Има теми за манекенки и мисици, но еве тема и за мистер.За да ја отворам темава ме поттикна веста дека Македонец станал мистер на светот, прво нешто што ми текна е колку години прават спектакли за мисиците кои заминуваат да ја претставуваат македонија и отпаѓаат уште во првиот круг.А за дечково ретко кој знаеше и ете победил.Работава ќе испадне мажите во македонија поубави од жените. Кои се вашите мислења? Превземено: МАКЕДОНЕЦОТ СТЕФАН ЛОШКОВСКИ - НАЈУБАВ МАЖ НА СВЕТОТ Македонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World. Од интернационалниот избор „MISTER SEA WORLD 2012“ кој годинава се одржа во Перу, Стефан се врати дома со две титули. Покрај наградата Мистер на светот, во конкуренција од десетина финалисти од целиот свет тој е избран и за „најубаво лице“. -Имав силна конкуренција затоа што на изборот имаше фини момчиња. Горд сум на оваа титула која и ја посветувам на мојата земја. Сега сигурно знам дека и Перу слушна за Македонија, вели Лошковски. Инаку 20-годишниот Стефан Лошковски од Скопје е ватерполист во Македонската репрезентација и студент на електро факултетот. Ова е првпат македонско момче да се закити со титулата најубав маж на светот.
Alal da mu e, ama facava suba mu e auf, ama telo nema neso kojznae sto. E da taka ispadna mazite poubavi.haha
И јас ја прочитав веста пред сат време и ептен пријатно се изненадив. Дечково е срцка, зрачи со убавина и шарм. Истовремено ми е секси а и има и некако невина фаца. Некако ме потсеќа на познати фацки, како од типот на Леонардо Дикаприо. Браво во секој случај, да покажеме и ние дека имаме квалитет, покрај толку бруки од женскиот избор наш.
Браво, со убави награди се закити Стефан оваа година.Најпрво беше избран за мистер на Македонија па ете и до подалеку стигнал. И во Крема имаше добра конкуренција
Eве неколку сликички што ги најдов на неговиот профил Згоден е http://www.facebook.com/pages/Mister-na ... 8433989696
Симпатично дете, бејби фејс. Честитки на успехот ватерполисту. Инаку еден официјален мистер го испраќаме на непознат избор и креваме фама. Конкуренција поголема имаше во Македонија. 16 момци се натпреварувале. http://www.facebook.com/pages/MISTER-SE ... 6608062139 Mister Sea World. 100% никој не слушнал за вакво натпреварување, до денес секако. Се прашувам во буквален превод би дошло Мистер Морски свет, ама што поточно? Мистер морска ѕвезда? Мистер октопод? Знам. Мистер машка сирена! Се надевам во иднина ќе ги праќаат на популарни избори со поголема конкуренција и нека откупат подобри лиценци. Среќа не се откупени од наши лиценците и за соседниве држави, па да видиме македонци како ги преставуваат Хрватска, Србија, Босна... како што пример лани гледам пријателка моја Мис Хрватска на избор, нејзина другарка Мис Словенија. Браво бе македончиња.
Убав е убав Не имам многу слушано за него освен тоа пред неколку месеци, дека излегувал со Анабела од Фанки Џи.. Инаку и мене телото не ме бендисува мн мн Ама фацатааа.. уфф
Абе лесно е да си на електро, посебно вака како мистерот кога си имаш врски не е малку да ти е тетка една од 5те најстроги професори
Спојлер A што предава дотичната господична? Не е на ФИНКИ? Абе солидно учениче беше Стефан, знам беше во класот на мој роднина, од таму го знам. Баш му се втирив во ликот, и ептен ми е ЛеонадроДиКаприш-БредПитовска фацка.
Личен е, не дека не, но јас сум повеќе за некоја неконвенционална убавина, пре би нашла убавина во крив нос отколку во полни усни и зелени очи, али пак затоа никогаш не ме ставаат во жири
Мене пак ми нема ниту У од убав . Потпросечно детенце. Далеку од мистер на светот.. . И мислам ако не беше одбран за мистер 90 % од жените ќе се согласеа со ова. Ама ете пусто титула му дадоа и веднаш е Убав!
Не гледам некоја ваууу убавина, не дека хејтам сега.. ама типчево сериозно не ми е нешто што би рекла бреееј..
Предава повеќе предмети, и среќа на тој кој ќе помине кај неа Инаку и мене не ми е ништо посебно, затоа што не ја гледам во него онаа машкост, сепак фацата му е сеуште детска, нежна, баш бебешка. Е сега некои тоа им се свиѓа, но мене лично не. Ова за мене е детенце, а не МИСТЕР под што подразбирам МАЖ онака голем, висок, фино граден...