пиперки, летни манџи, нема шанса да се поштедам од такви убавини. Така да, првото нешто што ми е најбитно е кујната. Ако треба само да ја имам ради-реда ич нема ни да влезам да готвам. Мислам дека од тие мириси ми се одмилееја општо становите (често приметував и мириси по ходници - не на храна, воопшто лоша миризба), мада јас сум со фабричка грешка кога е тема мириси.

    Инаку убаво е да мириса на храна, сепак тоа е дом каде неизбежен е тој мирис. Но, да биде „заробен“ со денови, тоа никако. :whew:
     
    На Mumoftwo30, Rozevata, Antebellum и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.961
    Допаѓања:
    35.067
    Пол:
    Женски
    Еее од тиквици и пиперки пржени димница е, епа затоа ние си ја направивме летната (зимска) кујна, и плус ми одговараше да готвам таму затоа што работам дома и еден простор си направив како канцеларија, другиот летна (зимска) кујна (затворен простор) и таму правев прженици затоа што навистина е димница.
    Во последно време ги печев тиквичките во рерна, некои работи во Аir fryer, и сега дека избегнувам пржена храна повеќе печам во рерна.
    А манџи кога готвам аспиратор пуштам и не мириса, ама праз и риба тоа нема шанси толку брзо да се ислуфтира.
    И стаклокерамичкиве плотни се катастрофа, непрактични, вода да капне флека се прави, не дај Боже да претече нешто, едвај се чисти, мене повеќе ми е за тоа отколку миризбата, ај тоа ќе отворам ќе се излуфтира, ама тоа чистењето, бели флеки се прават, ни со ножето за плотни не се чистат, не знам какво средсто не пробав џабе, мрсни флеки нема, само бели, и тоа уште кога ја купивме ми се направија, а макарони варев, ништо не ми претече, постарите шпорети само пребриши и светат.
    Новиве работи само за "украс" се :D, многу непрактични.
    Ај битно е да се јаде. :D
     
    На Rozevata, Antebellum и eliesaab им се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Рани душа, да те слуша. Најбитното!
     
    На Mumoftwo30, Rozevata и Anyshka им се допаѓа ова.
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.186
    Допаѓања:
    32.703
    Пол:
    Женски
    Летото живеев месец дена во нов стан без прозорци во кујната и wc-то и можам да кажам дека не сум имала полошо искуство.

    Дали пржено, дали печено пак се осеќаше арома, среќа па беше лето и немав некои проблеми. Отворав прозори во дневна, сите алишта ги носев во друга соба и ги сушев надвор. Не сакам ни да знам како е на зима. Она што беше најголем проблем за мене беше колективниот мирис на сите ручеци од целата зграда кој доаѓаше од аспираторот. Јас ако не готвев во моментот и ако ми беше исклучен аспираторот исто мирисаше како кај мене да се готвело, па морав да го вклучувам... Ужас, не знам кој ги проектирал зградите. Но, тука не заврши хоророт, ист ваков проблем имав во тоалетот. Можете да ја замислите миризбата, пардон, смрдеата без вклучен вентилатор :puke: Како да не беше доволно што немаше провев за да се суши темелно целата просторија и истата да не биде дувло на мувла и секакви бактерии, па фалеше уште тоа.

    Ги жалам оние што се приморани да живеат во вакви услови. До некаде е и добро што го искусив ова за да знам од какви станови да бегам. Мизерии :x
     
    На Snowflake97, tambelina, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.741
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас освен пржени јајца ништо не пржам ама и од манџи се умирисува. Праз и месо обожавам ама поради оваа причина многу ретко готвам, мислам дека 3 дена цел спрат мириса, мислам дека ѕидовите се умирисани.
    Искрено јас па и сакам на храна да ми мириса домот, не ми смета дали на манџа, лукче освен на праз што стварно многу тешко мириса после со денови.
    Затварам врата и во останатите соби, често луфтирам имам баш балконска врата на кујната и тоа е.

    Посебно сакам да ми мириса на топли кифли, печена штрудла некое бело печиво со ванила :angel: ич не ми смета :D
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Машки
    Еве искрено си кажувам, определени јадења не готвам, оти после тоа една недела ќе ми треба да провертрам како шо треба.

    Мене се ми е поврзано, кујна-трпезарија-дневна. Налет алиштата, меѓутоа и гарнитурите и останатиот мебел од штоф и кожа се замирисува. Аспираторот до некаде помага за готвење над рингла, а при готвење во рерна - џабе е! Додуша, сум забележал дека во зима некако побрзо се проветрува дали ради ладниот воздух, па се создава побрза циркулација, ама на лето и да отвориш некако тешко бегаат миризбите, плус кога ќе уклучам рерна пекол жешко се прави.

    Еднаш, кој ѓаол ме натера, пиле ќе печам на лето. Ај надвор шо беше пекол, него и внатре се направи(со вклучена клима) и една недела не можев да проветрам, многу грд мирис останата во просториите. :puke:
     
    Последна измена: 23 јануари 2025
    На f.girl, Rozevata, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.337
    Допаѓања:
    126.129
    Пол:
    Женски
    Справување со употреба на тави и тенџериња со капак, добар освежувач за простории и проветрување. :D Алиштата си се во собите и вратите од собите се затворени.
    Понатаму ќе ставиме и аспиратор.
     
  16. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.542
    Пол:
    Женски
    Слично и кај мене. Само бирајте аспиратор квалитетен и да влече, не само да брмчи :D
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Интересна ми е темава зошто е во врска со уредување на ентериери и дизајн на простори, што секогаш ми било интересна тема.

    Која членка погоре имаше пишано како архитектот ја нарекол желбата на сопственикот на станот застарена (ли како се изразил). Тие архитекти кои проектираат вакви станови ги проектираат согласно интересите на фирмата во која работат па дури и согласно политиките на властите (локални и централни) кои управуваат со тие општини кај што градат и се само еден дел од целата таа машинерија. Секако во таа машинерија спаѓаат и оние што купуваат, потрошувачите со своите преференции и потреби.

    Модата е мислам последното нешто што е навистина причина за заедничката кујна и дневна, а колку е тоа светски тренд ми е дискутабилно. Исто и решението за аспиратор ми е смешно, зошто не е подобро решение од прозор и затворена просторија. Аспираторот е компромис.

    Може некој стручен би ни кажал за тредновите во уредување, ама мислам дека се застарени бар неколку децении.

    Не сум стручна ама толку знам дека порано - до 80-90-тите се правеа одвоени кујни од дневни, како посебни соби.
    Тоа тогаш, според тогашните сознанија, се сметаше дека не е соодветно на новите потреби на луѓето. Односно дека оној што ја спрема храната на тој начин е одвоен од остатокот од луѓето во домот и изолиран во кујната.
    Тогашниот тренд на унапредување на положбата на жената наметна дека оној што готви (а тоа е најчесто жената) не треба да осеќа изолирано и треба да има визуелен и вербален контакт со другите во домот (деца, семејство, гости и сл) додека готви.
    Па прво се правеа полуотворени кујни, со мал ѕид, со шанк и сл., за потоа тоа да стигне до целосно отворени кујни како денешните и со се поголемо намалување на просторот меѓу неа и дневната.

    Кој е денешниот тренд не знам, но знам дека споена кујна со дневна е веќе стар концепт и тоа неколку децении е стар. Така да аргументот на архитектов ич не ми држи вода, повеќе го сфаќам ко обид да се оправда :D

    Дури последно што приметив во еден ептен нов стан беше дека толку се спојуваат двете простории, што дури и подот е ист во двата дела -дневниот престој и кујната, односно ламинат/дрво. Немаат никаква ни визуелна граница помеѓу двата простори.
    Плочките беа само под кујнските елементи што мислам дека е многу непрактично од аспект на хигиена и ризик од поплавување и оштетување на подот. Плочките се посоодветни за кујни, секакви ситуации се дешаваат таму.
    Не се предвидени да готвиш на велико, дури ни работни површини не им оставаат нормални за да овозможат да готвиш.
    Се оди се повеќе на естетика, на поголем профит и се на сметка на практичност и удобност.

    Алиштата.:)
    Треба да си купиш сушара за алиштата, зошто не е предвиден ни балкон за таа цел, ниту внатрешен простор. Некои дури ни за сушара немаат простор предвидено да биде потрагично.

    И тоа со терасите ми иде во прилог дека становиве се прават да бидат преноќишта, зошто ако сакаш воздух мораш да излезеш од дома (и тие се во функција на профит зошто квадратите од терасите се дупло поефтини од оние од просторот за живот).

    Ги прават да се оптимални за живот во нив, предвидени да преспиеш и да излезеш од нив. Некогаш имам впечаток дека се правени за луѓе што се на минување во нив, а не за домови во кој треба да градиш семејство и да живееш подолго во нив.
    „Модерниве“ станови се за преноќиште.
     
    На raww, Snowflake97, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  18. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.176
    Допаѓања:
    12.982
    Пол:
    Женски
    Терасите сега се ептен ко да ставиш еден стол (дури нема ни место да спружиш алишта), без разлика дали е еднособен, двособен, трособен. Како да кратат од терасата, а кујната со дневната намерно се отворени и светли за да те лажат дека има простор. Кујните се скроз непрактични. Ги кратат површините и ги прават мини-кујни. Мене повеќе ми личат ко играчки за деца, отколку реална кујна. Баш памтам дома на времето ги споивме кујната со дневната (ама имавме доста прозори и плус тераса). И сепак, пак беше грешка зашто во затворена кујна можеш лесно да се снајдеш, па и спремеш нешто без некој да те гледа. Плус, да не зборам за предноста да излезеш (ако имаш дополнителна врата кај кујната), докупиш нешто и се враќаш назад без да те приметат.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    4.934
    Пол:
    Машки
    Ќе ти речев аспиратор да ставиш, но да знаеш дека не помага 100%. Ете јас имам и на пример кога ќе зготвам нешто, се умирисува цела кујна и ходник. После тоа ја отворам вратата за провев и се чисти миризбата.
     
    На Cosmic Girl и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.284
    Допаѓања:
    8.614
    Пол:
    Женски
    Не помага аспиратор, кога пржите на тераса пржете ако имате опција, некое мало решо или плинско ставете си, тоа како најдобро решение.
    И да отвориш се нема да исчезне миризбата сосема.
     
    На Anyshka, Компир Манџа и eliesaab им се допаѓа ова.