1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мир

Дискусија во 'Религија' започната од Dashing:), 10 јуни 2019.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Сите духовни учења се поврзани со мирот. Дали мислите дека може да се постигне тој духовен мир? Кога некој ќе те навреди ти ќе посакаш да му вратиш или ќе останеш смирен во таа ситуација? Бидејќи се ни е пратено од Бога, како и навредата така и убавиот збор. Кога осеќаш љубов се чуствуваш преубаво и светот ти изгледа поубав.
     
    На KittyAgnes, kuc и Rama им се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    За жал ретки се луѓето кои навистина од срце одолеваат да не вратат за навреда, или пак да не замерат во најмала рака.
    Јас многу ретко, навистина ретко враќам на навреди, ама за жал тоа не значи дека не се нервирам и лутам во себе, па затоа и би рекла дека иако сум голем верник, не ми е достигнат духовниот мир...и не само на мене, туку и на повеќето луѓе од општеството за жал...

    Не е доволна само љубовта и вербата кон Бог за да достигнеме духовен мир, треба многу повеќе, ама во природата ни е да грешиме, да паѓаме и да стануваме постојано.
    А за да се има вистински духовен мир, мислам дека тоа најмногу им успева на монасите и монахињите, изолирани во манастир, во вистинска смисла посветени на Бог, далеку од гревови и грешни мисли кои го реметат духовното во нас...
     
    На cresa-jagoda, candy.cane, Dashing:) и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Eпа поентата е баш овде. Грешките да не ги гледаме како грешки туку дека секогаш го правиме најдоброто.Бидејќи нашата свест расте со текот на годините и порано нешто што сум го гледала како правилно сега го гледам како грешка. Затоа постои и фаза на депресија за да расчистиш со себе и да сфатиш што е тоа што сега го сакаш. Можеби и ова сега што го правам за 10години ќе мислам дека е грешка. Затоа се вели дека грешка не постои. Од друга страна, проблем мора да постои во животот. Илузија е ако мислиме дека проблем нема само сите не си ги кажуваат маките. Мора нешто да се случува дури и на тие во манастир им се случуваат сигурно некои работи. Само како ќе гледаме на проблемот што е ни се појави тоа зависи од нас. Тие што го имаат постигнато духовниот мир му се радуваат на проблемот што ќе се појави. Еве мене при прва прилика ме утепа проблемот што ми се појави и сета вера пропадна во вода. Од каде сега ова зашто јас? Ако ги знам овие работи си мислев се на екстаза дека ќе биде. Ама сфатив дека треба многу поголем труд да се постигне за да се стигне до тој степен да му се радуваш на проблемот и да го гледаш како нешто добро. Секогаш стануваме кога ќе паднеме. Колку можеме да бидеме на дното? Се додека не ни се здосади да сме несреќни.Ама што кога ќе станеме зар понатака нема пак да се појави некој проблем? Процесот ако е соврешен значи е готов. Затоа се вели дека совршенство не постои. Совршен е Бог и креацијата. Затоа и е битен духовниот мир.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Dashing:) Не можеме секогаш да го правиме најдоброто, треба да сме свесни за секоја своја грешка, и да не се трудиме да ја оправдаме таа грешка велејќи дека правиме се најдобро.
    Депресијата не е од Господ...повеќе би рекла дека е од нечестивиот, тој не искушува и ни ја црпи физичката и психичката сила:devil:
    Нели и самиот Исус го искушуваше шест недели во пустината, му го реметеше духовниот мир, му нудеше разни земски богатства за да се откаже од Господ....но тој не потклекна, а и како би, кога тој бил исполнет само со љубов и мир за цел свет што на свој грб ги презеде сите човечки грешки и гревови на земјата...

    Примерот со монасите во манастир, го спомнав бидејќи тие се изолирани на некој начин од светот, работа им е да се молат за нас, да живеат меѓу себе во мир, навистина во повеќето манастири им одат на посета и разговор верници, ама гледајќи и познавајќи неколку монаси, си зедов за право да кажувам колку тие се духовно исполнети и среќни, колку тие живеат во мир со светот, нешто што многу е далеку за обичниот човек за жал...
    На крајот, совршенство не постои да, Бог е совршен, не и ние иако сме негова креација:!:
     
    На GirlLove и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.653
    Допаѓања:
    116.442
    Пол:
    Женски
    Не сме совршени.
    Враќаме на навреди.
    Јас лично некогаш се воздржувам,ама некогаш враќам и тоа жестоко.
    Тешко ми е.
    Само мојот доктор се однесува човечки кон мене.Ме теши,ме охрабрува и ме смее.Само покрај него чувствувам мир.Пример ми е за тоа како да станам потрпелива и подобра.
    Совршените луѓе не постојат,а добрите луѓе се ретки.
     
    На Rama и candy.cane им се допаѓа ова.
  6. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Внатрешен духовен мир кога некој ќе ме навреди? И да не враќам сигурно и ќе се изнервирам и ќе се навредам ако некој пример ме навреди за некоја маана од која си имам комплекс. Нема шанса никој во таков случај да си свирка во себеси и мирен да остане. Духовен мир само некаде далеку од се, едно пријатно ветренце, зајдисонце на планина и чиста совест.
     
    На lovestoneddd, Rama, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Коа некој ќе ме навреди не враќам, не се расправам, не се нервирам и му ги вртам зборовите као на шала..Тој шо сака да се расправа тој и нека се нервира зошто јас?
    Јас се со осмех ги одје**вам, пријателчиња.
    Инаку мирот ми е најбитното нешто у животот и се правам за тоа, а за тоа да се постигне само лабаво у животот и без секирации.:D:*
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Што? Некој да ме прави будала и да ме навредува, а јас да ќутам?
    За ГоспО да не ме казни?
    Ма има од гомно подоле да го напраам! :makeup:
     
    На Crna Dama, lovestoneddd и Dashing:) им се допаѓа ова.
  9. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ама ти си тој што ќе се изнервира и тебе тоа ќе ти донесе НЕмир. А незнам дали го познаваш Ошо он имаше кажано доколку успее некој да не навреди(повреди) значи еден дел од нас ја прифаќа таа навреда како вистинска.Затоа е битен мирот. Сепак ретко кој ја чита оваа филозофија и повеќето мислат дека ако ќутиш си глупав, а не дека си мудар.
     
    На dayla, Rama и Elenpelen им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Духовен мир, не е само за ако те навреди некој да не вратиш.
    Духовен мир значи да не те погодува ни една ситуација во животот, и навреда, и болест, и губење љубов, и нечија смрт.

    Нема такво нешто... Евентуално Буда :?:
     
    На lovestoneddd, Rama, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски

    Да знам.Навредата и љубовта ги кажав како примери за да не навлегувам подлабоко.
    Тие што ги сметам дека се на врвот на духовниот мир кога ќе помине покрај нив брза помош викаат фала :o
    Мене ме ежи тој звук и ме вознемирува,па си поставувам прашања на кој му се случило сега нешто?!:worried:
     
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Ако сака некој да ви наштети или има омраза кон вас едноставно вратете со љубов ке победите.. :D
     
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Врати му со насмевка и два убави збора.
     
    На Rama и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Ова според изреката дека убавиот збор желзни врати отвара?
     
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Da, mislam deka omraza so omraza nisto ne se resava,
     
    На Dashing:) му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Една од најтешките нешта што може да ги достигне човекот, а е од најважните во религијата, барем христијанството, е да дојде до состојба на душевен мир. Да биде во мир со себе и со другите луѓе.
    Тешкотијата во доаѓање до таа состојба е што сме опкружени со секакви негативни нешта кои носат немир. Самиот живот носи тегоби, луѓето се загрижени, нервозни, нетрпеливи. Живеат во немир и тој немир го пренесуваат околу себе. Одтаму и лошото однесување на еден кон друг, некој нешто направил, па другиот посакува да му врати.
    И луѓе кои не се верници го истакнуваат значењето на душевниот мир, го опишуваат како најголемо достигнување, како најголем успех во животот, како уметност на живеењето, како еден вид на луксуз. И навистина, кој ја достигнал оваа состојба, знае колку е неспоредлива со ништо.
     
  17. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Кога бев дете трпев многу. Незнаев како да вратам.
    Сега некогаш премолчувам, некогаш враќам и дупло. Зависи.
     
    На GirlVolley му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Духовен мир на највисоко ниво се постигнува контемплирајќи во самотија, настрана од луѓе и други непогоди (евентуално исклучок можат да бидат личности со кои сте на иста бранова должина). Тоа ти е како полнење на батериите за долг период, кое секој не може да си го дозволи. Вистински и траен духовен мир за жив човек е илузија. Постојат само периоди на искулираност.