Митарства

Дискусија во 'Религија' започната од Mic18, 14 февруари 2023.

  1. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Машки
    Митарствата според преданието се еден вид царини низ кои по смртта поминува човечката душа на патот до небото.


    Постојат 20 митарства и тоа:

    1 Празнословие и пцовки
    2 Лагата
    3 Осуда и клевета
    4 Прејадување и пијанство
    5 Мрзеливост
    6 Кражба
    7 Среброљубие и скржавост
    8 Подмитување
    9 Неправда и суета
    10 Завист
    11 Гордоста
    12 Гнев
    13 Злопамтило
    14 Разбојништво
    15 Магионичарство, гатање (гледањето)
    16 Блуд
    17 Прељуба
    18 Содомско
    19 Идолопоклонство и секоја ерес
    20 Немилосрдието, окружниот, суровите и оние што мразат
     
  2. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Чиста манипулација.
     
    На @ceci11 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  3. Jane Doe.

    Jane Doe. Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2023
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    927
    Pure horseshit.
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    42.273
    Па брате, по листава ја више сум испуштила душа.

    Него у која вера е воа?
     
    На Liu, Bozica1980, PaLaVa и 10 други им се допаѓа ова.
  5. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    За која вера е ова и каде пишува за ова??
     
  6. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Православие. Имаат логика сите овие точки ако се земат во предвид седумте смртни гревови и седумте капитални доблести, се произлегува од овие состојби на делување и битисување на човекот, кон што се стремел повеќе во текот на живот тоа ќе му се додаде како доблест или грев после смртта.

    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Seven_deadly_sins

    https://en.m.wikipedia.org/wiki/Seven_virtues

    Во сите овие може да се пронајде секој од нас кој повеќе кој помалку но последните 7 се најлоши и не е ич пожелно некој да се пронајде во некое од нив.
     
    Последна измена: 16 февруари 2023
  7. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    1.671
    Пол:
    Женски
    Охоо, вие повеќе од 6 ги прекршивте ....
     
    Последна измена: 16 февруари 2023
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Митарствата на блажена Теодора е само едно запишано искуство од 9 век но, не е прифатено како сосема веродостојно на ниту еден Црковен Собор.
    Иако не се коси со смртните гревови, шематскиот приказ на овој апокрифен текст некако ја исклучува Божјата милост и базусловна љубов, како и личниот однос што секој од нас го има со Бога.
    Сум видела човек кој умира со насмевка, не верувам дека морал да ги поминува овие митарства.
    Од друга страна, можеби некого овој текст ќе го замисли и воведе во духовна потрага.
     
    На eliesaab и Mic18 им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    4.675
    Пол:
    Машки
    Прв кој ги спомнува митарствата е светиот Кирил Александриски, а тој е еден од најголемите Богослови на црквата заедно со светите Атанасиј Велики, Василиј Велики, Григориј Богослов, Григориј Ниски, Кирил Ерусалимски и Јован Златоуст.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Супер манипулација за држење на луѓето под контрола.
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.388
    Пол:
    Женски
    ова 15тово да им се проследи на госпоѓите од ,,Гатање и баење'' може еднаш ќе ја затворат темата
    иначе на темава, јас на пола пат ќе заглавам ако оди вака редоследно, ама 8 не сум го сторила, 14 исто, 15 исто, 18 не знам шо е, 19 и 20 исто
    другото...потоп
    Ни Јордан не ме пере
     
    На Kimberly11 и Mic18 им се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Да да религијата ги прави луѓето лоши во право си. Затоа баш денес има најмногу злоба, гордост, завист, блуд, неверства и се останато од ова што е набројано. Се гледа колку сме цивилизациски и духовно напредни одкако ја исфрливме религијата и бог од срцата и почнавме да живееме своеволно. Али nvm на атеист и со најцврсти докази да му покажеш дека бог постои он пак нема да верува а знаеш зошто бидејќи на луѓето секогаш им треба изговор да можат да се однесуваат неморално и недолично тоа е единствената причина зошто луѓето одбиваат да веруваат ;)
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Ништо страшно не постои човек што е безгрешен но се додека човек е жив има шанса да го прифати Исус како спасител и може да се повика на него да се покае и гревовите се бришат но тоа подразбира секако потоа да не се повторуваат истите грешки и да се почне да се живее подуховно во склад со религијата. Решението ни е на многумина пред очи но многумина свесно дури и со подсмев го отфрлуваат али како било секој одлучува за себе.
     
    На _Schmetterling_, Bitter-Sweet и Mic18 им се допаѓа ова.
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Од кога постои човекот, постојат и злоба, гордост, завист ,блуд и неверства. Религијата никако не ги спречува присуствата на овие.
     
    На Angie1432, Munchmallow20, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Да постојат точно но не така изразено како последниве 100тина години а постојат поради отпадништво од бога и природата на човековото срце да се приклонува кон гревот а да ги отфрла божјите морални закони тоа е така од почетокот на историјата просто кажано човековото срце се раѓа со "фабричка грешка" и склоност да прави зло за тоа е причината уште од првородниот грев но доаѓа време кога ќе биде ставена точка на гревот и злото во човештвото кој ја читал библијата и откровението е запознат со тоа. Секако пак може да се верува или не.
     
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    7.924
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш дека се поприсутни во овие години?
    Религијата се користи за контрола на луѓето, тоа на сите им е јасно. Црквата многу лесно манипулира со нив.
    Луѓето се раѓале грешни. Глупости. Кој грев го има направено новородено бебе?
    Или ова е само да се поттикне страв, а кога си исплашен си и најпослушен.
     
    На Munchmallow20, theowndemon и awkey им се допаѓа ова.
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Поприсутни се бидејќи денес луѓето на море достапни информации свесно одбиваат да ги почитуваат божјите закони и се приклонуваат кон правење зло и живеење неморално и недолично.

    Btw кога била пишувана библијата а тоа е некаде 1200 години пред наша ера не постоела ниту црква ниту организирана религија па некој да има потреба да го држи човекот под страв и да го контролира. Тоа што го правела римокатоличката црква во средниот век се коси со сите принципи на Христијанството затоа и пропадна како и секоја друга империја и царство кои покушавале на деспотски начин со угнетување на луѓето и злоупотреба на религијата да воспоставуваат моќ и остваруваат империјалистички цели
     
  18. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    А ти како верник знаеш дека библијата не седнале и не ја напишале у еден ден така? И исто треба да знаеш, како верник нели, дека нема и никогаш нема да постојат ниакви докази за ниту еден Бог. Токму за тоа се вика вера, веруваш во постоењето. Ако имало докази ќе било наука
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    725
    Пол:
    Машки
    Докази има за тој што се интересира да знае. Има јасни докази од Егзодусот на Израелците од Египет настан опишан во библијата постојат фосили од кочиите и коњите на војската на фараонот на дното на Црвеното Море. Постојат и докази дека земјата не е 4.5 милјарди години стара туку само 6000. Но за ова поопширно треба следење научници крeaционисти што совршено ги поврзуваат науката и библијата. Библијата е единствена религиска книга која може и научно да се тестира и докаже нејзината валидност.
    https://www.discovery.global/chariot-wheels-discovered-in-the-red-sea
     
    Последна измена: 17 февруари 2023
  20. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    3.884
    Пол:
    Женски
    Сам си ги мешаш поимиве и јас тука не можам да ти помогнам. Секако, мојата комуникација тука ќе заврши зошто на човек шо не разликува некој работи не треба да му се објаснуваат